недела, 14 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: МОН | 619 резултати

МОН подготвува измени на законите за основно и за средно образование

мај 27, 2015

Министерството за образование подготвува измени на законите за основно и за средно образование заради исполнување на одредбите договорени со Спогодбата меѓу Министерството за образование и наука и СОНК, пишува „Академик“ (akademik.mk). „Со законот за изменување и за дополнување на Законот за средното образование и со законот за изменување и за дополнување на Законот за основното […]

Подготвен е нов нацрт-закон за високо образование, „Студентски пленум“ ќе го бојкотира

мај 21, 2015

Подготвена е новата верзија на предлог-концептот на законот за високо образование, соопшти ректорот на скопскиот универзитет, Велимир Стојковски, при тоа не откривајќи детали за промените. Концептот, кој како што вели ректорот, е прифатлив за професорите, студентите и за Министерството за образование и ги презема позитивните практики од развиените земји. – Тоа ќе биде закон кој ќе се […]

Средношколците го прекинуваат бојкотот на наставата

мај 15, 2015

„Средношколски пленум“ ќе го стави во мирување бојкотот на наставата и ќе го распушти кампот во паркот на новинари бидејќи, како што велат, временскиот период не дозволува промена на моделот на екстерното тестирање. – Министерството за образование и наука со својот игнорантен однос дозволи колапс на средното образование и дозвили шест недели училишните клупи да […]

„Студентски пленум“ излегува од работните групи со МОН

мај 12, 2015

Апсењето на студeнтите и упадот на полицијата во библиотеката „Браќа Миладиновци“ е причинта поради која студените ќе излезат од работните групи што ги формираа со Министерството за образование и наука, а во кои требаше да го подготват новиот закон за високо образование. – Поради крахирањето на политичките процеси и на демократските вредности, се зголемуваат нашите сомнежи […]

Средношколците од утре продолжуваат со бојкотот, го повикаа Адеми да ги посети

мај 11, 2015

Средношколците денеска се вратија во училиштата да го ресетираат бројот од 25 дена дозволено отсуство, а од утре повторно продолжуваат со бојкотот на наставата. Тие го повикаа министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, да ги посети и да оствари средба со нив за да постигнат компромис бидејќи, како што велат средношколците, се случуваат настани кои […]

Средношколците ќе ја водат битката и во институциите

мај 8, 2015

Средношколците, заедно со своите родители и наставници, се собраа на трет протест пред Министерството за образование и наука, против лошите реформи во образованието. Тие најавија дека од понеделник битката ќе ја водат по институционален пат, а во тоа ќе им помогне Хелсиншки комитет. Средношколците, викајќи „Ние сме иднината“, „Зошто не нè слушате“, го свртеа грбот […]

Нов протест на средношколците во 17 часот пред МОН, бојкотот продолжува

мај 8, 2015

„Средношколски пленум“ ги повика сите средношколци, родители и загрижени граѓани на протест во 17 часот пред МОН за да им покажат на надлежните дека не се откажале од нивната цел. Тие велат дека од понеделник ќе се вратат еден ден на настава за да им се ресетираат 25 дена дозволено отсуство. Средношколците го поканија министерот […]

Средношколците порачаа: Нема да си одиме

мај 7, 2015

Средношколците со чадори, кабаници и со „вувузели“, викајќи „Нема да си одиме“, втор ден се собраа на протест пред Министерството за образование и наука, заедно со нивните родители и наставници за да го искажат револтот од лошите реформи во образованието. Утре изминуваат законските 25 дена дозволено отсуство на учениците од наставата. – Утре изминува 25. […]

Средношколците денеска во 17 часот на нов протест пред МОН

мај 7, 2015

Средношколците денеска, во 17 часот, пред Министерството за образование и наука ќе имаат нов протест против лошите реформи во образованието. – Ќе се собереме денеска повторно на протест пред МОН, заедно со нашите родители и наставници, од кои имаме голема поддршка. Сè уште не сме договорени дали ќе имаме некаков перформанс или само мирно ќе […]

Средношколците ги фрлија униформите пред МОН

мај 6, 2015

Средношколците денеска организраа протест пред Министерството за образование и наука, каде свирејќи со труби и извикувајќи „Искочете кукавици“ ги повикаа надлежните да ги слушнат нивните барања. Тие, за да го искажат револтот, ги фрлија униформите пред зградата на МОН. – Се собравме на мирен протест пред МОН за да покажеме дека сме тука, не се откажуваме од […]

„Средношколски пленум“ ќе протестира само пред МОН

мај 6, 2015

„Средношколски пленум“ го откажа едниот од двата најавани настани за денеска, а протестот од 17 часот пред Министерството за образование велат дека, сепак, ќе се одржи. За денеска во 20 часот беше закажан настап на македонската алтернативна фанк-рокерска група „Фанк шуи“, но тој е откажан, а најавата за протестот од 17 часот на „Фејсбук“, како што велат, […]

Средношколците со писмо до Пешевски и до МОН: Сега знаеме како не треба

мај 3, 2015

Средношколците кои протестираат во паркот пред Министерството за образование и наука (МОН) со писмо се обратија до вицепремиерот Владимир Пешевски и до МОН, откако на последната средба во четвртокот оваа недела биле изложени на арогантен и игнорантски однос од владините функционери, пренесува „Радио МОФ“. „Ја жртвуваме сопствената иднина за да го подобриме образованието. Го жртвуваме […]

Владата ги прекинува средбите со средношколците, договор нема, бојкотот продолжува

април 30, 2015

„Средношколски пленум“ и Владата не постигнаа договор и по третата средба. Од Владата велат дека се подготвени да го вратат стариот концепт на матура и математиката да не биде задолжителен предмет, но отстапки за екстерното не сакаат да направат. Средношколците велат дека не се согласуваат со ваков исход и дека нема да откажат од своите барања. […]

„Свирни за поддршка“, герила-акција на средношколците

април 30, 2015

По третата ноќ помината во кампот пред Министерството за образование, средношколците утрово почнаа герила-акција „Свирни за поддршка“. Застанати со транспаренти и со свирчиња на улицата пред Министерството за образование, тие бараат возачите да им изразат поддршка така што ќе свирнат од своите автомобили. Речиси сите возачи од двете колони на улицата свират и ги охрабруваат средношколците да […]

Бојкотот продолжува, се бараат посредници за преговорите со МОН

април 29, 2015

Без договор заврши и третата средба меѓу „Средношколски пленум“ и Министерството за обрзование и наука. Ниту средношколците ниту министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, и по три остварени средби не отстапуваат од своите барања. Средношколците за наредните средби бараат присуство од Народниот правобранител, Првата детска амбасада „Меѓаши“ и од Хелсиншки комитет бидејќи, како што […]

Денеска трета средба меѓу МОН и „Средношколски пленум“

април 29, 2015

По 17 дена бојкот на наставата, „Средношколски пленум“ денеска има трета средба со претставници на Министерството за образование и наука. Вчера преговорите завршија без конкретен договор меѓу двете страни, но средношколците се оптимисти и веруваат дека ќе наидат на разбирање од Министерството за образование и наука. Во меѓувреме, тие велат дека бојкотот на наставата и „Средношколски […]

Денеска втора средба меѓу МОН и „Средношколски пленум“

април 28, 2015

„Средношколски пленум“ денеска ќе одржи втора средба со претставници на Министерството за образование и наука. Средношколците вчера ја поминаа ноќта во шаторите поставени пред МОН, во паркот на новинари. По поставувањето на шаторите, тие беа повикани на средба со министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, неговиот заменик Спиро Ристовски и со вицепремиерот Владимир Пешевски, која […]

Средбата меѓу „Средношколски пленум“ и МОН заврши без договор

април 27, 2015

Средбата меѓу претставниците на „Средношколски пленум“ и министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, неговиот заменик Спиро Ристовски и вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, завршила без постигнат компромис, но со договор преговорите и средбите меѓу засегнатите страни да продолжат. Во меѓувреме, бојкотот на наставата ќе продолжи, а средношколците ноќта ќе ја поминат во шатори […]

Средношколците наместија шатори пред МОН

април 27, 2015

Средношколците добија дозвола од МВР да кампуваат пред Министерството за образование и наука и веќе почнаа со местење на шаторите. – Почнавме со целосна подготовка за кампувањето и тука ќе бидеме 24 часа. Сакаме на институциите да им дадеме до знаење дека не можат да се откажат од средбата. Бојкотот продоложува и во средношколските клупи […]

Средношколците чекаат дозвола за да кампуваат пред МОН

април 27, 2015

Средношколците од утринава се собраа пред Министерството за образование, каде ќе кампуваат и ќе чекаат министерот Абдилаќим Адеми да ги повика на разговор. Тие утринава побарале дозвола од МВР за кампување пред оваа институција и чекаат таа да им биде доставена. Сепак, велат дека и ако не добијат дозвола, тие ќе се стационираат пред Министерството.

Страна 28 од 31