fbpx
Таг: МОН

таг: МОН

Инспекторатот констатирал неправилности во „Пенко“, МОН и Општина Бутел не преземаат ништо

Ниту Министерството за образование и наука (МОН) ниту Општина Бутел не ја почитуваат одлуката на Просветниот инспекторат, кој констатирал прекршување на законот во основното училиште „Петар Здравковски - Пенко“ во општина Бутел. Двете институции ќе ги остават учениците во пренатрупани училници, а никој не поднесува одговорност за оваа состојба, пишува „Порталб“. По алармирањето од страна на овој новински сајт за...

Училиштето во село Лажец руинирано, се бараат донации

Почетокот на второто полугодие во основните и средните училишта, подрачното основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во битолското село Лажец го дочека со истата ужасна слика - објектот е руиниран, а покривот само што не паднал, известува „Порталб“. Во училиштето во селото на околу километар и пол од грчката граница, во кое живеат и Македонци и Албанци,  учат 20 ученици. Граѓанското...

Сипаниците може да го одложат почетокот на второто полугодие

Министерството за образование и наука ја следи ситуацијата со епидемијата од сипаници, во координација е со министерствата за здравство и за труд и социјална политика и врз основа на состојбата на терен, ќе одлучи за евентуално одложување на второто полугодие, кое по правило треба да започне на 21 јануари, изјави денеска министерот за образование Арбер Адеми. Во МОН потсетуваат дека...

Се менува Законот за учебници – авторските права ќе им се вратат на издавачките куќи

Авторските права за учебниците, нема повеќе да му припаѓаат на Министерството за образование и наука (МОН), туку тие ќе се вратат на издавачките куќи, како што беше во минатото. Тоа ќе придонесе да се избегнат многу сложени процедури кои досега одеа преку Министерството во процесот на подготовка и испорака на учебници, сметаат во Педагошката служба при МОН. - Министерството нема...

Министерството за образование ги забрани екскурзиите кај депонијата со линдан

Министерството за животна средина и просторно планирање испратило допис до Министерството за образование и наука да не се организираат екскурзии во Пеленица, Драчево, местото за кое „Мета“ пишуваше дека има сомневање дека се наоѓа необележана депонија со канцерогениот линдан кој потекнува од фабриката ОХИС. „Во Министерството за образование и наука, стигна допис од МЖСПП по кое ќе постапиме, односно ќе...

Државата бара институција што по четврти пат ќе ги рангира македонските универзитети

Министерството за образование и наука започнало постапка за избор на институција која по четврти пат ќе ги рангира македонските државни и приватни универзитети, информираат оттаму за „Мета“. Новина е тоа што, согласно новиот Закон за високо образование, наместо на секои две, високообразовните институции ќе се рангираат на секоја трета година. Националната ранг-листа на универзитети, се прави за да придонесе за...

Изградбата и реновирањето на училиштата е во надлежност на МОН, вели Елези

Во врска со училиштата во кои недостасува простор, и некои други каде што е потребно вработување нови наставници, од Министерството за финансии прстот го насочуваат кон Министерството за образование и наука и велат дека ова министерство во својот буџет мора да испланира средства за инвестиции во училиштата, известува Порталб.мк. Заменик-министерката за финансии Ширете Елези вели дека училиштата и општините со...

Министерството за финансии даде согласност за нова паралелка во ОУ „Имри Елези“”

По веста објавена за преоптовареноста со ученици во основното училиште „Имри Елези“ во скопската населба Дижонска, каде во три паралелки од прво одделение учат 108 ученици, со што се прекршува законот за образование, Министерството за финансии извести дека е дадена согласност за отворање нова паралелка и решавање на овој проблем. Заменик-министерката за финансии, Ширете Елези, за „Порталб.мк“ изјави дека...

„Три едукации и две наредби за отстранување на неусогласености“ по контролата на АХВ во школите

Иако државата преку Министерството за образование и наука, минатата година најавуваше дека ќе започнат засилени контроли од неколку институции на оброците што ги добиваат учениците во училишните мензи, засега нема ништо од тоа. По низата реакции на родители преку социјалните мрежи, дека во храната децата наоѓале парчиња пластика, остатоци од зеленчуков отпад, како и тоа дека немало крем во...

Државата подготвува нов проект „Компјутер за секое дете“ и дигитализирање на наставата

Министерството за образование подготвува наследник на проектот „Компјутер за секое дете“. Ова за „Мета“ го најавува заменик-министерот за образование и наука, Петар Атанасов кој вели дека наставната програма неопходно е да се дигитализира, со што ќе им се овозможи на учениците да се образоваат од современи помагала. - Тоа е една голема промена која ќе мора да се случи. Конкретни...

Екстерното се укина, државното никако да почне

На почетокот на оваа учебна година, заменик-министерот за образование и наука Петар Атанасов најави дека државата ќе спроведе тестирање на државно ниво кое треба да ги замени екстерните тестови. Првото тримесечие од оваа учебна година измина, а сè уште е неизвесно од кога би почнало да се спроведува ова тестирање. Министерот Арбер Адеми досега не ја информирал подетално јавноста во врска...

За в година се подготвуваат нови програми и нови учебници по информатика

Седмоодделенците во Македонија, на часовите по информатика користат учебник издаден во 2009 година. Учебникот е комплетно нефункционален затоа што содржината не кореспондира со она што го налагаат современите текови во таа област. По пишувањето на „Мета“ дека и средношколците учат програмирање со учебник од 2010 година, во Министерството за образование и наука со одговор дека се подготвува нова програма и...

Средношколците учат програмирање од учебник од 2010 година

Во средните стручни училишта проблемот со недостиг, но и со неквалитетно напишани учебници е најизразен. Стручното образование секоја година запишува далеку помал број ученици споредено со гимназиите, а малиот тираж, како што велат од министерството, не е доволна мотивација за професорите да напишат учебници. Во средните стручни училишта се учи од стари учебници. Проблем е учебникот по предметот Програмирање кој...

Атанасов: Учебниците доцнат, но не се потпирајте само на нив

И оваа учебна година започна без учебници во основното и во средното образсование. Добар дел од оние од лани и од изминатите години се стари, искинати, мрсни, ишарани и оштетени, па родители по социјалните мрежи реагираа дека сами ќе купат нови комплети бидејќи е невозможно да се учи од партали. По неуспешниот обид за ова да поразговаравме со првиот човек...

Ако родителите сами ги купуваа учебниците, ќе пазеа што пишуваат децата врз нив

Нови учебници кои во настава се користат само една година, на крајот се веќе цели парталави. Библиотекарите со кои разговаравме, сметаат дека свеста кај родителите и децата за грижата за бесплатните книги е многу ниска, иако за лошата состојба удел има и фактот дека добар дел од нив, не се изработени квалитетно. Тие се одговорни за прием, чување и распределба...

Ништо ново: Полураспаднати и ишарани учебници на почетокот на годината (галерија)

Некои се искинати, други се повлечени и не се вратени, трети не се испечатени, за четврти доцнат нарачките. И годинава, истата слика со учебниците, како и на секој почеток на нова учебна година. Хаосот се создава по први септември, кога наставата започнува без овие помагала. Додека се чекаат нови комплети, на часовите се користат стари учебници, од кои добар дел...

Во средните училишта запишани 11.697 ученици

По првото пријавување во средните училишта, Министерството за образование и наука денеска соопшти дека од 17.590 пријавени, запишани се 11.697 ученици. Според видот на образованието, 4.873 се примени во гимназиско образование, 6.462 во стручните училишта, 208 ученици во Спортска академија и 154 во спортска гимназија. Како и во минатите години, најголем е интересот во гимназиите, така што запишувањето ученици во Скопје...

МОН: Нема шуга во училиштето „Владо Тасевски“, случајот е изолиран

Од Министерството за образование и наука (МОН) ги демантираат пишувањата на одредени медиуми дека во основното училиште „Владо Тасевски“ во Карпош има зараза од шуга и наведуваат дека се работи за само едно дете, односно изолиран случај за кој родителот пријавил минатиот четврток. „Ја уверуваме јавноста дека во училиштето нема појава на заразна болест, а родителите можат да бидат спокојни и...

Како образовниот систем да се справи со предизвикот на медиумската писменост

На полето на медиумска писменост во образованието се работи, но недоволно и несистематски, беше заклучокот од конференцијата со наслов „Медиумската писменост во Македонија: во или вон образованието“, која се одржа денес во Скопје во организација на Високата школа за новинарство и односи со јавноста. Едукацијата за медиумската писменост е неопходна во основното и средното образование во земјава, но прашањето е...

МОН ги повика наставниците да дадат предлози за новите наставни програми

Министерството за образование и наука ги повика наставниците од одделенска настава да достават предлози и коментари за новите наставни програми што се подготвуваат во основото образование. „За да создадеме што е можно подобар и поквалитетен образовен модел, сакаме да го слушнеме гласот и мислењето на лицата кои се секојдневно вклучени во образовниот процес, наставниците. За таа цел, Министерството за...

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...