fbpx
Таг: МОН

таг: МОН

Родителите се клучен фактор за надминување на злоупотребите на онлајн наставата, велат од МОН

Злоупотребата на онлајн наставата од страна на учениците е еден од проблемите со кои се соочува моделот на учење од  далечина, со кој започна наставата на повеќето училишта во државата. Учениците анонимно ги споделија своите искуства од онлајн наставата, па евидентни се примери на различни злоупотреби, од спиење и играње игри за време на час, до следење на настава...

Ако наставникот не може да формира оценка онлајн, тогаш ќе треба да организира индивидуална средба со ученикот

Оваа учебна година при формирање на оценки за учениците ќе се следат упатствата утврдени од Бирото за развој на образование. Во случаите каде што од различни причини за еден ученик не ќе може да се формира оценка онлајн, наставникот ќе треба да се организира индивидуални средби, информираат од Министерството за образование и наука, додавајќи дека првите сумарни оценки за...

Царовска: Пандемијата ја истакна потребата да вложуваме во образованието за да се намали сиромаштијата

Немањето пристап до добро образование е директно поврзано со сиромаштијата. Наш врвен приоритет е да обезбедиме еднаков пристап до учење на сите деца и да го подобриме квалитетот на целиот образовен процес преку низа реформи. Со ова директно ќе ги подобриме шансите за развој, вклучување во општеството на секое дете и негово вработување по завршувањето на образованието, ова го...

МОН: Продолжувањето на наставата со физичко присуство зависи од тоа колку одговорно ќе се однесуваме сите

Учениците и наставниците да ги почитуваат мерките за заштита од ковид-19 и одговорно да се однесуваат и на двор од училиштата со цел да се спречи ширењето на болеста, апелира Министерството за образование и наука (МОН). Оттаму велат дека онлајн наставата ја следат над 80 отсто од учениците. Ако сите се придржуваме на мерките за заштита, протоколите функционираат, велат од...

За само пет дена од учебната година, 53 ученици и 8 наставници се во изолација

Од почетокот на учебната година досега во изолација се вкупно 53 ученици и 8 наставници, а во сите училишта каде има позитивни случаи во рамки на наставата со физичко присуство се постапува навремено, информираат од Министерството за образование и наука. „Шест од вкупно осум наставници не биле во директен контакт со децата, бидејќи предавањата ги држат онлајн. Дополнително, сите наставници...

Порталб: Студентите се соочуваат со трошоци, а дел од нив немаат соодветен превоз до факултет

Превозот, храната и сè друго студентите од Северна Македонија го плаќаат исто како и другите граѓани, односно за нив нема никакви попусти или бенефиции, како во земјите од ЕУ, каде стремиме да се приклучиме. Студентот Фисник Џелили ни ги кажа предизвиците и дневните трошоци за да стигне до факултет, додека Министерството за образование и наука не даде одговор дали...

Постои можност за санкции за училиштата кои нема да ги почитуваат протоколите, вели Царовска

По неодамнешната најава на директорот на средно училиште во Дебар дека ќе организира настава со физичко присуство иако нема одобрение за тоа, министерката за образование и наука, Мила Царовска денеска изјави дека има начини за санкционирање за оние кои нема да ги почитуваат донесените одлуки. „Постојат можности за санкционирање согласно законот. Одлуките на Владата се јасни и тие мора да...

Децата кои немаат компјутери за онлајн настава, часовите ќе ги следат во училниците

Министерство за образование и наука информира дека со Планот и Протоколите што се усвоени од Владата се предвидува успешно следење на наставата и за децата кои нема да бидат во можност да учат преку онлајн платформата. „За таа цел, детето има можност наставата да ја следи со физичко присуство на часовите во самите училници, додека наставниците предаваат на другите деца...

Сместување во студентски дом е далеку побезбедно и поевтино отколку под кирија, велат студентските лидери

Неизвесно е дали, кога и под кои протоколи повторно ќе се отворат студентските домови за сместување на студентите во академската година што следи. Студентите ќе мора да ја почекаат конечната одлука, која треба да ја соопшти Комисијата за заразни болести. За ова информираше и министерката за образование и наука, Мила Царовска на прес-конференција. „Протоколите за отворање на училишните и студентските...

Образовни асистенти во училиштата, лични асистенти во домовите, потсмев од врсниците

Новата учебна година за сите ученици во основните и средните училишта во државата започнува на 1 октомври. На овој ден, дел од учениците ќе појдат во училиште каде под посебни мерки и протоколи ќе ги слушаат предавањата на наставниците и професорите, а другиот дел наставата ќе ја следат од дома со помош на средства за далечинско учење. Вака одлучи...

Инспектори „ќе влегуваат“ на онлајн часови за да следат како работат наставниците

Со почетокот на новата учебна година, државните просветни инспектори ќе имаат ингеренции без најава да се приклучуваат на онлајн часовите со цел да ја следат работата на наставниците. Како што учениците ќе имаат кориснички имиња и лозинки, така ќе имаат и инспекторите, со што ќе имаат пристап до националната онлајн платформа (која е во фаза на изработка), на која...

Студентите ѝ ја презентираа Декларацијата за млади, образование и иднина на министерката Царовска

Претставници на студентските собранија на универзитетите „Св. Кирил и Методиј“, „Мајка Тереза“, „Гоце Делчев“, „Св. Климент Охридски“ и „Универзитет на Југоисточна Европа“ вчера се сретнаа со новата министерка за образование и наука, Мила Царовска и ѝ ја презентираа Декларацијата за млади, образование и иднина. Во декларацијата претставени се барањата за реформи за поквалитетно образование, инвестиции во науката и образовната инфраструктура,...

МОН објави листа со даватели на обуки за дигитални вештини за владините ваучери

Министерството за образование и наука (МОН) ја објави листата на даватели на обуки за дигитални вештини, преку која младите до 29 години ќе можат да се информираат каде би можеле да ги искористат ваучерите во вредност од 30.000 денари што им беа доделени со уредба од Владата на РСМ. На листата на МОН објавени се давателите на обуки, видот на...

До 10 јули може да се испраќаат предлози за концептот образование на далечина

Министерството за образование и наука ја објави нацрт верзијата на Концептот за развивање систем за образование од далечина во основните и средните училишта во Република Северна Македонија. Концептот е изготвен од Министерството за образование и наука, Министерството за информатичко општество и администрација, Бирото за развој на образованието, Центарот за стручно образование и обука, Државниот просветен инспекторат и Државниот испитен...

Осум години празни ветувања за изградба на основно училиште во Мала Речица

Цели осум години беше ветувано, а договорот е потпишан само пред еден месец, додека работите за изградба на основното училиште во Мала Речица сè уште не се ниту почнати. Во договорот јасно стои дека работите треба да бидат завршени во рок од 11 месеци од денот кога ќе започнат, меѓутоа тој ден не е прецизиран. Државниот секретар во Министерството...

Во тек е формирањето на комисија за спорните учебници по социологија

На 1 јуни истече рокот за пријавување за учество во комисијата која треба да ги ревидира спорните учебници, меѓу кои и оние по социологија за II, III и IV година гимназиско образование. Од Министерството за образование и наука велат дека во моментов се формираат комисиите за оние предмети за кои се пријавиле кандидати. „И покрај повторно објавениот повик, нема пријавено...

Ревизијата на спорните учебници по социологија ќе го чека формирањето на Комисијата по 1 јуни

На 1 јуни истекнува рокот за пријавување за учество во комисијата која треба да ги ревидира спорните учебници по социологија за II, III и IV година гимназиско образование. Ова е втор повик откако на првиот, бројот на пријавени кандидати не бил доволен, поради што Педагошката служба повторно објавила повик, велат од Министерството за образование и наука за Мета.мк. На повикот...

ДЗР: Потребно е унапредување на системот за финансирање и квалитет на високото образование

Активностите на државните органи надлежни за спроведување на образовната политика и политиката за вработување не се доволно ефективни за осигурување на вработувањето на високообразовниот кадар на пaзарот на труд во РСМ, утврдил Државниот завод за ревизија. Оттаму посочуваат дека нема доволно регулаторни механизми за зајакнување на врската помеѓу образованието и потребите на пазарот на труд и следење на реализацијата на...

МОН: Дипломите ќе имаат важност како државна матура и ќе важат и во странство

Пред само неколку дена, министерот за образование Арбер Адеми ги соопшти новите сет образовни мерки за непречено функционирање на воспитно-образовниот систем, меѓу кои и онаа со која се укинува државната матура. Ова ја отвори дилемата, што е со студентите кои сакаат да се запишат на факултети за кои услов за упис е положена државна матура. Од Министерството за образование и...

Учениците од шесто одделение немаат обврска да го читаат и обработуваат дискриминаторскиот текст за Ромите во лектирата

„Имајќи ги предвид препораките на Народниот правобранител, Министерството за образование и наука дава генерална препорака на сите наставници кои го предаваат предметот македонски јазик во шесто одделение и кои како изборна ја обработуваат лектирата „Македонски хумористични народни приказни“ од Томе Саздов, текстот „Циганот како сведок“ да не биде обработуван на часовите и учениците немаат обврска да го читаат“ информираат од...

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...