fbpx
Таг: модуларна болница

таг: модуларна болница

Сочувство од словенечкиот и од српскиот претседател по трагедијата во Тетово

Претседателот Стево Пендаровски денеска телефонски разговарал со претседателот на Република Словенија, Борут Пахор, при што првиот човек на Словенија во свое лично име и во име на граѓаните на Република Словенија изрази најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на загинатите во синоќешниот пожар во модуларната болница во Тетово и посака побрзо опоравување на повредените, соопшти Кабинетот на Претседателот на...

Прогласена тридневна жалост во Тетово

Советот на општина Тетово денеска прогласи тридневна жалост во Тетово по вчерашниот катастрофален пожар во ковид болницата, во кој животот го загубија 14 лица. Тетовската градоначалничка Теута Арифи на денешната прес-конференција рече дека откога ќе се знаат официјалните информации за жртвите, ќе се помогнат нивните семејства од итниот фонд на општината. Градоначалничката Арифи ги повика институциите што побрзо да ја...

МЗ: Во тетовскиот ковид-центар имало 26 пациенти за време на пожарот, 12 се спасени и се вон животна опасност

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во вчерашниот пожар што го зафати ковид центарот во Тетово загинаа 14 лица. За време на пожарот, во модуларната ковид болница биле згрижени 26 пациенти, при што 12 пациенти се спасени од пожарот. Тие се наоѓаат на лекување во тетовската болница и се надвор од животна опасност. Од ова министерство велат дека нема...

И Претседателот Пендаровски ги откажа настаните поради трагичниот настан во Тетово

Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, поради трагичниот настан во модуларната болница во Тетово, известува дека се откажуваат најавените настани по повод 8 Септември, Денот на независноста. Претходно веќе закажани настани за денешниот ден одложија Министерството за животна средина, Министерството за образование и наука и Фондот за иновации и технолошки развој.

Бројот на жртвите во пожарот во Тетово расте, ОЈО побара обдукција за 14 починати

Обвинителите издадоа наредби за обдукција и идентификување на телата на 14 лица починати во пожарот, а се испитува и дали има и други починати лица, соопшти утрово Основното јавно обвинителство Скопје. „За некои од починатите ќе биде потребна ДНК анализа за да се утврди нивниот идентитет. Според првичните сознанија, меѓу починатите нема медицински персонал“, се вели во соопштението. Основното јавно обвинителство...

Пет обвинители вршат истрага за смртоносниот пожар во тетовската модуларна болница

Тројца обвинители од Тетово и двајца од Скопје се вклучени во увидот на лице место во тетовската модуларна болница, која синоќа целосно изгоре во пожар во кој животот го загубија најмалку 10 лица. Како што соопштија од ОЈО Тетово, „тимот од петмина обвинители, заедно со екипи од надлежните институции ги преземаат сите дејствија во насока на утврдување на причините за...

Порталб: Недостатокот на вода е една од причините поради која модуларната болница во Тетово е нефункционална

Недостатокот на вода во Тетово оневозможи компанијата која ја изгради модуларната болница за пациенти со ковид-19, да го тестира системот за вода во тој објект. Сепак, регулирањето на овие пропусти се во завршна фаза, а економскиот директор на Клиничката болница во Тетово, Артан Етеми, информира дека наскоро се очекува болницата да биде ставена во функција. Во Тетово состојбата со...

Порталб: Модуларната болница во Тетово – сите ги „завршиле“ работите, истата не е функционална

„Ние нашите работи и задачи околу ова ги завршивме“ беше идентичниот одговор на четирите надлежни институции за пуштање во употреба на Модуларната болница во Тетово. Сепак, иако на инфективното одделение во Тетово секој ден има сé помалку болнички кревети, Модуларната болница никако не се пушта во употреба, пишува Порталб.мк. Иако минатата година овој проект беше претставен како „спас“ за големиот број...

Новата модуларна болница во Прилеп е во функција

Новата модуларна болница во Прилеп, со централен довод на кислород и капацитет од 35 легла за болни со ковид-19, денеска официјално е ставена во употреба. Објектот се наоѓа веднаш до инфективното одделение. „Модуларната болница со 35 нови легла, како и 130 други во петте оддели во болницата, покрај инфективно, интерно, одделот за уво, нос и грло, очниот и одделот за...

Во петок се отвора модуларната болница во Штип

Нови 47 легла во модуларната болница во Штип ќе бидат ставени на располагање на пациентите од источниот дел од државата, откако утре комплетно ќе биде инсталирана централната станица за кислород. Приемот на пациентите се очекува да почне во петок. Клиничката болница е под голем притисок на нови пациенти со ковид-19, откако нагло порасна бројот на заболени. Последните денови над...

Се проширува модуларната болница во Охрид, ќе има капацитет од вкупно 55 легла

Директорот на општата болница во Охрид посочува дека капацитетот на модуларната болница за третман на ковид пациенти ќе се прошири на вкупно 55 легла, откако вкендов пристигнале нови делови кои ќе се додадат на болбницата. Исто така, се чека и поставувањето на централното снабдување со кислород на објектот. „Моментално има слободни кревети во модуларната болница, која е отворена за ковид...

Ставена во функција модуларната болница во Охрид, бројот на новозаразени со ковид-19 вртоглаво расте

модуларна болница Охрид
Започна со работа модуларната болница во Охрид, здравствена установа која е целосно опремена и има капацитет од 40 легла. Сега тука е преселено инфективното одделение, со дежурен интернист и инфектолог, додека во одделението за геријатрија ќе бидат сместени сомнителните случаи на ковид-19, а одделот за неврологија ќе се врати на редовната работа. „Во модуларната болница ќе има дежурен интернист и...

Привршуваат активностите за модуларната болница во Струга

Во соработка со Министерството за здравство, Општата болница во Струга постави модуларен ковид центар. Велешки „Брако“ и валандовската „Ари и Том“ се фирмите што ги градат модуларните болници во 17 општини низ земјава, со нешто помалку од 3,5 милиони евра, заем од Светска банка. Според најавите, монтажните болници во Куманово, Струмица, Гевгелија и Струга треба да бидат готови деновиве, а трошоците...

Охриѓани добиваат нова модуларна болница за третман со ковид-19

Граѓаните на Охрид добиваат нова модуларна болница за третман на ковид-19, информира денеска градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески. „Ова ќе значи поефикасна и навремена борба со пандемијата за сите граѓани. Општина Охрид го сработи својот дел од подготовките за изградба на оваа модуларна болница”, кажа Георгиески. Просторот беше расчистен, асфалтиран е приодот, а по поставувањето на болницата истата ќе биде приклучена...

Филипче ја најави модуларната болница во Штип за крајот на јануари, медицинарите ќе добијат по 30.000 денари

Се поставуваат монтажните бараки во кругот на Клиничката болница во Штип, каде ќе бидат сместени 46 кревети, дијагностички лаборатории, монтажни дигитални рентген и ехо апарати, како и посебен оддел за персоналот. Модуларната болница ќе има централен довод на кислород. Тука, на крајот на јануари следната година, се очекува да бидат префрлени сите пациенти заболени со ковид, со цел да...

Забрзани активности за поставување на модуларната болница во Охрид со капацитет од 40 легла

модуларна болница Охрид
Општина Охрид ги започна градежните активности за подготовка на просторот во болничкиот комплекс каде што ќе биде поставена модуларната болница за третман и лекување на пациентите со ковид-19. Согласно задолженијата на кризниот штаб на Општина Охрид, општинските надлежни служби во најбрз можен рок спроведоа тендерска постапка и беше избрана фирмата „МН-АС Констракшн” од Струга за реализирање на градежните активности. На просторот...

Почна поставувањето на модуларна болница за ковид-19 во Гевгелија

Министерството за здравство информира дека денеска во Гевгелија започна поставувањето на модуларната болница, а во текот на следната недела монтажа на вакви објекти ќе започне во Струмица, Куманово, Струга и Кичево. Во сите општини забрзано се работи на активностите за реализација на проектот. Интензивно се работи на подготовки на терен, се расчистуваат локациите, локалните јавни претпријатија обезбедуваат приклучоци, стручните служби...

Почнува конструирањето на модуларната ковид болница во Гевгелија

Кон крајот на оваа недела се очекува да започне изведбата на конструирањето на модуларната ковид болница во Гевгелија, за што е подготвен теренот на кој ќе биде поставена, соопштуваат од Министерството за здравство. „Целосно е завршено бетонирањето, а поставена е и инфраструктурата, довод, одвод до канализациска мрежа, подземен кабел за струја. Ковид центарот во Гевгелија ќе биде со површина од...

Во болничкиот комплекс во Охрид се подготвува теренот за поставување модуларна болница

Во Охрид се подготвува теренот во болничкиот комплекс за поставување на модуларната болница за заболени лица од ковид-19, а се разгледува и можноста за организирање на мобилни здравствени тимови. Кризниот штаб на Општина Охрид одржа состанок на кој зедоа учество сите постојани членови, како и раководителите на дел од секторите во општинската администрација. Поради зголемениот прилив на заболени лица од...

Започна рамнењето на теренот за поставување на модуларна болница во Штип за пациенти со ковид-19

За најдоцна три седмици се очекува да завршат работите на поставување на основата на монтажната болница за лекување на болни од ковид-19 во Штип. Започнаа теренските работи на приспособување на теренот, поставување на водоводниот и канализациониот систем и други инфраструктурни зафати. На местото помеѓу Инфективното одделение и Детското одделение во кругот на Клиничката болница се очекува да бидат поставени...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...