fbpx
Таг: ММФ

таг: ММФ

Кристин Лагард на судење поради несовесно работење

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, ќе мора да се појави на судење во Франција бидејќи е обвинета за несовесно работење. Таа му исплатила надомест на францускиот бизнисмен Бернар Тапи 404 милиони евра, кога беше министерка за финансии. Тапи одлучил да ги продаде сите свои акции во компанијата „Адидас Франс“ и за тоа ја овластил државната банка „Креди -...

Лагард повикува да се заврши неизвесноста околу Брексит во интерес на економијата

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, денеска повика да се заврши неизвесноста по гласање на Британците за излегување од ЕУ, бидејќи тоа го забавува светскиот економски пораст. - Наша препорака е оваа неизвесност околу Брексит што побргу да заврши за да ги знаеме условите за тргување и начините на кои Обединетото Кралство ќе продолжи да дејствува во рамките...

Американскиот министер за финансии денеска во Атина

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска ќе се сретне со американскиот министер за финансии, Џејкоб Лиу, за да разговара за грчкиот долг и за напредокот на пакетот мерки за штедење. Лиу ќе има средба и со неговиот грчки колега, министерот Евклидис Цакалотос. Американскиот министер се очекува да испрати порака до грчката влада дека е неопходно побрзо да се спроведуваат договорените реформи, за...

СКСМ: Еврообврзницата е за задржување на социјалниот мир, а не за развој на економијата

Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСМ) изрази загриженост по повод намерата на државата да издаде еврообврзница во износ од 650 милиони евра и смета дека тие пари се за купување социјален мир, а не за внесување свеж капитал во стопанството. Според СКСМ, еврообврзницата ќе се искористи за покривање на тековните обврски, односно за исплата на плати и на пензии, а...

Лагард: Земјите членки на ЕУ подобро да комуницираат во интерес на економијата

Од суштинско значење за економијата е земјите членки на Европската Унија прашањето со Брексит да го решат со крената глава, изјави првиот човек на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард. Taa даде забелешка за недостигот од комуникација во EУ и за префрлувањето на одговорноста од едни на други. Според неа, треба да се согледа економската реалност и да се работи на подобра соработка...

Европска комисија скрати 27,1 милион евра од ИПА-фондовите за Македонија

Европска комисија одлучила да скрати 27,1 милион евра од ИПА-фондовите за Македонија, јавува „Алсат М“. Европската комисија ја известила Владата на РМ, а, според информациите на овој медиум, планирано е кратење и на останатите 50 милиони евра од ИПА-фондовите. Европската канцеларија што е надлежна за истраги поврзани со измами при Европската комисија, ОЛАФ, потврди дека води истрага за злоупотреба на средствата...

ММФ нема да назначи нов претставник во Македонија по завршување на мандатот на Гитон

Со завршувањето на мандатот на постојаниот претставник на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Република Македонија, Патрик Гитон, ММФ нема да назначи нов претставник на негово место. - Локалната канцеларија на ММФ ќе продолжи со својата работа во Македонија со што и понатаму ќе се одржи силното присуство и протек на комуникација помеѓу ММФ и земјава. При донесувањето на оваа одлука,...

ММФ: Лондон и Брисел да обезбедат транзиција на новиот економски однос

Велика Британија и Европа треба да обезбедат непречена транзиција на новиот економски однос меѓу Лондон и ЕУ, порача денеска генералниот директор на ММФ, Кристин Лагард, и притоа побара да се објасни и процедурата и широките цели што ќе го насочуваат процесот. - Силно го поддржуваме ангажманот на Народната банка на Велика Британија и на Европската централна банка да обезбедат ликвидност на...

ММФ: Брексит би ја зголемил неизвесноста во глобалната економија

Излегувањето на Велика Британија од Европската Унија би ја зголемило неизвесноста во време на глобална економска слабост, изјави денеска заменик-директорот на Меѓународниот монетарен фонд, Дејвид Липтон. - Многу е тешко да се предвидат потенцијалните ефекти, но таа неизвесност би преставувала негативен фактор и би настапила во време кога глобалното економско закрепнување е и понатаму бавно и слабо – изјави Липтон на...

ММФ се повлекува од пакетот финансиска помош за Грција

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) соопшти дека не е подготвен да додели средства за европската спасувачка програма наменета за Грција и побара детален план за реструктуирање на грчкиот долг. Кредиторите од Европска унија инсистираат на тоа ММФ да додели средства за актуелната, трета програма за помош на Грција. Но, ММФ своето учество во пакетот помош го услови со барање за силни акции на...

Еврогрупата даде зелено светло за исплаќање на 10,3 милијарди евра за Грција

По речиси 11 часа состанок, Еврогрупата заврши со договор и зелено светло за исплаќање на рата од грчкиот кредит. Европските министри за финансии договорија Грција да добие 10,3 милијарди евра кои ќе бидат исплатени во две фази и договорија насоки за намалување на грчкиот долг во три фази. Покрај несогласувањата, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и натаму останува во финансиската програма...

ММФ: Излегувањето од ЕУ ќе ја загрози британската економија

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) денеска предупреди дека излегувањето на Велика Британија од Европската Унија би имал „негативно и значајно влијание“ на економскиот пораст за земјата, а статусот на Лондон како глобален финансиски центар би можел да биде загрозен. Во редовниот извештај за состојбата на британската економија, ММФ наведува дека гласањето на референдумот за излез од ЕУ може да резултира со „долготраен...

ММФ: Корупцијата годишно „јаде“ два отсто од глобалната економија

Давањето мито вшмукува 1.500 до 2.000 милијарди долари годишно во светот, што ја нагризува економијата и ја влошува социјалната заштита за сиромашните, се наведува во најновиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за состојбите со корупцијата. Корупција, мито и другите облици на измами кои се заеднички и за сиромашните и за богатите земји, го ограничуваат економскиот пораст и ја поткопуваат политиката на...

Грчкиот премиер задоволен се враќа од Брисел

Грција е задоволна од исходот на состанокот на еврогрупата. Грчката влада говори за триумф на состанокот на европските министри за финансии бидејќи се избегнало наметнување нови мерки за штедење, постигнат е договор да се почне разговор за олеснување на грчкиот долг и можно е штом се финализира договорот со тројката и со кредиторите, Грција да добие повеќе пари од очекуваното. Како...

Грција во дипломатска офанзива пред состанокот со еврогрупата

Грција е во трка со времето да добие што поголема европска поддршка пред состанокот на еврогрупата на 9 мај. Грчката влада има шест дена за да се обиде да ја засили својата преговарачка позиција и да добие повеќе гласови и европски држави на своја страна и така да успее да избегне наметнување нов пакет мерки од страна на ММФ во висина...

Бриселско „охи“ за барањето на Ципрас за итен ЕУ-самит

Шефот на Европскиот совет, Доналд Туск, го одби барањето на грчкиот премиер Алексис Ципрас да се организира вонреден европски самит за разгледување на грчките проблеми во преговорите со кредиторите. Ципрас во телефонски разговор со Туск изразил незадоволство од сопките во преговорите и од инсистирањето на ММФ да се усвојат нови вонредни мерки од 3,6 милијарди евра, кои би се...

ММФ прогнозира пораст на македонската економија од 3,6 отсто за годинава

Економскиот пораст во Македонија оваа и следната година ќе достигне 3,6 проценти, објави Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во својата најнова проекција објавена на Пролетните средби на оваа финансиска институција и на Светска банка во Вашингтон. Во однос прогнозата за глобалниот пораст, ММФ ја намали од 3,4 на 3,2 отсто. На Пролетните средби на ММФ и на Светска банка, кои неделава се одржуваат...

Цакалатос: На чекор до договор сме со кредиторите

Властите во Грција денеска соопштија дека се блиску до постигнување договор со меѓународните кредитори, и покрај прекинувањето на рундата преговори за најновите грчки реформи. - Блиску сме во постигнувањето договор со институциите. Дефинитивната одлука ќе биде донесена до 22 април или најдоцна до 26 април на можниот вонреден состанок на министрите на финансии на еврозоната - изјави грчкиот министер за...

Кредиторите од ММФ и од ЕУ денеска во посета на Грција

Претставници на Европската Унија и на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) денеска ќе ја посетат Грција за да ја одржат ревизијата на програмата за помош и да ја одблокираат исплатата на средствата, најави европскиот комесар за економски прашања, Пјер Московиси. Истовремено, шефот на еврогрупата, Јерун Дајселблум, изјави дека министрите за финансии на еврозоната конечно ќе го разгледаат прашањето за отписот на...

Лагард останува на чело на ММФ уште еден мандат

Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, останува на оваа функција уште пет години, пишува „Би-Би-Си“. Лагард, чијшто мандат истекува во јули, е единствениот кандидат за оваа позиција. Кристин Лагард е поранешна министерка за економија на Франција, а на чело на ММФ дојде од јули 2011 година.

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...