fbpx
Таг: млади

таг: млади

Млади активисти преку Фејсбук изградија куќа на семејство во социјален ризик

Две и пол години по првата објава со повик за потребни материјали објавена на социјалната мрежа Фејсбук, семејство под социјален ризик од скопската Општина Чучер Сандево доби нова куќа и, со тоа, нови услови за живот. Станува збор за дом каде, според активистите вклучени во акцијата, недостасувале егзистенцијални услови за живот, недостаток на елементи од бела техника, наместен под и...

Ден на италијанскиот стрип на „Џифони Македонија“ со авторите на „Дилан Дог“

Алесандро Билота и Серџо Џерази, автори на „Дилан Дог“, Валтер Бујо, Меркурио Лои и други стрип-уметници денеска ќе бидат гости на 10. Филмски фестивал на млади „Џифони Македонија“. Во Младинскиот културен центар во 16 часот тие ќе одржат предавање на тема „Фокус на италијанскиот и македонскиот стрип“, а влезот е слободен. Претходно, Билота и Џерези ќе се сретнат со авторите на...

Младите да бидат вклучени во одлучувањето – Клубот на млади пратеници и ИДУЕП во посета на Валандово

Иницијативата „Младите во фокусот“, во организација на Клубот за младински прашања и политики во Собранието и Институтот за добро управување и евроатлански перспективи (ИДУЕП) во соработка со Општина Валандово ќе бара од законодавниот дом повеќе активности за да се доближи законодавната до локалната власт. Исто така, според заклучоците од иницијативата постои и потреба од конкретни младински иницијативи и заложба за...

По ланскиот интерес, здружението „Гоу Грин“ по втор пат собира младински барања за зелени општини

По минатогодишниот успех кога младите од шест општини низ земјава ги избраа зелените проекти кои побараа да се реализираат од идните градоначалници, здружението „Гоу Грин“ информира дека по втор пат годинава ќе организираат собирање на младинските барања за зелени општини во земјава. „Младите не се застапени во општините и сè уште во поголемиот дел не се оформени локалните младински совети...

Младите не им се приоритет на општините – тешко оди спроведувањето на Законот за младинско учество

Истечени рокови и незаинтересирани општини – вака накратко би можело да се опише спроведувањето на Законот за младинско учество и младински политики. Само 12 отсто од општините во Северна Македонија формирале локални младински совети, и покрај тоа што законот ги обврза сите општини тоа да го сторат до јануари минатата година. Канцеларија за млади формирале 11 општини, додека најголем дел...

Ланскиот попис откри 1.615 бракови на млади на возраст од 15 до 19 години во земјава

Дури 1.615 бракови на млади меѓу 15 и 19 години биле регистрирани во земјава на пописот што беше спроведен минатата година. Од вкупно 104.035 млади на возраст од 15 до 19 години, дури 1.355 девојчиња биле впишани како омажени, додека 260 момчиња од оваа возраст биле официјално стапени во брачна заедница, покажува најновиот сет на податоци од Државниот завод...

Денес започнува хакатонот „NASA Space Apps Challenge“

Денес во Скопје по 10-ти пат започнува одржувањето на хакатонот „NASA Space Apps Challenge“ што ќе донесе можност за двајца учесници од победничкиот тим да патуваат во посета на NASA Kennedy Space центарот, во Флорида, САД заедно со нивниот ментор. Официјалното отворање ќе започне денес во 12:00 часот во „Нетвил“ со бесплатна подготвителна работилница за поттикнување на работа во тим,...

Продолжен рокот за пријавување за признанието „Успешни млади“

Рокот за доставување пријави за признанието „Успешни млади“ продолжен до 14 октомври 2022 година, информираат денес од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија. Признанието се доделува во насока на вреднување на трудот и знаењето на младите, како една од политиките за намалување на одливот на млади луѓе од нашата земја, како и за создавање на перспективи за младите и успешни...

[Галерија] „Exhibitions vol.“ – просторен одѕив на младите локални уметници

Платформата „Exhibitions vol.“ во организација на „ShortBus“ или како што уште се нарекува, суб-културен центар ја претстави најновата, четврта изложба во низата за промовирање на млади уметници. Овој пат, на „Exhibitions vol.4“, посетителите може да видат уметнички дела од Душан Стефановски, Искра Чарли и Елена Гелева. „Оваа изложба е составена од разни видови на стилови, не е ограничена во однос на тоа...

Младите бараат модел што ќе ги мотивира да излезат на гласање, а за тоа е потребна демократска комуникација

Младите сакаат изборен модел кој ќе ги рефлектира нивните потреби и интереси и ќе ги мотивира да излезат на гласање, како и да гласаат за кандидат чиј успех ќе се мери според сработеното. Ова се ставовите на учесниците на дебатата  „Каков изборен модел ни треба за посилна демократија?“ што неодамна се одржа во Собранието на Република Северна Македонија. На дебатата...

Проекција на екофилмови посветени на велосипедот во „Синеплекс“

Во рамки на Европската недела на мобилност, вчера во „Синеплекс“ се одржа проекција на екофилмови посветени на велосипедот. Во организација на „Гоу Грин“, како дел од проектот „Младинско кино на ЕУ: Зелен Договор“, кофинансиран од Европската Унија, овој настан го посетија 200 ученици од средните и основните училишта од Скопје. Тие имаа можност да зборуваат за важноста за користење...

Млади Македонци освоија сребро и две бронзи на Јуниорската балканска олимпијада по информатика

Еден сребрен медал, два бронзени медалa и една олимписка пофалба за македонските ученици на 15. Јуниорска Балканска Олимпијада по Информатика, која се одржува во Дорохои, Романија, информира Здружението на информатичари на Македонија. Младиот Благој Рујаноски од Прилеп освои сребро, а со бронза се стекнаа учениците Никола Стојковски од Скопје и Дамјан Давков од Штип. Најмалдиот учесник од Македонија, ученикот Владимир...

Изабела Јакимова, „Младите на Една може“ и „Гоу Грин“ се добитници на Наградата за младинско учество

Познати се добитниците на Наградата за младинско учество која ја доделува Агенцијата за млади и спорт (АМС) во соработка со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ). Годинава, наградата во индивидуална категорија ја доби актерката Изабела Јакимова. Неформалната група на млади „Младите на Една може“ (One Can Youth) победија во категоријата на неформални групи на млади, додека здружението „Гоу Грин“ (Go...

Денеска и утре активности со фокус на волонтирање и зелен активизам по повод Денот на млади

Со кино на точак, младински волонтеризам, изложби и тематски работилници за рециклирање, денеска (11 август) и утре (12 август) со почеток во 17 часот во Домот на култура „Билјана Беличнец“ во Кисела Вода започнува одбележувањето на Денот на младите. Концептот е сместен во духот на младинското волонтирање и зелениот активизам што има за цел, како што се вели во соопштението,...

АМС: Младите да се вклучат во креирањето на новата Национална стратегија за млади

Агенцијата за млади и спорт (АМС) на денешната прес-конференција најави дека ќе се креира нова Национална стратегија за млади преку која, како што беше посочено, ќе се дефинираат основните принципи и насоки за подобрување на квалитетот на живот на младите луѓе во државата во наредните пет години. На конференцијата што беше организирана по повод започнување на неделата на млади, присутните...

Половина од младите од 13 до 15 години велат дека знаат делумно да располагаат со парите

Околу половина од младите помеѓу 13 и 15 години сметаат дека не располагаат со доволно знаење за управувањето со парите. Најголемиот дел од нив учат за управувањето со парите од своите семејства. Од финансискиот систем, најдобро ги познаваат функциите на банкарскиот сектор и сметаат дека најдобро можат да се стекнат со финансиски знаења преку класичната настава. Ова го покажуваат резултатите...

Онлајн дебата „Младите и волонтерството“ на 19 август

Зошто волонтирањето е важно за младите луѓе и како истите да се мотивираат за да се ангажираат во волонтерството? Дали и колку младите се активни како волонтери во земјава? Кои области и прашања во моментов имаат приоритет и потреба од млади волонтери – климатските промени, родовата еднаквост или можеби одржувањето и промовирањето на мир? Дали и како волонтерството треба да се...

Објавен повикот за признанието „Успешни млади“ за 2021 година

Објавен е Јавниот повик за признанието „Успешни млади“ за 2021 година – проект на Претседателот на Република Северна Македонија, кое што се доделува во насока на вреднување на трудот и знаењето на младите, како една од политиките за намалување на одливот на млади луѓе од земјава, како и за создавање на перспективи за младите и успешни кадри. Јавниот повик за...

Отворено е гласањето за номинираните кандидати за Наградата за младинско учество

Агенцијата за млади и спорт (АМС) и Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) ја повикуваат пошироката јавност да гласа за кандидатите за овогодинешната Награда за младинско учество во трите категории – индивидуално, категорија на неформални групи на млади и категорија за младински организации, организации за млади и чадор младински организации. „Наградата за младинско учество препознава иницијативи на млади, неформални групи...

Анализа: 40% од младите изјавиле дека корупцијата во земјава ги мотивира да се иселат надвор

4 од 10 млади изјавиле дека ќе ја напуштат државата поради степенот на корупција, додека секоја трета млада личност изјавила дека токму корупцијата е главна мотивација да се приклучи и да придонесе во борбата против коруптивните дејства, покажува анализа спроведена од Младинскиот сојуз - Крушево. Во анализата учество земале 440 млади, од кои речиси 64 отсто изјавиле дека досега директно...

Ниту едно од поглавјата за преговорите со ЕУ не е отворено

Во својата програма за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ вети дека 80 отсто, односно 25 од 33 поглавја за влез во ЕУ, ќе бидат отворени до крајот на нивниот...