понеделник, 8 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: млади | 543 резултати

Интернационална обука за подобрување на работните вештини кај младите

17 ноември 2015

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во рамките на караванот „Еразмус плус“, кој е во тек, организира низа активности, обуки, семинари и работилници во насока на зајакнување на знаењата и на вештините и на имплементирање нови образовни техники и методи за младите. Подобрување на работните вештини, стекнување интернационални искуства и подобрување на конкурентноста […]

СДСМ: Со новото задолжување, Груевски им остава огромен долг на младите

5 ноември 2015

Пред заминување од власта, Никола Груевски сака да ги задолжи граѓаните на Македонија со дополнителни 500 милиони евра, обвинува СДСМ. Од партијата велат дека со одлуката за нова евро-обврзница од половина милијарда евра, Груевски сака неговите расипнички и недомаќински политики да ги натовари на грбот на сите граѓани во Македонија. „За Никола Груевски не е […]

Сивата економија во државата изнесува 26 проценти

2 ноември 2015

Сивата економија во државата може да изнесува и до 26 проценти, иако податокот до кој дојдовме вели дека тој процент е 22,5 отсто, истакна првиот човек на Сојузот на синдикати на Македонија, Живко Митревски. Поради ова, ССМ во следниот период ќе почне со кампања против непријавената работа. Една од мерките ќе биде едукација на младите за […]

Пратениците ќе расправаат за проблемот со иселувањето од Македонија

30 октомври 2015

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи расправата за проблемот со сè поголемото иселување, особено на младите, од Македонија, на предлог на опозициските пратеници. На дневен ред на продолжението на 67. седница е и предлог-законот за извршување на буџетот на Република Македонија за 2016 година, по скратена постапка.

Власта во Битола откри зошто се иселувале младите во странство

28 октомври 2015

Советничката на ВМРО-ДПМНЕ, Соња Трпезановска, јавно, на седница на Советот на Општина Битола, откри зошто се исeлувале младите од држaвата. Расправајќи за состојбите во битолското образование и за сè помалиот број ученици во училиштата, Трпeзановска призна  дека политиките на власта придонеле младите да си заминат од држaвата, но тоа треба да се подразбере во позитивен […]

Mеѓународна младинска размена во Струга: „Здрави и активни млади за одржлива Европа“

4 август 2015

Млади од Македонија, Романија, Молдавија, Србија, Албанија и од Португалија учествуваат на манифестацијата Mеѓународна младинска размена во Струга, во организација на Младински совет од Прилеп. „Здрави и активни млади за одржлива Европа“ е темата што ги обединува младите во стекнувањето знаења и вештини, како да бидат флексибилни и да соработуваат меѓу себе, како да се […]

Јавен повик до помладите да им помогнат на старите лица

13 јули 2015

Здружението за меѓугенерациска солидарност „Доблест“ ги повикува младите невработени лица кои сакаат да им помогнат на старите лица за нивно активно користење на слободното време. Од Здружението соопштија дека активно работат за поттикнување на меѓугенерациската солидарност и подобрување на квалитетот на живот на старите лица. Целта на проектот е поттикнување меѓугенерациската солидарност и волонтерство кај […]

СДСМ: Единствен успех на Груевски е што поради неговите политики 250.000 млади се иселија од Македонија

28 јуни 2015

Единствениот „успех“ на Никола Груевски за младите во Македонија е тоа што поради неговите лоши, погрешни и криминални политики, повеќе од 250.000 млади луѓе се иселија од земјава, реагираат од СДСМ на говорот на премиерот Никола Груевски на конференцијата на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. „Груевски е изворот, суштината на бројните проблеми во Македонија и само негово заминување […]

Младите сметаат дека Македонија не е подготвена за влез во ЕУ

1 јуни 2015

Поддршката за членство на Македонија во ЕУ е сè уште голема и непроменета во споредба со март 2014 година. Сепак, факторот „промена на името“ на државата кај значителен дел од граѓаните е влијателен при нивната поддршка за европскиот интеграциски процес, покажува новата теренска анкета за интеграцијата на Макеоднија во ЕУ, што ја изработи Институт за демократија „Социетас цивилис“. […]

Култниот „Дом на млади“ отвора Центар за неформално образование

15 април 2015

Штипскиот „Дом на млади“ преку објавениот конкурс за деца кои сакаат да ги изучуваат уметностите, го официјализираше Центарот за неформално образование. Повикани се деца и млади кои сакаат да изучуваат драмска, музичка и ликовна уметност, како и литературно пишување и фотографија. Првпат во Штип ќе може да се посетуваат часови по класичен балет, објави директорката […]

Секој трет викенд младите бесплатно ќе патуваат со воз

21 март 2015

Агенцијата за млади и спорт, во соработка со „Македонски железници – Транспорт“, денеска го промовираа проектот со кој младите до 27-годишна возраст секој трет викенд во месецот ќе можат бесплатно да патуваат со воз. Почетокот на проектот беше означен со бесплатно возење на група млади до Велес. Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Маријан Спасески, ги […]

Охридската куќа, филигранот и храната, адути за туристичка промоција на Охрид

13 декември 2014

Факултетот за туризам и угостистителство во Охрид и секторот за туризам и локален економски развој при Општината ја организираа финалната презентација на проектот „Младите како носители на културата, традицијата и знаењето во општина Охрид“, чија цел е вклучувањето на младите во туристичката промоција на охридските традиционални вредности, јавуваат дописникот на „Мета“ од Охрид. Охридскиот бисер, […]

Младите си заминуваат од Грција

1 декември 2014

Грција го губи академскиот кадар. Повеќе од 100.000 млади грчки научници и академици се ислелиле од Грција во потрага по подобри академски и работни услови поради финансиската криза. Ова го покажува истражувањето на Универзитетот „Македонија“ за грчкиот весник „Катимерини“, за загрижувачките трендови во грчкото високо образование и во академскиот свет. Дополнително загрижувачки за бегањето на млади […]

Иванов: На овој свет му требаат лидери

29 ноември 2014

Живееме во свет во којшто сосема поинаку функционираат политиката, економијата, безбедноста и комуникациите и во тој свет се потребни лидери кои ќе знаат да носат одлуки, истакна претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, пред учесниците на денешната Конференција за млади лидери, посветена на предизивиците и на можностите за балканското лидерство, која се одржува во Охрид. […]

Иванов ќе се обрати на Конференција за млади лидери „Предизвици и можности за балканското лидерство денес“

29 ноември 2014

На дводневната Конференција за млади лидери „Предизвици и можности за балканското лидерство денес“, која почнува денеска, ќе се обрати претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов. Предвидено е на отворањето на конференцијата да се обратат поранешниот претседател на Бугарија, Георги Прванов, и поранешниот претседател на Албанија, Бамир Топи. Во рамки на дводневната Конференција за млади лидери […]

УНФПА го промовираше Извештајот за состојбите на светското население – 2014

20 ноември 2014

Во изминатиот период, Фондот за население на Обединети нации (УНФПА) организираше низа работилници, за младите од Македонија да ги споделат своите идеи и визии за тоа во каква Македонија и во каков свет сакаат да живеат до 2030 година. Гласот на младите од Гевгелија, Штип, Охрид и од Скопје вчера беше пренесен во живо до повеќе […]

Работилница на УНФПА за млади во Гевгелија

7 ноември 2014

Вчеравечер во Гевгелија се одржа првата работилница од караванот на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА), под наслов „Гласот на младите: Иднината што ја сакаме“. Младите дебатираа, изнесуваа факти и зборуваа за приоритетите на кои треба да се работи за да се обезбеди подобра иднина за идните генерации. Квалитетни работни места, подобро образование, подобри […]

Александар Поповски, кандидат за директор на Загрепскиот театар за млади

7 ноември 2014

Македонскиот режисер Александар Поповски конкурирал за директор на Загрепскиот театар за млади, пишуваат хрватските медиуми. Според нив, на почетокот на ноември истекол и рокот за пријавување на кандидати, а на конкурот се пријавиле пет кандидати, од кои четворицата Хрвати. Медиумите шпекулираа дека фаворит на градските власти била кореографката и танчерка Снежана Абрамовиќ, па заради неа […]

Нов оглас за самовработување млади до 29 години

6 ноември 2014

Агенцијата за вработување објави нов оглас за самовработување млади до 29 години.  Сите заинтересирани ќе можат да аплицираат во наредните 10 работни дена за проектот за самовработување со кредитирање, проектот за самовработување со кредитирање за невработени млади лица до 29 години и проектот за кредитирање фирми за отворање нови работни места. Министерот за труд и социјална политика, Диме […]

Страна 27 од 27