понеделник, 13 април, 2026
Meta.mk

Ознака: МКЦ Скопје | 31 резултати

„#ПрваМенструација“ в понеделник во МКЦ

мај 23, 2024

Во понеделник, на 27 мај, ќе се одбележи Меѓународниот ден за менструална хигиена со настан на тема „#ПрваМенструација“, соопшти организацијата Тиииит! Инк. Настанот почнува во 18 часот со свечено отворање со претставници од Француската амбасада во Скопје, по што следува квиз на тема „Сеопфатно сексуално образование“. Ќе се проектираат кратки филмови, а настап ќе има […]

Бајага и обожавателите прославија 40-години од албумот „Позитивна географија“ и првиот концерт на „Инструктури“ во Скопје

април 7, 2024

Вчера, на 6 април, српската и некогашна југословенска група „Бајага и инструктори“ во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје го повтори својот прв концерт одржан на истото место 40 години претходно. На сцена заедно со фронтменот Момчило Бајагиќ – Бајага беа и членовите на легендарната постава од осумдесеттите, гитаристот и пејач Живорад Миленковиќ – Жика […]

МКЦ на 17 и 18 јуни домаќин на првото издание на Стрип Трип Фестивал

мај 18, 2023

Првото издание на Стрип Трип Фестивалот во Скопје ќе се одржи на 17 и 18 јуни во Младинскиот културен центар (МКЦ). Организаторите најавуваат дека програмата предвидува одржување на дискусии и презентации на најнови домашни и регионални стрип изданија, гостување на автори и издавачи, изложба на реномирани стрип цртачи, музичка и филмска програма, работилница за цртање […]

Георги Господинов во Скопје: Можеме да се мразиме или да се сакаме, ајде да го избереме второто

декември 3, 2022

„Толку сме блиски, што имаме само два начина: или да се мразиме или да се сакаме. Ајде да го избереме второто“, е пораката која што најпознатиот бугарски писател на денешницата Георги Господинов ја испрати до публиката што завчера вечер го исполни до последното место киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар во Скопје. Господинов дојде во […]

Електро – поп бендот „Nipplepeople“ на 8 октомври ќе настапи на ПМГ Рекордингс фестивалот

септември 28, 2022

На 8 октомври ќе се одржи 12-тото издание на ПМГ Рекордингс фестивал со наслов „Градот ме тера да пеам“. Со квалитетна музичка понуда и на два музички подиуми, фестивалот ќе се одржи во Младинскиот културен центар во Скопје. На првиот и главен подиум, гости и ѕвезди на фестивалот се Ниплпипл (Nipplepeople) од Загреб, Хрватска, еден […]

Со перформанс и работилница на децата им се опиша штетноста од изградбата на малите хидроцентрали

јуни 8, 2022

„Се протна Флудо на другата страна, од големата и темна брана, и почна боја да губи од темнината почна да му студи, па почна да ги повикува и моли сите води и водни самовили, сите тревки лелеави, сите животинки, сите водни струи, да направат пукнатини на браната од камен и железни струготини. Флудо почна да […]

Отворена стрип изложбата „Цртање на приказни“ во МКЦ, авторите бараат поголем простор на јавната сцена

јуни 8, 2022

Изложбата на стрипови „Цртање приказни“ на седум стрип автори вчера вечер беше отворена во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. Посетителите имаа можност да се запознаат со авторските дела на Иванка Апостолова, Гаја Смилевска, Матеј Богдановски, Владимир Лукаш, Вук Митевски, Иван Ивановски и Ѓорѓе Јовановиќ, пропратена со свирка на музичкиот состав „Цвеќарница“. Изложбата прикажува стрипови […]

МКЦ го поништи конкурсот за идејно-графичко решение „50 години МКЦ“

февруари 14, 2022

По острите реакции на социјалните мрежи во однос на Конкурсот за избор на идејно-графичко решение и визуелен идентитет за „50 години МКЦ“, од Младинскиот културен центар (МКЦ) попладнево соопштија дека се одлучиле да го поништат конкурсот и да се заблагодарат на сите 51 апликант кои ги доставија своите трудови на Конкурсот. „Со оглед на ситуацијата […]

Во МКЦ наредна сабота ќе се одржи 10-тото издание на Фестивалот „Земјотрес“

февруари 12, 2022

Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје на 19-ти февруари (сабота) ќе биде домаќин на 10-тото издание на Фестивалот „Земјотрес“. На јубилејното издание на фестивалот на свежа, домашна и независна музика ќе настапат повеќе од 20 музички уметници на три одделни подиуми. За 10-ката на „Земјотрес“ се најавени: 350teric, Andreja Salpe B2B Galatheia, Avelina, Basement Cult, […]

Милан Димитриев со најдобро идејно-графичко решение за „50 години МКЦ“

февруари 9, 2022

На Конкурсот што го распиша Младинскиот културен центар (МКЦ) за идејно-графичко решение и визуелен идентитет за „50 години МКЦ“ за најдобар е избран трудот на Милан Димитриев, соопштија од МКЦ. Поради високиот квалитет на пристигнатите решенија, како што се истакнува, жирито одлучило да му даде пофалница на второрангираниот Гоце Велески. Тие информираат дека на овој […]

Морав да се ставам себе си во улогата на „ѕиркач“, вели Стефан Божиновски за својата изложба „Ѕиркачот“

октомври 31, 2021

Изложбата „Ѕиркачот“ на Стефан Божиновски се отвори на 27 октомври во Младинскиот културен центар во Скопје. Ангела Витановска-историчар на уметност, изложбата ја најави со стиховите: И чувствуваш како некој да е тука, и те гледа. Не го гледаш, но те гледа. Будно те следи, и… чека. Како сведок. Нем сведок на туѓо постоење. „Во денешното […]

Јубилејното 20-то издание на OFFest ќе се одржи од 9 до 13 ноември

октомври 27, 2021

Препознатливиот скопски фестивал OFFest годинава слави јубилеј 20 години од неговите почетоци. На фестивалската програма се поставени пет концерти и проекција на еден документарен филм. Фестивалот ќе се одржи од 9 до 13 ноември во Младинскиот културен центар (МКЦ) и Националната опера и балет (НОБ). Отворањето на фестивалот е закажано за 9 ноември, кога е […]

Скопскиот џез фестивал отворен со изложба на плакати „Компликувај едноставно!“

октомври 18, 2021

Вечерва (18 октомври) во 19 часот со отворањето на изложбата на плакати од претходните изданија беше отворено 40. издание на Скопскиот џез фестивал. Изложбата е поставена во Младинскиот културен центар (МКЦ), по отворањето беше одржан и мини концерт на Антоние Весковски, а во киното „Фросина“ беше прикажан документарен филм за Арета Френклин. На отворањето, директорот […]

Младинскиот самит за климатски промени ќе се одржи во МКЦ на 20 октомври

октомври 18, 2021

Младите ќе имаат вистинска можност да продонесат во преговорите за климатските промени на меѓународно ниво на Младинскиот самит за климатски промени. Самитот што ќе се одржи во Скопје е закажан за 20 октомври во Младинскиот културен центар (МКЦ). Младите луѓе на возраст од 15 до 24 години ќе имаат можност да водат дијалог со носителите […]

Денеска во МКЦ „Да зборуваме за Лем“ по повод стогодишнината од раѓањето на Станислав Лем

октомври 13, 2021

Настан во чест на полскиот писател на научна фантастика, сатиричар и футуролог Станислав Лем ќе се одржи денес од 17 часот во Младинскиот културен центар во Скопје, како дел од фестивалот на европска литература „Букстар 2021“ (BookStar 2021). На настанот „Да зборуваме за Лем“, организиран од издавачката куќа „Антолог“ по повод стогодишнината од неговото раѓање, […]

Денеска во Скопје започнува BookStar 2021 – фестивалот на европска литература

октомври 12, 2021

Оваа година по седми пат во Скопје ќе се одржи фестивалот на европска литература BookStar, важна книжевна манифестација која е првата од ваков тип за презентација на европска литература во нашата држава. Како организатор на литературниот настан, издавачката куќа „Антолог“ со големо задоволство го најавува почетокот на овогодинешната програма. Истата започнува денеска во 18:00 часот […]

Книжевниот фестивал „Букстар“ ќе се одржи од 12 до 15 октомври под слоганот „Genresis“

октомври 8, 2021

Седмото издание на Фестивалот на европската литература „Букстар“ ќе се одржи од 12 до 15 октомври во Скопје, под слоганот „Genresis“, во организација на издавачката куќа „Антолог“. Оваа година, пред книжевната публика ќе бидат претставени девет автори. Прва е Катарина Винклер од Австрија, која ќе се престави со својот роман „Модар накит“, а потоа следи […]

МКЦ од 9 до 19 септември организира кино на отворено низ скопските населби

септември 6, 2021

Младинскиот културен центар (МКЦ) од 9 до 19 септември организира филмски проекции во рамките на патувачкото „Кино на трева“ низ неколку населби во Скопје, информираат од МКЦ. Проекциите се бесплатни за сите граѓани и ќе се реализираат според принципот „прв дојден, прв услужен“. Од МКЦ информираат дека настаните ќе се реализираат согласно актуелните протоколи и […]

Со скратена, но возбудлива програма, ЗДРАВО МЛАДИ 11 успешно одолеа на КОВИД-19

август 28, 2021

Тимот на Младинскиот културен центар (МКЦ), но и верните обожаватели на нивните настани, се чини дека долго ќе го паметат 11-тото издание на фестивалот ЗДРАВО МЛАДИ. Постојани промени на протоколите за одржување на настани, рапиден раст на бројот на новозаболени лица од ковид-19, откажување на настапите на закажаните Viagra Boys и Noga Erez на 10 […]

ЗДРАВО МЛАДИ 11 ќе се одржи утре во паркот на МКЦ

август 26, 2021

Со редуцирана концертна програма, намалена цена на билетите и со задолжителен сертификат за вакцинација или потврда за прележан ковид-19 за посетителите, во паркот на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје утре вечер ќе се одржи 11-тото издание на ЗДРАВО МЛАДИ. На овогодинешното издание на фестивалот ќе настапат Hercules & Love Affair, DJ FITZ, Belgrado, KOIKOI, […]

Страна 1 од 2