fbpx
Таг: Митко Чавков

таг: Митко Чавков

Партиите напладне ќе одржат координативна средба во Собранието

Политичките партии што имаат свои претставници во парламентот, денеска напладне ќе одржат координативна средба за закажување на продолжението на конститутивната седница на Собранието, која почна на 30 декември минатата година. Иницијативата за продолжување на конститутивната седница, во име на 67 пратеници, во петокот ја поднесе генералниот секретар на СДСМ и пратеник, Оливер Спасовски. – Со оваа иницијатива повеќе нема дилеми околу обезбедувањето...

Чавков: Пратениците утре ќе имаат непречен пристап во Собранието

Утре пратениците ќе имаат безбеден и непречен пристап во парламентот, вели за „Дојче веле“ директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Митко Чавков. Утре, во 12 часот, во Собранието треба да се одржи координација на парламентарните политички партии за формирање на Комисијата за избори и за именување, како основа за продолжување на конститутивната седница за избор на претседател на Собранието. Утре напладне...

Чавков треба да нареди поголемо полициско обезбедување на протестите

На денешната прес-конференција на МВР не беше даден конкретен одговор дали на протестот на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ ќе има зголемено полициско обезбедување, по вчерашниот инцидент во кој беше нападната новинарската екипа на порталот „А1он“. Инаку, според организациската поставеност во МВР, полициското присуство и обезбедувањето протести е под надлежност на Бирото за јавна безбедност (БЈБ). За евентуално ангажирање на...

Хан ја предаде донацијата од ЕУ на граничната полиција и на ЦУК

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, денеска во Министерството за внатрешни работи ја предаде донацијата од 33 теренски возила наменети за зајакнување и за модернизирање на капацитетите на македонската гранична полиција и на Центарот за управување со кризи (ЦУК). Хан, во своето обраќање по повод примопредавањето на донацијата, истакна дека таа е силен знак за блиската соработка меѓу „семејството...

Обвинителството имало налог за претрес на домот, а не за приведување на Величковиќ

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска потврди дека вчера, по налог на судија за претходна постапка од Кривичниот суд во Скопје, бил извршен претрес во домот на началникот на СВР Куманово, Стојанче Величковиќ, а во рамките на предистражна постапка што се води против началникот. „Цел на претресот беше пронаоѓање траги на кривично дело или предмети важни...

Чавков се пофали дека БЈБ запленило 108,5 килограми марихуана и уапсило 4 наркодилери

Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Митко Чавков, денеска соопшти дека во вторникот во организарана акција пресекле меѓународен канал за трогвија со дрога и заплениле 108,5 килограми марихуана. Дрогата, чија вредност на наркопазарот се проценува на околу 1 милион евра, како што информираше Чавков, била со потеколо од Албанија, а требало да заврши во Турција. Во акцијата биле уапсени...

МВР уапсило две лица во операцијата за лов на терористи на Балканот

Министерството за внатрешни работи минатата недела уапсило две лица за кои постоеле разузнавачки информации дека се вмешани во подготвување терористички напади во земјава. Оваа акција, како што информираше денеска на прес-конференција директорот на БЈБ, Митко Чавков, била дел од регионалната антитерористичка операција во која учествувале македонските, албанските и косовските служби. Во рамките на акцијата, екипи на МВР извршиле два претреси во...

Чавков на „Фејсбук“ објави „холивудизиран“ пропаганден видеозапис од вежба на „Тигрите“

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, на својот  фејсбук-профил објави 15-минутен видеозапис во холивудски стил, од вежба на Единицата за специјални задачи „Тигри“. Атмосферата од вежбата, во која се користат снајперски пушки, ракетни фрлачи (РПГ) и „хермелини“, е засилена со драматична музика во заднината, а активностите на терен, според кадрите, се снимени со повеќе камери. Централна фигура во видеоснимката е...

Андонов: Јанева ја доведе во прашање националната безбедност

Катица Јанева направи преседан со што може да ја загрози националната безбедност, обвинија дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Оливер Андонов, директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, и директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Виктор Атнасовски, по изјавата што во 1 часот по полноќ ја дадоа специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и обвинителката Ленче Ристоска. Андонов ја обвини Јанева...

Повратниците од војните – безбедносна закана за регионот

Повратниците од војните, насилниот екстремизам, тероризмот, исламскиот фундаментализам и странските борци се клучните предизвици со кои се соочува цела Европа и претставуваат безбедносна закана за регионот. Ова е општиот став на експертите кои денеска расправаат на конференцијата „Менаџирање и преговори во кризни ситуации“, што се одржува во Охрид. За да се совладаат предизвиците, полициските сили од регионот заеднички соработуваат и ќе се...

Министер за еден ден – тактички потег на ВМРО-ДПМНЕ за предизборна контрола на МВР

Поставувањето на поранешниот професор на универзитетот МИТ и активист на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ), Оливер Андонов, за министер за внатрешни работи за еден ден е последниот тактички потег на ВМРО-ДПМНЕ. Ова партијата на власт го прави да ги обезбеди клучните позиции во МВР со проверени кадри пред утрешното гласање во Собранието за избор на привремената влада...

ФРОДЕМ: Со предлогот за нов министер на МВР, Груевски го прекрши договорот за избори

Не поминаа ниту 12 часа од постигнувањето на договорот за избори, Никола Груевски го покажа своето вистинско лице и неговото сфаќање за „фер и демократски“ избори, се вели во реакцијата на Фронтот за демократската Македонија (ФРОДЕМ) во врска со денешната одлука на Владата за избор на нов министер за внатрешни работи и за разрешување на директорите на Бирото за...

Чавков: Владата бара правни механизми за да даде поддршка на барањата од Турција

Владата бара начин како да ги исполни барањата на Турција за затворање на фирми и на училишта поради нивната наводна поврзаност со Фетулах Ѓулен, кого турските власти го обвинуваат за обидот за пуч минатиот месец. Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека се бараат правни механизми за да се даде поддршка на...

Во Турција уапсени петмина македонски државјани, припадници на ИД

Во Турција биле уапсени петтмина македонски државјани кои се осомничени дека се припадници на Исламската држава. Акцијата била спроведена на 12 август, од страна на турската полиција, а по приведувањето осомничените биле однесени во Прифатниот центар за странци во Истанбул, соопшти на денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи, Митко Чавков. - Во текот на акцијата, при обид за бегство, две...

Крим-техника на МВР доби сертификат за акредитација

Државниот Институт за акредитација денеска на Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при МВР му додели сертификат за акредитација. Како што посочил министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, со сертификатот за акредитација се потврдува компетентноста на експертите и стандардизацијата на методите за анализа и за вештачење на доказниот материјал. „Воедно, се зголемува и довербата во лабораториските резултати кои стануваат меѓународно...

Чавков: Законот за внатрешни работи е донесен по европски стандарди

Измените на Законот за внатрешни работи и за полиција не се донесени за дневно-партиски цели, туку се работи за системски решенија, законски решенија насочени кон зајакнување на институционалните капацитети на МВР, односно вопоставување и развивање стабилна организациска структура која нема да биде зависна само од тоа кој е министер за внатрешни работи. Ова го изјави министерот за внатрешни работи Митко...

Разрешен Горан Грујовски, началникот на петтата управа

Горан Грујовски, началникот на петта управа при МВР, е разрешен од неговата функција, соопшти министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, одговарајќи на новинарско прашање. Грујовски е осомничен во случајот „Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство. Чавков не сакаше да образложи зошто е разрешен началникот на петтата управа, но вели дека разрешувањето е во законските рамки. Тој рече дека Грујовски од вчера го...

СДСМ: Грујовски прима ефективна плата и во графата боледување му стои нула

Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, се преправа дека не ја разбрал прес-конференцијата на генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, и се крие зад МВР, велат од СДСМ. „Документот од УЈП, ги побива обидите на Чавков да се оправда. Од документот може да се види дека Грујовски прима ефективна плата и дека во графата боледување стои нула. Чавков сака да каже...

МВР: Вработените во МВР и на боледување земаат цела плата

Вработените во МВР и кога се на боледување, земаат плата во цел износ, а Оливер Спасовски уште еднаш покажа елементарно непознавање на законските прописи што се однесуваат на вработените во Министерството за внатрешни работи, се вели во реакцијата на МВР на денешната прес-конференција на Спасовски. „Покрај елементарното непознавање на прописите, ќе го потсетиме дека самиот е осомничен за кривично дело неизвршување...

Спасовски: Дали Чавков лаже дека Горан Грујовски е на боледување?

Горан Грујовски ја прима целата плата иако е на боледување. Дали министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, го брани началникот на петтата управа, Горан Грујовски, кој е под истрага на СЈО, праша генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната прес-конференција. - Чавков тврди дека против Грујовски, осомничен за уништување системи за нелегално прислушување, не може да преземе соодветни правни...

Обединетите нации бараат истрага по откривање на масовни гробници во болниците во Газа

Обединетите нации (ОН) повикуваат на „независна, ефикасна и транспарентна истрага“ за откривањето на масовни гробници во две болници во Газа, кои беа опколени и нападнати од израелските војници оваа...