среда, 17 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: мировни преговори | 32 резултати

Кери и Лавров: Важно е да се воспостави примирје во Сирија

февруари 10, 2016

Руското министерство за надворешни работи денеска соопшти дека Сергеј Лавров и неговиот колега Џон Кери телефонски разговарале за Сирија. Лавров и Кери се сложиле дека е нужно да се постигне примирје и хуманитарната помош да стигне до подрачјата кои се под блокада. Мировните преговори меѓу сириската влада и опозицијата, под посредство на ОН, се прекинати […]

Столтенберг: Руските напади во Сирија ги минираат мировните преговори

февруари 5, 2016

Руските воздушни напади во Сирија, на чија мета се претежно опозициските групи во Сирија, ги „минираат напорите за мирно решавање“ на конфликтот, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. – Исто така, зајакнувањето на руското присуство, нејзините акции од воздух во Сирија влијаат на порастот на тензиите и на кршењето на турскиот воздушен простор […]

Бан Ки-мун: Вратете се на мировните преговори за Сирија

февруари 4, 2016

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, денеска во Лондон изјави дека е „многу вознемирувачки“ тоа што сирискиот мировен процес е загрозен со засиленото бомбардирање и со блокадата на хуманитарната помош за цивилите. На меѓународната донаторска конференција за собирање помош за Сирија и за решавање на мигрантската криза, тој рече дека „следните денови мора да се […]

Привремено прекинати мировните преговори за Сирија

февруари 3, 2016

Обединетите нации ги прекинаа мировните преговори за Сирија, чија цел е постигнување договор за ставање крај на петгодишната сириска граѓанска војна, соопшти вечерва Стефан де Мистура во Женева. Како што јавува „Би-Би-Си“, тој нагласи дека станува збор за „привремен прекин“, нагласувајќи дека во првата недела од преговорите во Женева бил остварен „недоволен напредок“. – Ова […]

Шефот на делегацијата на Асад ја обвини сириската опозиција за тероризам

јануари 31, 2016

Шефот на сириската делегација на мировните преговори во Женева, Башар ал Џафари, ја обвини опозицијата дека е поврзана со тероризам и дека за тоа добива поддршка од странски сили. Меѓутоа, тој истакна дека владата на Асад размислува за хуманитарните потези што ги побара делегацијата на опозицијата. – Ние не соработуваме со терористи – им рече Ал Џафари […]

Сириската опозиција вечерва на преговори во Женева

јануари 30, 2016

Делегација на најголемата сириска опозициска група наречена Висок комитет за преговори (НХЦ), вечерва ќе допатува во Швајцарија на мировни преговри за Сирија. Извор близок на Високиот комитет за преговори навел дека ќе испратат 17 преговарачи и уште 25 свои претставнци на преговорите во Женева. Високиот комитет синоќа соопшти дека ќе испратат мала делегација на мировните преговори, […]

Неизвесно одржувањето на сириските мировни преговори

јануари 29, 2016

Мировните преговори за Сирија, кои денеска треба да почнат во Женева, се загрозени од конфузни информации за тоа дали сириските опозициските групи ќе учествуваат или не. Претходно некои опозициски лидери соопштија дека нема да учествуваат во преговорите доколку не бидат преземени конкретни мерки за запирање на бомбардирањето цивили. Потоа еден висок претставник објави дека, сепак, […]

Кери: Можно е одложување на мировните преговори за Сирија

јануари 21, 2016

Мировните преговори за Сирија кои се планирани за следната недела, би можеле да бидат одложени за еден или два дена „од логистички причини“, изјави американскиот државен секретар, Џон Кери. Кери појасни дека одложувањето на преговорите, во кои посредуваат ОН, може да се случи поради праќање на поканите до учесниците во преговорите. Претходно со американскиот државен […]

Страна 2 од 2