fbpx
Таг: мир

таг: мир

Г.г. Стефан: Повикувам на единство меѓу нашиот народ

Поглаварот на Македонската православна црква, г.г. Стефан, испрати велигденско послание по повод најголемиот христијански празник Велигден. „Христовото воскресение е основа на спасението, тоа е најголемиот и најрадосен настан во историјата. И, ако има ден за радување меѓу сите денови – тоа е денот на Христовото воскресение, ако има празник над сите празнувања, тоа е празникот над празниците – Велигден“, стои...

Вучиќ на Македонија ѝ посака мир и успех во решавањето на проблемите

Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска изјавил дека Владата на Србија посакува актуелните проблеми во Македонија што побргу да се решат, пишува српски „Блиц“. - Му посакуваме мир на нашиот братски народ, сакаме стабилност, не сакаме да се мешаме во внатрешните односи, но им посакуваме успех во решавањето на проблемите – изјавил Вучиќ при отворање на нов производствен погон во Ниш. Тој...

Спасовски: Секој има право на протест, но без насилство

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска на прес-конференција апелираше протестите да бидат мирни и ненасилни. Спасовски рече дека секој има право на протест, но како што доликува во демократскиот свет, да нема насилство врз полицијата и уништување на приватен имот. Спасовски замоли граѓаните на полицијата да гледаат како партнер и на некој кој е тука да ги штити. Тој...

Сириска опозиција: Нападите во Брисел укажуваат на важноста на мирот во Сирија

Терористичките напади во Брисел укажуваат на значењето за наоѓањето политичко решение за Сирија на преговорите во Женева, како и да се избегне „хаосот“ како во Европа, така и на Блискиот Исток, оцени денеска сириската опозиција. - Нападите уште еднаш го покажуваат лудилото на терористите, кои пустошат на Блискиот Исток и го гаѓаат срцето на Европа – изјави Басма Кодмани, портпаролка...

И Трамп меѓу 376 номинирани за Нобелова награда за мир

Одборот за доделување на Нобеловата награда за мир оваа година примил рекордни 376 номинации за престижната награда. - Убаво е да се види дека толку многу луѓе и организации го искористија правото на номинација – рече претседателот на норвешкиот одбор Олав Њолстад. Оваа година номинирани се 228 поединци и 148 организации. Помеѓу номинираните се и Едвард Сноуден, жителите на грчкиот остров...

Керби: Сакаме планот А за Сирија да проработи

Последните информации од Сирија за почитување на прекинот на огнот од страна на режимот на Башар ел Асад даваат надеж, изјави вчера портпаролот на Стејт департментот, Џон Керби. Тој додаде дека засега нема одлука за план за дејствување во случај на неуспех на преговорите за надминување на сириската криза. Портпаролот на Стејт департментот подвлече дека се разгледани алтернативни варијанти, но дека САД...

Папата на турнеја во Африка ќе пренесе порака за мир

Папата Франциск в среда ќе почне повеќедневна турнеја по африканскиот континент, на која ќе пренесе порака за мир, социјална правда, како и за дијалог меѓу исламот и христијанството. Папата од 25 до 30 ноември ќе ги посети Кенија, Најроби, Централноафриканската Република и ќе одржи 19 говори, но ќе сослуша и сведочења на деца, војници, жртви од СИДА и на жртви...

Папата Франциск во јуни ќе го посети Сараево

Папата Франциск најави дека во јуни ќе го посети Сараево. Посетата е со цел да се заложи за мир во Босна и Херцеговина. Поглаварот на Римокатоличката црква посетата на Сараево на 6 јуни ја најави денеска, за време на обраќањето пред верници на неделната молитва на плоштадот Свети Петар. Папата од насобраните побара да се помолат за неговата еднодневна посета на...

Јолевски на границата со Грција засади маслиново дрво

Во Дојран, во близина на границата со Грција, министерот за одбрана Зоран Јолевски засади маслиново дрво како симбол на мирот. Како дел од 14. акција „Ден на дрвото“, министерот Јолевски засади садници и на локации во близина на Гевгелија и на Богданци.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...