fbpx
Таг: Министерство За Животна Средина

таг: Министерство За Животна Средина

Јаглеродната такса е стимулација за брза енергетска трансформација

Еколкошките даноци се еден од ефикасните начини за борба со климатските промени и стимулација за нискојаглероден развој. Тие се закана за сите големи и потенцијални емитирачи на јаглероден диоксид, од старите возила, па сè до големите енергетски и индустриски капацитети кои користат фосилни горива. Данокот на јаглерод се однесува на сите стационарни и мобилни извори на јаглерод. Во Македонија...

Лекциите за животна средина мора да станат приоритет во македонското образование

Младите мора повеќе да учат за климатските промени, да знаат што е одржлив развој и на кој начин ќе треба да се справат со еколошките предизвици, кои со децении се едни од најголемите закани за планетата Земја. Зајакнувањето на образованието за животната средина во постоечките наставни програми во основното и средното образование во земјава, треба да создаде еколошки освестени...

До крајот на годинава ќе се акредитира државната лабораторија што го мери аерозагадувањето

Министерството за животна средина деновиве потпиша договор со Еуромак-контрол ДОО Скопје за подготовка на документација за започнување на процесот за акредитација на Централната лабораторија која постои во рамките на Министерството, а која досега не беше акредитирана за методи на испитување на квалитетот на воздухот. Избраната фирма, има обврска во рок од пет месеци да ја изготви потребната документација за акредитирање...

Иако опасен отпад увезуваме само како суровина или енергенс, екологистите тврдат дека и тоа се злоупотребува

Дали во Македонија се увезува опасен отпад или не и за која намена воопшто се увезува отпад во земјава е дилема со која се соочуваат граѓаните откако во јавноста се појавија фотографии на увезен отпад. Ова прашање е регулирано со постојниот Закон за управување со отпад, а последниов месец дена државата во неколку наврати демантираше дека во Македонија се...

Правливата улица во Тетово и новиот мерач во Гази Баба виновници за „пиковите“ на аерозагадување

Реконструкција на локална улица во Тетово, во близина на станицата за мерење на квалитетот на воздухот на Министерството за животна средина е најверојатната причина за зголемените концентрации на ПМ 10 честичките во воздухот во овој град, се вели во информацијата објавена на сајтот на МЖСПП. Според неа, откако изминативе денови мерната станица во Тетово, лоцирана во дворот на основното...

„Еко Центар 97“ ги чистел опасните хемикалии во ОХИС по тендер од стечајниот управник, Маринко Саздовски

Компанијата „Еко Центар 97“ која се најде во центарот на инцидентот со излевањето на опасна материја (метил акрилат мономер) во кругот на ОХИС, тендерот за чистење на хемикалиите го добила уште во април минатата година, соопштија од Министерството за животна средина (МЖСПП). Според нив, тендерот бил објавен на 11.04.2018 година од страна на стечајниот управник на АД ОХИС, Маринко Саздовски. „Министерството...

Во приватниот ОХИС државата немала ингеренции за другите отрови, само за канцерогениот линдан

Освен за линданот, Министерството за животна средина не било инволвирано во процесот на чистење на ниедна друга опасна хемикалија од кругот на ОХИС, бидејќи некогашниот хемиски гигант сега претставува приватна сопственост. Ова на денешната прес конференција во Министерството, по петочниот инцидент, во кој истече непознато количество на метил акрилат мономер помешан со вода, го соопшти министерот за животна средина...

Аднан Ќахил одамна предупреди дека дел од отровните супстанци во ОХИС може да протечат

Екс-министерот без ресор во владата на премиерот Заев, Аднан Ќахил, кој беше член на работната група за справување со проблемот со линданот, а воедно и поранешен главен инженер во ОХИС, уште на почетокот на годинава во интервју за „Мета“ предупреди дека во фабриката има многу отровни супстанции, кои можеби се добро складирани но тоа не значи дека не треба...

Хемискиот инцидент во ОХИС под контрола, уверуваат надлежните

Денешниот инцидент со опасната хемикалија метил акрилат мономер помешана со вода, во некогашниот хемиски гигант Охис во близина на Скопје, е саниран, тврдат надлежните од Министерството за животна средина и просторно планирање и Еко-центар 97, фирмата која работела на отстранувањето на хемикалијата депонирана во кругот на фабриката. „Поради дефект на вентилот протекла вода од перење на резервоарот, со мал...

Почна реконструкцијата на Централната лабораторија на МЖСПП

Министерство за животна средина и просторно планирање почна со уредување опремување на Централната лабораторија на Министерството, кое треба да му претходи на процесот на акредитација. Деновиве е објавен оглас за јавни набавки во вредност од 41 илјада евра за изведување на работи на Реконструкција и адаптација на просториите на Централна лабораторија на Министерството за животна средина и просторно планирање. Процесот...

„Шпекулации и невистини“, вели МЖСПП за обвинувањата дека се увезува отпад за горење

„Шпекулации и невистини“, категорично одговорија од Министерството за животна средина на зачестените споделувања на информации, фотографии и сомневања на социјалните мрежи за случаи на увоз, согорување и складирање на опасен отпад од странство и поврзувањето на ваквите случаи со енормното загадување на воздухот кое се случува секоја зима. „Мета,мк“ уште во март пишуваше за сомневањата на екологистите на оваа тема...

На Лешница природата страда, граѓаните и планинарите протестираат, ама малите ХЕЦ се градат

Лешница, алпската долина во срцето на шарскиот масив, заштитена со највисоките врвови на Шар планина – Титов врв, Бакрдан, Среден камен, Плат, досега посетувана најчесто од планинари, ловџии и љубители на природата, чиј заштитен знак се столетните елови и букови шуми, а низ неа тече и река Пена, како и Лешничка и Кривошиска река. Оваа природна убавина, досега речиси...

Уште се чека на Законот за Водно: Како 30 дена станаа цела година

Помина повеќе од година дена откако Владата го задолжи Министерството за животна средина во рок од 30 дена да изготви предлог закон за Водно, а сè уште нема конкретна реализација на оваа Владина одлука. Донесувањето на ваков закон беше предвидено како своевидна компензација за одлуката гасоводната траса сепак да поминува низ парк-шумата, по повеќемесечните протести на еколошките здруженија за...

Отровниот рид во Велес чека струја од ЕВН за да почне да се чисти

Бавноста на македонската администрација и незаинтересираноста на институциите за брзо решавање на еколошките проблеми се главните причини што отровниот рид остатоци од работењето на топилницата за олово и цинк се уште ги труе граѓаните на Велес. Иако Владата на 86. седница одржана во септември минатата година дозволи компанијата „Кепс монт груп“ да ја презеде концесијата за експлоатација на троската...

Нуредини: Нема што да измислувам во екологијата, ќе ги следам примерите на успешните земји

Дали знаете дека сте министер за животна средина во земја која е најзагадена во Европа, го прашаа новинарите новиот министер за животна средина Насер Нуредини на првата средба со медиумите откако стапи на должност. - Свесен сум дека проблемите се големи, но не планирам да измислувам нови методи туку да ги следам примерите на успешните - одговори Нуредини, наведувајќи ги...

Тендерот за оградата на депонијата со линдан во Пеленица треба да се објави в понеделник

Тендерот за оградата на дивата депонија со токсичниот линдан во Пеленица треба да биде објавен во понеделник, информира за „Мета“, државната секретарка во Министерството за животна средина и просторно планирање, Ана Петровска. Тендерот првично беше најавено за до крајот на 2018 година, а потоа и за до крајот на јануари оваа година. Петровска вели дека Министерството веќе ја испратило спецификацијата...

Два метра висока ограда ќе добие депонијата со токсичен линдан во Пеленица, Драчево

Тендерот за оградување на депонијата со линдан во излетничкото место Пеленица во Драчево ќе биде објавен деновиве, а оградувањето ќе се направи во најбрз можен рок, велат од Министерството за животна средина и просторно планирање за „Мета“. Ана Петровска, државната секретарка во Министерството, вели дека спецификациите за оградата се готови и дека е прашање на денови кога ќе се објави...

Ќе се менува застарениот правилник за граничните вредности на загадувачите

Ќе се менува Правилникот за граничните вредности за дозволените нивоа на емисии и видови на загадувачки супстанции во отпадните гасови и пареи кои ги емитираат стационарните извори во воздухот, кој содржи контрадикторни одредби и во голема мерка го блокира ефикасното постапување на инспекторите за животна средина кон помалите загадувачи на воздухот, најавува Министерство за животна средина. - Формиравме работна група...

Оградата за депонијата со линдан во Пеленица ќе биде прва јавна набавка во 2019 на МЖСПП

Оградувањето на дивата депонија со високо токсичен и канцероген линдан во Пеленица, Драчево, ќе биде првата јавна набавка на Министерството за животна средина и просторно планирање во оваа година, потврдуваат од таму за „Мета“. Иако првично беше најавено дека депонијата ќе се огради до крајот на годината што измина, тимот на „Мета“ вчера беше на локацијата и на терен не...

Министерството за образование ги забрани екскурзиите кај депонијата со линдан

Министерството за животна средина и просторно планирање испратило допис до Министерството за образование и наука да не се организираат екскурзии во Пеленица, Драчево, местото за кое „Мета“ пишуваше дека има сомневање дека се наоѓа необележана депонија со канцерогениот линдан кој потекнува од фабриката ОХИС. „Во Министерството за образование и наука, стигна допис од МЖСПП по кое ќе постапиме, односно ќе...

Владата го утврди текстот на предлог-законите за регионалните депонии и за автопатот Скопје-Блаце

На предлог на Министерството за финансии Владата денеска го утврди текстот на Предлог-законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по...