fbpx
Таг: Министерство За Животна Средина

таг: Министерство За Животна Средина

Казните за загадување на животната средина се зголемуваат до 20 пати

Се зголемуваат казните за загадување на животната средина. Владата на вчерашната 19-та седница усвои предлог-законско решение за измени во Законот за прекршоци со кое се зголемуваат глобите до 20 пати од сегашните, за прекршоци во областа на животната средина кои се предвидени во законите кои ја регулираат заштитата на природата, водата, воздухот, третманот на отпадот и други области од...

Воздухот во октомври бил загаден речиси исто колку лани, засега планот за чист воздух нема ефект

Новата мерна станица во Гевгелија, како и тие во Битола, Тетово и Куманово се единствените, од вкупно 19 мерни места кои ги мерат сите шест полутанти и даваат целосна слика за состојбата со загадувањето на воздухот во овие градови. Иако сезоната на аерозагадувањето зема залет, граѓаните сè уште секаде немаат точни и навремени податоци за загадувањето. Најризичните, честичките ПМ...

Малите ХЕЦ и дозволените активности беа главни прашања на јавната расправа за прогласување на Шара за национален парк

Шар Планина треба да стане национален парк и на тој начин да се заштити нејзиниот биодиверзитет, убавини и особености. Ова е препораката од Министерството за животна средина до јавноста и жителите на општините кои гравитираат во овој предел, што уште еднаш беше повторена на јавната расправа, што денеска се одржа онлајн преку платформата ZOOM, заради актуелните ограничувања поради пандемијата...

Девет општини ќе добијат 165 милиони денари за еколошки проекти

Министерството за животна средина ќе додели 165 милиони денари на девет општини за реализација на проекти од животната средина. Финансиските средства, како што информирааат од Министерството, се обезбедени со последниот ребаланс на Буџетот кој пред два дена беше усвоен во собраниска процедура. Најголем дел од средствата, 49,9 милиони денари, ќе добие општината Липково, од кои 21 милион за завршување на...

Ќе се испитуваат изворите на загадување на воздухот во Карпош и Лисиче

На две локации во општините Карпош и Аеродром во Скопје во следната година ќе се мониторира квалитетот на воздухот за да се утврдат изворите на загадувањето. На овие локации, во рамките на проектот „Справување со загадувањето во Скопје“, поставени се уреди кои во следните 12 месеци ќе собираат примероци од воздухот 24 часа на ден. Тие примероци ќе се...

Договорот за чистење на малата депонија на линдан во ОХИС е потпишан, но не се открива името на компанијата

Кога ќе започне чистењето на малата депонија со линдан во ОХИС, како и која е фирмата која беше избрана на меѓународниот тендер сè уште е мистерија за јавноста. Иако уште пред повеќе од еден месец министерот за животна средина Насер Нуредини информираше дека Агенцијата за индустриски развој на Обединетите нации УНИДО, со седиште во Виена, ја заврши постапката за...

Јавната расправа за Шар Планина ќе се одржи на 5 ноември на платформата ZOOM

Јавната расправа за Нацрт-законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк ќе се одвива онлајн, а само мал дел од консултациите со локалното население ќе се одржат со директни средби на терен во мали групи. Министерството за животна средина и просторно планирање денеска информираше дека закажаните четири јавни расправи што требаше да се одржат во општините...

Загадувачите, преку јаглеродната такса, треба да ја финансираат зелената економија

Ќе се воведува ли такса за загадувачите со јаглероден диоксид, како еден од изворите за справување со климатските предизвици во земјава и еден од ефикасните начини за транзиција кон производство на незагадувачка енергија? Министерството за животна средина сè уште размислува дали ќе се прифати една од европските практики, кои во последните години се покажа како многу успешен и сериозен...

Одговорноста за Матка да значи и санирање на штетите во природата, бараат екологистите

Кривичните обвиненија за поставување на платформи во заштитеното подрачје на Матка треба да се истераат докрај, но паралелно со нив треба и да се бара санирање на штетите и враќање на околината во првобитна состојба, апелираат екологисти и вљубеници во природата. Барањето одговорност за долгогодишното дивеење со различни градежни зафати е само еден чекор во заштитата на споменикот на...

Шар Планина не смее да биде заштитена само на хартија, апелираат граѓанските организации

Концесиите за малите хидроелектрани, нелегалната сеча на дрвја, криволовот и насилната урбанизација се меѓу најголемите опасности кои ја демнат Шар Планина. Додека трае процесот за прогласување на дел од планината за национален парк и во очекување на јавните расправи меѓу локалното население, екологистите и институциите, јавноста сè погласно апелира дека заштитата на Шара не смее да остане само на...

Прогласувањето на Шара за национален парк на јавна расправа во Тетово, Гостивар, Теарце и Врапчиште

Јавните расправи за Нацрт законот за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категорија II- Национален парк, започнуваат идната недела и ќе се одржат во Општините Тетово, Гостивар, Теарце и Врапчиште. Жителите, граѓанските организации и институциите од овие локални самоуправи ќе треба да ги дадат своите сугестии и забелешки за нацрт законот и другите документи со...

Прогласувањето на Шара за национален парк е во заложништво на концесиите за мали хидроцентрали

Заробување на малите реки и осудување на смрт на целиот биодиверзитет во околината е последицата од огромниот број на концесии за мали хидроцентрали кои ниту од далеку немаат сериозен придонес кон енергетската слика во земјава. Граѓанските организации апелираат Владата, ако треба и на своја штета, да ги раскине договорите за мали хидроцентрали кои се издадени, но не се изградени...

По две години во „магла“, пред крај се набавките за нови инструменти за мерење ПМ-10 честички

Од 17 мерни места низ земјава, каде што Министерството за животна средина и просторно планирање ја контролира состојбата со квалитетот на воздухот, шест не мерат ПМ-10 честички. Од нив четири се расипани, во Гази Баба, Миладиновци, Битола и Струмица, а во две, Ѓорче Петров и Карпош, инструментите се исклучени, бидејќи не даваат точни резултати. На две места, во скопските...

Палење депонија е кривично дело, инспекциите почесто да се на терен и да казнуваат, бара министерот Нуредини

Општините да не дозволуваат да се создаваат диви депонии и да се палат огнови на отворено, а инспекциите повеќе да казнуваат, за да се подобрат состојбите со загадувањето на воздухот и на животната околина, апелира министерот за животна средина Насер Нуредини. Тој денеска ги претстави приоритетите за својот нов мандат, а ги издвои аерозагадувањето, управувањето со отпадот, заштитата на...

Матка 16 години чека да биде репрогласена како заштитено подрачје

Кањонот Матка од 2004 година чека да биде репрогласен за заштитено подрачје како споменик на природата. Една од најубавите природни реткости во земјава и дом на многу ретки и ендемични видови на растенија и животни, меѓу кои и египетскиот и белоглавиот мршојадец, кои се на црвените листи на загрозени видови, речиси две децении е оставена без заштита пред налетите...

Жителите на Осоговијата сакаат да се заштити и зачува природата

Жителите на четирите општини од Осоговијата, Крива Паланка, Пробиштип, Кочани и Македонска Каменица сакаат дел од Осоговските планини да станат заштитено подрачје. На тој начин ќе се зачуваат природните реткости, традициите и културата на овој крај, а ќе се промовираат одржливото живеење, руралниот туризам и органската храна. По последната јавна расправа, која вчера се одржа во Крива Паланка, генералниот заклучок...

Заштитата на Осоговските планини ќе обезбеди развој на руралниот туризам

Со заштитата на дел од Осоговските планини ќе се обезбеди развој на руралниот туризам, посетителите ќе можат да ги доживеат нашите традиции и да уживаат во културните вредности на Осоговијата. Ова е заклучокот од третата по ред јавна расправа по Нацрт-Одлуката за прогласување на дел од Осоговските Планини за заштитен предел, која се одржа во Пробиштип. Над педесетина заинтересирани жители,...

На Матка не смее да се скине ниту цвет, а не, пак, да се возат моторни чамци

Возење на моторни чамци во езерото на кањонот Матка е строго забрането, а Одлуката за прогласување на Матка за споменик на природата, која во 1994 година ја донело тогашното Собрание на Градот Скопје, предвидува дека во кањонот може да се движат пловила само на електричен погон. Според Одлуката, објавена во Службен гласник во мај истата година и која сѐ...

Рудникот „Саса“ главно прашање на јавната расправа за заштита на Осогово во Македонска Каменица

Кои се зоните на заштита во идниот заштитен предел на Осоговските планини, како тоа ќе влијае на работата на рудникот „Саса“ и дали ќе биде дозволен лов, беа главните прашања околку кои се дискутираше на втората јавна расправа по Нацрт-Одлуката за прогласување на дел од Осоговски Планини за заштитен предел која се одржа во Македонска Каменица. Пред граѓаните и претставниците...

Жителите на Кочани ја поддржаа иницијативата за прогласување на дел од Осоговските Планини за заштитен предел

Жителите на Кочани ја поддржаа иницијативата за прогласување на дел од Осоговските Планини за заштитен предел. Граѓанските организации, кои вчера присуствуваа на првата јавна расправа во салата на Спомен-домот „АСНОМ“ во Кочани, на која беше презентирана Студијата за валоризација за предлог-подрачјето за заштита на “Осоговски Планини” во категоријата V- Заштитен предел, побараа по прогласувањето на актот што побрзо да...

Владата го утврди текстот на предлог-законите за регионалните депонии и за автопатот Скопје-Блаце

На предлог на Министерството за финансии Владата денеска го утврди текстот на Предлог-законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по...