понеделник, 8 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: министерство за здравство | 1.201 резултати

Дали безбедносните камери го снимиле пукањето на Клинички?

ноември 11, 2015

Три дена по вооружениот инцидент, во кој беше ранет лекар хирург на Клиниката за дигестивна хирургија, надлежните не кажуваат дали дивеењето на осомничените било снимено на камерите од видеонадзорот и дали тие воопшто работат. Во 2008 година, Министерството за здравство набави и инсталираше околу 1.200 камери во Клиничкиот центар и во другите здравствени објекти за […]

Дескоска до Груевски: Со еден потпис можете да го спасите народот од Тодоров

октомври 29, 2015

Барање за разрешување на министерот за здравство, Никола Тодоров, му остави пратеничката на СДСМ, Рената Дескоска, на премиерот Никола Груевски, на денешната седница посветена на пратенички прашања. Таа рече дека како барател е потпишан премиерот и дека ако не го потпише барањето, ќе докаже само дека Тодоров е негов извршител на лошите политики. Од премиерот […]

Либерална партија: Тодоров веднаш да си поднесе оставка

октомври 26, 2015

Четирите смртни случаи во четири дена во јавните здравствени установи потврдуваат дека токму отсуството на систем за квалитет и за контрола во здравствените установи е причина за ваквите трагедии, велат од Либералната партија и бараат министерот за здравство, Никола Тодоров, веднаш да си поднесе оставка. „Либералната партија вчера укажа дека целото здравство не може да […]

ЛП: Министерството за здравство сноси одговорност за настани во јавното здравство

октомври 25, 2015

Според Либералната партија, случајот со родилката и со бебето во гевгелиската болница е кулминација на состојбите во јавното здравство и бараат темелна истрага за случајот. Воедно, оттаму реагираат на последното соопштение на Mинистерството за здравство, со кое оваа институција се обидува целосно да се изземе од одговорност. – Истакнуваме дека целото здравство не може да биде одговорно […]

„Лекари без граници“ со месеци не добиваат дозвола да им помагаат на мигрантите

август 25, 2015

Веќе неколку месеци од меѓународната хуманитарна организација „Лекари без граници“ се обидуваат и не можат да добијат дозвола од Министерството за здравство за да им помагаат со медицинска нега на бегалците кои доаѓаат во Македонија, објави „Нова тв“. Порталот пишува дека неколку лекари подолго време престојуваат тука, но не можат да ја добијат потребната дозвола […]

Вонредна авионска дезинсекција во поплавените подрачја

август 15, 2015

Министерството за здравство во четврток ќе спроведе авионска дезинсекција на вкупна површина од околу 6.000 хектари на подрачјата на Куманово, Тетово, Битола, Прилеп, Охрид, Кочани, Струмица, Штип, Велес, со посебен акцент на подрачјата зафатени од поплавите. Авионското прскање ќе се изврши во утринските часови во периодот од 5 до 8 часот. „За таа цел, се […]

Поплавите во Тетовско ги загадија водоснабдувачките системи на Шар Планина

август 11, 2015

Последните анализи на Центарот за јавно здравје Тетово покажаа бактериолошка неисправност на селските водоводи на шарпланинскиот масив. Чиста вода за пиење освен во Непроштено и во Лешок, немаат ниту населените места во подножјето на Шар Планина. Поради ваквата состојба, Министерството за здравство советува да се користи пакувана, превриена или дезинфицирана вода за пиење, за миење […]

Укинати препораките за заштита од топлото време

август 1, 2015

Владата донесе одлука за укинување на препораките, донесени оваа недела, а кои се однесуваа на ослободување од работните обврски и препораките за избегнува вршење градежни работи на отворено, поради високата температура, кои требаше да важат до 4 август. Како што соопштуваат од Министерството за здравство, препораките се укинуваат бидејќи според најавите од Управата за хидрометеоролошки […]

Дополнителни препораки за заштита од високата температура

јули 29, 2015

Владата, на денешната седница, на предлог на Министерството за здравство, донесе дополнителни мерки за заштита на населението од високата температура, особено по најавата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) завредности на температурата од портокалова фаза, кои се очекуваат во текот на утрешниот ден. Донесена е препорака за ослободување од работните обврски на сите лица што работат со скратено […]

Лекари ги прегледале мигрантите во прифатниот центар: Нема појава на инфективни болести

јуни 19, 2015

Тим на лекари-специјалисти по инфектологија и по дерматовенерологија извршиле прегледи на мигрантите, сместени во прифатниот центар за странци во Гази Баба и утврдиле дека нема појава на кожни и на инфективни заболувања, соопштија од Министерството за здравство. „Во прифатниот центар е постојано присутна екипа од доктор и од медицинска сестра ангажирани од Црвениот крст, кои […]

Се намалува бројот на вакцинирани деца

април 17, 2015

Во 2013 година во земјата биле вакцинирани вкупно 97 отсто од децата, а во 2014 вкупниот опфат на вакцинирани деца изнесува 95 отсто, пишува „Утрински“, повикувајќи се на податоците што на годинешниот состанок за имунизација ги соопштила д-р Јованка Костовска од Министерството за здравство. Според податоците, имунизацијата во земјава бележи пад од два до три проценти кај речиси […]

Три нови случаи на туларемија

април 3, 2015

Нови три случаи на туларемија вчера се потврдени со лабораториски наоди во Институтот за јавно здравје, соопшти денеска Министерството за здравство. Заболените, кои се на возраст од 19 до 37 година, се од скопската околина, еден е од општина Чаир, а две лица се од општина Арачиново. Од Министерството наведуваат дека лицата се во добра […]

Комисија ќе ги истражува причините за смртта на 12-годишното девојче

јануари 29, 2015

Комисија формирана од Министерството за здравство ќе работи на откривање на причината за смртта на 12-годишното девојче што денеска рано наутро почина на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, соопштуваат од Министерството. Оттаму побарале итна информација од Клиниката за случајот, од каде биле известени дека девојчето било примено вчеравечер, околу 23 часот, во исклучително тешка […]

Откриена нова дрога во Охрид

декември 19, 2014

Нов вид дрога, која не се наоѓа на листата на контролирани психотропни супстанци и опојни дроги, открила охридската полиција при претрес на 23-годишно момче од Битола, соопшти МВР. Како што информираат оттаму, станува збор за 25Ц-НБОМе, синтетичка психоактивна супстанца со халуциногено дејство. – При извршен преглед кај пријавениот Т.М. (23), пронајдени се 25 зелени таблети […]

Тодоров: Платите на лекарите-специјалисти ќе се зголемат за повеќе од 24 проценти

ноември 22, 2014

Лекарите-специјалисти на универзитетските клиники ќе добијат за 9,6 отсто повисоки ноемвриски плати, а за дополнителни 9,6 отсто ќе им биде зголема февруарската плата, која ќе биде исплатена во март. Зголемувањето на платата на специјалистиte е одлука на Владата и на Министерството за здравство, која била донесена како резултат на заштедата на околу 6 милиони евра […]

Резултатите од обдукцијата за случајот Дениса Маркоска испратени на семејството

ноември 17, 2014

Министреството за здравство денеска ги добило резулатите од Институтот за судска медицина за случајот „Дениса Марковска“ и за нив го известило семејството. – Министерството за здравство денеска ги доби резултатите од иследувањата на Институтот за судска медицина во врска со случајот на Дениса Маркоска и за истите го извести семејството. Заради заштита на приватноста и […]

Реакција на Министерството за здравство за прес-конференцијата на СДСМ

ноември 3, 2014

Во врска со одржаната прес-конференција на Гоце Чакаровски од СДСМ, реакција испрати Министерството за здравство. „Министерството за здравство испрати допис до директорите на јавните здравствени установи, со кој им укажа на начинот на организирање на работното време, во согласност со претходно одржаните состаноци со Лекарската комора, како и контактите со Синдикатот. Во овој допис е […]

Страна 60 од 60