fbpx
Таг: министерство за здравство

таг: министерство за здравство

Уред за зрачна дезинфекција промовираа двајца иноватори од Свети Николе

Економист и систем инженер, двајца млади светиниколчани, чие хоби се иновациите, денеска го презентираа својот изум – уред за дезинфекција на воздухот, кој работи на принципот на силни УВЦ зраци во елиминација на вирусите и бактериите. Доволно е овој апарат да биде вклучен 20-30 минути во просторијата и за тоа време ги уништува сите микроорганизми. Апаратот е мобилен, што...

Новозаразени 68 лица, вкупната бројка стаса до 828 пациенти

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 68 нови случаи на ковид-19. Во Скопје 15, во Куманово 18, во Прилеп 14, во Тетово двајца, во Струга 10, во Велес шестмина, a во Битола, Гостивар и во Кочани има по еден новозаболен пациент. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти е 828. Досега во земјата се направени...

Нови 48 заболени од Ковид-19, досега се заразени вкупно 711 лица

Министерството за здравство информира дека во изминативе 24 часа се направени рекордни 496 тестирања на Ковид-19, при што се регистрирани 48 нови случаи позитивни на корона вирус. Најмногу случаи се регистрирани во Куманово - вкупно 25, а по овој град следуваат Скопје со 11, Прилеп со 4, Струга со 3, Гостивар со 2, како и Штип, Тетово и Охрид...

Заев и Мицкоски во домашна изолација, имале контакт со новинар заболен од корона

Министерот за здравство Венко Филипче на вонредна прес-конференција објави дека лидерите на двете најголеми политички партии, Зоран Заев и Христијан Мицкоски од денеска се во задолжителна домашна изолација бидејќи имале контакт со лице заболено од корона вирусот. - По информацијата која ја доби Министерството за здравство дека еден новинар од телевизиски медиум е позитивен на Ковид-19 вирусот, кој новинар во...

Потврдени 46 нови лица на Ковид-19, вкупната бројка се искачи на 663

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 46 нови случаи, позитивни на корона вирусот. Најмногу случаи, вкупно 13, се регистрирани во Куманово, а по него следува Скопје со 12, Прилеп и Велес со по 8, Струга со 2, додека во Тетово, Кочани и Пробиштип се регистрирани по 1 нов случај. Со најновите податоци, вкупниот број на...

Компании, амбасади, институции донираа пари и опрема за справување со Kовид-19

Десетици домашни компании, организации, банки и институции донираа опрема и пари на Министерството за здравство, како поддршка во напорите на здравствените власти за справување со состојбата со Ковид-19 во земјата. Освен тоа, пристигна и помошта од  Европска Унија во вредност од четири милиони евра и од САД, кои преку УСАИД донираат 1,1 милиони американски долари за справување со коронавирусот. -...

Новозаразени 18, а двајца починати во последното деноноќие

Почина родилката позитивна на ковид-19 од Куманово на возраст од 27 години, информираа од Министерството за здравство. Таа на 30 март на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје роди недоносено машко новорoденче, негативно на вирусот. Инаку денешниот биланс е 18 новозаразени во последното деноноќие. Пет пациенти се испишани од Клиниката за инфективни болести и испратени на домашно лекување, а...

Пет починати и 29 новозаболени пациенти од корона вирусот, вкупно заразени 599 лица

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје починале четворица пациенти заболени од корона вирусот пациент од Куманово (52), пациентка од Лабуништа, Струга (65), пациентка од Челопек, Тетово (62) и една пациентка од Штип (81). Од таму додаваат дека во Куманово дома починал уште еден пациент потврден на вирусот на возраст од 53 години. Во...

Нови 46 лица со Ковид-19, вкупно регистрирани 430 заразени

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти. Првиот пациент на возраст од 70 години од Куманово кој од коморбидитети имал хипертензија и срцева слабост, а неговиот резултат на Ковид-19 сѐ уште не е готов. Другиот е пациент на возраст од 68 години, од село во околината на Тетово, кој имал...

Психијатар заболе од корона вирус, немал никакви симптоми

Заклучно со денешните бројки во земјава има вкупно 342 новозаболени лица од корона вирус, а нови се 30, информира министерот за здравство Венко Филипче. Тој кажа дека сите податоци поврзани со болеста, заедно со препораките и мерките ќе може да се читаат на www.koronavirus.gov.mk. - На Kлиниката за инфективни болести се хоспитализирани 64 пациенти, од кои шестмина се новопримени. Осуммина...

Следната недела ќе проработи мобилната болница на АРМ (галерија)

Целосното ставање во функција на мобилната болница на АРМ ќе биде во текот на следната недела. Овој капацитет со дополнителни 130 кревети е сместен во кругот на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Министерот за здравство Венко Филипче, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и скопскиот градоначалник Петре Шилегов денес ја посетија оваа локација. - Тука е центарот на експертизата, специјалистите...

Нови 30 лица заболени од корона вирус, досега вкупно 384 заразени

Министерството за здравство информираше дека се потврдени 30 нови случаи позитивни на Ковид-19 во изминативе 24 часа. По градови, најмногу случаи се регистирани во Скопје - вкупно 12, по што следуваат Прилеп со 9, Куманово со 8 и Крива Паланка со 1 дијагностициран случај. Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти заклучно со денешниот ден се искачи на 384 лица. Според местото...

Министерство за здравство: Пациентите кои се позитивни во „Систина“, да направат тест во ИЈЗ

Во однос на објавите во дел од медиумите за бројот на позитивни случаи од тестираните пациенти во „Аџибадем Систина“, Министерството за здравство вели дека тие се поразлични од тестовите на сите останати институции. „Имено, тие тестови го детектираат присуството на анти тела на вирусот Ковид-19, додека останатите тестови го детектираат директното присуство на самиот вирус. За позитивни се сметаат оние пациенти...

Нови 25 лица позитивни, еден починат и петмина излекувани

Од Клиниката за инфективни болести се испишани пет пациенти кои се на два контролни теста негативни, информира министерот за здравство Венко Филипче. Тој рече дека од 28 пациенти во Дебар кои се наоѓаат на домашно лекување, на 11 им се земаат контролни брисеви, а кои се во добра општа здравствена состојба, па согласно тоа ќе се постапи во нивниот...

Двајца пациенти починаа од компликации од корона вирусот

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, од Ковид-19 починаа двајца мажи, едниот на возраст од 45 години од Куманово, другиот на возраст од 78 години од Дебар. Починатиот од Куманово имал дијабет, атријална фибрилација, хипертензија и обезност, а починатиот од Дебар имал ХОБ (хронично обструктивен бронхит) и хипертензија и примал терапија за двете хронични заболувања. „Во изминатите 24 часа...

Министерството за здравство отвора сметки за донации, донацијата во опрема ќе се договара посебно

Министерството за здравство соопшти дека за сите поединци и фирми што сакаат да донираат пари како помош за справувањето со состојбата со Ковид-19 во земјата, тоа ќе може да го направат преку банкарски сметки. Во денари: Сметка бр. 1900100434 785 K2; Депонент на: НБРМ; Приходна шифра бр. 744311; Програма бр. 10; Цел на дознака: „финасиска помош – КОВИД19“. Во американски долари: Correspondent bank details: CITIBANK NA NEW YORK Address:...

Седма жртва од корона вирусот во земјава, почина 79-годишен жител на Дебар

Министерството за здравство информира дека утрово на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починал еден пациент на 79 години од Дебар. Пациентот бил дијагностициран позитивен на Ковид-19 на 23 март, а со влошена здравствена состојба хоспитализиран на клиниката во Скопје на 25 март. Ова е седма жртва од корона вирусот во нашата земја. „Во изминатите 24 часа...

Вирусот не ги штеди младите, почина 31-годишник, 18 се новозаболени и 259 заразени лица

На Клиниката за инфективни болести денеска за жал починаа две лица, еден пациент на 91 години и тоа осум дена откако бил хоспитализиран, како и уште еден млад човек на 31 годишна возраст чија клиничка слика беше тешка, соопшти на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. - Вкупниот број на новодијагностицирани лица е 18, па сега вкупниот број е 259...

Филипче: Добро е што бројот на заразени расте линеарно, спремни сме да прифатиме и повеќе

Добро е што засега имаме линеарно зголемување на случаите, иако сме подготвени да прифатиме и да третираме пациенти дури и да има поголем пораст. Целосно се мобилизирани здравствените работници и подготвени се капацитетите. Имаме и излекувани пациенти, така што сме во ситуација да се амортизира приемот, истакна на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Во врска со наводите за заболениот...

Нови 24 заразени, вкупно 201 лице со корона вирус

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 24 нови случаи на корона вирус во земјата. Во Скопје има 15 ново заразени лица, во Куманово 4, Дебар 2, Охрид 1, Штип 1 и во Тетово 1 нов случај. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 денеска до 12.00 часот изнесува 201 лице, информира Министерството за...

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...