понеделник, 15 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: министерство за здравство | 1.201 резултати

Донесена одлука за прием во градинки на деца кои примиле три дози ДиТеПер вакцина

март 15, 2024

Согласно препораките на Комисијата за заразни болести од состанокот одржан вчера, министерот за здравство Илир Демири донел одлука со која се дозволува прием и престој во детски градинки на деца кои по Catch-up календар ја комплетирале примовакцинацијата (три дози ДиТеПер вакцина), со задолжително примање на првата ревакцина 6 месеци по примањето на последната (трета) доза […]

Еден донор спаси четири животи – извршена трансплантација на срце, бубрези и црн дроб

март 14, 2024

Во текот на вчерашниот ден направена е уште една трансплантација на органи во која еден пациент доби срце, еден пациент доби црн дроб, двајца пациенти добија бубрези, а во наредните денови пациенти од Универзитетската клиника за ортопедија ќе имаат шанса да добијат и коскени ткива, соопшти Министерството за здравство. Министерот за здравство Илир Демири се […]

Дури 80 отсто од лекарите во земјава биле изложени на насилство на работното место

март 12, 2024

Податоците на Лекарската комора говорат дека 78 отсто од докторите, пријавиле дека биле изложени на некаков вид насилство на работното место, а 80 отсто биле изложени на вербално насилство. Ова го истакна денеска министерот за здравство д-р Илир Демири, по повод одбележувањето на Европскиот ден за подигнување на свеста против насилството врз здравствените работници, 12 […]

Праксата им следува со закон, но нема каде да почнат – младите лекари бараат решение за проблемот

март 7, 2024

После шест години редовни студии и шест месеци поминат стаж за полагање на државен испит, оставени сме во агонија и загриженост за нашата иднина. Ова е коментарот што денеска го дадоа претставници на десетици млади лекари кои државата ги остави без практична работа по завршување на студиите и полагањето на државен испит. Тие три месеци […]

За еден месец против голема кашлица се вакцинирале повеќе од 22.000 деца

март 7, 2024

Од почетокот на епидемијата на голема кашлица во Скопје досега се вакцинирани повеќе од 22.000 деца, соопшти министерот за здравство Илир Демири. Тој потсетува дека вакциналните пунктови работат во две смени со цел да им биде полесно на родителите да ги имунизираат своите деца, гарантирајќи дека вакцините немаат никаква врска со аутизмот. „Во однос на […]

Демири: Досега се евидентирани 34 случаи на голема кашлица, родителите да ги вакцинираат децата

февруари 15, 2024

Во државата досега се евдентирани 34 случаи на голема кашлица, родителите да ги вакцинираат своите деца, апелираше денеска новиот министер за здравство, Илир Демири. Тој кажа дека Центарот за јавно здравје веќе прогласил епидемија на ниво на град Скопје, по предлогот на Комисијата за заразни болести од пред речиси две недели. Демири потсети дека вакцинацијата […]

Дијабетичарите тврдат дека недостига инсулин, надлежните велат – има доволно

февруари 7, 2024

Сојузот на здруженија на дијабетичари (СЗДМ) преку соопштение денеска реагира дека повторно има недостиг на инсулин. Оттаму велат дека за oва прашање, од Министерството за здравство добиле одговор дека заради ревидирање на количините на лекот „Ryzodeg“ се делеле само останати количини по бројка, а сите други пациенти требало да се консултираат со своите специјалисти – […]

Меџити: Нема да дозволам да се оцрни белиот мантил, за „Онкологија“ да одговара секој кој се огрешил

февруари 5, 2024

Нема да дозволам да се оцрни белиот мантил, а со име и презиме треба да одговара секој кој се огрешил, рече министерот за здравство Фатмир Меџити за емисијата „КОД“ на телевизија Телма во врска со случајот на Клиниката за онкологија. Тој кажа дека точно се знаеле прописите како работела една јавно-здравствена институција и како работело […]

Тетовската болница никако да се опреми со нови лифтови, одново ќе има тендер

февруари 3, 2024

Тетовската болница никако да се опреми со пет нови лифтови за кои досега се зборуваше толку многу. Овие лифтови нема да се инсталираат уште неколку месеци, бидејќи Министерството за здравство вчера распиша нов тендер, пренесува Порталб.мк. Повикот за новите лифтови на тетовската болница според огласот за јавна набавка ќе трае до 04.03.2024 година, по што […]

Нема одговор од Меџити зошто ја смени директорката на Инфективна, Милена Стевановиќ

јануари 30, 2024

Милена Стевановиќ, по 7 години директор на Инфективната клиника во Скопје, повеќе не е на функцијата. Министерот за здравство Фатмир Меџити на нејзината досегашна  позиција – медицински директор, го постави д-р Фадил Цана. Во јавноста има голем број реакции околу смената на Стевановиќ, дотолку повеќе што таа раководеше со клиниката во еден од најтешките периоди […]

Обвинителството бара притвор за таткото што си ја претепа до смрт двегодишната ќерка

јануари 11, 2024

Основното јавно обвинителство Кичево донело наредба за спрoведување истражна постапка против Ф.Д (29), за кривично дело – убиство предвидено во член 123 став 2 точка 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. МВР денеска соопшти дека тој се сомничи дека на 18 декември крвнички ја претепал својата двегодишна ќерка, која по 21 ден […]

Прославувајте одговорно – здравствените установи ќе бидат дежурни за новогодишната ноќ

декември 30, 2023

Министерство за здравство соопшти дека за време на новогодишната ноќ сите јавно-здравствени установи во државата ќе бидат подготвени со дежурни екипи. Дополнително, со цел избегнување на несакани последици како алкохолни труења и сообраќајни незгоди, од министерството апелираат да се прославува мирно и одговорно, особено во однос на консумирањето алкохолни пијалаци и прекумерното внесување храна. Исто […]

Меџити: Не можеме да ја тужиме градежната фирма на кичевската болница, по вина на Министерството украдени се 500.000 евра

декември 28, 2023

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, вчера на брифинг со новинарите во врска со изградбата на новата болница во Кичево изјави дека во процесот на градење на објектот имало пропусти од страна на Министерството за здравство и се украдени материјали за работа во вредност од 500 илјади евра, а во меѓувреме додаде и дека во тек […]

Медицинска сестра суспендирана од работа, ненамерно пресекла дел од прст на бебе

декември 26, 2023

Немил настан се случил на одделот за новородени деца на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК). За време на испис на новороденче, акушерка ненамерно му пресекла мал дел од палецот на бебето. Ова го соопштија денеска од Министерството за здравство, како што велат, по добиениот одговор од ГАК. Дежурниот педијатар, додаваат од таму, постапил […]

Стаса лекот „Трикафта“ за 12 пациенти, стручна комисија одлучува кој ќе го прими

декември 21, 2023

Новите количини на лекот „Трикафта“ се веќе на Универзитетската клиника за детски болести. Лекот, како што беше најавено пред шест дена, ќе го добијат 12 пациенти. Кои ќе бидат тие, ќе одлучува стручна комисија од клиниката која претходно ќе направи медицински прегледи на пациентите. Денеска министерот за здравство Фатмир Меџити кажа дека за оваа намена, […]

Mинистерството за здравство ќе набави 22 нови амбулантни возила

декември 19, 2023

Министерството за здравство ќе набави 22 нови амбулантни возила, информираат денеска оттаму. Надлежните велат дека утврдиле потреба за набавка на нови амбулантни возила за јавните здравствени установи во државата. „Најголем број од возилата кои се на располаѓање на установите се застарени, дотраени, со помината поголема километража од техничкиот максимум и амортизирани. Министерството изготви и до […]

Министерство за здравство: 3.600 деца и 2.630 пензионери примија вакцини дома

декември 17, 2023

Повеќе од 3.600 деца се вакцинирани во нивните домови или им е закажан термин за вакцинација, во рамки на кампањата на Министерството за здравство и Светската здравствена организација, со поддршка од Европската Унија, насловена „Од врата до врата“. Освен тоа, поделени се и повеќе од 7.500 информативни материјали. Како што информираат во Министерството за зравство, […]

Догодина скрининг за рак на дебело црево, најавува Министерството за здравство

декември 16, 2023

Министерството за здравство планира започнување на скрининг за карцином на дебело црево од 2024 година кое ќе се изведува исклучиво само на ЈЗУ Клиника за ГЕХ. Во склоп на националните програми има и превентивна програма за детекција и скрининг на малигни заболувања. Оваа програма, освен што опфаќа скрининг за рана детекција и скрининг за рак […]

Mеџити: Идната недела лекот „Трикафта“ ќе го добијат 12 пациенти

декември 15, 2023

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска информираше дека следната недела лекот „Трикафта“ ќе биде доделен на 12 пациенти кои боледуваат од цистична фиброза. „До април месец за овие 12 пациенти ќе има терапија. Другите пациенти ќе ги вклучиме во согласност со сите критериуми што се дадени од експертите на Детска клиника. Ова што го […]

„Да не си играме со здравјето!“ – почнува нова кампања за имунизација

декември 15, 2023

Министерството за здравство и УНИЦЕФ со поддршка на УСАИД од денеска почнуваат со нова фаза од кампањата „Заштитени заедно – вакцините делуваат“, под мотото „Да не си играме со здравјето!“, со цел на граѓаните и понатаму да им се обезбедат точни и навремени информации за вакцините и имунизацијата. Како што соопштија од УНИЦЕФ, комуникациската кампања […]

Страна 3 од 60