вторник, 9 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: министерство за здравство | 1.201 резултати

Од денеска започнува вакцинацијата против сезонски грип

октомври 21, 2024

Околу 33.000 граѓани изразиле интерес да примат вакцина против сезонски грип, преку онлајн пријава на vakcinacija.mk. Министерството за здравство набави вкупно 70.000 вакцини, а вакцинацијата започнува од денеска. Вакцинацијата против сезонскиот грип е незадолжителна. Бесплатната вакцинација против сезонски грип е наменета за стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, […]

Од утре почнува вакцинацијата против сезонски грип

октомври 20, 2024

Од утре, понеделник, стартува вакцинацијата против сезонски грип, соопшти Министерството за здравство, од каде информираа дека обезбедиле 70 илјади бесплатни вакцини. Досега на интернет-порталот vakcinacija.mk за вакцинација против сезонски грип се пријавиле околу 33.000 граѓани, што, според здравствените власти, покажува зголемена свест за значењето на вакцината во заштитата на јавното здравје. Вакцинацијата ќе се спроведува […]

Од денеска започнува пријавување за вакцинација против сезонски грип

октомври 10, 2024

Преку веб страницата vakcinacija.mk, од денеска започнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи население, информираат во Министерството за здравство. Набавени се 70.000 дози четиритипна вакцина против сезонски грип. „Пријавувањето се врши со пополнување на оваа апликација. На тој начин, директно се регистрирате за вакцинација во системот Мој Термин. Согласно распоредот предвиден во […]

Пристигнаа повеќе од 11.000 дози вакцини против ковид-19

октомври 9, 2024

Министерството за здравство информира дека се обезбедени нови количини вакцини против ковид-19. Станува збор за 11.520 дози кои во текот на неделава ќе бидат дистрибуирани до здравствените домови. „За таа цел, сите заинтересирани граѓани кои сакаат да примат вакцина против ковид-19, може да се обратат до најблискиот здравствен дом“, информира Министерството за здравство. Во Скопје, […]

Мета факт: Делумно точна е изјавата дека Владата за два месеци од мандатот ја прошири позитивната листа на лекови

септември 18, 2024

Владата во соопштение во врска со проширената позитивна листа на лекови, тврди дека „за само 2 месеци од мандатот, Владата, Министерството за здравство и ФЗО ја проширија позитивната листа на лекови“. Оваа изјава е делумно точна, со оглед на два факти: прво, постапката за проширување на листата со лекови е започната уште во јуни 2023 […]

Три пати повеќе ковид случаи во август во споредба со јули, вакцини сè уште нема

септември 11, 2024

Во текот на 2024 година, а заклучно со 8 септември, регистрирани се вкупно 1.503 заболени лица од ковид-19. Во август е регистрирано зголемување за 3,3 пати во однос на претходниот месец. Во првата недела од септември, пак, регистрирани се 111 заболени лица, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Иако здравствените власти препорачуваат исклучиво вакцинација […]

Министерството за здравство повторно злоупотребено во лажна реклама за лекување хипертензија

август 21, 2024

Ова не е првпат во објава на Фејсбук да се злоупотребуваат државните симболи на Република Северна Македонија и називот на нејзиното Министерство за здравство, за читателите да се убедат дека тука се работи за легитимна програма која ќе им помогне да ги решат своите здравствени проблеми. Најновата измама води до веб-страница на која без никаква смисла се […]

Во Скопје направени 150 бесплатни тестирања на црн дроб, десетмина упатени на дополнителни прегледи

јули 30, 2024

Вчера, за само два и пол часа, од страна на мобилна медицинска екипа во Скопје биле направени 150 прегледи со фиброскен, соопшти Министерството за здравство, откако од вчера ја започна кампањата за бесплатен и анонимен скрининг за Хепатитис Б, Ц и ХИВ, како и еластографија за хронични црнодробни заболувања. Заедничката кампања се спроведува во соработка […]

Триста приватни специјализанти годинава ќе се вработат во јавните здравствени установи

јули 25, 2024

Владата на вчерашната седница ја усвоила информацијата за вработување на 600 приватни специјализанти кои ќе работат во јавните здравствени установи во државата – триста годинава и уште толку следната. Како што соопштија од Владата, Министерството за здравство е задолжено да ги формулира критериумите по кои ќе се вработат специјализантите во две фази, во наредните две […]

Таравари: Најдобрите пет студенти по медицина ќе бидат вработени веднаш по дипломирањето

јули 12, 2024

Петте најдобри студенти од медицинските факултети во Скопје, Тетово и Штип веднаш по дипломирањето ќе добијат понуда за работа во државните болници. Ова денеска го изјави министерот за здравство Арбен Таравари, кој имаше средба со деканот на Медицински факултет проф. д-р Светозар Антовиќ. „Ова ќе го примениме веднаш, уште пред да влезе во закон. Се […]

Таравари: Сè уште немаме долгорочно и сигурно решение за хируршките клиники

јуни 24, 2024

Оперативниот програм во хируршките клиники е редуциран, има многу помалку операции во споредба со периодот кога работеше централниот компресивен систем. Но, сепак сè функцонира. Немаме сè уште долгорочно и сигурно решение. Ова го изјави денеска новоназначениот министер за здравство Арбен Таравари, на влезот на хируршките клиники, откако претходно ги посети салите на Универзитетската клиника за […]

Демири реагира откако антикорупционерите побараа одговорност од него оти разреши директори на клиники

јуни 12, 2024

Медицинските директори на Клиниката за државна кардиохирургија д-р Марјан Шокаровски и на Клиниката за токсикологија д-р Данил Петровски, се разрешени заради пропусти во нивната работа, реагира денеска преку соопштение министерот за здравство во заминување, Илир Демири. Неговата реакција следува откако во Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), кажаа дека ќе бараат одговорност од Демири бидејќи […]

На Клинички сè уште смрди, а никој не знае што

јуни 6, 2024

Автомобили, возила на Брза помош, нервозни паценти, насобрани роднини… Ако појдете на влезот во хируршкиот блок при комплексот клиники „Мајка Тереза“, ваква е сликата што ќе ја затекнете. И внатре е преполно – во холот, во ходниците пред амбулантите, како и пред некои од операционите сали. Ќе видите и пациенти легнати во болнички кревети, во […]

Шокаровски: Не е точно дека е зголемена смртноста на пациенти на Државна кардиохирургија

мај 29, 2024

Не е точно дека е зголемена смртноста на пациенти на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија откако сум јас назначен за директор на истата. Од јули до мај смртноста постојано се намалува. Низ месеците, тежината на пациентите се зголемува, односно пациентите со тешки состојби, преживуваат повеќе. Ова денеска на прес-конференција го кажа д-р Марјан Шокаровски, кој […]

Само итни пациенти се оперираат на Клинички центар, останатите се праќаат во „8 Септември“ и во Градска

мај 27, 2024

Поради хаваријата со кислородните цевки во хируршките сали, само итните пациенти се оперираат во Клиничкиот центар, а останатите се препраќаат во „8 Септември“ и во Градска болница, информира денеска на прес-конференција министерот за здравство во заминување Илир Демири. Зборувајќи за тоа што се случило, кажа дека хируршките сали се изградени пред 30 години и дека […]

Обвинителството ќе го истражува неработењето на хируршките сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

мај 26, 2024

Основното јавно обвинителство (ОЈО) ќе истражува дали има кривично дело во тоа што веќе една недела не работат хируршките сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Според првичните информации објавени минатата недела, дел од причините за неработењето на салите е непријатниот мирис кој се ширел низ вентилацискиот систем и проблемот со доводот на кислород. Министерството за […]

За момчињата и девојчињата од следниот месец ќе биде достапна деветовалентна вакцина против ХПВ

април 15, 2024

Деветовалентна вакцина против хуманпапилома вирусот (ХПВ), кој предизвикува карцином, од идниот месец ќе биде достапна во државата. На располагање ќе има 70.000 дози вакцини, а препораките на познавачите, се дека младите треба да се вакцинираат уште пред да бидат сексуално активни, односно, пред да бидат изложени на ХПВ ризикот. Проф. д-р Александра Грозданова, националната координаторка […]

Приватните специјализанти бараат писмена гаранција дека ќе добијат регулиран работен однос

април 15, 2024

Приватните специјализанти од денеска нема да одат на работа додека не добијат гаранција дека ќе бидат исполнети нивнте барања за повисоки плати и регулирање на работниот однос. Тие денеска започнаа со штрајк, за кој најавија дека ќе продолжи ако не добијаат писмени гаранции дека барањата ќе им бидат исполнети. Специјализантите штрајкуваа и пред две недели […]

„Не сакаме да си одиме, вие нè бркате“, специјализантите на протест побараа повисоки плати и регулиран работен однос

март 27, 2024

„Наша борба, ваше здравје“, „Плати скромни, трошоци огромни“, „Ние не сакаме да си одиме, вие нè бркате“. Ова се само некои од транспарентите со кои денеска, неколку стотици лекари специјализанти, побараа повисоки плати и регулиран работен однос. Тие незадоволството од третманот кон нив го искажаа пред зградата на Министерството за здравство. „Бараме покачување на платата […]

Младите лекари добија зелено светло – почнуваат со платената пракса што ја чекаа со месеци

март 18, 2024

По три месеци поминати во исчекување и бирократски одложувања, околу 100 млади лекари од оваа недела започнуваат со платена пракса. И покрај тоа што ги завршија студиите, а државниот испит го положија во декември, овие млади доктори со месеци не беа викнати во ниту една здравствена установа во земјава на задолжителната пракса што мора да […]

Страна 2 од 60