вторник, 9 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Министерство за внатрешни работи | 174 резултати

Новиот министер Чулев назначи 12 раководители во МВР, проблематичен изборот за СВР Скопје

јануари 10, 2020

Новиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев назначи 12 раководители во МВР, како и дополнителни заменици раководители. Во јавноста негативно одекна веста за назначувањето на Ристо Ставревски за прв човек на СВР Скопје, којшто предизвика несогласување меѓу техничкиот министер Чулев и дополнителната заменик министерка Славјанка Петровска. Токму Ристо Ставревски беше сведок во случајот „Тенк“ на […]

Промовирана новата Eдиница за интервентна полиција при СВР Скопје

декември 31, 2019

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“ присуствуваше на официјализирање на формирањето на новата организациона единица при СВР Скопје – Единицата за интервентна полиција. Станува збор за единица која што настанува со спојување на досегашните единици – за јавен ред и мир, за асистенции и спровод и на „алфите“, информираат […]

ЗНМ и МВР потпишаа протокол за безбедност на новинари

декември 30, 2019

Претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Младен Чадиковски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го потпишаа Протоколот меѓу ЗНМ и МВР за меѓусебните односи меѓу полициските службеници и медиумските работници, информираат од МВР. Станува збор за протокол за безбедност во рамките на МВР, којшто треба да води кон зголемување на безбедноста на […]

Членот на Судскиот совет Зоран Теофиловски и седум други лица под истрага за злоупотреба на службена должност

декември 30, 2019

Одделот за организиран криминал при МВР и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција спроведе истражна постапка против осум лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело  – Злоупотреба на службена положба и овластување предвидено и казниво по член 353 став 5 од Кривичниот законик. Меѓу нив е членот на […]

Реорганизација во МВР: „Алфите“ се припојуваат на Единицата за јавен ред и мир

декември 24, 2019

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес – конференција ги потврди информациите дека полициската Единица за прв одговор и интервенција „Алфа“ ќе престане да постои. Во моментов се врши реорганизација на МВР, со која „Алфите“ ќе се спојат со Единицата за јавен ред и мир и тие заедно ќе функционираат како посебна интервентна […]

Со најавената реформа Спасовски му препушта дел од ингеренциите на Николовски

јануари 14, 2019

Со најавената реформа на безбедносно-разунавачкиот систем во Македонија голем дел од надлежностите на министерот за внатрешни работи (во моментов  Оливер Спасовски ) преоѓаат во рацете на директорот на новоформираната Агенција за внатрешно разузнавање со чие основање ќе се укине постоењето на Управата за безбедност и контраразузнавање (сега директор е Горан Николовски). На Единствениот национален регистар на […]

Лажни вести за мигрантите потпалуваат омраза во Србија

октомври 24, 2018

Комесаријатот за бегалци и миграции на Србија предупреди вчера дека на социјалните мрежи се шири лажна вест за наводен напад од група мигранти врз 17-годишна девојка во центарот на Белград. „Ова не е прв случај на ширење на лажни вести на социјалните мрежи за мигрантите во Србија. Социјалните мрежи се користат како место за непопречено […]

Чешка и донира милион евра на македонската полиција

јуни 8, 2018

Министерството за внатрешни работи доби донација во висина од еден милион евра од Чешката Република за зголемување на капацитетите на македонската полиција, односно за набавка на техничка опрема за справување со последиците од мигрантската криза. Договорот за донација денеска во Скопје го потпишаа министерот Оливер Спасовски и чешкиот амбасадорот во Македонија, Мирослав Томан. Министерот Спасовски […]

Инаугурацијата на Макрон ќе се одржи в недела

мај 8, 2017

Францускиот претседател во заминување, Франсоа Оланд, денеска изјави дека инаугурацијата на неговиот наследник, Емануел Макрон, ќе се одржи в недела на 14 мај. Како што се наведува, церемонијата ќе биде одржана во Елисејската палата. На изборите за претседател на Франција, проевропски ориентираниот Емануел Макрон освои 66,10 отсто од гласовите, а кандидатката на екстремната десница, Марин […]

ВМРО-ДПМНЕ бара Спасовски да ја расветли аферата со фалсификуваните лични карти

декември 5, 2015

Оливер Спасовски и СДСМ не можат со молчење да ја покријат аферата за фалсификувани лични карти што пред 15 дена ја објави неделникот „Фокус“, близок токму до СДСМ, обвини владејачката партија. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека излегоа три броја од „Фокус“, а Спасовски се сокрил од јавноста и не кажал ниту збор во врска со наводните околу 30.000 […]

Страна 9 од 9