fbpx
Таг: Министерство за внатрешни работи

таг: Министерство за внатрешни работи

Во изминатото деноноќие 1.143 лица не носеле заштитна маска

Граѓаните и понатаму не ја почитуваат мерката за носење лична заштитна маска како заштита и превенција од ширење на корона вирусот. Бројката на прекршоци по овој основ надмина илјада. Само во последното деноноќие, 1.143 лица не носеле заштитна маска на лицето, информираат од Министерството за внатрешни работи. Но се зголемува и бројот на оние што одат во изолација и самоизолација....

За еден месец 5.783 лица во изолација и 2.216 во самоизолација (инфографик)

Во тек е вториот бран на корона вирусот, расте бројот на новозаразени, а со нив и бројот на лицата што одат во изолација и самоизолација. За еден месец, од 8 мај до 9 јуни, Министерството за внатрешни работи евидентирало 5.783 лица на кои им биле издадени решенија за изолација, а 2.216 потпишале изјави за самоизолација. Нивниот број почнува да расте...

Се врши вештачење на снимките од локалот во кој присуствувал Христијан Мицкоски

На денешната прес-конфренција, заменик дополнителната министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска информираше за деталите од настанот во скопско Дебар маало на 3 јуни, кога во затворен дел од угостителски објект беше присутен опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски. Петровска појасни дека од исказите на очевидците, односно вработените во објектот, идентификувани се сите четворица кои го придружувале Мицкоски. „Можам само да ви потврдам дека...

Зголемен бројот на прекршоци за неносење заштитна маска (инфографик)

Откако на 26 мај се укина мерката полициски час, оттогаш, заклучно до денес се зголемил бројот на прекршоци за неносење заштитна маска на лицето, покажуваат податоците од Министерството за внатрешни работи. Од 27 мај до 1 јуни евидентирани се 3.005 прекршители на оваа мерка. Најголем број прекршоци се во недела, 31 мај кога МВР регистрирало 673 лица што не...

Диви собирачи на отпад на Вардариште претепале комунални редари на Град Скопје, едниот завршил во шок-соба

Двајца градски комунални редари денес околу пладне биле нападнати на некогашната скопска депонија Вардариште од засега непознати лица кои таму незаконски депонирале отпад, а еден од редарите се здобил со тешки телесни повреди и бил итно префрлен во Градската општа болница „Св Наум Охридски“. „Вработени на Градскиот Инспекторат денеска на Вардариште беа брутално нападнати од лица кои беа затекнати како...

Филипче очекува врвот на епидемијата да биде за еден месец, досега излечени 12 пациенти

Денеска се испишани уште деветмина пациенти, излекувани од корона вирусот, со што вкупната бројка на излечени е 12, информира на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Осуммина од пациентите се од Дебар, а еден е од Скопје. Сите имаат два последователни негативни тестови. - Очекуваме да имаме уште излекувани пациенти со оглед на тоа дека имаат полесна клиничка слика. За...

Молк за истрагата со тепачките меѓу деца во Капиштец, работилници и средби со родителите

Нема одговор од надлежните во Министерството за внатрешни работи (МВР) на прашањето на „Мета“, до каде е истрагата во врска со „гладијаторските“ борби што се воделе меѓу ученици во населбата Капиштец, а за кои објави неодамна Институтот за комуникациски студии во соработка со Македонската телевизија. Сѐ уште е непознато кој ги организирал борбите меѓу малолетниците, како и тоа дали...

Седум девојки од Скопје, Кичево, Тетово и Штип пријавиле дека биле злоупотребени во „Јавна соба“

Седум девојки од Скопје, Кичево, Тетово и Штип пријавиле во Бирото за јавна безбедност дека нивни фотографии се злоупотребени во групата „Јавна соба“ на мобилната апликација „Телеграм“, вели за „Мета“ Славјанка Петровска, заменик министерка за внатрешни работи повикувајќи ги притоа сите кои биле злоупотребени да пријават во најблиската полициска станица. - Се работи на обезбедување на податоците за сторителите на...

Најавени кривични пријави за креаторот и администраторот на „Јавна соба“

Две лица, од кои едниот креатор, а другиот администратор на групата „Јавна соба“, на апликацијата за брзи пораки „Телеграм“, вчера биле повикани во полициска станица. Како што информира на својот профил на Фејсбук дополнителната заменичка министерка Славјанка Петровска, продолжува истрагата на Бирото за јавна безбедност во врска со групата. „Вчера вечер во полициска станица беа повикани две лица, од кои едното...

Нападите и заканите врз новинарите драстично опаднаа по 2017 година, но не исчезнаа (инфографик)

Во изминативе две години за четири до пет пати е намален бројот на случаите на повреда на правата на новинарите во земјава. Ако во 2017 година биле регистрирани 20 вакви случаи, Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) лани регистрирало само четири инциденти, од кои еден бил физички напад на новинар и три случаи на вербален напад. Низ годините опаднала...

Јакимовски доби отказ од Централниот регистар, МВР и ОЈО допрва ќе треба да реагираат на заканите

Вработениот во Централниот регистар Емил Јакимовски, кој викендов упати закани и навреди кон новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска, доби отказ од работното место. Директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска Јанковски вчера донела решение за престанок на работниот однос поради суштествени повреди на одредбите од Колективниот договор. „Емил Јакимовски ги повредил и прекршил одредбите од неговиот Договор за вработување според...

Новиот министер Чулев назначи 12 раководители во МВР, проблематичен изборот за СВР Скопје

Новиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев назначи 12 раководители во МВР, како и дополнителни заменици раководители. Во јавноста негативно одекна веста за назначувањето на Ристо Ставревски за прв човек на СВР Скопје, којшто предизвика несогласување меѓу техничкиот министер Чулев и дополнителната заменик министерка Славјанка Петровска. Токму Ристо Ставревски беше сведок во случајот „Тенк“ на СЈО, во кој поранешната...

Промовирана новата Eдиница за интервентна полиција при СВР Скопје

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“ присуствуваше на официјализирање на формирањето на новата организациона единица при СВР Скопје – Единицата за интервентна полиција. Станува збор за единица која што настанува со спојување на досегашните единици - за јавен ред и мир, за асистенции и спровод и на „алфите“, информираат од МВР. - Структуирана врз...

ЗНМ и МВР потпишаа протокол за безбедност на новинари

Претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Младен Чадиковски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го потпишаа Протоколот меѓу ЗНМ и МВР за меѓусебните односи меѓу полициските службеници и медиумските работници, информираат од МВР. Станува збор за протокол за безбедност во рамките на МВР, којшто треба да води кон зголемување на безбедноста на новинарите при вршењето на нивната...

Членот на Судскиот совет Зоран Теофиловски и седум други лица под истрага за злоупотреба на службена должност

Одделот за организиран криминал при МВР и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција спроведе истражна постапка против осум лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело  – Злоупотреба на службена положба и овластување предвидено и казниво по член 353 став 5 од Кривичниот законик. Меѓу нив е членот на Судскиот совет Зоран Теофиловски,...

Реорганизација во МВР: „Алфите“ се припојуваат на Единицата за јавен ред и мир

(Вежба на македонската и косовската полиција во касарната „Ѓорче Петров“)
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес - конференција ги потврди информациите дека полициската Единица за прв одговор и интервенција „Алфа“ ќе престане да постои. Во моментов се врши реорганизација на МВР, со која „Алфите“ ќе се спојат со Единицата за јавен ред и мир и тие заедно ќе функционираат како посебна интервентна единица. - Крајна цел е...

Со најавената реформа Спасовски му препушта дел од ингеренциите на Николовски

Со најавената реформа на безбедносно-разунавачкиот систем во Македонија голем дел од надлежностите на министерот за внатрешни работи (во моментов  Оливер Спасовски ) преоѓаат во рацете на директорот на новоформираната Агенција за внатрешно разузнавање со чие основање ќе се укине постоењето на Управата за безбедност и контраразузнавање (сега директор е Горан Николовски). На Единствениот национален регистар на прописи на Република Македонија се...

Лажни вести за мигрантите потпалуваат омраза во Србија

Комесаријатот за бегалци и миграции на Србија предупреди вчера дека на социјалните мрежи се шири лажна вест за наводен напад од група мигранти врз 17-годишна девојка во центарот на Белград. „Ова не е прв случај на ширење на лажни вести на социјалните мрежи за мигрантите во Србија. Социјалните мрежи се користат како место за непопречено излевање омраза и ксенофобија кон...

Чешка и донира милион евра на македонската полиција

Министерството за внатрешни работи доби донација во висина од еден милион евра од Чешката Република за зголемување на капацитетите на македонската полиција, односно за набавка на техничка опрема за справување со последиците од мигрантската криза. Договорот за донација денеска во Скопје го потпишаа министерот Оливер Спасовски и чешкиот амбасадорот во Македонија, Мирослав Томан. Министерот Спасовски по потпишувањето, рече дека ова е...

Инаугурацијата на Макрон ќе се одржи в недела

Францускиот претседател во заминување, Франсоа Оланд, денеска изјави дека инаугурацијата на неговиот наследник, Емануел Макрон, ќе се одржи в недела на 14 мај. Како што се наведува, церемонијата ќе биде одржана во Елисејската палата. На изборите за претседател на Франција, проевропски ориентираниот Емануел Макрон освои 66,10 отсто од гласовите, а кандидатката на екстремната десница, Марин ле Пен, освои 33,90 отсто...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...