fbpx
Таг: министерство за труд и социјална политика

таг: министерство за труд и социјална политика

Царовска: Заедно со жителите одлучивме дека во Тимјаник ќе има мал групен дом

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска вчера повторно ги посети Неготино и Тимјаник и заедно со градоначалникот на општина Неготино Тони Делков се сретнала со локалните жители, при што е постигната согласност да се надминат недоразбирањата и жителите на селото повеќе не се спротивставуваат на отворање мал групен дом  за деца со попреченост. - Никогаш не се сомневав...

Првиот ден на Рамазан Бајрам, 15 јуни, неработен за сите граѓани на Македонија

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно Законот за празниците, 15 јуни 2018 година (петок), првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од муслиманска вероисповед им го честита Рамазан Бајрам.

МТСП: Самохраните родители со ниски примања нема да плаќаат за градинка

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информира дека од денеска сите самохрани родители кои имаат плата и месечни приходи во износ до минималната плата утврдена со закон, ќе бидат ослободени од плаќање на партиципацијата за сместување на дете во детска градинка. Тоа е овозможено со измените на Правилникот за условите, критериумите и начинот на остварување на правото на партиципација...

МТСП ќе поднесе кривична пријава против 11 лица за случајот со малолетничката од „25 мај“

Врз основа на записникот и извештајот од извршениот вонреден инспекциски надзор од страна на Социјалната инспекција, од Министерството за труд и социјална политика информираат дека до Основното јавно обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава против одговорните лица во Центарот за социјална работа – Скопје за ,,несовесно работење во служба“, како и против стручни лица вработени во Центарот, за кривично...

Директорот на домот за деца „25 мај“ поднел оставка од морaлни причини

Директорот на Заводот за згрижување на деца со воспитно - социјални проблеми и нарушено поведение „25 мај“, Стевчо Соколовски, денеска поднесе оставка од морални причини, информираат од Министерството за труд и социјална политика од каде велат дека продолжуваат да го испитуваат случајот. Од МТСП информираат дека Комисијата утврдила дека стручните служби и назначениот старател во неколку наврати ги алармирале надлежните...

МТСП: Верското организирање на децата во градинките е забрането

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) соопшти дека со допис ги предупредило детските градинки дека со закон е забрането верското или политичкото организирање и дејствување на децата во градинките. Според Законот за заштита на децата, доколку се инволвираат деца од овие јавни установи, предвидена е глоба од  1.000 евра во денарска противвредност, велат од Министерството.

Понеделник неработен за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека понеделник, 8 јануари, ќе биде неработен за сите граѓани. Според Законот за празниците, Божик, 7 јануари, е неработен ден за сите граѓани, но бидејќи годинава тој паѓа в недела, неработниот ден се поместува на понеделник. Министерството за труд и социјална политика им го честита Божик на граѓаните од православна вероисповед.

Извршителите нема да блокираат сметки на приматели на социјална помош

Министерството за труд и социјална политика и Комората на извршители на Македонија денеска потпишаа меморандум со кој извршителите се обврзуваат да не ги блокираат сметките на лицата приматели на социјална помош. Извршителите ќе имаат пристап до посебен електронски регистар, така што веднаш ќе имаат увид дека станува збор за луѓе од ранлива категорија. -Со овој меморандум ние веднаш ќе можеме да...

Понеделник е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека, согласно со Законот за празниците, 25 декември (понеделник), првиот ден на Божиќ, е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Македонија. „Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед во Македонија им го честита празникот Божиќ“, се вели во соопштението на министерството.

Пари за проблемите на Ромите на Балканот ќе се бараат и во државните буџети и од донатори

Министрите кои ја покриваат социјалната сфера во повеќе балкански држави, вклучително и на Турција, на конференција во Тирана денеска се договорија за решавање на проблемите на Ромите да се издвојуваат дополнителни средства од националните буџети, но и од други донатори. На регионалната министерска конференција во организација на Регионалниот совет за соработка (РCC) и албанските власти, се зборуваше пред се за...

Први септември е неработен ден за граѓаните од исламска вероисповед

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со законот за празниците 1 септември (петок) е неработен ден за граѓаните од исламска вероисповед во Македонија, поради првиот ден на Курбан-бајрам . Истовреме, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од исламска вероисповед им го честита празникот Курбан-бајрам.

Ѓорчев: Со стратегијата за бегалци Македонија ќе стане земја за траен престој на мигранти

Со новата стратегија на Владата и на Министерството за труд и социјална политика, Република Македонија не е веќе транзитна земја, туку станува земја за траен престој на голем број мигранти, бегалци и странци од голем број земји, рече на партиска прес-конференција Владимир Ѓорчев, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Тој рече дека стратегијата не е привремена и дека во неа има одредби...

Кај Царовска стигнале само две забелешки за стратегијата за бегалците

Само две забелешки стигнале во Министерството за труд и социјална политика денеска, на последниот ден кога организациите или граѓаните може да даваат предлози или забелешки за нацрт-стратегијата за интеграција на бегалци и на странци 2017-2027 година и за предложениот национален акциски план за интеграција на бегалци 2017-2027 година. До вчера немаше стигнато ниту една реакција, иако уште пред 18 дена, кога...

МТСП: Лажна вест е дека ќе се градат станови за бегалци, Македонија е транзитна земја

Министерството за труд и социјална политика во реакција до медиумите вели дека лажна вест е дека државата ќе гради станови за бегалците и дека тие ќе остануваат во Македонија. Од министерството велат дека нема да се градат кампови за бегалци, нема да им се даваат државјанства и дека Македонија е држава која е транзитна станица на бегалците. „Kако земја членка на...

Забрана за работа на 84 работодавци кои не ги почитувале препораките за топлотен бран

Министерството за труд и социјална политика информираше дека од 4 до 6 август државните инспектори за труд од областа безбедност и здравје при работа, извршиле вкупно 207 инспекциски надзори кај работодавци за почитување на препораките за топлотен бран, при што донеле 84 забрани за работа на работодавци кои не ги почитувале препораките да не се работи на отворено од...

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ загрижен поради новата предлог-стратегија за бегалците

Од централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска соопштија дека на саботната седницата, меѓу другото, изразиле загриженост од најавената нова стратегија за мигрантите на Владата на Република Македонија, со која, како што оцениле, „Владата се подготвува да прифати поголем број мигранти во Република Македонија“. „ВМРО-ДПМНЕ укажува дека давање државјанства на десетици илјади мигранти во Република Македонија и нивно трајно населување со сигурност ќе...

Никој не испратил забелешки за нацрт-стратегијата за бегалци

До денеска не се стасани никакви предлози или реакции до Министерството за труд и социјална политика за предлог-нацртот на стратегијата за интеграција на бегалци и на странци 2017- 2027 година и за предлог-нацртот на националниот акциски план за интеграција на бегалци 2017- 2027 година, велат за „Мета“ од одделот за односи со јавноста на Министерство. Иако по социјалните мрежи во...

МТСП прави анализи, можни се измени на Законот за исплата на пензии

Министерството за труд и социјална политика врши покомплексна анализа на состојбата во Пензиско-инвалидското осигурување во Македонија и на потребите од реформа во првиот пензиски столб. Од добиените анализи за две недели, ќе зависи и дали ќе има измени во Законот за исплати на пензии. Ова следува откако Народниот правобранител информираше дека тројца пензионери се пожалиле на пониски пензии, односно ПИОМ...

Повеќе од 300 пензионери оштетени со вториот пензиски столб, најавени измени на законите

Повеќе од 300 пензионери ќе земаат значително пониски пензии бидејќи се зачлениле во вториот пензиски фонд. Случајот го обелодени Народниот правобранител, до кого неколкумина оштетени пензионери поднеле претставки во врска со случајот. Станува збор за граѓани кои во 2005 година имале од 10 до 15 години до пензионирање и се зачлениле во вториот пензиски столб, без да знаат дека со...

Божиќ е наработен за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека во согласност со Законот за празниците, 7 јануари (сабота), Божиќ, првиот ден на Божиќ според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита Божиќ на граѓаните од православната вероисповед.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...