среда, 17 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Mинистерство за информатичко општество и администрација | 41 резултати

Пред штипјани претставена платформата „е – услуги“

јануари 16, 2020

Последна алка во дигитализацијата на услугите на јавната администрација – вака денеска во Штип беше претставена новата дигитална платформа „е – услуги“, на првата јавна трибина на Министерството за информатичко општество и администрација. Вкупно 127 услуги се достапни до граѓаните, кои од дома преку својот компјутер ќе може да завршат некоја административна работа. Новиот национален […]

Се воведува ред во системот за водење евиденција на бројот на вработени во институциите

ноември 11, 2019

Со стопирање на платата на институциите кои ги немаат внесено податоците за своите вработени во системот, Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) во соработка со Управата за јавни приходи (УЈП) се обидуваат да го решат проблемот со невнесување на податоците за вработените во Информациониот систем за управување со човечки ресурси – ИСУЧР. Министерот за […]

Иако беше ветен, националниот портал за е – услуги сè уште не е подготвен

ноември 7, 2019

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски вети дека новиот национален портал за електронски услуги ќе биде пуштен во употреба уште на почетокот на октомври, но тој сè уште не е готов. Според најавите, порталот за електронски услуги ќе биде готов до крајот на месецот, пишува „Порталб.мк“. – Порталот за електронски услуги ќе биде […]

МИОА има 16 деловни објекти со вредност од по еден денар

октомври 3, 2019

Министерството за инфораматичко општество располага со недвижнини за кои нема имотни листови и евидентирани се 16 деловни објекти со вредност од по еден денар за кои Министерството не поседува комплетна документација, утврдиле државните ревизори при контролата на работата на ова Министерство во 2018 година. Во извештајот на ревизорите се вели дека Министерството не располага со […]

Неажурираните податоци ја намалиле администрацијата за 50 отсто, откриваат ревизорите

октомври 2, 2019

Постои неусогласеност меѓу податоците кои ги генерира Интегрираниот систем за управување со човечки ресурси и податоците од Регистарот на вработените во јавниот сектор со состојба 31 декември 2018 година и тоа по бројот на институции од јавениот сектор и бројот на вработени во нив, утврдиле државните ревизори при контролата на работењето на Министерството за информатичко […]

Останува поделбата на „женски“ и „машки“ институции, иако во просек жените се побројни во јавниот сектор (инфографик)

септември 20, 2019

Македонија има доминантно женски јавен сектор, покажуваат податоците од регистарот на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА). Повеќе од половина од вработените во јавниот сектор се жени, но, во овие анализи на извештаите од регистарот на вработените во јавниот сектор не влегуваат вработените во АРМ, полицијата и Агенцијата за разузнавање. За нив, во регистарот […]

Имаме „европска“ јавна администрација, а „македонска“ невработеност (инфографик)

август 16, 2019

Официјалниот број на вработени во јавниот сектор во земјава е близу до европскиот просек, како процент од вкупниот број вработени, но уште поблизу до македонската стапка на невработеност. Истовремено, просечната стапка на невработеност во ЕУ е 6,8 отсто, или помалку од половина од македонската.  Според Годишниот извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор за […]

Ова се реформите што ги спроведе Министерството за информатичко општество (инфографик)

мај 14, 2019

Поголемиот дел од реформите предвидени со Акцискиот план за Стратегијата за реформи на јавната администрација се спроведени. Ова го покажува годишниот извештај на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) за реформите во администрацијата, известува „Порталб.мк“. Во областа на креирање политики, според извештајот, 57,78% од реформите се спроведени, 37,78% се одложени, додека 4,44% се во […]

Порталот за отворени податоци е добар исчекор, но за целосна транспарентност има уште многу работа

март 16, 2019

Креирањето и пуштањето во употреба на новиот портал за отворени податоци на Владата на Република Северна Македонија е добар исчекор, кој дава јасен сигнал за посветеноста на транспарентноста. Но за да се забележат вистинските потенцијални придобивки, потребно е да се отворат податоци кои ќе овозможат создавање нови производи и услуги од страна на институциите, граѓанскиот […]

Фондацијата “Метаморфозис” и МИОА со ново видео го одбележуваат Денот на побезбеден интернет

февруари 5, 2019

Во над 140 земји од светот денеска се одбележува меѓународниот Ден на побезбеден интернет под мотото „Заедно за подобар интернет“. Одбележувањето на овој ден претставува повик за акција кон сите засегнати страни, со заеднички сили да помогнат во креирањето на подобар интернет за сите, особено за младите. Фондацијата “Метаморфозис” во соработка со Министерството за информатичко општество […]

Почнаа подготовките за национален план за широкопојасен интернет

март 5, 2018

Министерството за информатичко општество и администрација почна со подготовка на Национален оперативен план за развој на брзи и супер брзи електронски комуникациски мрежи во Македонија, за што се формирани четири работни групи. Групата за утврдување слободни капацитети и нивно идно користење кај постојни електронски комуникациски мрежи и средства, со која претседава министерот Манчевски, ќе се […]

Законот за АВМУ ќе оди на разгледување во Европската Комисија, па потоа во Влада

декември 27, 2017

Последната верзија на Предлог-Законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (Предлог-закон за АВМУ), која Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) вчера ја објави, пред да влезе во владина процедура, ќе оди на разгледување во Европската Kомисија (ЕК) пред да се најде на дневен ред на владина седница, соопшти денеска […]

Манчевски: Најголем дел од буџетот – 19,3 милиони евра – ќе одат за МРТ, МРД и за ААВМУ

декември 6, 2017

Најголемиот дел од буџетот на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) во 2018 година ќе се потроши за „Македонската радио-телевизија“ (МРТ), Македонска радиодифузија (МРД) и за Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), посочи денеска министерот Дамјан Манчевски. Тој појасни дека вкупниот буџет на Министерството за следната година изнесува 1,486 милијарда денари, односно […]

До крајот на ноември ќе биде финализиран законот за аудиовизуелни медиумски услуги

октомври 31, 2017

Министерството за информатичко општество и администрација вчера почна со подготовка на конечната верзија на новиот закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кој, според роковникот на Владата, треба да биде готов до 30 ноември. За донесување на законот во Собранието е потребно двотретинско мнозинство. Една од причините за изменување и за дополнување на законот, како […]

Манчевски: Регистарот од 2 милиони евра не го дава точниот број на вработени во јавниот сектор

август 30, 2017

Претходната Влада потрошила 2 милиони евра за регистар за вработени во јавниот сектор, кој не ги содржи реалните информации за сите вработени во јавната администрација, вели министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, во интервју за „Дојче веле“. – МИОА сега нема регистер што ги содржи реалните информации за сите вработени во јавната администрација. […]

Нема реална слика колку администрација имаме, регистарот не работи

август 13, 2017

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) нема официјална и веродостојна бројка на вработени во јавната администрација бидејќи регистарот за вработените не функционира, односно во него нема податоци од сите државни институции, а и оние што ги има, постојат сомневања дека голем број од нив не се уредно пополнети. Ова денеска на прес-конференција го соопшти […]

Манчевски: Владата досега вработила 96 лица, сите ангажирани преку конкурси

јули 28, 2017

Новата Влада од почетокот до денеска вработила вкупно 96 лица во сите институции заедно, од кои 32 посебни кабинетски советници на министрите, а само во Владата вработени се вкупно 26 лица, информираше денеска на прес-конференција министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски. Сите нови вработувања во државните институции биле направени преку претходно објавени конкурси. […]

Страна 2 од 2