fbpx
Таг: министерство за финансии

таг: министерство за финансии

Возилата што помалку загадуваат ќе се увезуваат со помал данок

Прв пат се воведува данок на возила со еколошка компонента. Доколку возилото помалку загадува, ќе се плаќа понизок данок за увоз. Предлог - законот за данок на моторни возила е во собраниска процедура, а ќе важи од почетокот на 2020 година, објаснија министерката за финансии Нина Ангеловска и директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски пред претставниците на невладините организации,...

Ангеловска: Започна поврат на ДДВ кон граѓаните, ќе продолжи и следните денови

Исплатата на повратот на ДДВ од скенираните сметки започна денеска и ќе се извршува непречено во претстојните денови, сѐ додека не се исплатат сите граѓани кои оствариле право на поврат во првото тримесечје, во износ од околу три милиони евра, рече на прес - конференција министерката за финансии Нина Ангеловска. Како што посочи Ангеловска, денеска се исплатени сите налози кои...

Пречистителната станица за отпадни води за Скопје ќе почне да се гради в година

Владата на вчерашната седница го усвои и го проследи до Собранието законот со кој се обезбедуваат финансиски средства за изградба на Пречистителната станица за отпадни води во Скопје. За реализацијата на овој инфраструктурен зафат ќе се обезбедат 68 милиони евра од Европската инвестициска банка (ЕИБ), 58 милиони евра од Европската банка за обнова и развој и неповратни средства од...

Ќе се изготвува проектот за изградба на мултимодален транспортен хаб во Трубарево

Постојната главна товарна железничка станица во Скопје (Ранжирна - Скопје југ) кај селото Трубарево во иднина треба да постане мултимодален јазол што ќе служи како централен хаб при транспортот на стоки во земјава. Тендерот за изработка на проектната документација за изградба на мултимодалниот јазол треба да биде објавен наредниот месец, се вели во информацијата од Министерството за финансии објавена...

Проектната документација за набавка на градски автобуси за Тетово е во завршна фаза

Постапката за набавка на автобуси за јавен превоз во Тетово е во завршна фаза во делот на подготовка на проектната документација, што значи дека општината сè уште нема поднесено барање за кредит во Светска банка, пишува „Порталб.мк“. Подготовката на проектната документација доаѓа откако претходно беше одобрена техничката документација, која вчера беше објавена на владината седница што се одржа во Тетово. „Преку...

Со нова алатка ќе се следи колку капитални инвестиции се реализирани

Министерството за финансии од денеска ја направи достапна алатката http://kapitalni-rashodi.finance.gov.mk/, со која граѓаните ќе можат да следат колку институциите ги реализираат капиталните инвестиции што ги ветиле на самиот почеток од годината. Како што информираат од ова министерство, јавноста ќе може да ја следи реализацијата на капиталните инвестиции за секое министерство, дирекција, агенција, односно секој буџетски корисник одделно, и преку тоа...

Поголемите загадувачи ќе плаќаат поскапо со новиот данок за возила

Со новиот данок за моторни возила, при увоз или внес на моторно возило во земјава почнувајќи од 1 ноември годинава, на државата наместо досегашната акциза, ќе треба да ѝ се плаќа данок што ќе се пресметува со формула во која ќе влегуваат просечното количество издувни гасови од возилото изразено во грамови по изминат километар, кубикажата на моторот и вредноста...

11 милиони долари грант од САД за приватниот и граѓанскиот сектор

Република Северна Македонија ја доби втората транша во висина од 11 милиони долари од грантот од САД наменет за развојната цел „Република Северна Македонија е просперитетно, самоодржливо и инклузивно демократско општество“. По тој повод денеска се одржа средба на која учествуваа заменик - министерката за финансии, Ширет Елези и претставник на УСАИД во Република Северна Македонија, Ненси Годфри. На средбата се потпиша Амандман на Договорот...

Сугарески: Ресорот транспорт има одлична реализација на капиталните инвестиции

За седум месеци од годинава се реализирани 24,5 отсто од владините средства наменети за капитални инвестиции, покажуваат податоците на Министерството за финансии. Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески денеска посочи дека капиталните инвестиции во неговиот ресор имаат одлична реализација во периодот јануари - јули. - Во делот на гасификацијата реализирани се 71 отсто од планираните инвестиции, во делот на...

Меѓународната финансиска корпорација ќе помага домашните да се поврзат со странските компании

Домашните компании ќе се поврзуваат со странските инвеститори во ТИР-зоните преку проект кој Министерство за финансии го договорил со Меѓународната финансика корпорација (ИФЦ) за време на Пролетните средби на ММФ и Светска банка во Вашингтон. Според министерот за финансии Драган Тевдовски, ИФЦ дале согласност да го поддржат  овој проект, што ќе донесе многукратни придобивки за домашните компании. Преку поврзување со...

Лукаревска: Се уште го утврдуваме начинот на кој ДДВ-то ќе им се враќа на граѓаните

Работна група од Управата за јавни приходи и Министерство за финансии разгледуваат на кој начин ќе се врши поврат на данокот на додадена вредност (ДДВ) на граѓаните, кој премиерот Зоран Заев најави дека ќе стартува од 1 јули годинава. „УЈП и Министерство за финансии уште од лани прават анализи. Во одредени држави овој проект се спроведува не целосно и не...

Со 15 милиони евра евтини кредити од ЕИБ ќе се поддржат 39 мали и средни претпријатија

Со 15 милиони евра евтини кредити од Европската инвестициска банка - ЕИБ, ќе се поддржат инвестициите на 39 мали и средни фирми, кои првично ќе отворат околу 160 работни места, информираат од Министерство за финансии. Со ова е комплетирана првата транша од 100-те милиони евра од ЕИБ за мали и средни претпријатија. Директорот на Македонска банка за поддршка на развојот...

Во новиот закон за јавни набавки, исклучоци само за одбраната и безбедноста

Осум исклучоци во кои законот нема да се применува за јавни набавки во одбраната и безбедноста се предвидени во новиот закон за јавни набавки, кој е на дневен ред на денешната, 81-ва, седница на Собранието. Во новиот текст се опфатени само исклучоците, затоа што до крајот на март треба да биде завршен нацртот на сосема нов закон за јавни...

Граѓаните од дома ќе можат да ја следат постапката за откуп на дворно место

Од второто тримесечје годинава, граѓаните ќе можат да си го следат својот предмет за приватизација на градежното место од дома. Ова беше истакнато на денешната работна средба на министерот за финансии, Драган Тевдовски со директорката на Управата за имотно правни работи, Шасине Касами. „До крајот на март, планирано е сите предмети за приватизација на градежно земјиште да бидат внесени во...

Од денеска вишокот пари наместо во банка може да се инвестира и во државни обврзници

Граѓаните и деловните субјекти во иднина ќе треба добро да размислат пред да одлучат дали своите заштеди ќе ги пласираат како депозити во домашните банки или пак ќе се решат да инвестираат во државни обврзници. Почнувајќи од денеска на официјалниот пазар на Македонската берза на хартии од вредност започна тргувањето со 132 емисии на државни обврзници, со вкупна номинална вредност...

На расправата во Собранието, прифатени осум амандмани на предлог-законот за личен доход

Владата го прифати барањето на повеќе од 80 граѓански организации надоместоците на трошоци за настани од здруженија на граѓани да не се даночат, без разлика колку ќе траат. Зголемен е и износот за платената пракса кој е ослободен од оданочување, со намера да се стимулираат повисоки надоместоци за пракса. Се воведува даночно ослободување за патните трошоци за образовни активности во...

Изградбата и реновирањето на училиштата е во надлежност на МОН, вели Елези

Во врска со училиштата во кои недостасува простор, и некои други каде што е потребно вработување нови наставници, од Министерството за финансии прстот го насочуваат кон Министерството за образование и наука и велат дека ова министерство во својот буџет мора да испланира средства за инвестиции во училиштата, известува Порталб.мк. Заменик-министерката за финансии Ширете Елези вели дека училиштата и општините со...

Министерството за финансии даде согласност за нова паралелка во ОУ „Имри Елези“”

По веста објавена за преоптовареноста со ученици во основното училиште „Имри Елези“ во скопската населба Дижонска, каде во три паралелки од прво одделение учат 108 ученици, со што се прекршува законот за образование, Министерството за финансии извести дека е дадена согласност за отворање нова паралелка и решавање на овој проблем. Заменик-министерката за финансии, Ширете Елези, за „Порталб.мк“ изјави дека...

МОН знае за состојбата во „Имри Елези“, барањето е испратено во Финансии

Министерството за образование и наука (МОН) потврдува дека знае за моменталната состојба со прекршувањето на законите во врска со првоодделенците во основното училиште „Имри Елези“ во општина Чаир и вели дека се во очекување на позитивен одговор од страна на Министерството за финансии. Во ова училиште во населбата Дижонска годинава се запишани 108 првоодделенци, кои се поделени во три паралелки,...

Јавна консултација за предлог-буџетот за 2019 година, пред да влезе во владина процедура

Денеска во просториите на Министерство за финансии, во 12 часот, ќе се одржи јавна консултација за предлог-буџетот за 2019 година. „На истата ќе бидат презентирани главните контури на буџетот за 2019 година пред истиот да влезе во владина процедура“, се вели во соопштението на Министерство за финансии. Собранието вчера го усвои ребаланост на буџетот за 2018 година, со кој, повеќе пари се...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...