недела, 12 април, 2026
Meta.mk

Ознака: министерство за финансии | 184 резултати

Кредитната агенција „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава на „ББ +“

мај 8, 2021

Кредитната агенција „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на РС Македонија на „ББ +“, со негативен изглед, информираат од Министерството за финансии. Како што нотира агенцијата, рејтингот на земјава е поддржан од доброто владеење, позитивната бизнис клима, како и кредибилната и кохерентната макроекономска и финансиска политика конзистентна со долготрајниот фиксен девизен курс. Aгенцијата предвидува годинава да […]

Јавниот долг во првото тримесечје достигна 62,5 отсто, а државниот 54,1 отсто од БДП

април 29, 2021

Во првото тримесечје од годинава, јавниот и државниот долг се во рамки на проекциите и по повлекување на средствата од осмата еврообврзница забележуваат благ раст од 2,3 и 2,9 процентни поени. Притоа, јавниот долг изнесува 62,5 отсто, додека државниот е 54,1 отсто од БДП, соопшти Министерството за финансии. Издавањето на осмата еврообврзница од 700 милиони […]

Започнува реформата во даночниот систем за поправедно оданочување и намалување на даночната евазија

април 14, 2021

Оваа година започнува процесот на даночна реформа преку 13 поставени цели, 40-тина активности и бројни подактивности дадени во Акцискиот план за 2021 година, за спроведување на Стратегијата за реформа на даночниот систем 2021-2025. Мерките предвидуваат анализи, примена на модели и искуства, а ќе бидат проследени со јавни расправи и консултации, соопшти Министерството за финансии. Конкретните […]

На „Денот на буџетот“, средба на Бесими со поранешните министри за финансии: буџетот е во добра кондиција

април 2, 2021

Економската состојба во државата е подобрена, макроекономските движења се во позитивна насока, а во услови на фискална консолидација треба да се одржи развојната компонента на високо ниво, односно да се инвестира во капитални инвестиции кои ќе донесат принос на долг рок. Ова беше потенцирано на денешната средба меѓу министерот за финансии Фатмир Бесими и поранешните […]

МФ: „Стандард енд Пурс“ го потврдија кредитниот рејтинг на земјава ББ – со стабилен изглед

февруари 20, 2021

Кредитната агенција „Стандард енд Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава – ББ – со стабилен изглед. Нивните очекувања се дека македонската економија годинава ќе се врати на патеката на економски раст и ќе ги надмине шоковите предизвикани од кризата предизвикана од пандемијата на ковид-19, соопшти Министерството за финансии (МФ). Агенцијата посочува на одреден пораст […]

Владата ги задолжи министерствата да обезбедат средства за регионалните системи за управување со отпад

февруари 3, 2021

Владата на вчерашната седница ги задолжи Министерството за финансии во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање да започнат постапка за обезбедување на заем од меѓународни финансиски организации за воспоставување на регионални системи за управување со отпад во Југоисточниот, Вардарскиот, Пелагонискиот, Југозападниот и Полошкиот регион, информираат од владината прес-служба. На владината седница била […]

МФ: На фирмите вратени 397,4 милиони евра од ДДВ во 2020 година

јануари 31, 2021

Минатата година во стопанството се слеале 397,4 милиони евра врз основа на враќање на данок на додадена вредност (ДДВ) кон фирмите. „И покрај тоа што 2020 беше кризна година, минатата година има најголем поврат на ДДВ како процент од бруто наплатениот данок во споредба со изминатите години, додека исплатата се одвиваше редовно и без застои“, […]

Во четвртиот квартал на 2020 година има благо намалување на јавниот и државниот долг

јануари 29, 2021

Министерство за финансии информира дека има благо намалување на јавниот и на државниот долг во четвртиот квартал од 2020 година. „На крајот од 2020 година државниот долг изнесува 51 проценти, што е за 0,5 процентни поени пониско во однос на претходниот квартал, додека јавниот долг изнесува 59,9 проценти и е за 0,8 процентни поени понизок […]

И годинава може да се аплицира за субвенции за „Купи куќа, купи стан“

јануари 25, 2021

Министерство за финансии информира дека граѓаните и годинава ќе можат да аплицираат за субвенција за станбен кредит од државата, преку проектот „Купи куќа, купи стан“. Од таму додаваат дека објавен е јавен повик согласно кој, граѓаните ќе можат да поднесат барање заклучно 31 декември 2021 година за државна субвенција на учеството или месечната рата за […]

Со законски измени игрите на среќа ќе се оддалечат на 500 метри од училиштата и факултетите

јануари 24, 2021

Министерство за финансии подготвува измени на Законот за игрите на среќа и за забавните игри кои предвидуваат просториите во кои се приредуваат игри на среќа да бидат оддалечени на половина километар од училиштата и факултетите. Во најавата за законските измени, објавена на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), се вели дека со постојниот закон […]

МФ: Јавниот долг на земјава заклучно со 2025 година ќе се намали на 58,8 отсто

декември 12, 2020

Министерството за финансии информира дека со изработената Стратегија за управување со јавен долг се дефинираат лимити за висината на трите нивоа на долг: државниот, гарантираниот како и на вкупниот јавен долг во следните пет години, како и за структурата на долгот. Согласно истата, заклучно 2025 година јавниот долг треба да се сведе под Мастришкиот критериум, […]

Експертската јавност се вклучува со анализи и предлози за „чистење“ на непрецизните делови од Предлог-законот за буџети

ноември 2, 2020

Во текстот на Предлог Законот за буџети кој го регулира целокупниот систем на управување со јавните финансии во државава, постигнат е голем напредок во однос на сегашните законски одредби, но следува период во кој треба да се дефинираат некои нецелосни одредби и делови, некои треба да се надминат, а некои да се избегнат. Во спроведената […]

Средба Бесими – Сера: Шпански компании заинтересирани да влезат во изградба на Коридорот 8

октомври 1, 2020

Шпански компании, кои се едни од водечките во изградба на железничка инфраструктура во светот, се заинтересирани да учествуваат во јавните повици за изградба на железничкото поврзување кон Бугарија, во рамките на Коридорот 8. Амбасадорот на Кралството Шпанија, Емилио Лоренцо Сера ова му го соопштил на министерот за финансии Фатмир Бесими на одржаната средба, информираат од […]

Пругата кон Албанија поделена во две фази, владата ќе бара средства за делот од Кичево до Струга

септември 23, 2020

Проектот за изградба на железничкото поврзување меѓу Македонија и Албанија ќе се одвива во две фази. Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои Информацијата за изградба на оваа пруга и го задолжи Министерството за финансии да достави Барање за изразување на интерес до меѓународните финансиски институции и билатерални кредитори за обезбедување на финансиски средства […]

Со 85 милиони евра од странски фондови ќе имплементираме енергетска ефикасност во земјава (инфографик)

септември 5, 2020

Македонската влада и локалните самоуправи во наредниов период ќе имаат на располагање околу 85 милиони евра обезбедени од странство за имплементација на мерките за енергетска ефикасност во земјава. Станува збор за покрупни проекти на национално ниво за коишто се издвоени позначајни финансиски средства, при што дел од нив веќе се во фаза на реализација, а […]

Приходите во буџетот во август изнесуваат 14,2 милијарди и се за 13,9 отсто пониски од лани

септември 2, 2020

Приходите во буџетот во август изнесуваат 14,2 милијарди денари што е помалку за 13,9 проценти во однос на лани, информираат од Министерство за финансии. „Кумулативно од почетокот на годината приходите изнесуваат 119,6 милијарди денари и се на пониско ниво за 8,2 проценти во однос на лани, што е пак благо подобрување во однос на првото […]

Ангеловска ги демантира дезинформациите за нејзиниот депозит во пропаднатата Еуростандард банка

август 17, 2020

Министерката за финансии Нина Ангеловска вели дека во однос на нејзината функција и нејзиниот депозит во Еуростандард банка, во јавноста се пласирани многу неточни информации и дека единствено што е точно е дека имала депозит во банката и дека го повлекла. Вели дека тоа биле пари наменети за бизнис-инвестиции, а откако поради функцијата, бизнисот го […]

Каков „економски багаж“ ќе легне на „грбот“ на новата Влада?

август 11, 2020

По серија на месечни падови, во јули за прв пат од почетокот на ковид-19 здравствената криза, се појавија првите симптоми на заздравување на домашната економија, односно приходите од ДДВ се во пораст. Дел од економистите што ги консултираше Порталб.мк велат дека последиците од повеќемесечната економска криза ќе се прелеат и во следните месеци. Идната Влада […]

Јавниот долг во второто тримесечје порасна на 59,5 отсто како резултат на ковид-19 кризата

август 2, 2020

Заклучно со вториот квартал од 2020 година, јавниот долг изнесува 59,5 отсто, додека државниот долг се искачи на 50,7 отсто, информираат од Министерството за финансии. Покачувањето на јавниот и државниот долг во второто тримесечје се должат првенствено на повлекувањата на средства преку еврообврзницата и заемот од Меѓународниот монетарен фонд, со цел обезбедување на ликвидност во […]

Агим Нухиу нов министер за внатрешни работи, по Пржинскиот договор смени и во другите министерства

јули 25, 2020

Откако ДИК ги соопшти официјалните конечни резултати од предвремените парламентарни избори, денеска се вршат и министерските смени во техничката влада во согласност со Пржинскиот договор. Досегашниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев денеска официјално му ја примопредаде должноста министер за внатрешни работи на Агим Нухиу, кој како кадар на ДУИ досега беше заменик министер на […]

Страна 2 од 9