fbpx
Таг: министерство за економија

таг: министерство за економија

Отворен конкурсот за поддршка до 3.000 евра за преработувачката индустрија

Министерството за економија денеска отвори конкурс за поддршка на фирми од преработувачката индустрија кои сакаат да создадат нов производ, да изработат студии на пазарот или да развиваат нова марка, како и за енергетска ефикасност или набавка на софтвер. За оваа намена се предвидени 2,5 милиони денари (40.600 евра), а фирмите ќе може да добијат пари во висина од 75 отсто...

Новиот закон за возила предвидува еколошки налепници и посебни таблици за таксистите

Министерство за економија е во процес на подготовка на предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за возила. Со предлог-законот се воведуваат посебни таблици за такси возилата и се воведуваат еколошки налепници за возилата. „Предлог-законот има за цел да ги уреди постапките за остварување на заштитата на правата и правните интереси на физичките лица, правните лица, како и заштитата на јавниот...

Рокот за пријавување за бесплатен одмор, продолжен до 20 ноември

Министерството за економија денеска го продолжи рокот за аплицирање за владината мерка за бесплатен одмор за работници со ниски приходи до 20 ноември годинава, информираат од таму. Досега повеќе од 650 граѓани изразиле интерес за користење на владината мерка, а според средствата што се обезбедени за оваа намена, во износ од 60 милиони денари, се проценува дека бесплатен одмор ќе може...

Хотелите да се пријават на повикот за да примаат работници со ниски приходи

Министерството за економија ги повикува заинтересираните хотели во Македонија да се пријават на јавниот повик за организиран одмор на работници со ниски приходи. „Право на учество имаат сите категоризирани угостителски објекти за сместување. Тие треба да достават пополнет образец на барање за пријавување“, се вели во повикот на Министерство за економија. Во него се додава дека по реализација на организираниот одмор, угостителските...

Бектеши: Работниците со примања до 22.000 денари можат да користат бесплатен одмор

„По предлог на Министерството за економија, Владата донесе мерка со која им нудиме на работниците со примања до 22.000 денари да искористат годишен одмор надвор од сезона во туристичките центри на Македонија, во вкупна вредност од 15.000 денари“, изјави денеска на прес-конференција во Владата, министерот за економија Крешник Бектеши. Потврдите ќе ги издава Министерството за економија по принципот „прв дојден, прв...

Именуван новиот државен секретар во Министерство за економија

На предлог на ЛДП, денеска Зоран Павловски е именуван за нов државен секретар во Министерството за економија. Павловски, член на Либерално-демократската партија, на ова место доаѓа од позицијата раководител на сектор за администрирање приходи, локален економски развој и за стратешко планирање во Општина Куманово, со искуство во развој на локална економија, поддршка во развој на мали и на средни претпријатија,...

Бектеши и Шаровиќ договориле економска соработка меѓу Македонија и БИХ

Министерот за економија на Македонија, Крешник Бектеши, и министерот за надворешна трговија и економски односи на БИХ, Мирко Шаровиќ, на средбата во Сараево иницирале преговори за склучување договор за економска соработка помеѓу двете земји. Босна и Херцеговина е единствената земја од регионот со која Македонија нема потпишано ваков договор. - Босна и Херцеговина во последните неколку години е меѓу првите 20...

Министерството за финансии нема направено нови долгови врз основа на државни записи

Министерството за финансии нема направено нови долгови врз основа на државни хартии од вредност, како што беше посочено од ВМРО-ДПМНЕ, и покрај огромниот интерес за државните записи од страна на инвеститорите, информираат од министерството. Во соопштението на министерството се вели дека „издавањето државни хартии од вредност е предвидено со буџетот за 2017 година, каде стои дека буџетскиот дефицит ќе се финансира...

Кучи: Се зголемува бројот на жени претприемачи, сопственички на компании

„Жените претприемачи, освен што креираат нови работни места, воведуваат и посебни пристапи во менаџирањето и во организацијата на бизнисите“, истакна министерот за економија, Дритон Кучи, на одбележувањето на Денот на жените претприемачи. Тој истакна дека радува фактот што бројoт на жените како претприемачи и раководен кадар во малите претпријатија е во постојан пораст и кај нас, така што активни се...

Трговците да ги намалат цените и да не ги злоупотребуваат поплавите, одлучи Владата

На предлог на министерот за економија, Владата на последната седница донела одлука највисоките цени на одделни производи, односно на флаширана вода, свеќи за домаќинство, заштитни ракавици, гумени чизми, лопати, заштитини маски и средства за дезинфекција, да се вратат на нивото кои се применувало до 5 август 2016 година. Причина за донесување на оваа одлука, велат од Министерството за економија, биле...

„Шарената револуција“ блокираше повеќе крстосници во Скопје отколку што најави

„Шарената револуција“ денеска во 12 часот блокираше повеќе крстосници во центарот на Скопје. Покрај најавените три крстосници, ненајавено, со герила-акција, беше блокирана и крстосницата кај Министерство за економија, што ги изненади возачите. https://twitter.com/meta_agency/status/740487815021072384 Претходно, полицијата го расчисти сообраќајниот метеж на предвидените крстосници, на кои, додека беа блокирани, немаше нервозни возачи. https://twitter.com/meta_agency/status/740488110929219584 Како што најавија од „Шарената револуција“, тие ќе изведуваат вакви герила-акции и понатаму, сè...

„Младите си отидоа, партијата се вработи“ порачаа демонстрантите

„Шарената револуција“ на денешниот протест насочен против „продавањето“ на работниците за минимални плати, ги обоија објектите на Агенцијата за вработување (АВРМ) и на Министерството за економија и порачаа „Младите си отидоа, партијата се вработи“ и „Книшка плата, клати врата“. Пред демонстрантите говореа неколку студенти и професорката од Економскиот факултет, Билјана Секуловска-Габер, кои преку лични примери ја раскажаа приказната за незадоволството од...

Исплатени се 2,3 милиони денари отштета за невремето

Исплатени се 2,3 милиони денари отштета на 105 лица од Радовиш, Охрид и од Кратово, региони кои беа зафатени со временски непогоди, информираат од Министерството за финансии. Денеска, исто така, се исплатени 1,9 милиони денари субвенции на сточари за одбележани грла говеда.

Македонските превозници сè уште не пријавиле штета од блокадата на границата

Македонските превозници сè уште не пријавиле штета поради блокадата на српско-хрватската граница и неколкудневниот застој, изјави денеска министерот за економија, Беким Незири. За пишувањата во медиумите дека Хрватска е подготвена херметички да ја затвори границата со Србија, Незири истакна дека како министерство ги следат сите чекори и подготвени се да одговорат на секое сценарио. - Хрватска е членка на Европската унија...

Фестивалот „Охридско лето“ третпат најдобра манифестација за развој на туризмот

Меѓународниот музичко-сценски фестивал „Охридско лето,“ кој годинава одбележа 55. години од постоењето, третпат доби признание од Министерството за економија за најдобра манифестација што придонесува во развојот на туризмот во Република Македонија. Признанието е доделено во рамките на одбележувањето на 27 септември, Светскиот ден на туризмот. Директорката на „Охридско лето“, Елизабета Јанкуловска, вели дека традицијата на успешни фестивалски изданија со квалитетни настани и...

Незири: Енергетска криза ќе нема, но ќе има реални проблеми

Енергетска криза во Македонија нема, но ќе има реални проблеми кои ќе произлезат од блокадата на сметката на „Макпетрол“, изјави денеска министерот за економија, Беким Незири. Тој додаде дека сите лиценцирани компании кои увезуваат нафта и нафтени деривати немаат проблем во набавката на потребните енергенси. Но, „Макпетрол“ е најголем дистрибутер поради широката дистрибутивна мрежа. – Нема да има проблем во...

Јавно извлекување на добитниците на надомест за вграден сончев колектор

Министерството за економија денеска јавно ќе ги извлече лицата што ќе добијат надомест на дел од трошоците направени за купен и за вграден соларен колектор во својот дом. Извлечените граѓани, кои ги испратиле своите апликации на објавениот повик за 2015 година, ќе добијат надомест од 30 отсто од направените трошоци, но не повеќе од 300 евра. Како што соопштија од Министерството за...

Странските инвеститори нема да можат да откупуваат земјиште во зоните

Министерството за економија, преку измени на Законот за слободни технолошки развојни зони, ги поништува последните измени на овој закон донесени минатата година, со кои на странските инвеститори, освен закуп на земјиште, во зоните им беше овозможено да купуваат парцели во некоја од слободните зони, пренесува порталот „Е-магазин“. Според предложените измени доставени до Собранието, се враќа претходното законско решение, односно пред...

Сенатот изгласа 95 милијарди за Украина и Израел, но и потенцијална забрана за ТикТок

Сенатот на САД, односно горниот дом на Конгресот, изгласа предлог-закон кој вклучува хуманитарна и воена помош за Украина, Израел, Газа и Тајван во вредност од 95 милијарди долари, но...