fbpx
Таг: министерство за економија

таг: министерство за економија

Владата со иницијален чекор за формирање на национален Фонд за енергетска ефикасност

Владата направи позитивен исчекор напред кон реализацијата на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор и кон основањето на националниот Фонд за енергетска ефикасност во земјава. На вчерашната владина седница се усвои Информацијата во врска со потребата од издавање на писмо без приговор за Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор. Вицепремиерката Мила Царовска, како назначен претставник за комуникација...

Тужбата од Еуромакс била од итен карактер па Управниот суд одлучувал за време на вонредна состојба

Управниот суд во Скопје смета дека тужбата на поранешниот концесионер за рудниците за злато и бакар во Иловица и Штука, „Еуромакс Рисоурсес“ била „од итен карактер“ па затоа по тој предмет требало да се решава за време на вондредна состојба. Иако судот вели дека ваквата одлука е уредно доставена до сите странки, од Министерството за економија велат дека сè...

Министерството за економија ги повика туристичките здруженија да направат списоци за штетите од корона вирусот

Министерството за економија укажува дека  Македонија како и повеке земји во светот се наоѓа во ситуација на предизвици и последици како резултат на COVID-19, а дека штетите во туризмот ќе бидат најголеми, имајќи ги предвид и резултатите од другите земји. Како што соопштија од Министерството, според добиените информации од туристичките комори, има значителен број на откажувања и одложувања на најавени...

До 2040 година ќе ни требаат 1,5 милијарди евра за енергетска ефикасност на зградите (инфографик)

На Македонија ќе ѝ бидат потребни минимум 1,5 милијарди евра до 2040 година за реконструкција на постојните станбени, комерцијални и јавни објекти за спроведување на мерките за енергетска ефикасност, укажува најновата „Стратегија за развој на енергетиката во Република Северна Македонија до 2040 година“. Во Стратегијата се наведени три сценарија за периодот до 2040 година - референтно, умерена транзиција и зелено,...

Со странска помош ќе се изработуваат подзаконските акти за енергетска ефикасност

По донесувањето на Законот за енергетска ефикасност во текот на февруари, се постави прашањето што ќе се случува со подзаконските акти, за чие усвојување на Министерството за економија му е оставен рок од 3 до 9 месеци од денот на влегувањето во сила на новиот закон. Најдоцна за 6 месеци, ова министерство ќе треба да го усвои Правилникот за...

Стапи на сила новиот Закон за енергетска ефикасност, подзаконските акти допрва ќе се работат

Имплементација на прописите за енергетска ефикасност на ЕУ, поголем обем на работа за енергетските контролори и отежнат начин за исклучување на граѓаните од системите за централно греење се главните предности што ги носи новиот Закон за енергетска ефикасност, којшто денес стапи на сила. Пратениците од Собранието го изгласаа овој закон како една од последните точки пред распуштањето на законодавниот...

Додека се чекаат субвенциите за инвертери, објавен огласот за субвенции за печки на пелети

Додека граѓаните ги чекаат повиците на општинските власти од Скопје, Битола, Кичево и Тетово за добивање ваучери од 60.000 денари за набавка на инвертер клима уреди, Министерството за економија го објави јавниот оглас за надоместување на дел од трошоците за набавка на печки за греење на пелети. Државата преку оваа мерка ќе издвои околу 480.000 евра за субвенционирање на...

Ќе може да се исклучите од парно само ако докажете дека ќе се греете поефикасно

Денес на Комисијата за европски прашања, претседателот на Комисијата и пратеник Артан Груби предложи амандман на предлог-законот за енергетска ефикасност за допрецизирање на прашањето поврзано со правото на потрошувачот на топлинска енергија да користи поефикасен систем за централно греење и/или ладење. Овој амандман беше прифатен од министерот, Крешник Бектеши, информираат од ова Министерството за економија. „Новината е дека секој граѓанин...

Концесиите за рудниците ќе може еднострано да се раскинат ако е загрозена безбедноста и здравјето

Министерот за економија Крешник Бектеши денешната прес - конференција информираше за последните измени и дополнувања на Законот за минерални суровини, на кој Министерството за економија подолго време работеше за да се изнајде долгорочно решение во случај кога е загрозена безбедноста и здравјето на локалното население. Тој спомена дека со законските измени во иднина ќе се отвори можност за едностран раскин...

Македонски парадокс: Се расфрламе со струја, по загадување сме први, а последни по енергетска ефикасност (инфографик)

Терминот „енергетска ефикасност“ во Македонија е несериозно сфатен, како од властите и инвеститорите, така и од самите граѓани. Земјава е на самото дно во Европа по спроведувањето на мерки за намалување на потрошувачката на енергија, чиј износ е најзагрижувачки во делот на загревањето на домовите во зимскиот период. Како последица на ова, македонските градови редовно се наоѓаат на светскиот...

Без усвојување на Законот, нема да може да се средат правилниците за енергетска ефикасност

Власта и опозицијата во македонското собрание се договорија за усвојување на околу 40 - тина закони од 123 - тата седница, но предлог - Законот за енергетска ефикасност го оставија за разгледување и усвојување за продолжението на оваа седница по Нова Година. Овој закон пред пратениците е на прво читање, но и со „европско знаменце“, што укажува на важноста...

Објавен повикот за субвенции за вградување плин во возилата

Министерството за економија денеска го објави повикот за субвенционирање на дел од трошоците за вградување на плински уреди, метан или друг вид алтернативно гориво во возилата. Граѓаните ќе можат да аплицираат за субвенции до 50 отсто од трошоците, но не повеќе од 18.000 денари за вграден плински уред по возило. Како што се наведува во објавениот повик, субвенционирањето ќе важи...

Бектеши: Милион евра за уредување на Старата скопска чаршија

Општина Чаир и Министерство за економија ќе го финансираат проектот за уредување на излозите и рекламите со кој ќе бидат опфатени 97 дуќани во Старата скопска чаршија. Ова денес го соопшти министерот за економија Крешник Бектеши кој присуствуваше на потпишувањето на договорот со  градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу. „За проектот кој ќе значи уредување и разубавување на скопската Чаршија...

„Еуромакс“ ќе се жали, најавува и меѓународна арбитража за рудникот Иловица

Компанијата „Еуромакс Рисорсис“ ќе се жали на суд на одлуката на владината комисија, откако Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен ја потврди одлуката на Министерството за економија да го одбие барањето на ЕЕуримакс“ за дозвола за експлоатација. Ова преку веб-страницата на компанијата беше соопштено денес на јавноста лично од страна на...

Владата размислува субвенциите до 3.000 евра за нови автомобили да ги замени со намалување на ДДВ на 5 отсто

Министерството за економија и работната група за субвенциите за автомобили сериозно ја разгледуваат можноста наместо да доделуваат од 2.000 до 3.000 евра за носење на стариот нееколошки автомобил во отпад и набавка на нов автомобил, да го намалат ДДВ-то за увоз на нови или стари автомобили со еуро 5 и еуро 6 стандард. Со тоа целосно би отпаднала варијантата што...

Косово до крајот на неделава ќе испрати извештај со анализа за икрите и рибата за порибување

Министерот за економија Крешник Бектеши е убеден дека Северна Македонија и Косово нема повторно да се доведат во ситуација на трговска војна. На денешната прес-конференција што ја одржа заедно со директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, министерот Бектеши информираше дека Косово до крајот на неделава ќе го испрати неопходниот извештај со анализа на соодветната програма за...

Јаловиштата се безбедни, нема да ни се случи несреќа како во Бразил, велат надлежните

Трагедијата во бразилската сојузна држава Минас Жераис во петокот, кога поради пробиена брана на хидројаловиште на рудник за железо загинаа 58 лица а над 300 се уште се водат како исчезнати, но без голема надеж дека ќе бидат пронајдени и спасени, ја зголеми загриженоста и во Македонија. Во земјава има  хидројаловишта, а идните рудни концесии предвидуваат и нови. Во моментов...

Стартуваше вториот јавен повик за субвенционирање печки на пелети

Министерот за економија Крешник Бектеши на прес конференција соопшти дека од денеска стартува вториот јавен повик за надомест на дел од трошоците за купување на печки на пелети, со кои домаќинствата  ќе ги заменат старите печки на јаглен, дрва, нафта или мазут. Парите, седум милиони денари (речиси 114.000 евра), се обезбедени со ребалансот на државниот буџет. - Со ова ќе придонесеме...

Министерството за економија промовираше апликација „Посети ја Македонија“

Министерство за економија ја промовираше апликацијата „Посети ја Македонија“ (visitmacedonia). Министерот Крешник Бектеши изјави дека апликацијата ги следи светските трендови за дигитализација и иновации во туристичката промоција, а има за цел да го привлече вниманието на туристите, посебно на транзитните. „Нивната бројка не е за занемарување, само по Коридорот 10 низ нашата земја транзитираат во просек по 3,5 милиони туристи. Ако им...

Владата бара правна рамка за стопирање на изградбата на рудникот Казандол

На 58. седница, Владата ја разгледала и усвоила информацијата за степен на изграденост на рударскиот комплекс Казандол. Од Влада соопштуваат дека го задолжиле Министерството за економија во рок од седум дена да информира условите за раскинување на Договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина, бакар, злато и сребро Казандол и за одземање на дозволата за експлоатација на минерални суровини доделена...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...