fbpx
Таг: министерство за економија

таг: министерство за економија

Концесионерот на арсенот кај Лојане не поставил ограда оти мислел дека ќе го извезе за 6 месеци

Имавме план да го продадеме целокупниот материјал во Кина за 6 месеци и поради тоа не помисливме дека е неопходно да се постави ограда околу јаловиштето кај рудникот „Лојане“. Ова е одговорот што го добивме од турската компанија „Калтун Мадденџилик“ на прашањето зошто не е поставена ограда и информативни табли околу локацијата каде што е складиран арсенот и другите...

Концесионерот што треба да го исчисти арсенот во Лојане молчи, власта најавува инспекција

По објавата на Мета.мк за состојбата со складираниот арсен и други токсични минерални суровини во јаловиштето во кругот на рудникот „Лојане“ и депонијата кај селото Табановце, од Министерството за економија иницираа барање до надлежните инспекторати да извршат увид и да преземат соодветни мерки доколку констатираат недостатоци на терен. Инспекциски надзор треба да извршат Државниот инспекторат за техничка инспекција и Државниот...

Промовирана нова лабораторија за квалитет на мазут

Министерот за економија Крешник Бектеши, директорката на Бирото за метрологија, Мерита Мустафаи и в.д. директорката на Државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска Димоска денеска ја промовираа новата лабораторија за испитување на квалитетот на горивата во рамки на Бирото за метрологија, соопшти Министерството за економија. Инаку, ова не е првата лабораторија за контрола на квалитетот на горивата и на мазутот, оти таква...

Одземена туристичката лиценца на компанијата „Беса травел“

Министерството за економија по 50 дена од автобуската несреќа во Бугарија денеска соопшти дека ја одзело Б-лиценцата за туристичка дејност на туристичката агенција „Беса травел“, која што беше подружница за туристичка дејност на „Беса транс“. Нивниот автобус учествуваше во сообраќајната несреќа во која животот го загубија 45 лица во Бугарија. Претходно, Министерството за транспорт и врски на фирмата „Беса транс“...

Новата влада ќе треба да го забрани увозот на возила со под ЕУРО 5 стандарди [инфографик]

Помина една година од изјавата на министерот за економија Крешник Бектеши дека ќе се забрани увозот на половни возила со под ЕУРО 5 стандард на емисија на издувни гасови во земјава. Тој забраната за увоз на возила постари од 10 години најави дека ќе се реализира во текот на 2021 година, за кон крајот на минатата година Министерството за...

Владата со оглас за поддршка на над 7.500 домаќинства во плаќањето на сметките за струја

Министерството за економија денеска го објави јавниот оглас за финансиска поддршка на домаќинствата со ниски примања во плаќањето на сметките за електрична енергија. За оваа мерка од државниот буџет за годинава се обезбедени 60 милиони денари, а целта е да се заштитат ранливите потрошувачи на енергија. Над 7.500 домаќинства со ниски приходи ќе добијат месечна поддршка од државата во...

Порталб: Министерството за економија не го открива потенцијалниот инвеститор во Попова Шапка

Од Министерството за економија велат дека процедурите за постигнување конечен правен договор за Попова Шапка во износ од 50 плус 50 милиони евра се во завршна фаза, но не соопштуваат детали за инвеститорот, бидејќи според нив ова е стратешка инвестиција и тоа е во интерес на постапката. Очекуваат со вакви инвестиции да се зголеми туристичката понуда во земјава и...

Илјадници жители од Кумановско четири децении се трујат со арсен и други отровни материи [фото]

Кумановските села Табановце, Лојане и Ваксинце со децении наназад се трујат со арсен и други опасни материи што се расфрлани на две локации покрај самата граница со Србија. На првата локација, во непосредна близина на железничката станица во Табановце, сместена е дивата депонија која содржини стотици тони јаловина од затворениот рудник за хром, антимон и арсен „Лојане“, којшто престанал да...

Како да се заштитите од несовесните продавачи на интернет: Секојдневни се поплаките од измамени купувачи

Уште со почетокот на ковид-19 пандемијата драстично се зголеми е-трговијата. Затворени во домовите, потрошувачите одбраа безбедна варијанта за купување која не ги доведува во ризик од зараза, и почнаа повеќе да купуваат онлајн. За тоа сведочат и статистиките од Народната банка во извештаите за движењата во платниот промет, каде е наведено дека во условите наметнати од пандемијата, и граѓаните и...

Еколошката такса за горивата „заглави“ во Собрание, бројот на дизел возила зголемен за 160.000 за 8 години [инфографик]

Иако беше ветувана дека ќе стартува од 1 јули, еколошката такса за горивата не профункционира до денешен ден, а нема најава дека дополнителното поскапување на горивата ќе се случи во наредниот период. Планирано беше еколошката такса да се воведе за нафтата, бензините и сите останати нафтени деривати. Ова би ги стимулирало граѓаните да вградат плински уреди во возилата, како...

Цените на половните возила во земјава растат поради недостатокот на чипови и полуспроводници

Недостатокот на компјутерски чипови и полуспроводници во меѓународни рамки доведе до проблеми во автомобилскиот сектор на глобалноо ниво. Проблеми кои што веќе почнуваат да се чувствуваат и во земјава. Најавите дека недостатокот на чипови ќе потрае до втората половина од 2022 година, доведе до тоа во Велика Британија продажбата на возила во септември да опадне за 34,4 отсто, односно...

Забраната за увоз на половни возила под ЕУРО 5 стандарди се одложува за 2022 година

Ветувањето на министерот за економија Крешник Бектеши од јануари дека Македонија годинава ќе го забрани увозот на половни возила со под ЕУРО 5 стандарди на емисија на издувни гасови сепак нема да се оствари. Наместо годинава, најновите информации од Министерството за економија се дека забраната за увоз на возилата постари од 10 години би се вовела во 2022 година. „Во...

Порталб.мк: Ски центарот „Попова Шапка“ чека нов инвеститор чие име не се открива

Останува нејасно кој ќе биде инвеститорот кој, според најавите на премиерот Зоран Заев од пред два месецa, ќе ја добие концесијата за следните 99 години за ски-центарот „Попова Шапка“. Инвеститорот е засега непознат и не се знае ниту дали има потпишано договор со застапник од Северна Македонија. Од извршната власт велат дека тој работи на подготовка на проектот, но...

Се работи на измените, но нема датум од кога ќе биде забранет увозот на возила со под ЕУРО 5 стандарди

Министерството за економија во моментов ја изработува анализата која ќе треба да ги даде податоците за промена на Правилниците за зголемување на стандардите за увоз на возила од странство, односно да се укине увозот на половни возила во земјава со под ЕУРО 4 стандардот, информираат за „Мета.мк“ од ова министерство. И покрај ова, од Министерството за економија немаат конкретен датум...

Затворен повикот за субвенции за вградување плински уред во возилата, поднесени 670 барања

По еден месец од објавувањето на јавниот повик за субвенции за уред на погон на течен гас (ТНГ), метан или друг вид алтернативно гориво во возилата, Министерството за економија денеска го затвори повикот, поради големиот интерес искажан од граѓаните. Иако јавниот повик требаше да трае 60 дена, од 7 јуни како ден на неговото објавување, заклучно со денешниот ден,...

Николовски – Бектеши: Седум компании се казнети со вкупно 55.510 евра за неправилности при увоз на мазут

Утврдени се неправилности кај седум компании, увознички на мазут, и изречени се решенија за забрана за работа, забрана за пуштање во промет на мазут и за одземање на лиценците. Вкупните прекршочни казни се во износ од 55.510 евра. Тоа е решено  откако со инспекциските вонредни контроли се утврдени неправилности во делот на законската обврска за чување залихи и правилно...

Објавен јавен повик за ваучери од 12.000 денари за одмор на граѓани со ниски приходи

Министерството за економија денеска го објави јавниот повик за реализација на мерката- организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не надминуваат нето износ од 30.000 денари. Повикот ќе трае до 30 јуни и до овој рок, сите граѓани кои ги исполнуваат условите ќе може да се пријават и да добијат ваучер. За реализација на...

Туристичкиот сектор ќе добие печат „Знак за безбеден туризам“ како потврда за безбедна туристичка дестинација

Крешник Бектеши
Министерството за економија доби овластување за имплементација на „Знак за безбеден туризам“ и протоколи за безбедно патување од Светскиот совет за туризам и патување (WTTC). Со овој безбедносен печат се докажува дека државава е сигурна дестинација за сите туристи кои ќе ја посетат. Ова го посочи министерот за економија Крешник Бектеши на денешната промоција на платформата за имплементација на...

Продолжува увозот на стари возила под Еуро 5 стандардите, Министерството за економија во мај ќе прави анализи

Увозот на половни возила со под Еуро 5 стандард на емисија на издувни гасови ќе продолжи во земјава и во наредните месеци. Од Министерството за економија немаат конкретен датум кога ќе се изменат правилниците со нови технички барања и спецификации за увоз на половни возила од странство, ниту пак имаат определено конкретен рок од кога ќе се забрани увозот...

Бектеши: Мерките на Владата имаат за цел побрзо враќање на туризмот во нормала

Крешник Бектеши
Туризмот е една од најпогодените индустрии од пандемијата на ковид-19 и заедничката цел на Владата и на туристичко-угостителскиот сектор е оваа криза што побрзо да заврши и работењето да се врати во нормала. Ова го порача министерот за економија Крешник Бектеши, на Петтата туристичка берза, организирана од Националната асоцијација за дојдовен туризам-НАИТМ. „РСМ е една од земјите за која туризмот...

Марш за видливост на трансродовите лица утре пред Влада

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ соопшти дека во пресрет на 31 март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, утре со почеток...