fbpx
Таг: министерство за економија

таг: министерство за економија

Возиме крш – просечната старост на автомобилите и автобусите се искачи на 19,5 години [инфографик]

По македонските патишта се вози крш од возила, чија што просечна возраст се зголемува од година во година. Нови загрижувачки податоци објави Државниот завод за статистика (ДЗС) за тоа каква била старосната возраст на возилата на крајот од 2021 година. Неславен рекорд на возниот парк е достигнат кај сите видови возила, но најзагрижувачка е состојбата кај регистрираните автомобили и...

Производството на струја од сонцето не смее да нè остави без храна

Изградбата на соларни полиња и користењето на сончевата енергија за производство на струја е еден од најефикасните начини земјава да ја намали зависноста од увоз на струја. Енергертската криза која нè очекува уште еднаш нè потсети колку земјата заостанува во искористувањето и инвестициите во алтернативните извори на енергија, особено сонцето кое го имаме во изобилие. Најновите олеснувања на постапката...

Владата воведува мерки за штедење струја, за институциите се задолжителни

Државните институции од септември ќе мора да воведат конкретни мерки за заштеда на струја, кои ќе подразберат намалување на сметките за електрична енергија за 15 отсто. За граѓаните и компаниите се предвидени препораки за заштеда на струја, но за државните институции има конкретни задолженија кои ќе мора да се исполнат, за да нема санкции. Министерот за економија Крешник Бектеши на...

Попова Шапка ја чека уште една тмурна зима, нема ниту европски инвеститори ниту нов концесионер

Попова Шапка ја чека уште една тмурна зима со вообичаените проблеми. Ова природно богатство, кое не се одржува соодветно, сè уште нема ниту инвеститор, ниту концесионер. Инвестициите остануваат само изјави на функционери, кои овој туристички центар го користат за фотографирање и нивна промоција, но кога станува збор за преземање одговорност или отчетност, истите креваат раменици и си ја префрлаат...

Руски, азербејџански гас или мазут – на што Скопје ќе се грее претстојнава грејна сезона?

Пазарот на природен гас во Северна Македонија е либерализиран, па затоа трговците на големо самите можат да се договараат од каде ќе набават гас. Вака отприлика би звучел поедноставено одговорот од Министерството за економија на прашањето на Новинската агенција Мета за тоа дали земјата планира увоз на руски гас за претстојната грејна сезона од што зависи загревањето на домовите...

Владата ја замрзна маржата на огревно дрво и пелети за огрев на 10 отсто

На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе Одлука за определување на највисоката трговска маржа како посебен услов во трговијата за огревно дрво од даб, огревно дрво од бука и пелети за огрев. Согласно Одлуката, највисоката трговска маржа за овие производи за сите трговци се утврдува во висина најмногу до 10 отсто, информираат од владината прес-служба. Висината...

Кризата го намали увозот на возила годинава, сè уште нема забрана за увоз на коли со ЕУРО 4 мотори

Енергетската криза со значителните поскапувања на нафтените деривати годинава доведе до намалување на увозот на возила од странство поради намалениот интерес за набавка на возила од граѓаните. Во Македонија во првите шест месеци од годинава биле увезени 10.666 половни автомобили, камиони и автобуси, додека 3.272 од возилата биле увезени како нови. Податоците на Царинската управа на РСМ говорат за забележително...

Бектеши: Енергетски најтешката зима е пред нас, очекувам да нема рестрикции доколку сè оди според планот

Очекуваме тешка зима и затоа Министерството за економија планира во август да прогласи кризна состојба во делот на електричната енергија, најави денеска ресорниот министер Крешник Бектеши на брифинг со новинарите и порача дека нe очекува да има рестрикции доколку сè се одвива според планот. „Планираме да ја ставиме во функција Комисијата согласно Законот за енергетика и во август да прогласиме...

Државата ќе изработува физибилити студија за чистење на арсенот во Лојане и Табановце

Пред да се избере новиот концесионер што би го исчистил арсенот од Лојане и Табановце, Министерството за економија најпрво ќе мора да изработи физибилити студија за оправданост на доделувањето на нова концесија, постапка која е задолжителен чекор во согласност со одредбите од Законот за концесии и јавно-приватно партнерство, велат за Мета.мк од Министерството за економија. „Министерството за економија треба да...

Бектеши: Од вчера сe пониски цените на основните прехранбeни продукти

По донесување на одлуката за повторното замрзнување на маржите на основните прехранбени производи, цените во маркетите веќе од вчера почнаа да се намалуваат, а очекувам дека овој тренд на намалување на цените да продолжи и во наредните денови. Пазарните инспектори се на терен за да утврдат дали трговците ја почитуваат одлуката, изјави министерот за економија Крешник Бектеши во гостувањето...

Од 1 јули домаќинствата ќе можат да произведуваат струја од фотоволтаици и да ги продаваат вишоците

Домаќинствата и компаниите кои произведуваат струја од обновливи извори на енергија од 1 јули ќе можат да ги продаваат вишоците на пазарот. Министерот за економија Крешник Бектеши ги потпиша измените и дополнувањата на Правилникот за обновливи извори на енергија, со кои се предвидува производство на електрична енергија за сопствена потрошувачка. Обврската на универзалниот снабдувач - ЕВН хоум ќе биде да...

Бектеши: Tрговците во туристичките места ќе работат во недела и на празници, двојна дневница за работниците

Министерството за економија веќе предложи до Собранието измени и дополнувања на Законот за трговија со кои се овозможува работа во недела и празници на сите трговци на мало и на големо во туристичките места, утврдени со Законот за туристичка дејност, кажа Министерот за економија Крешник Бектеши при денешната посета на охридско-струшкиот регион. Министерот Бектеши при обиколката на Охридската чаршија каде...

Увезени над 400.000 половни возила, најавената забрана не е на дневен ред [инфографик]

Сè уште не е донесена одлуката за менување на правилниците за увоз на половни возила, со која ќе се забрани увозот на возила со под ЕУРО 5 стандард на емисија на издувни гасови. Ова е одговорот што Мета.мк го доби од Министерството за економија и Владата на РСМ во однос на нашето прашање кога ќе се оствари најавената мерка...

Нема веќе купување пакети зејтин по маркетите, Министерството за економија стави ограничување

Министерството за економија испрати известување до трговците на мало во земјава, со кое им препорачува да не дозволуваат продажба на сончогледово масло за јадење во големи количини, односно купување на зејтин во пакети од граѓаните. „Од 13.04.2022 година на секој поединечен купувач кој ќе купува масло од сончоглед за јадење во трговските објекти, во текот на денот ќе биде ограничена...

Заеднички железнички граничен премин со Србија ќе се гради во Табановце, решение за арсенот нема

Полициските, царинските и фитосанитарните погранични контроли на патничките и товарните возови меѓу Македонија и Србија во иднина ќе треба да се вршат на заеднички железнички граничен премин, којшто е планирано да се гради до железничката станица Табановце. Објектот со површина од 2.500 метри квадратни треба допрва да се гради во земјава, а во него ќе бидат сместени полицајците, цариниците,...

Владата го раскина договорот со турскиот концесионер за експлоатација на арсенот во Лојане

Владата на РСМ на седницата одржана на 8 март ја донела одлуката за едностран раскин на договорот со турската компанија „Калтун Мадденџилик“ за концесијата за експлоатација на арсенот и другите минерални суровини од поранешниот рудник „Лојане“. Владината одлука е објавена во Службен весник на 15 март, а во одлуката се наведува дека влегува на сила еден ден по нејзиното...

Над 40.000 возила биле увезени лани во земјава, над 85 отсто од автомобилите се половни [инфографик]

Бројот на увезени возила од земјава лани драстично се зголемил. Податоците на Царинската управа на РСМ покажуваат дека од јануари до ноември 2021 година во земјава биле увезени вкупно 40.326 возила, вклучувајќи автомобили, автобуси, минибуси и товарни моторни возила. Севкупните информации за целата измината година не се објавени, но постојните бројки покажуваат дека бројот на увезени возила лани е...

Бектеши: Зголемувањето на цените се очекува да се спречи со утврдување на увозни маржи

Крешник Бектеши фото Влада на РСМ
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција изјави дека зголемувањето на цените на основните прехранбени производи се очекува да се спречи со утврдување на увозни маржи за производите на големо и мало. Тој потсети потсети дека замрзнувањето на цените важи до крајот на февруари. „Оваа и следната недела ќе имаме директни средби со сите инволвирани страни, особено со производителите и...

Концесионерот го раскина договорот за експлоатација на арсенот во Лојане

Турската компанија „Калтун Мадденџилик“ доставила до Министерството за економија барање за едностран раскин на договорот за концесија заради немање економски интерес за понатамошно извршување на концесијата, информираат за Мета.мк од Министерството за економија. Концесионерот се повикал на членот 52 од Законот за минерални суровини при поднесувањето на барањето на едностраниот раскин на договорот. Инаку, турскиот концесионер во август 2014 година...

Инспекторатите бараат арсенот во Лојане и Табановце да се огради и да има табли за предупредување

По пишувањата на Мета.мк и Порталб.мк за опасностите од расфрланиот арсен и други отпадни минерални суровини во Лојане и Табановце, Државниот инспекторат за техничка инспекција (ДИТИ) на 4 февруари годинава изврши инспекциски надзор на посочените локации и констатирале дека јаловиштето во кругот на рудникот „Лојане“ и депонијата кај железничката станица во Табановце не се оградени и не се поставени...

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...