Таг: министер за надворешни работи

таг: министер за надворешни работи

Интерпелација: Опозицијата го обвини Димитров за кариеризам

Собранието ја почна расправата за интерпелацијата што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја поднесоа за министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Интепелацијата ја образложи пратеникот Антонио Милошоски, поранешен министер за надворешни работи, кој од собраниската говорница рече дека „единствената идеологија на Димитров е кариеризмот“. - Видете ја неговата биографија и ќе видете дека кариерата му била приоритет без разлика дали на власт бил...

Димитров во Талин: Имам голема приказна во надежен момент за Македонија

Имам голема приказна да им раскажам на министрите од ЕУ во овој надежен момент за Македонија, рече шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, во главниот град на Естонија, Талин. Таму се одржува неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија и на земјите кандидати за членство во ЕУ. Димитров се надева дека преговорите за членство...

Димитров со норвешкиот колега потпиша изјава за партнерство и соработка

Со денешното потпишување во Осло на заедничка изјава за партнерство и соработка меѓу Република Македонија и Кралството Норвешка се отвора ново поглавје во односите со норвешката демократија, соопшти македонското министерство за надворешни работи известувајќи за работната посета на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров на Норвешка, со која тој ја завршува нордиската турнеја. Димитров денеска престојуваше во возвратна посета на...

Самуелсен: Данска ја поддржува Македонија на нејзиниот евро-атлантски пат

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров денеска во Копенхаген добил уверување од својот дански колега, Андерс Самуелсен за поддршка од Данска на реформите што новата македонска влада сака да ги спроведе, соопшти македонското Министерство за надворешни работи. - Ја имате нашата целосна политичка поддршка за претстојната работа на вашата влада во остварувањето на овие стратешки цели - порачал шефот...

Димитров од утре во посета на Данска, Шведска и Финска

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, од утре до четврток ќе престојува во работна посета на Данска, Шведска и Финска. „Во рамките на регионалната турнеја, министерот Димитров на своите нордиски колеги ќе им ги претстави стратешките приоритети на новата реформска Влада, насочени кон враќање на европската и евроатлантската перспектива на Република Македонија и нејзините граѓани. Главниот акцент...

Германија: По години безуспешни преговори, Бугарија и Македонија најдоа решение

„Денеска Бугарија и поранешната југословенска Република Македонија потпишаа историски договор за добрососедство во Скопје. Го поздравувам многу тоа што по многу години безуспешни преговори, се најде консензуално решение на отворените прашања. Со тоа двете држави испраќаат важен сигнал за успешна билатерална, но и регионална соработка на Балканот и за понатамошната евро-атлантска интеграција на ПЈР Македонија“, порача германскиот министер за надворешни...

Нимиц и Коѕиас задутре ќе се сретнат во Брисел

Посредникот Метју Нимиц, специјален пратеник на генералниот секретар на ОН за преговорите за спорот за името меѓу Македонија и Грција, и грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, ќе се сретнат утре во Брисел. Како што извести канцеларијата на Нимиц, средбата е на барање на Грција. Според соопштението од ОН, целта на средбата, која следи по посетата на Нимиц на Македонија,...

Димитров за „То вима“: Нерешавањето на спорот за името ја загрозува регионалната безбедност

„Спорот за името е долгогодишен. Иако во суштина тоа е билатерално прашање, последиците од негово нерешавање, како што се гледа во последно време, може да ја загрозат регионалната стабилност“, вели македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров во интервју за грчкиот весник „То вима“. Тој нагласува дека Република Македонија предолго е оставена во чекалница пред заклучените врати на НАТО и...

Шефот на турската дипломатија Чавушоглу се сретна со претседателот Иванов и со Груевски

Турскиот министер за надворешни работи,  Мевљут Чавушоглу, денеска се сретна со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, како и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. „На средбата беше разговарано за понатамошното продлабочување на билатералните односи и за зголемување на соработката меѓу Република Македонија и Република Турција. Изразувајќи благодарност за цврстата и принципелна поддршка на Република Турција во однос на нашите...

Турскиот министер за надворешни работи, Чавушоглу, во посета на Македонија

Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевљут Чавушоглу, денеска ќе престојува во работна посета на Македонија. Министерството за надворешни работи соопшти дека Чавушоглу ќе се сретне со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров. На средбата се очекува да бидат разменети мислења за билатералните односи и за можностите за унапредување на соработката во повеќе области, со посебен акцент на понатамошното...

Димитров: Нашиот пат е премногу долг, но следува клучен период

Нашиот пат можеби е премногу долг, но следува клучен период. Следува период во кој во Македонија мора да завладее правото. Во Македонија мора да се зајакнат институциите. Македонија мора да ги исполни овие предуслови за конечно да стекнеме полноправно членство во ЕУ и НАТО. Оваа нова Влада на Република Македонија е одлучна да ги спроведе неопходните реформи. Со таква порака...

Новиот шеф на дипломатијата, Димитров, прво ќе ги поправа односите со соседите

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, вечерва по изборот на новата Влада на Република Македонија изјави дека неговите први посети ќе бидат во земјите од регионот, особено во земјите со кои во изминатиот период се затегнаа односите. Тој истакна дека ќе ги посети соседните земји за да го покаже новото лице на Македонија. На прашањето за спорот за името, Димитров истакна дека...

Алфано: Новата влада да ги спроведе клучните реформи

Италијанскиот министер за надворешни работи и меѓународна соработка, Анџелино Алфано, денеска го поздрави доделувањето на мандатот за формирање влада на Зоран Заев и изрази надеж дека новата влада ќе ги спроведе клучните внатрешни реформи, неопходни за продолжување на евроатлантските интеграции. Ја поздравувам одлуката на претседателот на поранешна југословенска Република Македонија, Иванов, да му го додели мандатот за формирање на новата...

Валстром: Новоизбраниот претседател на парламентот во Македонија мора да се почитува

Новоизбраниот претседател на Собранието во Македонија мора да се почитува, порача шведската министерка за надворешни работи, Маргот Валстром. „Претседателот беше избран од страна на парламентарното мнозинство и јас со нетрпение очекувам да соработувам со него. Шведска силно ги осудува шокантните акти на насилство што следеа по неговиот избор во четвртокот. Ова е целосно неприфатливо за една демократија и одговорните лица треба да...

Попоски: Најдобро е кога има политичка влада што може да носи одлуки

„Во овој момент тешко е да се прогнозира кога и во каква форма би формирале влада или дали би се одлучиле за повторни избори. Практиката ни покажа дека најдобро е кога имате влада со политички мандат, која може да носи одлуки и врз основа на кои може да цените колку е успешна“, вели вицепремиерот и министер за надворешни работи,...

Дачиќ е пресметлив националист кој отвора нови фронтови, реагира српската ЛДП

Ивица Дачиќ со своите најнови изјави свесно ги нарушува односите во регионот и повторно предизвикува и провоцира реакции од земјите од соседството, се вели едното од двете соопштенија на српската Либерално-демократска партија, како реакција на интервјуто на шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, во кое тој, меѓу другото, изјави дека Србија направила голема грешка со признавањето на Македонија под уставното...

Коѕиас: Грција чека Македонија да покаже волја за компромис околу спорот за името

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, смета дека во Македонија сè уште не се созреани условите за да може да се прифати компромисно решение за името. Во интервју за весникот „Катимерини“, Коѕиас накратко се задржува на спорот за името, индиректно пренесувајќи порака дека сè уште не се гледа крај на решавањето на дводеценискиот спор, како и дека Грција и понатаму чека...

„Би-би-си“ го провоцира Попоски: Влеговте во политиката за да фрлате солзавец врз деца?

„Вашата земја употреби солзавец на голем број луѓе, меѓу кои и многу деца. Се прашувам дали е тоа она заради кое вие влеговте во политиката“, провокативно го праша министерот за надворешни работи, Никола Попоски, новинарот што го водеше интервјуто за „Би-би-си њузнајт“. - Не е фер да се извади таков заклучок - одговори Попоски. Според шефот на македонската дипломатија, Македонија се обидува...

Попоски за „Катимерини“: Македонија и Грција треба да си дадат шанса

Ниту затворањето на границите, ниту навивањето Грција да излезе од шенген-зоната, но ни користењето на ситуацијата со бегалците за Македонија да поентира за влез во Европската унија (ЕУ) и во НАТО не ѝ оди во прилог на нашата земја. Ова го посочува министерот за надворешни работи, Никола Попоски, во колумна во весникот „Катимерини“ околу бегалската криза и проблематичната ситуација со македонско-грчката...

Станарите од опожарената зграда во Чаир не знаат кога ќе се вратат дома, бараат одговори од надлежните

Пожарот кој вчера ја зафати зградата на ул. „Прохор Пчински“ утрово беше изгаснат, но станарите сè уште немаат одговори во однос на тоа што го предизвикало пожарот, колкава е...