fbpx
Таг: МИМ

таг: МИМ

Утре во ААВМУ ќе се одржи презентација на Мрежата за медиумска писменост

Утре, на 7 јуни 2018 година во 12 часот во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе се одржи состанок и презентација на Мрежата за медиумска писменост http://mediumskapismenost.mk/. На состанокот ќе се претстават трите проекти за медиумска писменост кои ќе ги спроведуваат Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и „Евротинк“, МИМ и МОФ, а кои се финансиски поддржани од Европската...

Атанасова Точи добитник на наградата „Никола Младенов“

Новинарката Менче Атанасова Точи е добитник на првата награда „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија за 2017 година, што денеска ја додели Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Точи е добитник на првата награда за серијалот текстови за домашниот паралелен увоз на лекови, со кои се откри фалсификувањето на лековите и злоупотребите на власта за манипулирање на граѓаните со квалитетот и цената на лековите. Втората...

Новинарските организации реагираа: Заканите кон новинарите се атак врз демократијата

Македонскиот институт за медиуми (МИМ), Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Институтот за комуникациски студии (ИКС) денеска категорично ги осудија упатените закани кон претседателот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) Насер Селмани. Селмани вчера објави дека добил закани по живот од луѓе на ДУИ и дека МВР професионално...

Говорот на омраза го има во законите, но не и во правосудството

Во Македонија постои говор на омраза кој потоа може да доведе и до насилство од омраза, а причините што е често присутен е неговата непрецизна уреденост во законите и речиси никаквата пракса за санкционирање во правосудството. Ова беше еден од заклучоците на дебатата што денеска во Скопје ја организираше „Македонскиот институт за медиуми“, под наслов „Како до ефикасно справување со...

Новинарските здруженија ги изнесоа барањата за итни медиумски реформи

Група новинарски и медиумски организации до Владата поднесоа барање за спроведување системски медиумски реформи, во кое се нагласени приоритетните законски измени и мерки што треба да се спроведат. Од Владата е побарано да почне инклузивен и транспарентен процес на јавна расправа, како за приоритетните така и за другите проблеми чие решавање може да доведе до подобрување на слободата на...

Серафиновиќ и Лупевска-Созен ја освоија првата награда „Никола Младенов“

Миомир Серафиновиќ и Снежана Лупевска-Созен го освоија првото место на годинешниот конкурс на Македонскиот институт за медиуми, за новинарската награда „Никола Младенов“, за најдобра истражувачка сторија. Серафиновиќ и Лупевска-Созен ја добија наградата за сторија објавена во емисијата „Код“ на телевизија „Телма“, за смртта на Коста Крпач, сведок на Специјалното обвинителство и едно од лицата аболирани од претседателот. Втората награда ја доби...

ССНМ, МИМ и ИКС ќе го поддржат утрешниот протест на ЗНМ

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Институтот за комуникациски студии (ИКС) ќе го поддржат утрешниот протестот на Здружението на новинари. На протестот здруженијата ќе бараат да се обезбеди фер и правично судење за Зоран Божиновски. „Правниот систем во Македонија не смее да се користи за политичка одмазда и за пресметка со неистомислениците....

ЗНМ: Со новиот закон за рекламирање, медиумите ќе станат огласна табла на Владата

Министерката за информатичко општество и администрација (МИОА), Марта Арсовска-Томовска, и нејзиниот заменик, Тимчо Муцунски, денеска до Собранието поднеле предлог-закон за владино рекламирање. Предлог-законот предвидува Владата да може да се рекламира во медиумите, но, како што е наведено, само за работи од јавен интерес. Во предлог-законот, исто така, е наведено дека во рекламирањето не смее да се промовираат партиски интереси ниту, пак,...

Новинарските здруженија тврдат дека власта одбегнува разговори за медиумските реформи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и спикерот на Собранието, Трајко Вељаноски, го игнорираат нашето барање за средба, а лидерот на ДУИ, Али Ахмети, нè извести дека немал време да разговара со новинарите за медиумските реформи, информираат од ЗНМ, ССНМ, МИМ, СЕМ и од ИКС. - Со жалење констатираме дека власта одбегнува сериозни разговори за медиумските реформи. Минимум политичка култура наложува...

Новинарските здруженија бараат спроведување на медиумските реформи пред изборите во јуни

Претставници на пет новинарски и медиумски организации, Здружение на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Институтот за комуникациски студии (ИКС) денеска се сретнаа со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и побараа објаснување зошто пропаднаа разговорите за медиумите. Како што се наведува...

Заев: Нема кредибилни избори без реформа во медиумите

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од претставникот на преговарачкиот тим на СДСМ, Роберт Поповски, денеска се сретна со претставници на Здружението на новинари на Македонија, Институтот за комуникациски студии и Високата школа за новинарство, Независниот синдикат на новинари, Советот за етика и на Македонскиот институт за медиуми. На средбата, како што соопштија од СДСМ, било разговарано за неопходните реформи...

СДСМ и ЗНМ во вербална војна околу преговорите за медиумите

Во отворена војна деновиве влегоа Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и опозициската партија СДСМ, откако еснафското здружение сите партии ги стави во ист кош како виновници зашто не се повикани на преговорите кои за медиумите се одвиваат зад затворени врати во Клубот на пратениците во Скопје. На барањето на ЗНМ, Синдикатот на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Македонскиот...

ЗНМ, ССНМ и МИМ денеска на протест пред Клуб на пратеници

Денеска во 11 часот, пред Клубот на пратеници, Здружението на новинари (ЗНМ), Синдикатот на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ) ќе протестираат поради тоа што не се вклучени во преговорите на четирите најголеми политички партии за реформи што треба да се случат во медиумите како последица на Договорот од Пржино. Во 12 часот, пак, треба...

ЕУ организира тркалезна маса за справување со говорот на омраза и дискриминација

„Справување со говорот на омраза и со дискриминацијата - влијанието на уредниците и предизвиците со кои се соочуваат“ е темата на тркалезната маса што денеска ја организираат  ЕУ, МИМ и Советот за етика. Тркалезната маса е дел од проектот „Медиумска опсерваторија на Југоисточна Европа“ , финансиран од Европската Унија.

Новинарот Љубиша Арсиќ ја доби наградата „Никола Младенов“

Прва награда за истражувачка награда „Никола Младенов“, која ја доделува Македонскиот институт за медиуми, ја доби новинарот на „Фокус“, Љубиша Арсиќ, за серијалот текстови за исчезнатите АФИ-системи. Тој на колегите новинари им порача дека треба да продолжат да истражуваат и да пишуваат. Арсиќ рече дека го радува тоа што странските фондови почнале да даваат повеќе пари за новинари-истражувачи и...

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Лицето кое ја уби 46-годишната Танкица Маладеновска во Кочани на 25 септември доби доживотна затворска казна, соопшти Јавното обвинителство. Основниот суд во Кочани донесе пресуда за злосторникот за кривичното дело...