fbpx
Таг: мила царовска

таг: мила царовска

Заев: Договорот со Бугарија е директна одговорност на Собранието

Премиерот Зоран Заев од Штип им порача на граѓаните дека договорот за добрососедство со Бугарија отвора сериозна перспектива, а тој, како упатен политичар, „нема да дозоволи влакно да ѝ недостига на Македонија“. Заев одговори на прозивките за тајноста на расправата за овој договор и објасни дека договорот ќе се смета за склучен откако ќе биде ратификуван во Собранието. - Нешто што не е...

Царовска: Ако сте загубиле социјална помош поради брз трансфер на пари, конкурирајте пак

Корисниците на социјална парична помош што го загубиле правото поради пари добиени по брз трансфер во текот на претходната власт, да се обратат до центрите за социјална работа во градовите низ Македонија и повторно да побараат социјална парична помош, порача министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска. Таа појасни дека во целата земја има 910 такви случаи. – И...

Царовска на нова рунда разговори со стечајците од Куманово

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска одржала средба во Куманово со стечајните работници, на која се дискутирало за решенијата за нивниот статус. Тие би требало да станат дел од pредлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, познат како Закон за стечајци. Како...

Почнаа преговорите за зголемување на минималната плата

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, заменик-министерката за финансии, Ширете Елези, и економскиот тим во Министерството за финансии денеска со претседателите на синдикатите почнаа разговори за зголемување на минималната плата. Како што соопштија од Министерството за финансии, владините претставници на синдикатите им го презентирале планот за зголемување на минималната плата и им соопштиле...

Околу 445.000 граѓани имаат проблем да обезбедат храна и се на еден оброк дневно

Oколу 445.000 граѓани имат проблем да обезбедат храна и во просек имаат по еден оброк во денот. Во исто време, се фрла помеѓу 4.500 и 6.500 тони храна, во вредност помеѓу 8 милиони и 11,6 милиони евра, која има потенцијал да нахрани околу 13.000 граѓани со три оброка дневно. Оваа анализа ја презентирале неколку граѓански здруженија на состанокот во Министерството...

Лицата со попреченост кампуваат пред Собрание, Царовска им вети подобри услови

Родителите и децата со посебни потреби од денеска во наредните три дена со шатори ќе спијат во паркот Жена борец спроти Собранието, од каде што повторно ќе испратат апел да се слушнат нивните барања кои се однесуваат на законските измени за социјална заштита, за здравствено осигурување и во образованието. Претставници на иницијативата „Пет до дванаесет“ денеска се сретнаа со министерката...

Царовска: Пензиите ќе се усогласуваат двапати годишно, социјалната помош ќе се зголеми

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, на средба во општинската организација на СДСМ во Центар, порача дека СДСМ како чинител на власта ќе најде начин да ги направи пензиите одржливи, како и двапати годишно тие да се усогласуваат со трошоците за живот. Според Царовска, во план е социјалната помош да се зголеми, но тоа ќе се случи следната...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги пропушти шансите да ја унапреди социјалната грижа

СДСМ имаше неколку шанси да реализира проекти за граѓаните од областа на социјалата, вклучително и кога Фросина Ременски беше министер за труд и социјала, но, за жал, тие само водеа гола политика и не спроведоа ниту еден проект, порача ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната прес-конференција на  Мила Царовска, претседателка на комисијата за труд и социјална политика на СДСМ. „Ваквите ветувања...

Царовска: Новата влада на СДСМ ќе воведе семеен социјален работник

Новата влада на СДСМ планира да го измени Законот за социјална заштита и да воведе семеен социјален работник, кој ќе помага на сите граѓани кои имаат одреден проблем што не можат самостојно да го решат, како различни партнерски односи, конфликти и комуникација со деца, развојни проблеми кај децата, недоразбирања со семејствата и заедницата, порача денеска Мила Царовска, претседателка на...

Царовска: На овој првомајски протест конечно граѓаните стануваат за своите права

„Работниците во Македонија ќе имаат повисоки плати и ќе бидат заштитени. Не дозволивме насилното сценарио во парламентот да ги спречи демократските процеси и затоа одиме во реализација на промена која ќе донесе квалитетен живот во Македонија“, порача денеска Мила Царовска, претседателка на комисијата за труд и социјална политика на СДСМ, пред големиот првомајски протест пред зградата „Ибни Пајко“. Царовска вети...

СДСМ во меѓународна „офанзива“

Претседателката на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ, Мила Царовска Потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски и пратеникот Љупчо Николовски остварија повеќе средби со битни фигури во политичкиот живот на Шведска и Хрватска, меѓу кои и со премиерот на Шведска, Стефан Лефвен, министерката за надворешни работи на Шведска, Маргот Волстром, како и со европратеникот Кнут Флекенштајн, потпретседател на Групата...

Со една партија, ниту има избор, ниту ќе има избори на 5 јуни, порачаа демонстрантите

Еднопартиски избори не може да има, Собранието веднаш да се собере и да ја повлече одлуката за нивно одржување на 5 јуни, порачаа демонстрантите на вечерашниот протест на „Шарена револуција“. Според нив, преку изборите власта сака да ја легализира диктатурата. Демонстрантите го обоија Собранието, а на улицата пред него со големи букви испишаа „Не можете да ја избришете Шарената револуција 2016“. https://twitter.com/meta_agency/status/732267169019527174 Претседателката...

Царовска: Во 21 век работниците повторно ги враќаат своите права

Граѓаните во најголем дел имаат проблем да најдат работа. Но, и тие што имаат работа, се соочуваат со исклучително тешки услови за работа. Особено на удар во Штип се текстилните работнички, кои се максимално експлоатирани и работат прекувремено за многу ниски плати. Ова денеска беше истакнато на трибината организирана од форумот на жени на општинската организација на СДСМ од Штип, на која се разговараше...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...