fbpx
Таг: мила царовска

таг: мила царовска

Сојузот на средношколци ја поздрави одлуката за отворање на училиштата и настава со физичко присуство

Сојузот на средношколците денеска одржа состанок со министерката за образование и наука Мила Царовска, на кој ја поздравија одлуката на Владата за започнување на новата учебна година со физичко присуство. Тие го споделија заедничкиот став со министерството дека отворањето на училиштата под здравствени протоколи е најдобра опција за сите ученици. „Задоволни сме од донесената одлука, бидејќи ние и минатата учебна...

Потребна ни е асистивна технологија, велат родители на деца со атипичен развој

Преблагодарни сме за овој чекор што го прави Министерството за образование и наука (МОН), за вклучувањето на образовни асистенти во редовната настава. Со ова четири страни ќе имаат голем бенефит, ние родителите, децата, наставниците и самите асистенти. Ние родителите нема да имаме стрес кој го имаме секоја година во наоѓање на асистент, па затоа и ги охрабрувам сите што...

МОН: Формирани 97 паралелки за дуално образование во 46 средни училишта

Во соработка со општините и компаниите, досега на ниво на државава се оформија 97 паралелки во 46 средни училишта, кои заедно со над 200 компании од есенва ќе спроведуваат концепт на дуално образование, а компаниите беа наведени во конкурсот за запишување во средните училишта. Министерството за образование и наука (МОН) реализираше целосно нова политика на стипендирање за новата учебна...

Царовска: Преку градење пријателства, младите го придвижуваат Западен Балкан кон европското семејство

Поврзувањето на младите од регионот создава синергија која го забрзува процесот на интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Затоа, институциите треба да им помогнат на младите што повеќе меѓусебно да комуницираат, да воспоставуваат пријателства, да градат партнерства и да разменуваат позитивни практики и искуства, бидејќи тоа значи придонес за јакнењето на регионот и негова поголема конкурентност во...

МОН се подготвува учениците од септември да се вратат во клупите ако не се влоши состојбата со ковид-19

Министерството за образование и наука (МОН) подготви три сценарија за почеток на новата учебна година од 1 септември, кои заедно со протоколите денеска беа презентирани на Главниот координативен кризен штаб, информираат од МОН. „Министерството за образование и наука е подготвено за спроведување на сите три сценарија, но очекуваме да почнеме со првото сценарио. Сите во Владата сме согласни дека најдобро...

Со стипендијата „Борис Трајковски“, младите добиваат шанса за студирање на „Сити Колеџот“ во Солун

Претседателот Стево Пендаровски, министерката за образование и наука, Мила Царовска и претседателот на Сити Колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, Јанис Верверидис, денеска потпишаа протокол за соработка за доделување стипендии „Борис Трајковски” за академската 2021/2022 година, соопштија од претседателскиот кабинет. Протоколот предвидува соработка за следната академска година, со цел да се обезбедат дваесет стипендии за Пан-европската Извршна МБА програма,...

Успешно заврши необичната учебна година, одржана во вонредни околности и проследена со протести

Онлајн настава
Како што почна, така и заврши – наместо училишно ѕвоно, крајот на учебната 2020/2021 година го огласи затворањето на дигиталниот прозорец од платформата преку која учениците следеа настава. Изминативе девет месеци и за учениците и за наставниците беа особено необични, зашто за првпат во нивните животи, целата учебна година ја поминаа дома пред екраните на своите лаптопи или компјутери. Откако нејзиниот...

Повеќе од 15.000 ученици денеска полагаат државна матура

Денеска започнува полагањето на државната матура за учебната 2020/2021 година, а тоа е процес кој значи формализација на средното образование и стекнување на услов за упис на високообразовните установи во земјата, но и надвор од неа, велат од Министерство за образование и наука. Од таму додаваат дека од страна на надлежните институции на системот, координирани од Министерството за образование и...

Сè е подготвено за спроведување на државната матура, на 5 јуни ќе се одржи првото полагање

На 5 јуни започнува полагањето на државната матура за над 15 илјади матуранти. Учениците од завршната четврта година во средното образование ќе го полагаат првиот екстерен испит по предметот мајчин јазик, како еден од четирите - два екстерни и два интерни предмети во рамки на концептот за полагање матура годинава, договорен помеѓу надлежните институции и претставниците на средношколците организации,...

Царовска: Договорена е соработка за средно стручно образование со училишта од Истанбул

Министерката за образование и наука Мила Царовска и другите претставници на делегацијата како дел од официјалната посета на Турција денеска посетија неколку средни стручни училишта во Истанбул, како и природно математичката гимназија која е една од најдобрите училишта во државата. При посетата, договорена е соработка во делот на јакнење на средното стручно образование преку обука на наставен кадар, размена на...

Царовска вели протестот е уставно загарантирано право, но промените во образованието мора итно да почнат

По најавените протести на граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ и најавениот марш во Скопје за в сабота, министерката за образование и наука Мила Царовска денеска рече дека протестите и иницијативата за референдум за образовните реформи се уставно загарантирано право. Сепак, таа додаде дека реформата ќе продолжи со цел во фокусот на образованието да се стави ученикот...

МОН: Целта на реформите е да се обезбеди образование по светски стандарди

По најавите за протести низ земјава кои дојдоа од граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“, од Министерството за образование и наука (МОН) одговорија дека јавно и транспарентно одговориле на барањата кои оваа група ги доставила минатата недела како услови за повлекување од намерата за поттикнување на учениците да ја бојкотираат наставата. Од МОН преку соопштение за јавност...

Со нови дуални паралелки во Велес, ќе се обезбедува стручен кадар

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска како дел од отворените денови на кампањата „Учи паметно, работи стручни“ ги посети двете средни стручни училишта „Коле Неделковски“ и „Димитрија Чуповски“ во Велес, каде од септември се отвораат нови паралелки со струки барани од компаниите, информираат од Министерството за образование и наука. На штандови поставени во училишните дворови полуматурантите имаа можност...

Царовска: Образованието е клучен столб во градењето на општество кое се темели на граѓанските вредности

Образованието е клучен столб во градењето на општество кое се темели на граѓанските вредности. Новата Концепција за основно образование која ќе се имплементира во следните 5-6 години за првпат ги поставува инклузивноста, родовата рамноправност и интеркултурноста како клучни принципи кои директно се поврзани со Националните стандарди за образование. На овој начин го јакнеме мултикултурализмот, почитувањето на различностите и создавањето...

Искуствата на младите во фокус на форумот „Од локална стратегија до локална младинска акција“

Денеска се одржа младински форум на тема „Од локална стратегија до локална младинска акција“ во организација на Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) во соработка со Младински образовен форум (МОФ). На форумот, учениците ги споделија своите искуства од реализацијата на младински акции и како преку овие акции се стекнале со многу нови пријателства и научиле нови работи за волонтерството...

Сојузот на средношколци: Не сме против дигитализација на учебници, но тоа не смее да биде постулат туку алтернатива

Не сме против дигитализацијата, но тоа е тежок процес за нашата земја што го увидовме во текот на пандемијата за време на онлајн наставата, рече на денешната прес-конференциј, претседателот на Сојузот на средношколци, Бленди Ходаи, кој се обрати по повод најавите за дигитализација на образованието и воведување дигитални учебници во основно образование. „Голем од учениците немаат пристап до дигитална опрема....

Царовска: Дигитализацијата на учебниците не е тренд, туку реална потреба на учениците

Целата реформа на образованието е фокусирана на потребите на учениците. Најавените промени носат предизвици и за родителите и за наставниците, што е вообичаено кога се случуваат реформи, рече министерката  за образование и наука Мила Царовска одговарајќи на новинарски прашања, информираат од Министерството за образование и наука. „Учениците на таа возраст имаат потреба од современи алатки, кои за период од 20...

Денеска започна обуката на наставниот кадар за примена на новите наставни програми

Денеска започна обуката наменета за 44-те обучувачи на наставници за основните принципи на новата Концепција за основно образование и начинот на примена на новите наставни програми за прво и четврто одделение, чија цел е наставниците да влезат подготвени во новата учебна година согласно предвидените програми. „Од она што можев да го видам од наставниците кои треба да се обучувачи на...

Со обука на професорите од земјава, денеска рестартирана GLOBE – Програмата за животна средина и едукација

Денеска се одржува првата заедничка Глоуб обука за професорите од С.Македонија, Хрватска и Словенија и воедно се одбележува рестартирањето на „GLOBE Програмата за животна средина и едукација“ во С.Македонија. Целта на оваа работилница е нововклучените професори да се обучат за спроведување на активностите на програмата, а професорите кои имаат искуство да се запознаат со новите протоколи со што ќе се...

Царовска ги повика средните училишта да ги исполнат договорените активности за државната матура

Од Министерството за образование и наука (МОН) информираат дека средните училишта постапуваат согласно заедничкото решение на Владата и Сојузот на средношколци за спроведувањето на завршниот испит за државната матура. „Најголем дел од училиштата веќе ги објавиле интерните испити. Уште еднаш повикав да се исполнат сите договорени елементи од матурата, затоа што тоа е во интерес на нашите ученици“, вели министерката за образование и...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...