понеделник, 8 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: мигрантска криза | 156 резултати

Попоски: Тензиите кај Идомени да не влијаат на дијалогот за градење доверба со Грција

април 21, 2016

Шефовите на дипломатиите на Македонија, Грција, Албанија и на Бугарија денеска во Солун разговараат за зајакнување на меѓуграничната соработка за бегалската криза. На средбата учествува македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, и делегација од македонското Министерство за внатрешни работи, кои ќе дискутираат за надминување на предизвиците од бегалското прашање, спречување на нелегалниот шверц на […]

Ципрас: Инцидентите на Идомени се голем срам за Македонија и за Европа

април 11, 2016

Голем срам и за Европа и за Македонија се вчерашните инциденти на Идомени, според грчкиот премиер Алексис Ципрас. Ципрас остро ја критикуваше Македонија што нападнала невооружени бегалци, кои, според него, воопшто не претставувале опасност за државата и ги осуди насилните инциденти во кампот кај Идомени. Тој истакна дека вчерашните инциденти поставуваат два нови предизвици за грчката влада. […]

Грција испрати протестна нота до Македонија за инцидентите на границата

април 10, 2016

Грција испрати протестна нота до Македонија, осудувајќи ги насилните инциденти со бегалците на границата. Според соопштението од грчкото министерство за надворешни работи, грчкиот амбасадор во Македонија, Теохарис Лалакос, до македонските власти упатил два демарша поради ситуацијата на Идомени. Лалакос истакнал дека употребата на насилство не помага да се реши проблемот со бегалците и оди против меѓународното […]

Кирицис: Насилството врз бегалците е за осуда

април 10, 2016

Портпаролот на координативното тело за справување со бегалската криза, Јоргос Кирицис, остро реагираше на инцидентите на Идомени. Кирицис испрати порака до македонските власти да се воздржат од употреба на сила со бегалците, а апелираше и до бегалците да не веруваат во лажните информации за отворање на границата и на повиците за протести. „Употребата на солзавец, […]

Полицијата запре неколку обиди за шверц на мигранти

април 10, 2016

Во текот на вчерашниот ден, полицијата во три одделни случаи кај Демир Капија открила вкупно 21 илегален мигрант од Пакистан и од Ирак. Полициски службеници од Неготино вчера, околу 1.30 часот, во близина Демир Капија, забележале две патнички возила во кои се превезувале илегални мигранти. Едното патничко возило, „пежо 206“ со бугарски национални ознаки, било управувано […]

Солзавец и протести на македонско-грчката граница

април 10, 2016

Македонската полиција фрли солзавец за да ја расчисти групата бегалци што протестираа на оградата кај Идомени. Грчките медиуми јавуваат дека дел од бегалците се онесвестени и имаат проблеми со дишење поради инцидентите. Бегалците од изутринава повторно протестираат на оградата со барање да се отвори границата. Во кампот вчера се проширил леток на арапски јазик, преку кој бегалците се […]

Попоски: Македонија демонстрираше капацитет за справување со мигрантската криза

април 5, 2016

И покрај сите предизвици, Македонија успешно се справува со мигрантската криза и има активен придонес кон заедничките напори на Европската Унија (ЕУ) за намалување на нелегалниот прилив на бегалци, истакнал министерот за надворешни работи, Никола Попоски, на панел-дискусијата на тема „Дали Европа има потреба од нов пристап кон миграцијата“, што се одржа во „Чатам хаус“ во Лондон. […]

Чешка донира 740.000 евра за возила на македонската гранична полиција

март 31, 2016

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и амбасадорот на Чешката Република во земјава, Мирослав Рамеш денеска го потпишаа договорот за донација од 740.000 евра за набавка на 25 теренски возила за македонската гранична полиција. Ова е трета донација на Чешката Република за земјава, во рамките на мерките за справување со мигрантската криза. Претходните две донации […]

Софија: Борисов и Иванов договорија заеднички безбедносни операции на границата

март 17, 2016

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, и македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, во телефонски разговор договориле во наредните денови да бидат спроведени заеднички македонско-бугарски копнени и воздушни операции за заштита и за контрола на заедничката граница од илегални премини на мигрантите, стои во соопштение објавено на интернет-страницата на бугарската влада. Како што се појаснува во соопштението, Иванов и Борисов […]

Иванов побарал од своите колеги да ѝ кажат на Грција да не ни носи мигранти

март 17, 2016

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, вчера и денеска телефонски разговарал со повеќе претседатели и со премиери од земјите членки на Европската Унија и од земјите од балканскиот коридор за мигрантската криза и за инцидентот што се случи на 14 март, кога околу 1.500 мигранти од Грција илегално влегоа на македонската територија, кај гевгелиското село Моин. […]

Столтенберг: НАТО распореди пет бродови во Егејско Море поради мигрантската криза

март 10, 2016

Северноатлантската алијанса (НАТО) во моментов има распоредено пет бродови кои учествуваат во мисијата во Егејско Море чија цел е да се спречи шверцот на мигранти од Турција во Грција, соопшти денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. На заедничка прес-конференција со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, Столтенберг изјави дека НАТО ќе продолжи со разместување на […]

Јужната граница де јуре отворена, де факто запечатена

март 10, 2016

Управувачкиот комитет за справување со мигрантската криза доцна синоќа одржал состанок по повод новите околности и мерки воведени од земјите на балканската рута, на кој, како што потврдуваат за „Мета“ од Центарот за управување со кризи (ЦУК) и од Министерството за внатрешни работи (МВР), не биле донесени нови мерки, туку биле утврдени претходните заклучоци, односно […]

Хрватска почнала постапка за враќање мигранти во Грција

март 9, 2016

Министерот за внатрешни работи на Хрватска, Влахо Орепиќ, денеска изјавил дека во моментов во бегалскиот камп во Славонски Брод се наоѓаат 408 лица и дека во тек е постапка за нивно враќање во Грција, јавуваат медиумите. Орепиќ, на заедничката прес-конференција со хрватскиот премиер Тихомир Орешковиќ, по повод построгите правила за пропуштање мигранти и бегалци, рекол […]

Лоренс Оер: Специјалното обвинителство треба да работи ослободено од притисоци

март 9, 2016

Специјалното јавно обвинителство е институција основана со закон и треба да може да работи ослободена од притисоци во рамките на судскиот систем, вели француската амбасадорка во земјава, Лоренс Оер, во интервју за „Гласот на Америка на македонски јазик“. – Граѓаните треба да имаат доверба во правдата, што претставува основен столб на демократијата. Ниту еден демократски […]

Јужната граница затворена, Управувачкиот комитет попладнево ќе одлучува што понатаму

март 9, 2016

Управувачкиот комитет за справување со мигрантската криза денеска, по 18 часот, според најавите, треба да одржи состанок на кој ќе ја утврди новата политика на земјава околу пропуштањето на бегалците, по самитот во Брисел и по утврдувањето на новите мерки за затворање на границите за најголем дел од барателите на азил, што од вчера ги воведе […]

Вчера издадени потврди на 132 мигранти

март 8, 2016

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 132 мигранти. Од нив, според државјанството, 126 лица се со потекло од Сирија, а шест се ирачки државјани. Според МВР, од мигрантите на кои вчера им биле издадени потврди, 34 се мажи, 33 жени, а 65 се […]

Македонија ќе добие јапонски грант за справување со мигрантската криза

март 8, 2016

Јапонија ќе ѝ даде грант на Македонија во вредност од 302.020 евра, а ќе се финансират пет проекти за помош во справувањето со мигрантската криза и за санирање на штетите од минатогодишните поплави. Предвидени се и 65.714 евра помош во управувањето со отпадот во Табановце, каде што е сместен транзитниот камп за бегалци кои ја […]

Вчера издадени потврди на 375 мигранти

март 7, 2016

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 375 мигранти. Од нив, според државјанството, 334 лица се со потекло од Сирија, а 41 се ирачки државјани. Според МВР, од мигрантите на кои вчера им биле издадени потврди, 115 се мажи, 91 жена, 168 деца […]

Повеќе од 1.000 мигранти заглавени на Табановце, сите очи вперени кон самитот во Брисел

март 7, 2016

Повеќе од 1.000 мигранти од Сирија и од Ирак во моментов се заглавени кај Табановце, на македонско-српската граница, бидејќи српските власти одбиваат да ги пропуштат и да им дозволат транзит понатаму по балканската рута, велат за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи (МВР). Во меѓувреме на јужната граница, според информации од грчка страна, воведени се дополнителни […]

Хојт Ји денеска ќе се сретне со техничкиот премиер, Емил Димитриев

март 4, 2016

Заменикот помошник на државниот секретар за европски и за евроазиски прашања на САД, Брајан Хојт Ји, кој е во посета на земјава, денеска ќе се сретне со техничкиот премиер, Емил Димитриев, и со дел од политичките лидери. Вчера, Хојт Ји оствари средби со претседателот на државата, Ѓорге Иванов, со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, на ДУИ и […]

Страна 3 од 8