fbpx
Таг: методологија

таг: методологија

ДИК ќе проверува 110.440 спорни гласачи, повеќе од 62.000 чекаат дополнителни проверки

Државната изборна комисија (ДИК) синоќа одлучи да се изврши теренска проверка за 110.440 спорни гласачи. Дополнителна административна проверка ќе се направи на 62.837 лица, а потоа, ако има потреба, и оваа група гласачи теренски ќе се проверува. Административно ќе се проверат податоците и за 35.859 избирачи кои, најверојатно, се починати, а за 7.345 дополнително ќе се одлучи што понатаму. За 124.027 гласачи...

ДИК вечерва во уште еден обид да ја откочи теренската проверка

Попладнево во 18 часот, Државната изборна комисија (ДИК) ќе ја одржи 22. седница, која е отворена за јавноста. На седницата треба да биде разгледан и усвоен извештајот од вкрстените проверки на избирачкиот список. Поради потреба од дополнителни консултации околу тоа како и во колкав обем да се извршат теренските проверки на сомнителните гласачи во избирачкиот список, седницата на Државната изборна комисија,...

ВМРО-ДПМНЕ: ДИК нека ги проверува сите, само побргу да се заврши работата

„СДСМ со месеци претставува лажна слика во јавноста дека имало огромен број на таканаречени фантомски гласачи, еднаш велеа 30.000, другпат 100.000, за да стигнат и до половина милион. Бројот често го менуваа како дел од нивната пропаганда и алиби за одложување на изборите. Фантомски гласачи ниту имало ниту, пак, ќе има, но сега дојде време да се расчистат работите“,...

ДИК во застој, теренската проверка никако да почне

Поради потреба од дополнителни консултации околу тоа како и во колкав обем да се извршат теренските проверки на сомнителните гласачи во избирачкиот список, седницата на Државната изборна комисија, синоќа, повторно беше одложена. - На Државната изборна комисија ѝ е потребно дополнително време за консултации во врска со усвојувањето на Извештајот од вкрстените проверки - изјави советничката во комисијата, Љупка Гугучевска. Таа...

Имаме 1,8 милиони гласачи на 2 милиони жители, 20.000 повеќе од 2014 година

Бројот на гласачи од парламентарните избори во 2014 година до декември минатата година се зголемил за речиси 20.000 граѓани. Ако во 2014 година имало 1.780.000 гласачи, сега тој број, според информации од ДИК од последното ажурирање на списокот во декември минатата година е 1.800.011. Според процената на населението направена од Државниот завод за статистика (состојба од 30 јуни 2014 година), во Република Македонија има 2.067.471...

ДИК ја усвои методологијата за прочистување на избирачкиот список

Државната изборна комисија синоќа го усвои правилникот за методологија за целосен пристап, вршење промени и бришење на податоци во избирачкиот список. Одлуката на ДИК доаѓа по добиената писмена согласност од четирите политички партии, потписнички на Договорот од Пржино. Од ДИК соопштија дека на седницата е усвоена и постапката за спроведување теренска проверка за ажурирање на избирачкиот список, како и правилникот...

Заев: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ имаат намера да избегаат од фер и демократски избори

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по денешната средба со лидерите на Националната демократска преродба (НДК), Весел Мемеди и претседателот на Движењето за реформи - ДПА, Зијадин Села, рече дека имаат заеднички став дека на 24 април нема да има избори. Заев рече дека без прочистен избирачки список и регулирани медиуми, избори не можат да се одржат. - Се надеваме дека овие услови...

Партиите се договорија околу избирачкиот список, вечерва седница на ДИК?

Сите политички партии до Државната изборна комисија ги доставиле методологиите за прочистувањето на избирачкиот список, што значи дека опозицијата ја прифатила методологијата за прочистување предложена од ДИК. Откако ДИК официјално ќе ја усвои методологијата, ќе може да ја почне процедурата за прочистување на избирачкиот список. Како што дознава „Мета“, седница за усвојување на методологијата ДИК може да одржи уште вечерва. Според оваа...

СДСМ на работните групи денеска треба да им достави предлог-закон за медиуми

Работните групи на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино, денеска нема да одржат средба. Како што дознаваме, денеска СДСМ треба до другите политички партии да достави предлог-закон за медиуми. Предлог-законот што го подготвува СДСМ треба да ги содржи предлозите и забелешките што белгискиот олеснувач Питер Ванхауте ги презентираше кон средината на декември. Според нашите информации, нема поместување во преговарачките позиции на партиите...

СДСМ ќе ги повлече забелешките за ДИК ако ВМРО-ДПМНЕ ги прифати предлозите на странците за медиумите

Ние ќе ги повлечеме забелешките што ги имаме за методологијата за прочистување на избирачкиот список ако ВМРО-ДПМНЕ се согласи да ги прифати предлозите на меѓународната заедница за реформи во медиумите, изјави Дамјан Манчевски од СДСМ. - Ако и ова не е прифатливо за ВМРО-ДПМНЕ, тогаш тие навистина не сакаат да се одржат фер и демократски избори - вели Манчевски. Тој појасни дека предлозите...

Заев: ДИК ќе го каже датумот за избори

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретнал со амбасадорот на Кина во Македонија, Зеншун Вен. На средбата се разговарало за актуелната политичка ситуација во Македонија и за продлабочување на односите на Македонија со Кина. - Сите политички субјекти во Македонија и претставниците на меѓународната заедница се свесни дека се пробиени законските рокови за клучни обврски од Договорот во Пржино, прочистувањето...

ДИК најави прочистување на избирачкиот список, ама не даде рок

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) на вчерашната седница усвоиле одлука при вкрстеното споредување на податоци за прочистување на избирачкиот список да се користат базите на 13 институции. Меѓу нив се Фондот за здравствено осигурување, ПИОМ, Управата за јавни приходи (УЈП), Народна банка, Агенцијата за катастар, Министерството за труд и социјална политика и други. Сепак, според членови на оваа институција,...

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ја прифатија методологијата на ДИК

ВМРО-ДПМНЕ ги повлекува сите амандмани и забелешки на методологијата за прочистување на избирачкиот список и ја прифаќа во целост онака како што Државната изборна комисија ја подготвила, соопштија од владејачката партија. „ДИК има законска надлежност, капацитет и целосна поддршка од државните институции да го прочисти Избирачкиот список и да ги преземе сите неопходни активности за спроведување фер и демократски избори. ВМРО-ДПМНЕ...

Денеска работните групи ќе разговараат за избирачкиот список

Денеска, во 16.30 часот, во Клубот на пратеници работните групи ќе одржат средба со белгискиот олеснувач Питер Ванхауте. На средбата ќе се разговара за прочистувањето на избирачкиот список. До почнувањето на средбата, партиите ќе треба да ги достават своите мислења и коментари за методологиите изработени од Државната изборна комисија. И на вчерашната средба, работните групи разговараа за прочистувањето на избиртачкиот список, а...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...