fbpx
Таг: Метју Нимиц

таг: Метју Нимиц

Заев: Нацрт-спогодбата со Грција содржи само технички аспекти, за деталите ќе разговараме

Премиерот Зоран Заев, за посетата на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас изјави дека ваквите билатерални средби може да бидат само од помош на преговарачкиот процес кој се води под водство на ОН со Метју Нимиц. Тој додаде дека средбата е возвратна на посетата на нашиот министер Никола Димитров кој ја направи летово во Солун. - Оваа средба е...

Коѕиас в четврток слетува на „Скопје“

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас в четврток ќе пристигне во официјална дводневна посета на Македонија, извести македонското Министерство за надворешни работи. Посетата на Коѕиас в четврток ќе почне со неговото слетување на меѓународниот аеродром „Скопје“, само повеќе од месец откако со одлука на македонската влада името на овој аеродром беше сменето од „Александар Велики“ во „Скопје“. На 30 март,...

Заев: Има приближување во три, од седумте точки во преговорите за името

Од првичните седум појдовни позиции во преговарачкиот процес за решавање на спорот за името, приближување во ставовите има во три од нив, изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања за време на денешната посета на Неготино. Тој рече дека со вчерашната средба на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас, на која присуствуваше...

МНР за средбата во Виена: Продолжуваат напорите за наоѓање решение

Министрите за надворешни работи се согласија да ги продолжат напорите под покровителство на ОН, соопшти македонското Министерство за надворешни работи, известувајќи за денешната средба на личниот пратеник на Генералниот секретар на ОН, Метју Нимиц со министрите за надворешни работи на  Македонија и Грција. Средбата се одржа во канцеларијата на ОН во Виена. „По конструктивната средба која е дел од напорите за...

Димитров и Коѕиас вечерва ќе разговараат во Виена, утре зедничка средба со Нимиц

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, вечерва, во Виена, ќе има средба со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, информираа попладневно од Министерството за надворешни работи. Димитров и Коѕиас утре ќе имаат заедничка средба со личниот пратеник на Генералниот секретар на ОН, Метју Нимиц. Димитров и Коѕиас ќе се сретнат и на 15 и 16 февруари...

Груби се сретнал со Нимиц во Њујорк, му рекол дека ДУИ сака достоинствено решение

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, денеска во Њујорк имал работен ручек со посредникот на Обединетите Нации за спорот со името, Метју Нимиц, соопшти кабинетот на собраниската Комисија за европски прашања. На средбата Груби му ги пренел впечатоците од претходните средби во Вашингтон, а разговарале и за процесот за спорот за името. „Ставовите на двајцата премиери вродуваат оптимизам дека решението е...

Коѕиас: Нимиц не е надлежен да говори која е политиката на Атина и да ја опишува погрешно

Јасно и строго му потенцирав дека, не е надлежен да говори која е политиката на Атина, ниту да ја опишува и тоа на погрешен начин, соопштил министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас што му порачал на медијаторот Метју Нимиц, јавува Македонската информативна агенција (МИА). Коѕиас преку соопштение информирал дека, имал долг разговор со личниот претставник на Генералниот секретар на Обединетите...

Изјавите на Димитров не помагаат, вели портпаролот на грчката влада

Изјавите на Димитров не помагаат, изјавил портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос за грчката државна телевизија „ЕРТ“, коментирајќи ги ставовите што вчера ги изнесе шефот на македонската дипломатија по средбата со медијаторот на Обединетите нации во спорот за името, Метју Нимиц, пренесува МИА. - Изјавите на господинот Димитров, за време на преговорите, не помагаат, бидејќи тој знае многу добро, а...

Нимиц: Секогаш добивам добри совети од лидерот на ДУИ

Медијаторот на Обединетите нации во спорот за името, Метју Нимиц ја оцени како конструктивна средбата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, од кого, како што рече секогаш добивал добри совети. - Го известив за моите активности во Атина и претходно денеска во Скопје во Владата , како и за напорите што ги правам во рамките на ОН за решавање...

Иванов до Нимиц: Сакаме решение за името кое нема да задира во идентитетот

Македонија ќе продолжи и понатаму конструктивно да учествува во процесот за изнаоѓање на решение на наметнатиот спор од страна на Грција, кое нема да задира во идентитетот на македонскиот народ и нема да го наруши достоинството на македонските граѓани, истакнал претседателот Ѓорге Иванов на средбата со медијаторот Метју Нимиц. На средбата, како што соопштија од кабинетот на Иванов, била разгледана...

Димитров: Нимиц донесе „идеи што не се толку лоши, но и идеи што не се толку добри“

Посредникот во преговорите за името помеѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, денеска на прес-конфренција по средбата со министерот, Никола Димитров, порача дека е поголем оптимист од кога било претходно за разрешување на спорот. - Што се однесува до прашањето за идентитетот на народот што живее тука, настрана од се што се слушнало од грчка страна за негирање на идентитетот јас...

Нимиц се сретна со Иванов и Заев, на ред се Димитров, Ахмети и Мицкоски

Посредникот во преговорите за спорот за името меѓу Македонија и Грција под покровителство на ОН, Метју Нимиц се сретна со претседателот Ѓорге Иванов и со премиерот Зоран Заев. Потоа е предвидена средба со министерот за надворешни работи Никола Димитров, по што ќе следуваат изјави за медиумите. Попладне Нимиц ќе се сретне со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во 15 часот и во 16 часот...

„Тврдокорните“ му порачаа на Нимиц да си замине од земјава и да си поднесе оставка

Стотина членови на неколку граѓански здруженија и нивни поддржувачи вечерва одржаа протест пред Собранието на кој го повикаа медијаторот во спорот со името, Метју Нимиц, да си замине од земјава, бидејќи, како што порачаа, немало да дозволат наметнато решение и промена на државното име. „Нимиц да се повлече од срамната, недостоинствена и за нас недозволива позиција на посредник во наметнат...

Нимиц: По Атина, очекувам добри разговори и во Скопје

Имавме добри средби во Атина. Се надеваме дека ќе имаме добри средби и тука. Се радувам на средбите во Владата и со другите лидери, изјави посредникот на Обединетите нации (ОН) Метју Нимиц по пристигнувањето во Скопје, пренесува државната новинска агенција МИА. Тој претпладнево, со своите соработници, беше во скопскиот хотел „Холидеј Ин“. Средбите на Нимиц со македонскиот државно-политички врв се закажани за утре. Како што беше...

Нимиц по средбата со Коѕиас: Чекањето нема смисла, време е за носење одлуки

Постои моментум, време е за носење одлуки, порача медијаторот во спорот со името, Метју Нимиц по средбата со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, пренесува Mакедонската информативна агенција МИА. Нимиц средбата ја оцени како конструктивна и рече дека со шефот на грчката дипломатија разговарале за идеите кои медијаторот ги достави пред две седмици, ги слушнал позициите на владата и...

Нимиц денеска на средби во Атина, ОН сметаат на можно решение на проблемот со името

Обединетите нации (ОН) сметаат дека може да биде постигнат напредок во решавањето на 25-годишниот спор помеѓу Грција и Македонија за името, ако има компромис кај раководствaта и народите на двете земји, изјави заменик-портпаролот на ОН, Фархан Хак. Хак додал дека ОН целосно ја дели оценката на медијаторот дека е создаден позитивен импулс во релациите меѓу двете земји и оти е можно решение...

Заев: Референдумот за името не е ништо трагично, страшно или невозможно

По изјавата на претседателот на ДУИ, Али Ахмети викендов, дека е најдобро решението за спорот за името до кое ќе дојдат државните врвови на Македонија и Грција да се реши како во случајот со Договорот со Бугарија, односно да се гласа во Собранието и да не се распишува референдум, премиерот Зоран Заев по денешното судско рочиште за случајот „Поткуп“...

Нимиц денеска во Атина, в среда доаѓа во Скопjе

Метју Нимиц, посредникот на Обединетите нации (ОН) во преговорите помеѓу Македонија и Грција за спорот со името, в среда ќе дојде во Скопје од Атина, каде, пак, пристигнува денеска. Нимиц доаѓа во посета на двете земји по лидерската средба во Македонија во саботата, во која учествуваа претседателот Ѓорге Иванов со двајца претставници на неговиот кабинет, премиерот Зоран Заев со министрите...

Нимиц: Средбата меѓу Заев и Ципрас е од историско значење, има динамика за решение

Позитивна, важна и од историско значење е средбата на Зоран Заев и Алексис Ципрас во Давос, вели медијаторот во преговорите за решавање на спорот за името, Метју Нимиц во интервју за грчкиот весник „Катимерини“, во пресрет на неговата посета на Атина и на Скопје, следната недела. Нимиц вели дека постои динамика за решение и оти е оптимист дека во...

Заев: Оптимист сум дека е можен национален консензус за прашањето за името

Јас сум оптимист дека е можно да се најде национален консензус по ова важно прашање, изјави премиерот Зоран Заев по петчасовниот координативен состанок на државно-политичкиот врв на кој беа разгледувани предлозите на медијаторот Метју Нимиц за решавање на спорот за името. - Вечерва имавме информативна средба на политичките претставници на која беа презентирани и дискутирани предложените идеи од медијаторот...

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...