fbpx
Таг: Метаморфозис

таг: Метаморфозис

Денеска е Меѓународен ден на проверка на фактите

Денеска (2 април) е промовиран како Меѓународен ден на проверка на фактите од страна на Меѓународната мрежа за проверка на факти основана при институтот „Поинтер“ од Сент Питерсбург, сојузна држава Флорида, САД, во соработка со организациите за проверка на факти од светот. „Ова не е само обичен настан, туку верување дека повеќе од кога било е потребна проверка на фактите во политиката,...

„Метаморфозис“ и „Мајкрософт“ го помагаат цивилниот сектор во дигиталната трансформација

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, во соработка со локалната канцеларија на „Мајкрософт“ во Албанија, на 7 март ја организираа конференцијата „Тек фор гуд“ (Tech4Good) во Тирана, со учество на претставници од граѓанскиот сектор. Конференцијата се одржа за да им се помогне на претставниците на цивилниот сектор во дигиталната трансформација, преку донациите добиени преку платформата „Тек суп Балканс“ од донаторот „Мајкрософт“. -...

Без одговорност и отчетност на институциите нема демократија и добро владеење

Отвореноста и одговорноста на институциите се клучни за демократизација на општеството - е заклучокот од финалната конференција во рамките на проектот „Актион СЕЕ Вишеград“ - Одговорност, технологија и мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа, на тема „Патот кон добро владеење“, која се одржа денеска во организација на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“. Јацек Мултановски, амбасадорот на Полска во Македонија,...

СОС сака да го оцрни граѓанското општество со невистини и со манипулации

Јавно извинување и повлекување на сите лаги, клевети и дезинформации изнесени од „Стоп операција Сорос“ (СОС), побара 21 граѓанска организација денеска на прес-конференција. Доколку не добијат јавно извинување, тие велат дека ќе бидат принудени правдата да ја бараат на суд, односно ќе поднесат тужби за клевета и за навреда. - На СОС и на неговите налогодавци очигледно им пречат слободното и...

Прес-конференција на невладините организации во 12 часот во ГЕМ-клуб

Во 12 часот во ГEM-клуб, претставници на невладиниот сектор и на повеќе граѓански организации ќе одржат прес-конференција во врска со клетвите, лагите и со обвинувањата упатени кон нив од претставници на „Стоп операција Сорос“. Невладини и граѓански организации вчера испратија деманти и побараа извинување од Цветин Чилиманов, Ненад Мирчевски и од Никола Србов, кои на прес-конференција во саботата ги обвинија...

Фондација „Метаморфозис“: Тврдењата на СОС се тешки лаги и клевети

На тврдењата и оцрнувањата на голем број невладини организации што во саботата ги изнесоа Никола Србов, Цветин Чилиманов и Ненад Мирчевски, претставувајќи се како иницијатива „Стоп операција Сорос“, реагира и Фондацијата „Метаморфозис“. Во демантот се вели дека спротивно на принципите на дејствување на невладиниот сектор како непартиски коректив на која било власт, групата од тројца граѓани претставувана како невладина...

Утре конференција „Е-општество“: Проверката на факти и новите технологии во новинарството

Утре ќе се одржи 12. меѓународна конференција „Е-општество.мк“ на тема „Проверката на факти и влијанието на новите технологии врз новинарството“, во организација на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“. Kонференцијата ќе се орджи во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје и е организирана во рамките на проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија, компонента „Сервис за проверка на факти...

„Метаморфозис“ објави конкурс за мали грантови во рамките на проектот Action SEE

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ преку проектот Action SЕЕ објави барање за апликации за обезбедување поддршка на граѓански организации и промоција на добро владеење и на владеење на правото, преку доделување на 25 до 30 мали грантови за граѓански организации од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и од Косово. Ќе бидат доделени два типа грантови, кои можат да...

Граѓанскиот сектор може да набави софтверски решенија преку платформата „Теchsoup Balkans“

Претставници на граѓанскиот сектор може да набават софтверски решенија преку платформата „Теchsoup Balkans“ која ја спроведува Фондацијата за интернет и општество„Метаморфозис“ која е партнерска организација на програмата за софтверски донации надлежна за Македонија, Косово и Албанија. За непрофитните организации да добијат софтверска донација преку оваа платформа прво мора да се регистрираат преку линкот https://www.techsoupbalkans.org/mk/user/register. Откако ќе се заврши регистрацијата, потребно е да се...

Барбара и Џон Кокран ќе говорат за влијанието на социјалните медиуми на изборите во САД

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ во соработка со Амбасадата на САД во Скопје, утре, со почеток во 14.30 часот, во ГЕМ-клубот во Скопје, организира јавна дискусија со врвни американски новинари на тема „Можат ли социјалните медиуми да влијаат врз изборите во САД?“. Настанот ќе почне со кратка презентација на наградуваните новинари од САД, Барбара и Џон Кокран, по што...

Софтверски донации од „Мајкрософт“ за поддршка на граѓанскиот сектор

Фондацијата „Метаморфозис“, заедно со локалната канцеларија на „Мајкрософт Македонија“, денеска во Конгресниот центар на Скопски саем, организираше ден на „Мајкрософт“, посветен на граѓанскиот сектор „Со технологија до успех“. Претставниците на граѓанскиот сектор имаа шанса да дознаат повеќе за можноста да добијат софтверски донации од програмата на „Мајкрософт“ за поддршка на граѓанскиот сектор, која ја спроведува „Метаморфозис“, преку платформата „Теchsoup Balkans“. Влора Адеми,...

Најавен ден на „Мајкрософт“ посветен на граѓанскиот сектор

Фондацијата „Метаморфозис“, заедно со локалната канцеларија на „Мајкрософт Македонија“, задутре, 21 јуни, организира ден на „Мајкрософт“, посветен на граѓанскиот сектор „Со технологија до успех“. Настанот, кој задутре во 10 часот ќе се одржи во Конгресниот центар на Скопски саем, ќе им овозможи на претставниците на граѓанскиот сектор да дознаат повеќе за нивните можности како да добијат софтверски донации од програмата...

Дебата на „Метаморфозис“: Граѓанскиот сектор и медиумите го поттикнувааат доброто владеење

Граѓанските организации имаат важна улога во поттикнувањето на граѓаните да бараат отчетност од државните институции и да бидат вклучени во креирањето на јавните политики е заклучокот од тркалезна маса на тема „Граѓанскиот сектор и медиумите за доброто владеење“ во организација на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“. На тркалезната маса се дискутираше за доброто владеење, медиумите, граѓанското учество, транспарентноста и...

Апел до Институтот за македонски јазик: Правописот да биде бесплатен и на интернет

Фондација за интернет и општество „Метаморфозис“ и Алијансата за отворени образовни ресурси на Македонија упатија апел до Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје да овозможи бесплатен пристап до „Правопис на македонскиот јазик“ во дигитална форма, како отворен образовен ресурс за сите граѓани. Во писмото се потсетува дека минатата недела беше промовиран новиот „Правопис на македонскиот јазик“ кој сега е...

„Метаморфозис“ промовираше четири веб-апликации со отворени податоци

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ денеска промовираше четири веб-апликации како дел од проектот „Мрежа на граѓански организации за отворени податоци“. Граѓанската организација „ИКТ за промени“ направи апликација за истражување на јавните набавки, Институтот за развој на руралните заедници промовираше апликација за директни плаќања во земјоделството преку ИПАРД, „Зип институт“ презентираше апликација за известување за услугите на угостителските објекти, а...

Презентирана анализата на законската рамка за образованието на д-р Климе Бабунски

Во Центарот за конференции и студии при НУБ „Св. Климент Охридски“ се одржа презентација на Анализата на законската рамка за образование и можностите за вклучување на отворените образовни ресурси. Презентацијата ја отвори Тамара Ресавска од Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ со краток вовед за проектот „Иницијатива за отворени образовни ресурси“ и за активностите што претходеа и ја мотивираа оваа анализа. Д-р Климе...

Денеска конференција „Е-Општество“ за слобода и за приватност на интернет

„Слобода и приватност на интернет“ е темата на единаесеттата меѓународна конференција „Е-општество“, што се одржува денеска во хотелот „Холидеј ин“, а се спроведува во рамките на проектот „Децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија“, во соработка со Фондацијата за интернeт и општество „Метаморфозис“ и со Меѓународниот институт за човекови права и мир од Каен, Франција. Конференцијата ќе се...

Утре конференција „Е-општество“ за слобода и за приватност на интернет

„Слобода и приватност на интернет“ е темата на единаесеттата меѓународна конференција „Е-општество“, што ќе се одржи утре во хотелот „Холидеј ин“, а се спроведува во рамките на проектот „Децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија“, во соработка со Фондацијата за интернeт и општество „Метаморфозис“ и со Меѓународниот институт за човекови права и мир од Каен, Франција. Бардил Јашари,...

11. конференција „Е-општество“ посветена на слободата и на приватноста на интернет

„Слобода и приватност на интернет“ е темата на единаесеттата меѓународна конференција „Е-општество“ што ќе се одржи в четврток, во хотелот „Холидеј ин“, а се спроведува во рамките на проектот „Децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија“, а во соработка со Фондацијата за интернeт и општество „Метаморфозис“ и со Меѓународниот институт за човекови права и мир од Каен,...

„Ние можеме да кодираме“ обедини иницијатори на промени

Фондацијата „Метаморфозис“ во соработка со Универзитетот на Југоисточна Европа, на 17 октомври, го организирааше настанот „Ние можеме да кодираме“ (We Can Code) по повод Европската недела на кодирање, кој се одржа во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје. На средбата присуствуваа студенти, претприемачи, претставници на организации, како и претставници на универзитети, кои имаа можност да споделат искуства и...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...