fbpx
Таг: Мерни станици

таг: Мерни станици

Есенва воздухот во Скопје е драстично позагаден отколку изминатата пролет, за време на полицискиот час [инфографик]

Аерозагадувањето во Скопје било далеку пониско изминатата пролет, кога на сила беше полицискиот час, во споредба со есенва. Рестрикциите на движењето, коишто го ограничија сообраќајот во Скопје, индустриското производство, па дури и палењето на огнови на отворено, доведоа до почист воздух во текот на март и април, наспроти месеците октомври и ноември 2020 година, покажуваат податоците за мерењето на...

Воздухот во октомври бил загаден речиси исто колку лани, засега планот за чист воздух нема ефект

Новата мерна станица во Гевгелија, како и тие во Битола, Тетово и Куманово се единствените, од вкупно 19 мерни места кои ги мерат сите шест полутанти и даваат целосна слика за состојбата со загадувањето на воздухот во овие градови. Иако сезоната на аерозагадувањето зема залет, граѓаните сè уште секаде немаат точни и навремени податоци за загадувањето. Најризичните, честичките ПМ...

Амбициозниот План за чист воздух остави многу нереализирани обврски

Голем дел од мерките предвидени во двегодишниот План за чист воздух се далеку од реализација. Амбициозниот документ, кој предвидуваше намалување на аерозагадувањето до 50 отсто во Скопје и од 30 до 50 отсто во другите градови се реализира веќе втора година по ред, но не во сите сегменти кои се планираа. Замената на старите грејни тела кои работат на...

Во Кавадарци и Кичево ќе се мерат ПМ-10 честички, набавени делови за расипаните мерни станици

Министерството за животна средина и просторно планирање набави нови автоматски семплери за мерење на суспендирани честички со ПM-10, ПM-2.5 и ПM-1 глави за семплирање за мерните станици на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух. Семплерите се наменети за Кавадарци и Кичево, каде што мерните станици подолг период не покажуваат вредности на ПМ-10 честичките. Новите делови во...

По две години во „магла“, пред крај се набавките за нови инструменти за мерење ПМ-10 честички

Од 17 мерни места низ земјава, каде што Министерството за животна средина и просторно планирање ја контролира состојбата со квалитетот на воздухот, шест не мерат ПМ-10 честички. Од нив четири се расипани, во Гази Баба, Миладиновци, Битола и Струмица, а во две, Ѓорче Петров и Карпош, инструментите се исклучени, бидејќи не даваат точни резултати. На две места, во скопските...

Полицискиот час покажува колку сообраќајот навистина влијае врз аерозагадувањето во Скопје (инфографик)

„Мета.мк“ продолжува со истражувањето на влијанието на сообраќајот врз квалитетот на воздухот во Скопје. Токму епидемијата со корона вирусот изминатава пролет овозможи уште еднаш да се докаже дека намалената фреквенција на скопските улици довела до намалување на присуството на ПМ-2,5 и ПМ-10 честичките и азотниот двооксид во скопскиот воздух во текот на април 2020 година. ЈП „Улици и патишта“ до...

Корона вирусот во март го намали загадувањето на воздухот со ПМ-2,5, ПМ-10 честички и NO2

Месечните извештаи за квалитетот на воздухот во Скопје на Министерството за животна средина и просторно планирање покажуваат намалено присуство на ПМ-2,5, ПМ-10 честичките и азотниот двооксид во текот на март 2020 година, споредено со идентичниот месец лани. Големото намалување на фреквенцијата на возила во главниот град, заедно со забавеното работење на индустријата, доведе до тоа жителите на Скопје годинава...

Корона кризата и седењето дома „удри“ по ПМ-10 честичките и сулфур диоксидот во Скопје

Воведувањето на полицискиот час на 22 март годинава поради епидемијата на корона вирусот не носи само негативни вести. Намалениот обем на работа на индустриските капацитети и намаленото развозување со возила низ Скопје во изминативе недели донесе и намалување на испуштањето на ПМ-10 честичките и на сулфур диоксидот во главниот град. Веќе неколку дена по ред, Центарот за управување и контрола...

„Али експрес сензорите“ мерат исто како како државните

Иако надлежните ги отфрлаат како нерелевантни податоците кои тие ги генерираат, а заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули неодамна ги нарече „Али експрес сензори“ (во смисла - многу евтини и едноставни)  кои служат само да се крева паника околу загадувањето, кога ќе се споредат податоците добиени од приватните мерни станици во држава тие покажуваат резултати слични со оние добиени...

Во Битола мерачите на аерозагадувањето не работат, Министерството со контрадикторни одговори за причините

Двете мерни станици кои ги мерат загадувачките ПМ10 честички во воздухот во Битола не работат - Битола 1 од 16 јуни, а Битола 2 од 18 март годинава. Според официјалниот допис од Министерството за животна средина и просторно планирање од јуни, во одговор на барањето за информација од јавен карактер од Платформата „Земи Здив“ од Битола, за причините зошто не...

Нуредини: Нема што да измислувам во екологијата, ќе ги следам примерите на успешните земји

Дали знаете дека сте министер за животна средина во земја која е најзагадена во Европа, го прашаа новинарите новиот министер за животна средина Насер Нуредини на првата средба со медиумите откако стапи на должност. - Свесен сум дека проблемите се големи, но не планирам да измислувам нови методи туку да ги следам примерите на успешните - одговори Нуредини, наведувајќи ги...

Со децении имаме лабораторија за борба со аерозагадувањето, но не сме ја акредитирале

Иако постои повеќе уште од 1980 година, Централната лабораторија во составот на Министерството за животна средина нема статус на акредитирана национална лабораторија. Централната лабораторија за животна средина, која е постара од самото Министерство, наследена од некогашната Железарница е организационо поставена во Секторот за животна средина во Управата за животна средина како орган во состав на МЖСПП и, според својата поставеност...

Не може да се активираат итните мерки за загадувањето без мерните станици во Лисиче и Гази Баба

Нефункционалните мерни станици за загадување со ПМ10 честички во Лисиче и Гази Баба ја оневозможуваат Влада на Република Македонија да ги активира интервентните мерки против аерозагадувањето, велат од „Скопје смог аларм“. „Согласно уредбата, доколку среднодневната концентрација на ПМ10 честички е над 200 микрограми на кубен метар во два последователни денови во најмалку две мерни станици во Скопје, тогаш стапуваат на...

Догодина ќе се набават нови инструменти за сите 18 мерни станици за загадувањето

Нефункционирањето на инструментите за ПМ10 честички на мерните станици нема да биде прикажано како намалување на загадувањето на воздухот во годишните извештаи, изјави заменик-министерот за животна средина, Јани Макрадули како одговор на новинарско прашање на „Мета“. - Не, нема да бидат прикажани како намалување на загадувањето бидејќи не работат. Сакам да го потенцирам уште еднаш Планот за чист воздух кој...

Не се знае кога, ама ќе се набават нови мерни инструменти за ПМ10 во Гази Баба и Лисиче

Двете најзагадени населби во Скопје, Лисиче и Гази Баба, ќе добијат нови инструменти за мерење на ПМ10 честички, информира за „Мета“, Министерството за животна средина и просторно планирање, но од таму не даваат временски рок кога тоа ќе се случи. Во Лисиче канцерогените ПМ10 честички не се мерат од 5 октомври односно 41 ден, а во Гази Баба инструментот не...

Шесте нови приватни станици мерењата ги почнаа со високо ниво на загадување на воздухот

Шесте нови мерни станици, кои го мерат загадувањето на воздухот во Скопје, поставени од страна на проектот „Скопје пулс“ утринава и синоќа измерија високо ниво на загадување. Тоа се мерните станици кај Металски Завод Тито во општина Гази Баба, кај полициската станица во Ѓорче Петров, населба Козле во општина Карпош, како и три мерни станици во Центар- кај кафулето „Излет“,...

Куманово со најзагаден воздух вчера

Енормна загаденост на воздухот беше регистрирана вчера и ноќеска на голем број мерни места во Македонија. Според присуството на ПМ10 честички најзагаден воздух вчеравечер имаше Куманово, со 264 микрограми на кубен метар воздух, по што следуваше мерното место Битола 1 со 205, и Миладиновци со 183 микрограми. Максималната дозволена вредност е 50 микрограми ПМ10 честички на кубен метар воздух. Во Битола...

Воздухот почна да нѐ труе, мерните станици отидоа на сервис

Граѓаните со месеци не можат реално да се информираат за нивото на загадување на воздухот во дел од најзагадените подрачја во земјава. Сензорите на повеќето мерни станици кои го прикажуваат најчестиот вид на загадување не испраќаат податоци до Министерството за животна средина. Во скопските населби Гази Баба и Лисиче мерните станици работат селективно, па така, инструментот за мерење на ПМ10...

Мерната станица во Лисиче три недели не го мери загадувањето на воздухот

Мерната станица која го мери квалитетот на амбиенталниот воздух во скопската населба Лисиче веќе три недели не е во функција и не покажува податоци за загадување со канцерогените ПМ-10 честички и воопшто не го мери количеството на ПМ-2,5 честичките, а нередовно ги покажува и концентрациите на озон. Инструментот поставен во Гази Баба уште од август не ги мери концентрациите на...

Скопје го надмина годишниот ЕУ-лимит за аерозагадување уште во февруари

И оваа година Скопје ги надмина годишните дозволени ЕУ граници за аерозагадување уште во февруари, што е показател дека еколошката и здравствена голгота на Скопјани продолжува и во 2018 година, информира групата „Скопје Смог Аларм“. Како што објаснуваат екологистите, дозволената граница за концентрации на ПМ10 честички во просек во 24 часа е 50 микрограми на кубен метар. Во ЕУ, дозволениот број...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...