fbpx
Таг: МЕПСО

таг: МЕПСО

МЕПСО ги предупреди земјоделците да ги избегнуваат далекуводните траси за време на жетвата

МЕПСО ги предупредува сите земјоделци во екот на тековната жетва да не поминуваат со комбајните под проводниците т.е. јажињата на далекуводите и да ги избегнуваат далекуводните траси. Ова предупредување е заради тоа што со тоа се изложуваат на ризик и ги загрозуваат сопствените како и животите на лицата кои се наоѓаат во нивната околина. „Воедно апелираме до земјоделците во екот на сезоната...

Kуќи загрозени од далновод во Тетово, никој не признава одговорност

Куќите изградени во индустриската зона во Тетово, на левата страна на булеварот „Видое Смилевски Бато“, односно на „Московска“ околу двата ресторана за свадби, се изложени на опасност од струен удар, бидејќи се наоѓаат многу близу до далноводот, а во некои дворови има и столбови на далноводот, известува Порталб.мк. Далноводот е изградени од компанијата МЕПСО на локација дефинирана како индустриска зона,...

Заев: Tочно е дека има партиски вработувања, но поголем дел се бираат на конкурси

Премиерот Зоран Заев на денешното отворање на салата за јавни услуги „Една точка за услуги” на новинарско прашање во врска со партиските вработувања рече дека на граѓаните гледа како еднакви и рамноправни. - Ние не можеме да ги ограничиме младите луѓе кои членуваат и не членуваат во партија. Но етичкиот основ, јавноста го доловува. Не само законот туку и етичкиот...

ВМРО-ДПМНЕ обвини, а сите демантираа дека имало местење тендери за партнерот на Царовска

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека фирмите на Горан Георгиев, неформалниот сопруг на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, во четири очи добиле три договори во милионски износ за набавки дронови. Обвинувањата беа демантирани и од Министерството за труд и социјална политика и од МЕПСО, а и од фирма на Георгиев. ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Царовска во анкетниот лист не...

МЕПСО ќе вложи 1,1 милиони евра во модернизацијата на трафостаницата „Прилеп“

Прилеп и неговата околина ќе добијат стабилно и сигурно снабдување со електрична енергија во наредните 20 години со модернизацијата на трансформаторската станица „Прилеп 1“ во која МЕПСО вложува 1,1 милиони евра. По тој повод денеска во трансформаторската станица „Прилеп 1“ договор за модернизација склучија Сашо Василевски, генералниот директор на МЕПСО, и Бранислав Лековиќ, претставник на конзорциумот изведувачи „Кончар КЕТ“ од...

МЕПСО потпиша договори со пет компании за нови инвестиции во преносната мрежа

МЕПСО денеска во Владата потпишa договори со пет компании за нови инвестиции во преносната мрежа во вкупен износ од 18 милиони евра. Станува збор за модернизација и возобновување на преносната мрежа со што ќе се обезбеди стабилно и квалитетно снабдување со електрична енергија за граѓаните и бизнисот на долг рок, и ќе придонесе кон енергетски и економски развој на земјата. - Крајниот...

МЕПСО вложува 4,6 милиони евра во трафостаницата „Дуброво“

МЕПСО започна со модернизација на трансформаторската станица „Дуброво“ при што ќе биде заменета со нова опрема што е во функција од 1977 година до сега. „Овој комплексен проект опфаќа замена на примарна опрема (прекинувачи, разделници, струјни и напонски мерни трансформатори) како и ревитализација на секундарната опрема на 400 киловати и на 110 киловати напонско ниво која вклучува: испорака и инсталација на системи...

Билен Саљији стана заменик-генерален директор на МЕПСО

Поранешниот министер за правда, Билен Саљији е избран за заменик генерален директор и за член на Управен одбор на МЕПСО, потврдија од компанијата. Саљији беше министер за правда од јуни 2017 година до март годинава кога си поднесе оставка поради одлуката во случајот со малиот Алмир иако се појавија информации дека неговото име беше прво на списокот на премиерот Заев...

Електропреносните систем-оператори ќе формираат едeн пазар за струја на ЈИЕ

Единствен пазар на електрична енергија во земјите од регионот на Југоисточна Европа (ЈИЕ) и негова интеграција во Пан-европскиот пазар на електрична енергија е заедничката цел на компаниите преносни систем-оператори од девет држави учесници на Форумот под мотото „Границите да станат мостови“, што во организација на МЕПСО денеска се одржува во Охрид. Форумот на преносни систем-оператори под мотото „Границите да станат...

ОЈО ќе го истражува ревизискиот извештај на МЕПСО за 2016 година

Основното јавно обвинителство (ОЈО) ќе го разгледува ревизорскиот извештај на МЕПСО за 2016 бидејќи Владата во него забележала две спорни ситуации, информираше денеска на прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски. – Првата се однесува за купување на имот. Во 2011 МЕПСО добила понуда да купи имот од 2.178 квадратни метри по цена од 3,7 милиони евра. МЕПСО ја одбива таа понуда,...

Македонија и Грција ќе ја олеснуваат трговијата со струја

Македонскиот електропреносен систем оператор (МЕПСО) и грчкиот електропреносен систем-опратор (АДМИЕ) ќе работат на опциите за да ги зголемат прекуграничните капацитети за пренос на електрична енергија, со што, ќе ја олеснат трговијата со електрична енергија и ќе ја зголемат сигурноста во работењето на соседните системи. Ова го заклучија генералните директори на двете компании, Сашо Василевски и Манос Манусакис на официјална билатерална...

Измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска на владина седница

Во 12 часот Владата ќе ја одржи својата редовна 55-та седница на која ќе биде разгледан Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Јавно претпријатие Македонска радиодифузија. На предлог на Министерството за правда, пред владините министри денеска ќе се најде...

МЕПСО ќе гради нов далекувод од Штип до Пробиштип

МЕПСО ќе инвестира 2,45 милиони евра во изградба на нов 110-киловолтен далекувод што ќе ги поврзува Штип и Пробиштип, информираат од компанијата. Генералниот директор на МЕПСО, Сашо Василевски и Ерион Муши, претставникот на конзорциумот изведувачи „Пинг гао груп“ од Кина и „Ндрекај“ од Албанија го потпишаа договорот за изградба на новиот далекувод. „Далекувод што ќе ги поврзе трансформаторските станици „Штип“ и...

ЕЛЕМ и МЕПСО ќе дадат заем за исплата на заостанатите плати во Македонски железници

На својата 44 седница вечерва, Владата меѓу другите точки направила подготовки за проект за транспортно и трговско поврзување на Западен Балкан, како и прифатила одлуки на двете државни енергетски претпријатија, ЕЛЕМ и МЕПСО, со кои му позајмуваат пари на АД Македонски железници - Транспорт, соопшти секторот за информирање на Владата. Со тие позајмици, се обезбедени пари за неисплатените плати за...

EДС на Анѓушев бара спогодбено раскинување на договорот со МЕПСО

Компанијата „Енерџи деливери солушн“ (ЕДС) побара спогодбено раскинување на договорот со МЕПСО за испорака на електрична енергија за покривање на загубите во електропреносниот систем на Македонија потпишан во декември 2016 година. Во барањето доставено од компанијата до МЕПСО, стои дека причина за барањето е избегнување на секаков можен сомнеж за судир на интерес по назначувањето на сопственикот на компанијата, Кочо Анѓушев,...

МЕПСО ќе ги подобрува своите капацитети со околу 50 милиони евра

Договор вреден 4,6 милиони евра меѓу МЕПСО и конзорциумот „Сименс и Сискон“, за ревитализација на трансформаторската станица „Дуброво“, беше потпишан денеска во Владата на Република Македонија, соопшти владината служба за информирање. Со тоа, се нагласува во соопштението, почнува среднорочен инвестициски циклус на МЕПСО во своите капацитети. Сашо Василевски, генералниот директор на МЕПСО, истакна дека почнува среднорочен инвестициски циклус со проекти...

МЕПСО привремено го суспендира „ЕНГ сервис трејд“ од пазарот на електрична енергија

МЕПСО привремено ја суспендира компанијата „ЕНГ сервис трејд“ и таа од денеска до 1 ноември го губи правото да работи како снабдувач на пазарот за електрична енергија, соопштуваат од компанијата. Согласно со правилата за пазар на електрична енергија (ППЕЕ), како организатор на пазарот на електрична енергија, МЕПСО изрекува суспензија во услови кога компанијата не ги исполнува своите обврски, кои во...

МЕПСО ќе го суспендира „ЕНГ сервис трејд“ ако не врати долг од 40 милиони денари

МЕПСО ќе ја суспендира компанијата за снабдување „ЕНГ сервис трејд“ од пазарот за електрична енергија доколку во одреден рок не го плати заостанатиот долг од речиси 40 милиони денари, соопшти денеска менаџментот на МЕПСО. Долгот што го има „ЕНГ сервис трејд“ е настанат како последица на преземена, но неплатена електрична енергија. Директорот на Операторот на пазар на електрична енергија, Симон Шутиноски,...

Василевски и Зиков ќе го водат МЕПСО, Миновски нов директор на ЕЛЕМ

Сашо Василесвки е назначен за директор на МЕПСО, Љупчо Зиков за директор на финансии и комерција на таа комопанија, а Драган Миновски е новиот директор на АД ЕЛЕМ, одлучи вчера Владата. Сашо Василевски е дипломиран правник кој од 2006 до 2008 беше заменик-министер за правда, од 2008 до 2010 година бил член во Комисијата за полагање правосуден испит, а од...

Ќе се тргне тајноста од договорите со странските инвеститори

На вчерашната 16. седница, Владата усвоила барање за декласификација, односно симнување на тајноста, на сите договори склучени како државна тајна помеѓу поранешната влада и странските инвеститори во економските зони. Сите податоци по декласификацијата, ќе бидат целосно и транспарентно достапни на јавноста, порача Владата. Истовремено, на седницата е усвоена информација за пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и град и причинети...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...