fbpx
Таг: Мексико

таг: Мексико

Мексико: Врховниот суд одобри рекреативно користење марихуана

Врховниот суд на Мексико вчера пресуди дека одгледувањето, поседувањето и користењето марихуана во рекреативни цели е легално и е во согласност со правото на уживање на личните слободи. Во петчлениот судски совет за одлуката гласале четири судии, а еден бил против. Пресудата се однесува само на еден предмет и на тужба на група луѓе кои сакале да основаат клуб на љубители...

Ураганот Патриција стигна до Мексико со ослабен интензитет

Ураганот Патриција синоќа го погодил југозападниот дел на крајбрежјето на Мексико и со себе донел силни дождови, високи бранови и циклонски ветрови, но не направил голема штета, каква може да се очекува од невреме со таква силина. Ураганот утринава изгубил од својата силина така што максималната брзина на ветерот изнесувала 155 километри на час. Медиумите јавуваат за поплави и за лизгање на земјиште, како...

Уапсени 23 лица поради бегството на Ел Чапо

Мексиканската полиција издала налог за апсење на 23 поранешни функционери, стражари и полицајци поради наводно помагање во бегството на нарко-кралот Хоакин Гусман, познат како Ел Чапо. Во изјава што ја даде за Сенатот, државниот обвинител Арели Гомез рече дека уште 10 лица кои учествувале во бегството на Гусман се наоѓаат во своевиден куќен притвор. Меѓу оние на кои им се суди се...

Мексиканските туристи тврдат дека во Египет биле нападнати од авион

Туристите од Мексико кои утринава по грешка беа нападнати од египетската војска, на амбасадорот на нивната земја му соопштиле дека биле мета на авионски напад. Тоа го изјави секретарката за надворешни односи на Мексико, Клаудија Руис Масје, и потврдила дека во нападот загинале двајца туристи, а шест луѓе се ранети. Таа на прес-конференцијата за новинари рекла дека Мексиканците настрадале во...

Мексикански гувернер на распит поради убиство

Истражителите од Мексико Сити денеска ќе отпатуваат во Веракруз поради испитување на гувернерот на мексиканската држава за убиство на фоторепортер, соопшти градоначалникот Мигел Ангел Менсера. Градоначалникот соопшти дека сите можни сценарија за убиството се разгледуваат, вклучувајќи ја и можноста да биде политички мотивирано. Гувернерот на Веракруз, Хавијер Дуарте, за локалните медиуми изјави дека нема сознание за инцидентот што се случил на 31...

Шеесет масовни гробници откриени во Мексико

Шеесет масовни гробници биле откриени во јужната максиканска држава Гвереро, за време на потрагата по 43 студенти што беа киднапирани минатиот септември, пренесува „Би-Би-Си“, повикувајќи се на „Асошиејтед прес“. Од канцеларијата на јавниот обвинител соопштиле дека во масовните гробници се најдени телата на 129 лица, но ниту едно од нив засега не се поврзува со студентите што исчезнаа во Игуала. Според информациите, телата...

Стотици лица евакуирани поради ерупција на вулканот Колима

Повеќе стотици лица се евакуирани по ерупцијата на вулканот Колима, 450 километри западно од главниот град на Мексико, а според првичните информации, тоа би можело да биде најсилната ерупција во последните стотина години. Поради пепелот кој излегувал од вулканот и го прекрил околното подрачје, затворен е и аеродромот во Колима. Геофизичарите оцениле дека оваа ерупција е „нетипична“ и оти потсетува на ерупцијата...

Тревога во Мексико: Непознати лица украле радиоактивни материи

Прогласена е состојба на тревога во пет мексикански држави поради исчезнување на радиоактивна супстанца иридиум 192, соопшти Министерството за внатрешни работи на Мексико. Радиоактивната материја, која се наоѓала во контејнер, е украдена во понеделникот, додека контејнерот бил транспортиран во Карденас, град во јужниот дел на Табаско. Во соопштението се наведува дека супстанцата е особено штетна за луѓе доколку се отворат контејнерите во...

Голем пожар на нафтена платформа во Мексиканскиот Залив

Едно лице загина, а 45 се повредени во големиот пожар кој избувна на нафтена платформа на мексиканската националната компанија „Пемекс“ во Мексиканскиот Залив. Како што јавуваат локалните медиуми, околу 300 лица од платформата се евакуирани поради пожарот кој најверојатно избил во просториите каде се сместени работниците. Explosion and fire hit oil platform in Gulf of Mexico, 300 workers evacuated. Photo via...

Мексико: Дрон со дрога се урна пред супермаркет

Речиси три килограми кристален метамфетамин паднаа од небо во мексиканскиот град Тихуана, во близина на границата на САД, откако дрон кој се користел за шверцување дрога го фрлил пакетот на паркиралиште пред супермаркет. - Веројатно дронот не можел да ја издржи тежината на пакетот, па затоа паднал - вели мексиканската полиција. Полицијата соопшти дека од урнатиот дрон успеала да извлече шест пакети со...

Роналдињо пред отказ во Мексико

Челникот на мексиканскиот прволигаш Керетара го опомена славниот Бразилец Роналдињо да се врати од одмор доколку не сака да му биде раскинат договорот. Поранешниот играч на Пари Сен Жермен, Барселона и на Милан, претходно добил дозвола да отиде во САД и во Бразил за да регулира некои приватни обврски. - Доколку Роналдињо не се врати следната недела, ќе донесеме одлука да...

Рекорд: Венчален фустан тежок 17 килограми

Работниците на една американско-мексиканска компанија успеаја да го направат највеличествениот фустан на светот, за кој не е потрошен ниту еден сантиметар ткаенина. Венчалниот фустан, тежок 17 килограми, е изработен од 989.000 мониста, а за нивното нижење е потрошен најлонски конец во должина од седум километри. Монистите стигале од сите страни на светот, од Америка, Јапонија, Австралија, Кина, Чешка... А самиот заден...

Мексико: Шест лица убиени во полициска акција

Најмалку шест лица се убиени, а седуммина се уапсени при полициската акција за ослободување на двајца заложници во мексиканската сојузна држава Веракруз. Престрелката во градот Поса Рика се случи кога полицајците пристигнале во куќата во која се наоѓале киднапираните. Како што јавуваат локаните медиуми, по престрелката, полицијата при претресот на куќата пронашла оружје, справи за мачење, гранати и други предмети што наведуваат...

Уапсените во Мексико признаа дека извршиле масовно убиство

Тројца припадници на наркобанда, уапсени за време на истрага за исчезнувањето на 43 студенти од мексиканскиот град Игуала, признаа дека убиле голема група луѓе, соопшти државниот обвинител Хесус Муриљо. Тој рече дека тројцата уапсени признале дека запалиле група луѓе, и тоа додека некои од нив уште биле живи, во депонија близу Игуала во државата Гереро, каде студентите исчезнаа на 26...

Мексико: Уапсени градоначалникот и неговата сопруга, осомничени за исчезнувањето на студентите

Мексиканската полиција ги приведе поранешниот градоначалник на Игуала и неговата сопруга, кои се осомничени за смртта на шест лица во полицискиот напад и за исчезнувањето на 43 студенти. Поранешниот градоначалник Хозе Луиз Абарка и Марија де лос Анхелес Пинда се уапсени во Мексико Сити. - Немаше насилство при полициската операција – соопшти портпаролот на полицијата, додавајќи дека брачната двојка е предадена на...

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...