fbpx
Таг: Меѓународен аеродром Скопје

таг: Меѓународен аеродром Скопје

„Ејжиан ерлајнс“ од 15 февруари повторно ќе лета меѓу Атина и Скопје

Грчката авиокомпанија „Ејжиан ерлајнс“ планира повторно да ја воспостави авиолинијата меѓу Атина и Скопје од 15 февруари годинава. Летовите ќе се одржуваат два пати неделно, а авионските билети веќе се пуштени во продажба на веб-страницата на оваа авиокомпанија. Плановите се авиолинијата меѓу двата града да се одржува со авионот АТР-42 со 48 седишта. Резервацијата за билети може да се направи...

Најавено укинување на авиолинијата Скопје-Киев по два месеца од нејзиното воведување

Украинската авиокомпанија Виндроуз по само два месеца летање се одлучи да ја укине авиолинијата меѓу Скопје и Киев. Претстојниот четврток и недела ќе се реализираат планираните летови меѓу двата града, по што ќе има два нови лета на 18 и 21 март пред целосното укинување на воздухопловната врска, јавува порталот „Ex-Yu Aviation“. Од Виндроуз засега не најавуваат укинување на другите...

Воведување на градска железница во Скопје – ветување старо четири децении за кое ништо не е направено [видео]

Скопје, 1982 година. Поради недоволните количества на нафтени деривати на пазарот, југословенските власти воведуваат ограничување на употребата на возилата и задолжително користење на бонови за набавка на гориво, така што на секој сопственик на моторно возило му следувале по 40 литри гориво месечно. Нафтената криза во Југославија како никогаш претходно довела граѓаните масовно да го користат јавниот превоз во...

Аеродромите лани изгубиле 1,9 милиони патници поради ковид-19, лошата состојба ќе продолжи [инфографик]

Стрмоглав пад на бројот на превезени патници од двата македонски аеродрома што не е забележан во последнава деценија. Ковид-19 пандемијата во 2020 година предизвика огромни штети во авиосообраќајот во земјава, кои се мерат во намалување на бројот на патници за околу 1,9 милиони. Според податоците на Државниот завод за статистика, во изминатите 12 месеци од двата аеродрома биле превезени...

Поради пандемијата, бројот на патници на македонските аеродроми годинава е намален за околу 70 отсто [инфографик]

Аеродромите во Скопје и Охрид од јануари до ноември годинава изгубиле над 1,7 милиони патници поради ковид-19 пандемијата, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во текот на ноември 2020 година, со воздухоплови на македонските аеродроми биле превезени 45.001 патник, од кои 43.784 патници на Меѓународниот аеродром Скопје и 1.217 патници на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Статистичките податоци...

Воведена нова авиолинија Скопје-Киев, овој месец започнуваат и летовите кон Абу Даби

Денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски заедно со генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак и амбасадорот на Украина во Р.С. Македонија, Наталија Задорожњук, присуствуваа на воспоставување на првата авиолинија Киев - Скопје преку компанијата Виндроуз. Како што рече министерот, воспоставувањето на оваа линија е од огромно значање и за двете земји, бидејќи се отвораат бројни можности...

Македонските аеродроми поради ковид-19 до октомври изгубиле над 1,5 милиони патници [инфографик]

Ковид-19 пандемијата во првите десет месеци од годинава предизвикала македонските аеродроми да изгубат над 1,5 милиони патници, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Огромните штети што ги трпи авиосообраќајот продолжиле и во октомври 2020 година, кога низ портите на аеродромите во Скопје и Охрид минале само 54.941 патник. Од јануари до октомври 2020 година во воздухопловниот превоз се регистрирани...

Ковид-19 за неколку месеци успеа да го сруши деценискиот раст на авиосообраќајот во земјава [фото+инфографик]

Како гром од ведро небо, пандемијата на ковид-19 удри врз авиосообраќајот во меѓународни рамки и за само неколку месеци успеа да го сруши бројот на превезени патници во воздушниот сообраќај на нивото кое беше пред четири и пол децении. И во Македонија бројот на превезени патници со авион за првпат во изминатава деценија ќе забележи намалување, а разочарувачките податоци...

Тунтев: Загубите од ковид-19 се евидентни, авиосообраќајот ќе ги достигне минатогодишните бројки во 2023 година (видео)

Двата аеродроми во земјава можеа да го дочекаат 3 милионитиот патник до крајот на годинава да не беше пандемијата на ковид-19. Евидентна е финансиската загуба во сите сегменти од авиоиндустријата, а предвидувањата на Агенцијата за цивилно воздухопловство се дека нивниот годишен буџет до крајот на годинава ќе биде преполовен поради корона кризата. До крајот на 2023 година воздушниот сообраќај...

Украински „Виндроуз“ од 6 декември планира да почне да лета меѓу Скопје и Киев

Украинската авиокомпанија „Виндроуз“ од 6 декември планира да воведе нова авио линија меѓу Скопје и Киев, објави специјализираниот портал „Екс-Ју Авиејшн“. На веб-страната на оваа авиокомпанија веќе можат да се набават авионски билети за летовите што ќе се одвиваат секој четврток и недела, со полетување од Скопје во 12:50 часот. Летовите е планирано да се одржуваат со авиони ATR72-600...

Владата ќе продолжи да го субвенционира „Визер“ по реактивирање на авио линиите

Владата на РСМ ќе продолжи со исплата на средствата за финансиска поддршка на „Визер“ за воведувањето нови летови од двата македонски аеродрома откако нискобуџетната авиокомпанија ќе ги реактивира авио линиите согласно уредбите и условите предвидени во Договорот склучен за периодот од 2019 до 2022 година, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за транспорт и врски. „Сакаме да потенцираме дека Министерството за...

„Визер“ суспендира 50 авио летови од земјите на поранешна Југославија

Унгарската нискобуџетна авиокомпанија „Визер“ планира привремено да укине 50 авио летови од земјите на поранешна Југославија, пишува специјализираниот портал „Екс-Ју Авиејшн“. Најголем број на суспендирани летови има од скопскиот аеродром, а по него следуваат леталиштата во Тузла, Охрид, Подгорица, Белград, Ниш, Приштина, Љубљана, Сплит и Сараево. Авиокомпанијата во ноември нема да лета од аеродромот во Подгорица, одложено е отпочнувањето со...

Министерството за транспорт бара средства од ЕУ за студија за изградба на железница до скопскиот аеродром

Министерството за транспорт и врски го достави на разгледување инвестициониот план за изработка на студија за изградба на железнички крак до Меѓународниот аеродром Скопје во рамките на новата ИПА III програма, кој треба да се разгледа од страна на Делегацијата на Европската Унија, информираат за „Мета.мк“ од ова министерство. Ваквиот потег следува откако воведувањето на аеродромскиот воз влезе како проект...

Македонските аеродроми во август имале над 240.000 патници помалку во однос на лани (инфографик)

Корона кризата продолжува да влијае негативно врз авиосообраќајот во нашата земја. Низ портите на двата аеродрома во Скопје и Охрид во август 2020 година минале вкупно 76.344 патници, односно биле превезени над 240.000 помалку патници во споредба со истиот месец од минатата година. Во август 2019 година, на Меѓународниот аеродром Скопје имало над 260.000 патници, додека во осмиот месец...

„Катар ервејс“ ќе продолжи да лета од Доха кон Скопје од март 2021 година

Наместо со почетокот на зимската сезона на летање кон крајот на октомври годинава, авиокомпанијата „Катар ервејс“ ќе продолжи да ги одржува летовите од Скопје за Доха од крајот на март 2021 година. На веб-страницата на „Катар ервејс“ можат да се набават летови за зимскиот период меѓу Скопје и Доха, но само со трансфер преку аеродромите во Истанбул, Загреб или...

Изградбата на пруга до скопскиот аеродром вметната во владината програма за работа до 2024 година

Изградбата на новата пруга од Миладиновци од Меѓународниот аеродром Скопје влезе во Програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија за периодот 2020-2024 година. Новата влада на премиерот Зоран Заев, која што беше изгласана вчера од Собранието, се обврза дека ќе го изгради железничкиот крак долг пет километри, со кој главниот град би добил аеродромски воз како најбрза...

Авиосообраќајот профункционира во јули, но бројот на патници драстично е намален (инфографик)

Воздухопловниот превоз од двата македонски аеродрома беше воспоставен во јули за прв пат од почетокот на корона кризата во нашата земја, но малку граѓани го користеле авиосообраќајот за патувања изминатиот месец. Државниот завод за статистика во јули 2020 година регистрирал вкупно 63.448 патници од аеродромите во Скопје и Охрид, што е за над 228.000 патници помалку во споредба со...

Аеродромите во јуни со само 36 патници, поради короната досега изгубени над 720.000 патници (инфографик)

Со само 36 превезени патници во текот на јуни 2020 година, македонските аеродроми поради ковид-19 минатиот месец срушија неславен рекорд во историјата на авиосообраќајот на земјава. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека пандемијата со корона вирусот во првите шест месеци од годинава довела до губење на 727.930 патници во споредба со првото полугодие од минатата година. На аеродромите...

Австрија од четврток ги забранува сите летови од Виена и Салцбург кон Македонија и 9 други земји

Министерството за здравство на Австрија ја прошири листата на земји од кои е забрането да пристигнуваат летови на австриските аеродроми. Од четврток, 16 јули, Австрија ги стопира сите летови од и кон сите земји од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија, а на листата се вклучени и Бугарија, Романија, Молдавија и Египет. На проширената листа од 18 земји веќе...

Италија забрани влез на македонски граѓани, летовите кон Скопје откажани

Поради ризик од ширење на корона вирусот, Италија одлучи да го забрани влезот на македонски граѓани на нејзината територија. Во групата ризични земји од кои може да се прошири ковид-19 во Италија, влегуваат 13 земји во светот, меѓу кои се : Македонија, Босна и Херцеговина, Бразил, Перу, Чиле, Кувајт, Молдавија, Ерменија, Бахреин, Оман, Панама, Доминиканската Република и Бангладеш. Образложението дадено...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...