Таг: медиумско известување
таг: медиумско известување
ЗНМ: Осуда на понижувачкиот однос на кандидатот Фатмир Лимани кон новинарката Салије Садику од ТВ 21
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува јавниот понижувачки однос на независниот кандидат за градоначалник за општина Кичево Фатмир Лимани кон новинарката Салије Садику од ТВ21 и бара јавните чинители да внимаваат на нивниот однос, посебно кон жените новинарки во државата.
„Имено, додека новинарката Салије Садику, известувала за локалните избори во Северна Македонија се соочила со непријатна ситуација проследена...
Мониторинг на медиумското известување за Пописот 2021: Изразена политизација во објавените прилози
Изразена политизација на пописот во објавените медиумски прилози за него, е еден од клучните наоди на мониторингот на медиумското известување на оваа тема што го спроведе НВО Инфоцентарот, во периодот од 1 март до 2 април 2021 година, за време на работните денови од понеделник до петок.
„Во известувањето за пописот доминираа политичко-партиските реакции со високи 60,5 отсто од објавите,...
Во 2020 година пораснал бројот на жалби до СЕММ, говорот на омраза се „сели“ во коментарите на социјалните мрежи
Во 2020 година до Советот за етика пристигнале 140 жалби, од кои за 109 се донесени одлуки во коишто комисијата има детектирано одредени прекршувања на Кодексот на новинарите на Македонија, со што се бележи двојно зголемување на доставени жалби споредбено со 2019 година, изјави координаторот за програми и прием на жалби на Совет за етика во медиумите, Даниел Димитриески...
Корона кризата покажа дека медиумите потфрлија во инклузивното известување
Медиумите како централна улога во информирањето на луѓето во текот на пандемијата имаа голема одговорност, но потфрлија кога станува збор за професионално и точно известување за јавното здравје. Ова е заклучокот од денешните воведни излагања на настанот „Инклузивно известување за различностите во медиумите во време на Ковид-19“ кој го организираа Советот за етика во медиумите (СЕММ), во соработка со...
Национална конференција за клима: Само со веродостојни информации ќе влијаеме врз развојот на свеста за климатските промени
Само десет отсто од десет институции коишто имаат ингеренции во областа на справување со климатските промени, одговориле дека преземаат активности за ублажување и прилагодување кон климатските промени. Девет од нив комуницираат проблематики поврзани со темата. Дури 80 отсто рекле дека комуницираат проблематики со граѓанските организации. Тие сметаат дека добар дел од нив имаат ниско ниво на информираност и знаење ...
Хрватскиот неделник „Глобус“ постхумно ѝ се извини на Мира Фурлан за медиумскиот линч од 1991 година
Главниот уредник на хрватскиот неделник „Глобус“, Здравко Милиновиќ во објавен коментар на 27 јануари постхумно ѝ се извини на актерката Мира Фурлан за објавениот фељтон во три продолженија на страниците на овој неделник во 1991 година, со што тие како редакција учествувале во медиумскиот линч против неа што се водел во Хрватска за време на распадот на Југославија.
Фељтонот во...
Филипче: Нема забрана за снимање и работа на новинарите, ќе се истражуваат инцидентите во ГОБ „8-ми Септември“
Се истражуваат инцидентите што се случија со спречувањето на работата на новинарите и снимателите во кругот на Градската болница „8-ми Септември“, а одлука за забрана на работата на новинарски екипи во кругот на јавни здравствени институции не постои. Ова беше посочено на денешниот состанок во Министерството за здравство, кој се одржа на барање на министерот Венко Филипче со претставниците...
Реформата на законодавството за клевета тргна од мртва точка
Реформата на законодавството за клевета и навреда, која е една од реформските приоритети во сферата на медиумите, тргна од мртва точка.
По најавата на министерот за правда, Бојан Маричиќ, на почеток на месецот, дека ќе се направи ревизија на законодавството што се однесува на поголема заштита на новинарите, Работната група за ревизија на Законот за граѓанската одговорност за клевета и...
ССНМ, ЗНМ и СЕММ: Осуда за заканите и дискредитациите кон новинари од Лидија Димова
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) ја осудуваат непримерната јавна комуникација со обид за дискредитација, проследена со закани со тужба, кон колегите од онлајн медиумот „А1он“ од страна на директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова.
„Во соопштението потпишано од...
Сензационалистичкото известување во медиумите, едно од најчестите прекршувања на стандардите во време на ковид-19
Сензационалистичкото известување во медиумите, недоволната заштита на приватноста и личните податоци и отежнатиот пристап до информации се меѓу најчесто пријавуваните проблеми до советите за етика во медиумите во регионот на Балканот и Европа во периодот на пандемијата на ковид-19.
Ова се дел од наодите од анализата што ја спроведе Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), во периодот од...
Досудени 5.200 евра казни на дел од медиумите за известување во изборната кампања и изборниот молк
Дел од националните телевизии и радио станици од Основниот кривичен суд-Скопје се казнети со вкупно 5.200 евра за неизбалансирано известување за време на изборната кампања, како и за непочитување на изборниот молк пред одржувањето на предвремените парламентарни избори на 15 јули годинава. ААВМУ најново објави дека и телевизија „Шења“ добила вкупна казна од 1.600 евра (1.200 евра за правното...
Обврските во однос на изборите од 15 јули во фокусот на работењето на ААВМУ во третиот квартал
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) денеска го одржа јавниот состанок преку видеоконференциска врска, на кој се презентираа спроведените активности согласно Годишната програма за работа на ААВМУ. Директорот на ААВМУ, Зоран Трајчевски ги презентираше резултатите и активностите на Агенцијата во текот на третиот квартал.
Во однос на одржаните парламентарни избори на 15 јули, тој посочи дека со мониторингот...
ААВМУ ќе го анализира медиумското прикажување на жените – кандидатки на изборите за време на кампањата
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) ќе изработи анализа на родовите прашања и претстави за време на изборната кампања со акцент на прикажувањето и третманот на жените - кандидатки/претставнички на учесници во изборната кампања. Станува збор за редовно годишно истражување на различни теми за родот во медиумите што се изработува од 2012 година, а кое годинава ќе...
Алсат-М и Македонско радио со казни, Телма куртули од судска казна за известувањето за време на изборите
Основниот кривичен суд и Апелациониот суд во Скопје делумно ги прифатија прекршочните постапки што Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) ги поднесе против медиумите за нивното известување за време на изборната кампања и во периодот на изборниот молк на парламентарните избори што се одржаа на 15 јули.
Апелациониот суд ја прифати жалбата на ААВМУ во однос на висината...
ЗНМ со осуда за непримерниот однос на ИДКНА кон весникот „Коха“
Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) го осудува начинот на јавна комуникација и обвинувањата упатени кон весникот „Коха“ од страна на Институтот за Духовно и Културно Наследство на Албанците (ИДКНА).
Овој институт на својата веб страна и на профилите на социјалните мрежи има објавен текст насловен како „Застрашувачки е антисемитскиот јазик на весникот КОХА!“, во кој ги обвинува новинарите и...
ААВМУ бара казни од 4.000 евра за Алсат-М и Шења за неизбалансирано известување во кампањата
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) поведе прекршочни постапки против телевизиите Алсат-М и Шења, бидејќи спротивно од одредбите во Изборниот законик при известувањето за изборната кампања не обезбедиле избалансирано покривање на изборниот процес во дневно-информативните и во посебните информативни емисии во согласност со принципот на пропорционалност според бројот на потврдени листи на кандидати за пратеници.
Од Основниот кривичен...
ЗНМ: Директорот на АВМУ непрофесионално етикетира медиуми
Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) во изминатите неколку недели внимателно ја следеше работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) во делот на постапување против радиодифузерите за евентуални прекршувања на правилата предвидени во Изборниот законик. На барање, пак на дел од медиумите против кои беа поведени постапки за прекршување на изборен молк, од ЗНМ велат дека...
Јавните пари за политички реклами го влошија медиумското известување за изборите
Набљудувачката мисија на ОБСЕ за предвремените избори што се оддржaа на 15 јули во Северна Македонија има сериозни забелешки за начинот на известување на медиумите во текот на изборната кампања.
„На медиумското известување за изборите му недостасуваше критички осврт на платформите, а одредбите во врска со платеното политичко рекламирање ги фаворизираа трите најголеми партии“, стои во првичната оценка на мисијата...
ААВМУ бара прекршочна постапка против „Алсат-М“ и „Шења“, не информирале балансирано за изборната кампања
Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми на 29. седница го разгледа Извештајот од изборното медиумско претставување за време на Предвремените парламентарни избори 2020 година.
„Во таа насока Советот заклучи против телевизиите „Алсат-М“ и „Шења“ да се покрене прекршочна постапка пред надлежниот суд бидејќи спротивно на членот 75 став 1, а во врска со член 75-а став 1 точка...
Македонското радио и Марјан Цветковски казнети со 2.000 евра за прекршување на изборниот молк
Основниот кривичен суд-Скопје ги прогласи Македонската радио-телевизија, односно првиот програмски сервис на Македонското радио и одговорното лице Марјан Цветковски за виновни за прекршување на изборниот молк. Судот им изрече прекршочни санкции - глоби за ЈРП МРТ МРА 1 во висина од 1.800 евра, како и 200 евра глоба за одговорното лице Марјан Цветковски, се наведува во објавениот Преглед на...