fbpx
Таг: медиумски реформи

таг: медиумски реформи

МИОА целосно не се согласува со поднесените прекршочни пријави од страна на АВМУ кон Телма и Алсат-М

Министерството за информатичко општество и администрација, како надлежно министерство за медиумите, целосно не се согласува со поднесените прекршочни пријави од страна на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги против телевизиите Телма и Алсат-М, заради пренесена изјава на министерот за здравство Венко Филипче, за време на изборниот молк, информираат од таму. „Двете телевизии на никаков начин го немаат прекршено Изборниот...

Македонско радио со изјава на Чулев, Телма и Алсат со изјава на Филипче го прекршиле изборниот молк

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) на вчерашната седница донесе заклучок за покренување на прекршочни постапки пред надлежен суд против телевизиите Телма и Алсат-М, а идентична прекршочна постапка ќе следи и против првата програма на Македонското радио за прекршување на изборниот молк. Сите три медиуми го прекршиле членот 76-б став 3 од Изборниот законик, односно за...

ААВМУ: И првата програма на Македонското радио вчера го прекршила изборниот молк

Во рамките на својот изборен мониторинг, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), констатираше дека вчера, 14 јули, Првиот програмски сервис на Македонско радио во неколку дневноинформативни изданија емитуваше прилози за активности на Министерството за внатрешни работи за спречување потенцијален криминал поврзан со изборниот процес, во кои е емитувана изјава од прес-конференција на носител на функција во органите...

ААВМУ: „Телма“ и „Алсат-М“ го прекршија изборниот молк, апел да се известува одговорно

Телевизиите „Телма“ и „Алсат-М“ го прекршија изборниот молк објавувајќи аудиовизуелни материјали за носител на функција во органите на власта кој воедно активно учествуваше во кампањата на еден учесник во изборниот процес, соопшти денеска Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), која прекршувањето го констатирала при проверка на начинот на известување на радијата и телевизиите за време на изборниот...

ЗНМ и СЕММ го осудуваат директното кршење на изборниот молк од некои онлајн медиуми

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) најостро ги осудуваат случаите на грубо прекршување на изборниот молк од страна на повеќе онлајн медиуми во текот на вчерашниот ден, што претставува сериозно компромитирање на изборниот процес. „Се оди дотаму што медиуми коишто и самите потсетуваат како да се избегнат изборните нерегуларности, со своето...

МИОА го осудува говорот на омраза кон новинарката Милевска

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) се приклучува кон осудата на нападите и говорот на омраза, искажани врз новинарката Тања Милевска. Воедно, МИОА ги осудува нападите со говор на омраза и врз кој било друг новинар и граѓанин. „Социјалните медиуми не смеат да бидат користени како алатка за ширење на говор на омраза, закана и притисоци кон секој кој...

Владата најостро ги осуди нападите врз новинарката Милевска и повика МВР и ЈО итно да ги расчистат бруталните закани

Владата најостро ги осуди нападите со говор на омраза врз новинарката Тања Милевска, дописничката на МИА од Брисел, и врз кој било друг новинар и граѓанин воопшто. „Владата цврсто стои зад слободата на говор и слободното новинарство и има нула толеранција за заплашување и закани кон новинарите. Безбедно известување и слобода на мисла, говор и делување во медиумите е наша...

ССНМ, ЗНМ и СЕММ остро ги осудуваат заканите кон дописничката Милевска

Здружението на новинари (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика на медиумите во Македонија (СЕММ) најостро реагираат на говорот на омраза и директните закани по живот упатени преку социјалната мрежа Твитер, до новинарката Тања Милевска, дописник за државната агенција МИА од Брисел. „Како новинарски организации упатуваме на фактот дека и говорот на омраза и...

АНКЕТА: Колкави се примањата на новинарите и медиумските работници?

Голем дел од новинарите и медиумските работници во земјава имаат примања што се далеку под просечната плата во Северна Македонија, иако имаат високо образование. Дури 67 отсто од новинарите одговориле дека не се задоволни од платата и хонорарот, при што 35 отсто од медиумските работници одговориле дека заработуваат од 15.000 до 20.000 денари месечно, покажува анкетата спроведена на 150...

ЗНМ: Осуда за дисквалификациите упатени кон новинарката Марина Костова од Агенцијата за филм

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ги осудува грубите дисквалификации кон новинарката Марина Костова и онлајн медиумот СДК.мк искажани во вчерашното соопштение за медиуми, од страна на Агенцијата за филм, насловено како: „Дали во новата милионска драма на Милчо Манчевски главните улоги ги толкуваат Марина Костова, Тања Пепељуговска и Слаѓана Тасев?“, велат од ЗНМ. „Агенцијата за филм, вчера преку непотпишано...

Партиска пропаганда на денот на избори поради немање изборен молк

На вонредните парламентарни избори што треба да се одржат на 15 јули идната недела на денот на гласање нема да има изборен молк. Тоа значи дека учесниците на изборите на денот на гласање ќе можат да ги користат медиумите и социјалните мрежи за да ги повикаат граѓаните да гласаат за нив и при тоа ни партиите ни медиумите нема...

Лажните вести и (само)регулацијата во фокусот на програмите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во делот за медиумите

Медиумите и нивната (само)регулација, заканите и тужбите со кои се соочуваат новинарите, лажните вести, медиумската писменост и финансиската поддршка на медиумите се наоѓаат во предизборните програми на двете најголеми политички партии што ќе се натпреваруваат на парламентарните избори на 15 јули. Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, „Обнова на Македонија“, пишува дека партијата доколку дојде на власт ќе иницира „формирање на професионално...

Резултатите од изборните анкети медиумите може да ги објавуваат најдоцна до 9 јули

Фото: Борче Поповски
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) ги потсетува радиодифузерите дека резултатите од испитувањата на јавното мислење во врска со предвремените парламентарни избори, согласно Изборниот законик може да се објавуваат најдоцна пет дена пред датумот определен за одржување на изборите, односно најдоцна до 24 часот на 9 јули 2020 година. „При објавување на резултатите од испитувањата на јавното мислење...

МРТ во изборните програми: СДСМ ја гледа како заштитник од дезинформации, ВМРО ќе ја уредува со нов закон

Идниот развој на јавниот радиодифузен сервис е вклучен во изборната програма на двете најголеми политички партии што ќе се натпреваруваат на изборите на 15 јули. За владејачкиот СДСМ, приоритет е Националната радио-телевизија да прерасне во вистински јавен радиодифузер, кој мора да биде во тек со времето и да биде присутен на сите современи платформи и да биде достапен до...

УЈП: Медиумите можат да аплицираат за субвенциoнирање на придонеси од задолжително социјално осигурување

Управата за јавни приходи соопшти дека согласно Уредбата со законска сила за субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработени во медиуми, на работодавачот – медиум за секој осигуреник за месец јуни, јули и август 2020 година му се субвенционира 100 отсто од износот за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување. „За остварување на правото за субвенционирање,...

ЦИВИЛ: Социјалните мрежи и дел од медиумите и на овие избори се користат за ширење лажни вести и омраза

Граѓанската организација ЦИВИЛ денеска одржа прес-конференција за да ги претстават нивните досегашни наоди од мониторингот на платеното политичко рекламирање и медиумското известување пред и за време на изборната кампања за изборите што ќе се одржат на 15 јули. Од тимот на ЦИВИЛ посочија дека првата недела од предизборната кампања почнала жестоко и валкано, со жалење дека дезинформациите, клеветите, вербалното...

ДУИ со претставка до ААВМУ, Агенцијата бара баланс во дебатните емисии на медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) вчера добила претставка од политичката партија ДУИ, во која таа реагира на организирањето дебатни емисии на програмите на медиумите. Агенцијата веднаш направила увид во податоците од мониторингот на досегашното изборно медиумско претставување, при што упати апел до медиумите за баланс при организирањето дебатни емисии. „Радиодифузерите, доколку одлучат да емитуваат дебати и други...

Бавната динамика на реформите во медиумите во земјава ја загрозува европската интеграција

Исполнувањето на реформите во сферата на медиумите во нашата земја што произлегоа од Договорот од Пржино, сè уште не е целосно завршено. Земјата се движи со бавни чекори кон подобрување на медиумската сфера, што е услов за пристапување во Европската унија, пишува „Порталб.мк“. Според домашните и меѓународните извештаи, нема доволно безбедност за новинарите и воопшто за медиумите во Македонија. „Останува фактот...

ААВМУ мониторира 14 медиуми, регистрирано едно прекршување кај политичките реклами

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) врши мониторинг на изборното медиумско претставување на 14 медиуми, како и мониторинг на платеното политичко рекламирање за изборите на 15 јули на сите радиодифузери од Регистарот на медиуми на ДИК. На денешниот јавен состанoк, директорот на Агенцијата Зоран Трајчевски посочи дека на првиот ден од изборната кампања, ААВМУ констатирала дека повеќе...

ЗНМ предупредува за загрозување на добрата судска пракса за клевета

Основниот граѓански суд во Скопје од 1 септември годинава ќе ја смени досегашната добра практика за постапување по предметите поврзани со слободата на изразување, односно за тужбите за клевета и навреда против новинари. Досега тужбите за клевета против новинари беа судени од тројца обучени судии, кои од 2012 година, кога беше донесен Законот за граѓанската одговорност за клевета и...

Претставничкиот дом на САД ќе гласа за голема помош за Украина, Израел и Тајван

По неколку месеци одложување, Претставничкиот дом на САД е подготвен да гласа за американска воена помош од десетици милијарди долари за Украина и Израел овој викенд. Предлогот предвидува 60,8...