среда, 15 април, 2026
Meta.mk

Ознака: медиумска писменост | 69 резултати

Годинашните Денови на медиумска писменост и со филмска програма

октомври 25, 2022

Под мотото „Размислувај критички, состави ја целата приказна“, почнувајќи од денес па сè до 1 ноември, во организација на Мрежата за медиумска писменост се одржуваат Деновите на медиумска писменост 2022. На овој начин, нашата земја четврта година по ред се приклучува кон Глобалната недела на медиумска и информациска писменост на УНЕСКО. Како што информираше директорот […]

Интервенција – „Проѕирниот човек“ за поголема медиумска писменост на младите

октомври 13, 2022

Интервенцијата „Проѕирниот човек“ која во организација на Гете-институтите во Југоисточна Европа ќе се отвори на 25 октомври во „Јавна соба“ нуди можност за младите и нивното опкружување да ја поттикнат нивната медиумска и информациска писменост и препознавање на феномените како сајбер-булинг, идеали за убавина, лажни информации и онлајн зависност. Оваа интервеција, како што истакнаа организаторите, […]

МТСП изработи кампања за подигање на свеста за родово базираното насилство

јули 20, 2022

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) подготви кампања за подигање на свеста за сите форми на родово засновано насилство, насловена „Со тебе сме – заедно против насилството врз жените и девојчињата“. Оваа кампања е дел од спроведувањето на Конвенцијата за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство (Истанбулска конвенција). Станува збор […]

Четири факултети ќе ја вклучат медиумската писменост во своите студиски програми

јуни 2, 2022

Четири високообразовни институции од земјава ќе ја вклучат медиумската писменост во своите студиски програми, информираат од Институтот за комуникациски студии.  Станува збор за Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) од Скопје, Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) од Тетово и Економскиот факултет на Универзитетот ФОН. […]

„Младите размислуваат“, нов проект за зајакнување на медиумската писменост кај учениците

мај 30, 2022

Државниот испитен центар (ДИЦ) денес потпиша Меморандум за разбирање и соработка со проектот на УСАИД за зајакнување на медиумската писменост кај младите, „Младите размислуваат“. „Потпишувањето на овој Меморандум ќе овозможи да се зајакне соработката меѓу Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“ и ДИЦ во процесот на следење на вештините на учениците во основните […]

Говор на омраза и закани за Сојузот на средношколци по сатиричен напис со измислена содржина

мај 10, 2022

Неодамна на веб поратлот „Кооперација.мк“ и во јавноста беше објавен сатиречен текст со наслов „САКАМ ДА СЕ УКИНАТ РАСПУСТИТЕ! САКАМЕ ДА УЧИМЕ !!!“, наводно напишан според изјава на средношколец и илустриран со фотографија од најскорешното гостување на претседателот на Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија (ССРСМ), ученикот Лука Павиќевиќ. Во текстот се вели дека […]

ResPublica: Хоророт на пропагандата или кога мртвите стануваат

април 18, 2022

Текст на „ResPublica“. Според договор, „Мета.мк“ го пренесува текстот во целост: Дезинформациите за руската воена инвазија на Украина доведоа до такви поделби на населението во Македонија, особено на оние што се информираат главно од социјалните мрежи, што сега се води онлајн дебата околу тоа дали навистина таму има војна и страдаат цивили или станува збор за холивудска […]

Е-општество.мк: За борба со дезинформациите клучна е соработката на проверувачите на факти

декември 3, 2021

Против проблемот со дезинформациите на меѓународен план најдобро може да се бориме само обединети, проверувачите на факти од целиот свет треба да комуницираат постојано и да соработуваат, оти инфодемијата е глобален феномен а количеството дезинформации е огромна. Затоа и ја формиравме Меѓународната мрежа за проверка на факти (IFCN), за да се обединиме и да си […]

Сите што објавуваат слики, изјави и видеа од деца треба да размислат кои се можните последици

декември 2, 2021

Деновиве неколку случаи поврзани со деца станаа главна вест. А, суровоста на онлајн јавноста, без разлика дали се работи за грашок, избор на музика или сериозен случај каде девојче е жртва на родосквернавење и трговија со деца, можеа да ја видат сите корисници на социјалните мрежи. Разните пишани и видео содржини со деца во медиумите […]

Панел дискусија на „е-Општество“: Учениците од руралните средини се плашат од јавен настап

декември 1, 2021

Младите од руралните средини немаат пристап до локални и регионални медиуми, забележана е недоволно зајакната свест за медиумска писменост и слабо развиен младински активизам. Младите не се ниту мотивирани, ниту заинтересирани да се вклучат во било какви локални акции каде би ја вклучиле медиумската промоција. Ова беше истакнато на панел-дискусијата „Искуства од неформалното образование на […]

Отворена 17-тата конференција е-општество.мк: Дигитализацијата да биде цел на општеството

ноември 30, 2021

Денеска започна меѓународната конференција е-општество.мк, која што годинава се одржува по 17-ти пат и ја третира темата „Демократијата во дигиталната ера: предизвици и можности“. На отворањето на е-општество.мк, свое обраќање имаа извршниот директор на Фондацијата Метаморфозис, Бардил Јашари, заменик-шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава Џулијан Васало, министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири, […]

Онлајн дебата „Медиумска писменост во акција“ – заложби за животната средина

ноември 26, 2021

Денес се одржа онлајн дебатата „Медиумска писменост во акција“ организирана од Институтот за комуникациски студии. Модераторот на дебатата Катарина Топалова го отвори настанот за присутните дебатери и медиуми со истакнување на значењето што значи да бидеш медиумски писмен. Таа напомена дека писменоста означува да се умее да се чита и пишува додека медиумската писменост означува […]

Критинк: Поттикувањето на критичкото мислење – една од најсилните алатки во борбата против дезинформациите

септември 22, 2021

Поттикнувањето на критичкото размислување е значајно за младите лица кои се постојано „закачени“ на Интернет и „бомбардирни“ со мноштво информации. Теориите на заговор се многу блиску до некритичкото мислење. Но, интересно е што многу од луѓето кои имаат склоност кон верување во теории на заговор се сметаат за критички мислители кои имаат повисоко ниво на […]

Наместо само да се реагира на дезинформациите, треба и да се работи многу повеќе на ширење на вистината

јуни 28, 2021

Соочени со податоците од многуте истражувања на јавното мислење и анализи, кои покажуваат дека јавното мислење полека се свртува од мејнстрим медиумите кон интернет, а пред сè социјалните мрежи и дека сè повеќе луѓето се повлијаени од социјалните мрежи и се затвораат во своите еко-кругови, односно групи истомисленици, неминовно во борбата против ширењето на дезинформациите […]

Конференција КриТинк: Наскоро ќе бидат објавени конкретни планови за воведување на медиумската писменост во образованието

јуни 28, 2021

Наскоро ќе се објават поконкретни планови за воведување на медиумската писменост во основните и средните училишта, нешто за кое што се залагаме со години, рече директорка на Мaкедонски институт за медиуми – МИМ, Билјана Петковска на денешната конференцијата „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, во рамки на сесијата „Медиумската писменост во […]

Дезинформациите и медиумските манипулации може да ги поткопаат плуралистичките општества

јуни 28, 2021

Имаме видено дека дезинформациите и манипулациите во медиумите може да имаат тешко влијание врз животот на луѓето. Инфопандемијата со ковид-19 нè води кон теории на заговор кои креираат недоверба во институциите. Овие дезинформации и манипулации може да ги поткопаат и најважните аспекти во нашите општества кои се базирани на плурализмот. Што може да се стори […]

Почнува онлајн кампања за медиумска писменост

април 26, 2021

По повод четири години од основањето на Мрежата на медиумска писменост, денеска започна нова онлајн кампања за медиумска писменост, со која во следните десет недели, во текот на секој работен ден, ќе се споделува по еден постер со информации, со цел да се подигне свеста за потребата од критичко мислење на медиумите и медиумските содржини. […]

Порталб.мк: Никој не планира да вметне микрочипови во нашите тела

ноември 27, 2020

Со почетокот на глобалната пандемија на ковид-19, започна жестока кампања на дезинформации. Во светот, бројот на жртви како резултат на КОВИД-19 надмина еден милион, додека во нашето општество сè уште се дискутира за постоењето на овој вирус. Станувајќи плен на лажни вести, многу луѓе дури стравуваат дека за време на вакцинацијата против ковид-19 ќе им […]

Ефектот од воведувањето на медиумска писменост ќе зависи од ангажирањето и подготвеноста на наставниците

ноември 3, 2020

Доколку се изработи некаков курикулум за медиумска писменост во основното образование тој би требало неизбежно да биде испреплетен со безбедното и етичкото користење на интернетот како медиум којшто најмногу го користат учениците бидејќи сепак, медиумски писмен ученик би бил безбеден онлајн ученик, изјави наставничката по информатика во основното училиште „Страшо Пинџур“ во Неготино, Георгина Димова […]

Ако има пари, медиумската писменост во образованието брзо ќе стане реалност

октомври 9, 2020

Агенцијата за аудио и аудивизуелни медиумски услуги (ААВМУ), медиумските организации и експерти сметаат дека воведувањето медиумска писменост во македонскиот образовен систем во скоро време е остварлива идеја. Таквата идеја беше промовирана од владеjачката партија СДСМ пред изборите, која предвидува примена на соодветни содржини во образовните предмети во основните и во средните училишта, почнувајќи од учебната […]

Страна 2 од 4