fbpx
Таг: медиуми

таг: медиуми

СДСМ: На Груевски не му одговараат фер и демократски избори

Никола Груевски се плаши од фер, слободни и демократски избори затоа што ќе ја плати цената што им украде 10 години живот на граѓаните и ќе се соочи со одговорноста за целокупниот криминал на фамилијата, обвинуваат од СДСМ во денешното соопштение. Од партијата велат дека токму тоа е и причината поради која Груевски не сака прочистен избирачки список и слободни...

Ванхауте за „Вистиномер“: Изборите треба да бидат цреша врз колачот, но колачот е невидлив

„Изборите треба да бидат цреша врз колачот, при што ќе се видат спроведени сите неопходни реформи. За жал, иако црешата може да им изгледа многу привлечно на некои од партиите, колачот е речиси невидлив“, вели белгискиот олеснувач Питер Ванхауте во интервју за „Вистиномер“. - Политичките партии често прибегнуваат кон тоа да ги разбираат медиумите како нешто што треба да се...

Ванхауте е оптимист дека денеска ќе се решат преостанатите две прашања од договорот

Белгискиот олеснувач Питер Ванхауте пред денешната средба на работната група во Клубот на пратеници, рече дека е оптимист и дека се надева дека денеска ќе се решат двете преостанати прашања од Договорот од Пржино. Тој рече дека денеска ќе се разговара за два проблеми, односно за медиумите и за методологијaта за прочистувње на избирачкиот списиок. - Очекуваме дека денеска ќе има...

Продолжуваат преговорите на работните групи со Ванхауте

Работна група составена од претставници на четирите политички партии потписнички на Договорот од Пржино, денеска во 14.30 часот ќе се сретне за да ги продолжи преговорите за медиумите и за правилникот за методологија за водење и за ажурирање на избирачкиот список, најави белгискиот олеснувач Питер Ванхауте преку соопштение за медиуми. „Работната група ќе го опфати и правилникот за методологија за целосен...

„Репортери без граници“: ЕК да заземе цврст став кон Полска

„Репортери без граници“ (РСФ) ја повикаа Европската комисија да заземе цврст став кон Полска доколку не се откаже од неодамна усвоениот закон за медиуми. „Апелираме на ЕУ да биде строга. Почитувањето на слободата и на плурализмот на медиумите се меѓу барањата за пристапување во Унијата. ЕУ не може да бара од земјите-кандидати тоа што не го бара од своите членки....

Заев: На избори само со гаранции од ДИК и од Хан

Избори на 24 април 2016 година ќе се одржат само ако се гарантира дека тие ќе бидат фер и демократски, изјави за „Мета“, лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Според него, цврсти гаранции дека се исполнети условите за демократски избори треба да даде Државната изборна комисија. Тој вели дека само таа е надлежна да објасни дали во периодот што преостанува има време да...

Селмани: Преговорите за медиумите се блокирани по вина на власта

„Не знаеме дали воопшто преговорите за медиумите ќе продолжат. Јас, да бидам искрен, очекував ваков однос од власта, затоа што мислам дека ним медиумите им се поважен инструмент во одржувањето на власта, отколку, да речеме, обвинителот или откажувањето од неколку министерски места, затоа што системот на владеење на оваа владејачка гарнитура е таков што без медиуми тие не би...

Три години од црниот понеделник

Три години поминаа откако власта и опозицијата се степаа во Собранието, новинарите беа исфрлени од собраниската галерија од каде ја следеа расправата за усвојувањето на буџетот, а пред Собранието опозицијата ги блокираше улиците. По овие настани следуваше политичка криза, која се решаваше со посредство на белгискиот олеснувач Питер Ванхауте, а крајниот резултат беше потпишувањето на мартовскиот договор, со кој партиите...

Работните групи за медиумите останаа да висат

Неизвесно е дали денеска ќе се одржат средби на работните групи за медиумите. Преговорите се сопрени откако по предлог на белгискиот олеснувач Питер Ванхауте, политичките партии требаше да предложат можни решенија. За денеска партиите требашеда ги кажат своите мислења во оваа сфера, особено како тие би се одразиле на изборите закажани за 24 април следната година. Сепак, досега нема закажано средба. Не...

„Канал 77“: Не ни даваат дозвола, оти се плашат од нова објективна телевизија

Власта, преку Агенцијата за аудио и аудиовизулени услуги, која ја има под контрола, внимателно избира дали и кому ќе му додели дозвола за нова телевизија. „Канал 77“ третпат е одбиен од истата оваа агенција во барањето за објавување конкурс за дозвола за телевизиски програмски сервис со претежно информативен општ формат, велат од радиомрежата „Канал 77“. „Зошто е непотребна телевизија со...

Апел од „Вест“ до меѓународната заедница: Власта сака да го скрши весникот

Уредничкиот колегиум на редакцијата на дневниот весник „Вест“ упати апел до претставниците на меѓународната заедница во врска со последните случувања во весникот, а поврзани со непродолжувањето на договорот на главниот и одговорен уредник, Горан Михајловски. Во апелот се предупредува дека среде преговорите за слобода на медиумите според Договорот од Пржино, редакцијата се соочува со политички обид да се затвори „Вест“. „Се...

Од недела на полноќ ќе биде забрането платеното политичко рекламирање

Од недела на полноќ настапува забрана за емитување платено политичко рекламирање на програмите на радиодифузерите, во печатените медиуми и во електронските медиуми (интернет-портали), соопшти Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Забраната произлегува од законот за изменување и за дополнување на Изборниот законик и важи сè до денот на почетокот на изборната кампања за предвремените парламентарни избори, кои ќе се одржат...

Работните групи за медиумите денеска продолжуваат со работа

Денеска во Клубот на пратеници продолжуваат преговорите на политичките партии за реформите во медиумите што треба да се направат во согласност со Договорот од Пржино. Се очекува политичките партии да договорат нов состав за советот на Агенцијата за медиуми, да се промени раководството на МРТВ, како и тоа на МИА, со што овие тела би се ослободиле од влијанието на...

ССНМ: Да им се овозможат на новинарите елементарни услови за работа

Самостојниот синдикат на новинари и на медиумски работници (ССНМ) најостро протестира поради третманот на новинарите и на медиумските работници од политичките елити, каков што беше покажан и вчера попладне пред Клубот на пратениците, кога претставниците на медиумите беа оставени со часови да чекаат надвор од објектот. „Синдикатот сака да потсети дека таквиот однос, кој се повторува во континуитет, не е...

Македонија е последна во регионот во справувањето со клиентелизмот во медиумите

Македонија е најлошо рангирана кога станува збор за способност на земјата сеопфатно да ја разбере состојбата на медиумите според декларативното постоење податоци. Нивното отсуство е индикатор за постоење клиентелизам во институционалните процеси, клиентелистички практики поврзани со медиумската сопственост и постоење на висок ризик од клиентелизам според индикаторите што се однесуваат на медиумскиот пазар, беше речено на денешната конференција „Индекс на клиентелизам...

Почна лидерската средба во Клубот на пратеници

Почна лидерската средба во Клубот на пратеници, на која лидерите на четирите политички партии, потписници на Договорот од Пржино, треба да разговараат за изборот на експерти во Државната изборна комисија и за медиумските реформи. На лидерската средба, заедно со лидерите на СДСМ, Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на ДУИ, Али Ахмети, и на ДПА, Мендух Тачи, се и американскиот...

Лидерите денеска треба да го откочат Договорот од Пржино

Лидерите на четирите најголеми политички партии, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, денеска треба да се сретнат и да разговараат за исполнување на Договорот од Пржино. Според најавите на партиите, се очекува лидерите да разговараат за прашањата што се закочени, а кои произлегуваат од Договорот од Пржино. Изборот на тројца експерти - членови на Државната изборна комисија и медиумските реформи треба да бидат во...

ССНМ: 77 отсто од медиумските работници се плашат за своето работно место

Нема професионално новинарство додека над глава постои закана од отказ, страв од укинување на медиумот во кој работите преку ноќ, е еден од заклучоците на конференцијата „За медиумските работи“, која беше организирана од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и е дел од проектот „Работнички права на медиумските работници“ поддржан од британската амбасада во Скопје. - Сопствениците на медиумите имаат...

Сите сакаат свои експерти во ДИК

Партиите потписнички на Договорот од Пржино и денеска ќе продолжат со преговорите во работните групи, кои се одржуваат во Клубот на пратеници, за да ги решат проблемите што се појавија во врска со изборот на членови на Државната изборна комисија. Преговорите за медиумите сè уште се на пауза. Европската унија е загрижена поради застојот во спроведување на Договорот од Пржино, изјави амбасадорот на Европската унија...

Денеска ќе се одржи меѓународна конференција „Медиуми и човекови права“

По повод меѓународниот ден на човековите права, Институтот за новинарство, медиуми и комуникации, при Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, организира Меѓународна конференција на тема „Медиумите и човековите права“. Целта на конференцијата е да овозможи размена на мислења и презентација на истражувачки резултати на оваа суштествена тема за медиумите и за човековите права, а особено...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...