fbpx
Таг: матура

таг: матура

Последна опомена за Владата од средношколците

Средношколците денеска вторпат се собраа на протестен марш против лошите реформи во образованието. Тие со извиците „Последна опомена“, „Доста беше молк“, „Не за математика“ го почнаа маршот пред Собранието, па се упатија кон Владата и кон Министерството за образование и наука, каде на функционерите им покажаа жолт картон. Барањата на „Средношколски пленум“ се враќање на стариот концепт на полагање на државна...

МОН попушти: Математиката нема да биде задолжителна на матура

Предметот математика во полагањето матура нема да биде задолжителен за сите ученици во средните училишта, туку само за учениците кои се запишани во гимназиско образование и кои на крајот од втората, односно почеток на третата година од средното образование, го одбрале природно-математичкото подрачје. Ова денеска го договорија Унијата на средношколци и Министерството за образование и наука. „По подолга дебата, се постигна согласност...

Средношколците од Битола за Владата ја рецитираа „Т’га за југ“

„Орелски крилја как да си метнех и во други држави да си полетнех, во поквалитетно образование да си долетнех“. Вака средношколците од Битола ја рецитираа антологиската „Т’га за југ“ од Константин Миладинов на денешниот протест во Битола. Преку триста средношколци, наставници и родители денеска маршираа по Широк сокак, барајќи укинување на екстерното тестирање и враќање на стартиот модел на државна матура. Средношколците...

Адеми: Ќе биде разгледано барањето на средношколците

По протестот на средношколците вчера, министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, рече дека барањето што тие го доставија до МОН ќе биде разгледано и дека матурантите преку дебата ќе бидат информирани за предностите на полагање државна матура. Тој додаде дека предметот математика во државната матура ќе биде на основно ниво. - Се работи за основно ниво, а не за...

Средношколци маршираа против екстерното тестирање

Средношколци од неколку училишта од Скопје, преку марш побараа да се запре екстерно тестирање и математиката да не биде задолжителен предмет на државната матура. „Средношколски пленум“ маршот го почна во Градски парк, а со извиците „Не за математика“, „Преку матурата“ и „Ние сме иднината“ средношколците се упатија кон Министерството за образование и наука, каде го завршија протестот. - Нашето присуство овде...

Средношколски марш во 12 часот

Средношклоците денеска во 12 часот ќе протстираат во повеќе градови низ Македонија против, како што велат, лошите реформи во образованието. Маршот во Скопје ќе почне кај фонтаната во Градски парк, а ќе заврши пред Министерството за образование. „Да се собереме во што поголем број за да го искажеме нашиот револт кон лошите реформи. Бараме враќање на стариот концепт на матура и...

Средношколци утре ќе маршираат против лошите реформи

Утре напладне ќе се одржи првиот средношколски марш поради, како што велат од „Средношколски пленум“, лошите реформи во образованието, кои го вклучуваат новиот начин на државна матура и екстерното тестирање. Маршот ќе почне во 12 часот, кај фонтаната во Градски парк, а ќе заврши пред Министерството за образование и наука. Освен во Скопје, ќе се маршира и низ другите...

Притисоци за протестот на тетовските средношколци

„Стоп за екстерното тестирање“ и „Не за полагање математика“ порачаа попладнево тетовските средношколци на маршот кој „Средношколски пленум“ го организира поради новиот начин на полагање државна матура. На маршот поддршка му дадоа околу 200 ученици. Тие првин се собраа на градскиот плоштад, а потоа продолжија да маршираат по улиците Тодор Циповски-Мерџан и Иво Лола Рибар, сè до Работничкиот универзитет, каде се сместени...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...