fbpx
Таг: Матка

таг: Матка

Реализирана прва акција за чистење на дното на езерото Матка

Нуркачите на спелео-нуркачкиот клуб „Врело“ од Скопје, нуркачи од Охрид, Кавадарци и Битола успешно реализирале спуштање низ езерото Матка од подводната пештера Врело се до местото викано Широко езеро (на половина од браната до пештерите) со цел на лоцирање и означување на подводен одпад, и негово понатамошно отстранување. Акцијата ја реализирале нуркачи кои биле помогнати со повеќечлен логистички...

ОЈО го истражува вчерашното убиство на Матка

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје донесе наредби за спроведување истражна постапка против две 19-годишни лица, осомничени за вчерашниот кривично-правен настан на скопска Матка, во кој при тепачка беше убиено едно малолетно лице. „Едното лице е осомничено за убиство, според член 123 од Кривичниот законик, додека второто е осомничено за учество во тепачка од член 132 од Кривичниот...

Малолетник убиен на Матка

Седумнаесет годишниот Х.И. е убиен денеска во скопското село Матка, откако при тепачка со 19-годишниот Е.А. бил прободен со нож. Како што информираат од МВР, инцидентот се случил околу 15 часот на влезот од селото Матка, при што Е.А. го прободел со нож во пределот на градниот кош малолениот Х.И., кој починал на самото место. Лицето можен сторител е приведено во...

Полјакот Старнавски нурна до 230 метри во пештерата Врело и го урна рекордот на Казати

Спелеолошкиот нуркач Кшиштоф Старнавски од Полска го урна рекордот на италијанскиот нуркач Луиџи Казати и успеа да се спушти на длабочина од 230 метри во пештерата Врело на Матка. Овој подвиг на Старнавски траеше шест часа, а дел од неговата експедиција беа и домашните нуркачи сертифицирани за пешетерско нуркање од нуркачкиот клуб „Акаватек“ и од спелео-нуркачкиот клуб „Врело“. -  Почнавме од 188...

Акции за чистење на Водно и на Матка

Претставници на граѓанските организации денеска имаат акции за чистење на падините на Водно и на кањонот Матка. Под мотото „В џеб, ако нема каде друго!“, волонтери на Движењето за едукација и за унапредување на дијалогот ЛЕАД, денеска ќе ги чистат падините на Водно. Волонтерите со жичницата  ќе бидат префрлени до врвот на Водно, а оттаму, пешачејќи до Средно Водно, ќе собираат...

Заврши второто судско рочиште против тетовскиот гинеколог, обвинет за смртта на 33-годишна родилка

Во Основниот суд Тетово денеска заврши второто судско рочиште против гинекологот Казимир Копривњак, обвинет за смртта на 33-годишната родилка Виолета Кировска од Тетово. На рочиштетото искази дадоа анестезиолози и хирурзи, вработени во гинеколошкото одделение при Клиничката болница Тетово и во КАРИЛ од Скопје. Сведочеше и сопругот на Кировска. Хирургот Зоран Караџов од скопската КАРИЛ, изјави дека матката на пациентката Кировска, која...

„Гардијан“: Матка помеѓу 10 најдобри кањони во Европа

Британски „Гардијан“ направи репортажа за 10 најубави европски кањони за пешачење и планирање, меѓу кои се најде и Матка. „Посетителите на Скопје, кои можe да се изморат од кичестите, но пријатни нови споменици во градот може да се упатат кон езерото и кањонот Матка. Кањонот се наоѓа 15 километри југозападно од Скопје и нуди доволно активности за секој ентузијаст: пешачење,...

Се чисти отпадот во кањонот Матка

Со чистење на кањонот Матка во општина Сарај, денеска почнува пролетната кампања за собирање на отпадот од сите населени места во општината. Во рамки на акцијата, на која ќе присуствуваат министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири, и градоначалникот на Општина Сарај, Беким Мурати, покрај кањонот, ќе се чисти и дивата депонија во село Рашче.

Потпишани измените на Колективниот договор за плати во градинките

Министерката за труд и социјална политика Тренчевска и Јаким Неделков, претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура, денеска ги потпишаа измените и дополнувањата на Колективниот договор со кој...