fbpx
Таг: маски

таг: маски

Словенија донираше заштитна опрема од корона вирусот за полицијата, во износ од 110.000 евра

Денеска на Меѓународниот аеродром Скопје министерот за внатрешни работи Наќе Чулев ја прими донацијата од Владата на Република Словенија за Министерството за внатрешни работи што се состои од 100 илјади маски и 100 илјади ракавици во вкупна вредност од 110 илјади евра. „Секоја донација и секоја помош е исклучително важна и значајна за Министерството за внатрешни работи и истата ќе...

Бугарија ја повлече наредбата за задолжително носење маски, но ќе купи милион парчиња за сиромашните

Министерот за здравство на Бугарија, Кирил Ананиев ја повлече својата наредба издадена вчера за задолжително носење маски на отворен и затворен јавен простор. Тој ваквото премислување на брифинг во владата го оправда со непостоење општествен консензус за ова прашање. - Ќе им се обратам на граѓаните со нашата препорака да ги користат маските постојано, кога ќе го напуштат домот и...

Италијански инженери преправија маски за нуркање од „Декатлон“ во респираторни маски и ги споделија скиците на интернет (видео)

Откако успешно изработија резервни делови за респираторните апарати за кои се појавил огромен недостиг во болниците во северна Италија преплавени со пациенти заразени со корона вирусот, инженерите на италијанската фирма „Исинова“ успешно прилагодија и маски за нуркање за респиратори, јавуваат медиумите од Италија. „Исинова“ е компанија за 3Д принтање од италијанскиот град Бреша, еден од најпогодените со епидемијата на...

Три конфекции од Прилеп шијат преку 100.000 заштитни маски бесплатни за прилепчани

Прилепските конфекции „Гифти текс“, „Кули“ и „Фешн линк“, демонстрирајќи целосна општествена одговорност во овој период на пандемија со корона вирус, почнаа со шиење на заштитни маски, што бесплатно ќе се дистрибуираат до граѓаните, со цел заштита од корона вирусот. Маските ќе се шијат во конфекциите, ќе се стерилизираат во болницата, а потоа ќе се дистрибуираат до граѓаните според оценките...

Филипче: Бројот на заболени сега е 35, се прават анализи на уште 30 лица

До 12 часот денеска, вкупната бројка на заболени лица со корона вирус во земјава е 35, иформира на прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче. Доцна синоќа биле изработени резултатите на четворица пациенти кои се позитивни, а биле во врска со четворицата лица од Дебар кај кои вчера беше дијагностициран вирусот. - Сите новодијагностицирани се со лесна клиничка слика, а стабилна...

Штипската болница на свој трошок набави скафандери за заштита на лекарите на инфективно

Откако Инфективното одделение во Штип беше одредено за изолациски центар за источниот дел на земјата, Клиничката болница побара набавка на маски, скафандери, дефинзфекциски средства и друг неопходен материјал, како заштита при работа на лекарите и персоналот од корона вирусот. Во меѓувреме, додека се чекаа материјалите, Клиничката болница одлучила на свој трошок да набави педесет скафандери. - Се работи за заштита...

Измамници во Бугарија ветуваат хируршки маски, а доставуваат ѓубре

Стравот на Бугарите да не се заразат со новиот корона вирус, како и недостигот на заштитни маски, поради што цената достигнува и до 1 евро за маска, почнаа да ја злоупотребуваат измамници, јави бугарската телевизија „Нова“. Во време кога цената за кутија од 100 лекарски маски достигнува до 200 лева (малку повеќе од 100 евра), на интернет-огласници измамници пуштиле огласи...

Карневалот во Вевчани со маски за загадувањето и за трошоците на пратениците

Во Вевчани со карневалската поворка која тргна во 14 часот денеска почна традиционалниот карневал кој датира 1.400 години наназад. Одбележувањето ќе заврши утре со спалувањето на маските и честитки за Стара нова година. Општествено политичките случувања кај нас и во светот и годинава беа инспирација за василичарите да имаат креативни и критички маски во дефилето. Колоритните маски продефилираа низ Горна...

Вечерва е Стара нова година, во Вевчани почнува карневалот

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат МПЦ-ОА, СПЦ и РПЦ, вечерва се дочекува Новата година, кај народот позната како Стара нова година. Првиот ден на новата година е познат како Василица, кога многумина празнуваат домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј го слават и својот именден. Некои семејства, слично како и за време на...

Општина Карпош ќе ги запре градежните активности и ќе субвенционира маски

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев најави дека ќе се запрат сите градежните активности кои произлегуваат од работењето на општината и се однесуваат на тековно одржување на улиците, тротоарите и слични градежни зафати кои ги реализира oпштината, поради загадениот воздух. - Во контекст на ова, бараме сите приватни инвеститори и изведувачи да го следат примерот на Општина Карпош и да запрат...

Маските за загаден воздух распродадени, во Скопје се прават листи на чекање

„Нема моментално, од понеделник може да добиеме“, „многу бргу се продаваат“, „да ве запишам на листата на чекање“, „очекуваме од среда - четврток да добиеме“. Такви одговори добивме во неколку аптеки во центарот на Скопје и во една продавница за здрава храна попладнево, прашувајќи дали има маски за загаден воздух и колку пари чинат. Кога ќе добијат пратка, аптеките многу бргу...

На Струмичкиот карневал годинава имаше повеќе од 1.000 учесници

Меѓународниот карневал што традиционално се одржува во Струмица, заврши и на него учествуваа околу 1.100 учесници од Албанија, Русија, Бугарија, Црна Гора, Србија и од Аруба. Според Александар Цицимов од Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, годинава не биле присутни некои од традиционалните гости од странство, поради совпаѓање на православниот и на католичкиот Велигден и одржувањето на традиционалните карневали во другите земји. Сепак, како што...

„Мерцедес“ од 600.000 евра, една од главните маски на Вевчанскиот карневал

Главна атракција на Вевчанскиот карневал денеска беше дефилето на маските. Поворките со повеќе од илјада василичари од вевчанските маала се споија на плоштадот пред зградата на Општина Вевчани. Политиката и годинава беше во центарот на вниманието. Маските кои продефилираа, меѓу кои „мерцедес“ од 600.000 евра, „Шарената револуција“, нова влада, кражба во вевчанската пошта, споредба на македонските политичари со светските диктатори и слично, до...

Денеска на Вевчанскиот карневал, главната атракција – дефиле на маските

На Вевчанскиот карневал денеска главната атракција е дефилето на маските, или суратите, како што се нарекуваат на локалниот дијалект. Од повеќе маала ќе тргнат поворките со повеќе од илјада василичари, кои ќе се спојат на плоштадот пред зградата на Општина Вевчани. Никој однапред не открива со какви маски, односно пораки, ќе излезат вевчанци годинава. Тоа се смета за најстрога тајна во милениумската традиција,...

Денеска почнува „Вевчанскиот карневал“

Годинешниот „Вевчански карневал“ почнува денеска со културни настани предвидени за оваа манифестација. Програмата денеска е во знакот на одбележувањето на верскиот празник Свети Василиј Велики, заштитник на вевчанските василичари и на Вевчани, додека формалниот почеток на карневалот е в четврток. Денеска, со почеток во 17 часот, во Клубот на пензионери во Вевчани ќе се одржи трибина на тема „Перспективите на руралниот туризам во Република...

Маските против загадениот воздух – најбаран новогодишен подарок

Загадениот воздух ја зголеми побарувачката на заштитни маски низ аптеките и продавниците кои се специјализирани за нивна продажба. Нивната цена се движи од 200 до 899 денари, а најмногу се бараат тие со јаглен кои го прочистуваат воздхот и ги задржуваат ПМ10-честичките. - Маските се со јаглен и чинат 899 денари, но во моментов немаме величини М и С, туку само Л....

Кралеви, принцези, пеперутки и каубојци: Денот на шегата на скопскиот плоштад

Маскирани дечиња од повеќе градинки и училишта учествуваа на манифестацијата „Априлијада“ на плоштад Македонија организирана по повод 1 април – Денот на шегата. На манифестацијата настапуваа фолклорни групи, децата од Златно славејче и танцови групи од основните училишта од Скопје и од околината. Вечерната забава ќе почне во 21 часот, а на плоштад Македонија ќе настапат Пиреја –Етно бенд, Коста Костовски, Кристина...

Денеска ќе пукне петнаесеттата „бомба“ на СДСМ

Денеска, на денот на шегата, лидерот на опозицијата, Зоран Заев, ќе ја објави петнаесеттата „бомба“. „Бомбата“ ја најави Петре Шилегов, портпаролот на СДСМ. Тој на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ напиша: „На денот на шегата и маските, некои маски сериозно ќе паднат #15“.

Вевчани под маски

Вевчанци и годинава преку сатира ги прикажаа случувањата во земјата, како што е ЕВН и проблемите со струјата за време на новогодишните празници, странски инвестиции, студентски протести, баба Рада, проблемите со снегот на „Македонија пат“, како и традиционалните Зет, Невеста и Глупавиот Август.

Денеска почнува главното дефиле на маски во Вевчани

Денеска во Вевчани почнува главното дефиле на маски. Се очекува низ главната улица во Вевчани да продефилираат повеќе маски, инспирирани од разни случувања во општествено-политичкиот живот во земјата, но и пошироко. Светски познатата телевизиска куќа „Би-Би-Си“ ќе сними документарец за оваа оригинална манифестација што ги отсликува старите традиции на Вевчанци. Манифестацијата ќе ја посети и министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, која претходно...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...