fbpx
Таг: маски

таг: маски

Граѓаните на Мелбурн напаѓаат полицајци гневни поради вонредните мерки

Во јужниот австралиски град Мелбурн, еден од двата најголемите градови во Австралија, има значителен пораст на луѓе што даваат отпор на мерките за изолација и затворање во домовите поради пандемијата со ковид-19, јави Би-Би-Си. Полициски час од 22 до 5 часот беше воведен ноќта меѓу неделата и понеделникот во петмилионскиот Мелбурн, а од неделата властите започнаа воведување на низа мерки...

Во Штип денеска 13 новозаболени, се очекуваат препораки до компаниите со болни работници да затворат

„Што е следно? Ќе оди ли Штип под карантин?“, се прашањата што доминираат меѓу штипјани откако вчера беше објавена бројката од 60 новозаболени од ковид- 19 од овој град. Иако смирувачки делува денешната бројка од 13 нови позитивни случаи, сепак, кренат е алармот и кај институциите и кај граѓаните. Се очекува на состанок со сопствениците на компании каде има болни...

Фатени 296 граѓани што не носеле маски

Во текот на изминатото деноноќие (18/19.07.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија биле регистрирани 296 прекршоци на мерката за носење лична заштита, односно маска за лице, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Министерството апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за справување со Ковид -19.

МВР регистрирало 478 граѓани што не носеле маски

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на земјава, полицајците регистрирале 478 прекршоци на мерката за задолжително носење маски, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Од таму упатија апел до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од ковид-19.

Адриатик Келменди: Пандемиjaта е најголемиот предизвик за косовското новинарство во последните три децении

Како и во секоја друга земја, и во Косово медиумите се погодени од пандемијата. Во интервју за Portalb.mk, Адриатик Келменди, генерален директор на КЛАН Косовa и автор на емисијата „Рубикон“, зборува за предизвиците со кои се соочиле во последните три месеци. Келменди го опишува овој период како најпредизвикувачки за косовското новинарство во последните три децении   Како KOVID-19 го трансформираше новинарството...

Латинска Америка сè повеќе „се гуши“ од ковид-19

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот и во светот. Познатиот сервис за проверка на фактите polygraph.info анализира каква е ситуацијата со...

Крајот на вонредната состојба ќе ги „одмрзне“ цените на маските, јужното овошје и основните прехранбени производи

По завршувањето на вонредната состојба престануваат да важат неколку одлуки кои го ограничуваа порастот на цените на основните прехранбени производи, јужното овошје и заштитната опрема, а кои беа донесени за да се спречат манипулации во трговијата по појавата на корона вирусот. Министерството за економија ги информира трговците на мало и на големо дека со крајот на вонредната состојба престанува да...

386 прекршоци за не носење на маски, а 130 лица се приведени за непочитување на полициски час

МВР информира дека по однос на мерката за не носење лична заштита на лице, регистрирани се 386 прекршоци. Исто така, по однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 154 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 130 лица, а за останатите се земени...

ЦГК: Скафандерите се купувале по цени од 262 до 1.156 денари, а ракавиците од 2,83 до 9,32 денари

Седумдесет и еден процент од вредноста на склучените договори за итни јавни набавки, поврзани со заштита од корона вирусот, отпаѓаат само на 5 фирми, а во најголем број на случаи институциите правеле договори само со една фирма. Вкупната вредност на директните 142 договора изнесува над 3,2 милиони евра, покажува најновиот Извештај на Центарот за граѓански комуникации. Според Извештајот, во период...

Османи: Време е за меки мерки наместо полицискиот час и затворањето на бизнисите

Вицепремиерот Бујар Османи на денешната средба со директорот на Центарот за јавно здравје во Скопје, Арбен Зибери, го изразил својот став дека е време за многу помеки мерки од досегашните. - Време е со паметна комбинација на меки мерки да ги замениме полицискиот час и затварањето на бизнисите - вели Османи, посочувајќи на задолжителното носење на маски и на физичкото...

СКСЗМ: МВР, а не компаниите да се грижат за носењето на лична заштита на граѓаните

Стопанската комора на Северо-Западна Македонија (СКСЗМ) реагира на Уредбата на Владата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширењето, сузбивање на заразната болест предизвикана од корона вирусот и заштита на населението за време на вонредна состојба. „Обврската според член 3 од Уредбата со законска сила за компаниите да се грижат за однесувањето на граѓаните во однос...

Граѓаните ќе се казнуваат поради не носење на заштитна опрема, најдоцна од утре

Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната седница на Влада, ќе предложи граѓаните кои не носат заштитна опрема надвор да се казнуваат најдоцна од утре. Првично со Уредбата за задолжително носење на опрема, беше предвидено граѓаните најпрво да бидат опоменувани до 30 април, а потоа казнувани. Оваа реакција на Министерство за здравство и Комисијата за заразни болести следува откако по...

Владата објави повик за интервентна набавка на најмалку 2.000 заштитни маски дневно

Владата објави јавен повик за интервентна набавка на заштитни маски со цел спречување на последиците од коронавирусот Ковид – 19 за време на вонредната состојба, кој ќе трае до 27 април. „Право на учество имаат сите домашни производители кои ги исполнуваат условите од овој повик, и тоа: испорака на најмалку 2.000 маски дневно, испораката да се врши за период на...

Девојка без раце изработува заштитни маски за медицински работници

Норфара Сихахира Шаари од Малезија која е родена без раце, за да ги извршува своите дневни задачи ги користи своите нозе. Таа на Фејсбук сподели видео и фотографии како ги изработува заштитни маски, кои ги шие на машина. „Научив да се прилагодувам на барањата на секојдневниот живот користејќи ги нозете. Пред осум години научив да кројам, затоа што требаше да...

Нема излегување од дома без маска

Почнувајќи од 22 април 2020 година (среда), се воведува мерка за забрана за движење на населението на подрачјата на општините Куманово, Тетово и Прилеп, без носење на соодветна заштитна опрема (маска, шал, марама и сл.), надвор од своите домови, на сите јавни места и површини од отворен и затворен тип, како и затворени простории, маркети, продавници. Ова е една...

Клиника за пулмологија: Белодробните болни да избегнуваат контакти со други лица

Предупредувајќи на сериозните последици од заразувањето со новиот корона вирус, Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија упати предупредувања до пациентите со хронични белодробни проблеми да бидат посебно внимателни, да се изолираат и да контактираат со соодветните медицински служби штом почувствуваат влошување на состојбата. „Во овој период посебно внимателни треба да се лицата со астма, хронична опструктивна белодробна болест-ХОББ, цистична фиброза,...

Контрадикторности во ставовите за носењето маски на официјалните лица и меѓународните здравствени институции

Пандемијата „Ковид-19“, покрај лажните вести, се доживува и со противречните изјави дадени од службени лица или меѓународни здравствени институции. Премиерот на Албанија, Еди Рама, продолжува да биде верен на ставот дека маските не треба да се користат масовно, а од друга страна Силва Бино од ИЈЗ го изјавува спротивното. Но, и меѓународните институции се судираат во врска со употребата...

Турција испрати 50.000 маски и 1.000 тестови за Ковид-19

Донација од 50.000 заштитни маски, 1.000 заштитни одела и 1.000 тестови за КОВИД-19 пристигна денеска од Турција како помош во справувањето со пандемијата. Доставувањето на помошта, според министерот за надвоерешни работи Никола Димитров, го координира НАТО. „НАТО преку својот механизам за помош на некој начин има улога на координативен центар меѓу барањата и потребите на земјите членки и тие што...

Бизнисмен во Шпанија приведен поради кражба на два милиона маски

Бизнисмен од шпанскиот град Сантјаго де Компостела е уапсен под сомнение дека стои зад кражба на два милиона маски и друга заштитна опрема, како ракавици, панталони и комплети за прва помош, од магацин на компанија која што прогласила банкрот. Вкупната вредност на украдените работи се проценува на околу 5 милиони евра, а работите биле вадени од пакувањата, за да се...

Унгарија ѝ донира на државата 100 илјади заштитни маски и пет илјади скафандери

Министерот за надворешни работи и трговија на Република Унгарија, Петар Сијарто допатува со специјален воен карго авион со пакети помош од 100 илјади заштитни маски и пет илјади заштитни скафандери за медицинските лица.  „Македонија и Унгарија имаат одлична билатерална соработка, за што сведочи и денешната поддршка, која во вакви застрашувачки времиња, кога секој се бори да обезбеди средства за сопствени...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...