fbpx
Таг: Марс

таг: Марс

Хеликоптерот „Досетливост“ на НАСА забележал остатоци од чудни туѓи објекти на Марс

Снимка од навигациската камера на хеликоптерот „Досетливост“ (Ingenuity) на НАСА на Марс откри мало парче таканаречени „остатоци од туѓ предмет“, пишува „Сајтек Дејли“. Остатоците од непознатиот предмет се гледаат на снимките од триесет и третиот лет на хеликоптерот и не биле заебележани на ниту еден претходен лет. Хеликоптерот „Досетливост“ ја добил оваа слика користејќи ја својата навигациска камера. Оваа камера е...

Роверот „Истрајност“ откри „ризница“ од органска материја на Марс

Марс Истрајност
Роверот „Истрајност“ што во моментов се наоѓа на Марс пронајде примероци што содржат органска материја. Си-ен-ен јавува дека некои од собраните примероци укажуваат на тоа дека во кратерот „Језеро“ каде некогаш постоело езеро, имало потенцијални услови за живот пред. Според примероците, околината била погодна за населување пред 3,5 милијарди години. „Камењата што ги истражувавме имаат највисока концентрација на органска материја што...

Апаратот „Мокси“ на НАСА успешно произведува кислород на Марс

Марс
Апарат голем колку кутија за складирање храна успешно генерираше кислород за дишење на Марс извршувајќи ја функцијата на мало дрво, пишува лондонскиот весник Гардијан.  Станува збор за „Мокси“ - експеримент за користење на ресурси што од февруари минатата година постојано и успешно создава кислород користејќи го јаглеродниот диоксид што го има во атмосферата на Црвената планета. Истражувачите сугерираат дека поголема верзија...

Една година од слетувањето на роверот „Истрајност“ на Марс, што постигна оваа мисија досега?

Марс
Денеска е годишнината од денот на успешното пристигнување на познатиот ровер на НАСА, „Истрајност“ (NASA's Perseverance Mars Rover) на Црвената планета. Неговата главна мисија е да ги истражува трагите за постоење на микробиолошки живот преку собирање примероци на почва и карпи, коишто на Земјата ќе бидат донесени за истражување. По неговото тргнување на 30 јули 2020 година и успешното слетување...

Научници од НАСА откриваат дека водата на Марс течела подолго време од она што досега се знаеше

Пред милијарда години на планетата Марс пртоекувале реки, што наведува на потенцијалот за развивање на на живеалишта за микробиолошки живот. Со текот на времето и намалувањето на атмосферската обвивка, водата почнала да испарува оствајаќи денес замрзната пустина што извиднувачкиот орбитер поставен на Марс од НАСА ја проучува, пишува на официјалната страна на Национална аеронаутичко-вселенска управа. „Се верува дека водата од...

Роверот „Персеверенс“ успеа да го земе првиот примерок карпа од Марс

НАСА потврди дека роверот „Персеверенс“ успеал да го земе првиот примерок од карпа на Марс, јавува Би-би-си. Најновите снимки на НАСА потврдуваат дека примерок од карпата е безбедно внесен во роверот, при што истиот треба да биде вратен на Земјината топка за нејзини натамошни испитувања. Би-би-си појаснува дека станува збор за историски чекор за човештвото, бидејќи за првпат карпест материјал...

За првпат успешно слета прототип на „Старшип“ – ракетата што треба да превезува луѓе на Марс и на Месечината

Старшип СпејсЕкс
Компанијата „СпејсЕкс“ за првпат успешно лансираше и приземји прототип на ракетата „Старшип“ на голема надморска височина, надминувајќи го клучниот предизвик во потрагата на Илон Маск по изградба на ракета наменета за лет до Марс што ќе може да се користи повеќекратно, пишува The Verge. Маск соопшти дека рактетата содржи стотици подобрувања во дизајнот во однос на претходните прототипови, кои најчесто...

Хеликоптерот „Инџенуити“ ја испрати првата фотографија во боја од Марс

Хеликоптерот „Инџенуити“ а испрати првата фотографија во боја од површината Марс, направена 5,2 метри над површината. „Инџенуити“ со својата камера успеа да ја направи фотографијата за време на вториот успешен тест за лет, а на неа може да се видат разни детали и траги од роверот „Персеверанс“. НАСА претходно објави изработена фотографија на НАСА која визуелно ги покажа температурните разлики на...

Роверот „Персеверанс“ успеа да произведе пет грама кислород на Марс

По успешниот лет на хелихоптерот на Марс, овој пат роверот „Персеверанс“ успеа да произведе кислород од јаглероден диоксид од атмосферата на Марс. Инструментот со големина на тостер наречен „мокси“ произвел пет грама кислород, колку што на астронаут би му било доволно да дише околу десет минути на Марс. „Oва е прв и клучен чекор од претворање на јаглероден диоксид во кислород...

НАСА сподели необична фотографија од Марс: Сините дини на Црвената планета

Огромни пространства од сини дини во долги линии создадени од ветрот ја опкружуваат северната поларна капа на Марс. НАСА ја објави необичната фотографија од планетата Марс, на која овој дел од Црвената планета е голем по површина како сојузната американска држава Тексас, пренесува SciTech Daily.  Изработената фотографија на НАСА визуелно ги претставува температурните разлики на Марс. Сините дини на оваа...

Летот на хеликоптерот „Инџенуити“ на Марс најрано в среда

Според податоците што стигнале од хеликоптерот „Инџенуити“ од Марс, вселенската агенција на САД, НАСА, соопшти дека првиот експериментален лет на овој дрон што го придружува роверот „Истрајност“ (Perseverence) на оваа планета не би можел да се очекува пред 14 април, среда. При тестот со многу брзо вртење на перките, којшто бил извршен во петокот, командниот алгоритам што го вршел тестот...

НАСА ја поканува јавноста да лета со хеликоптерот на Марс

НАСА се стреми најдоцна до недела, 11 април да го изведе првиот обид на Инџенуити хеликоптерот на Марс за напојување и контролиран лет на друга планета. За одбележување на еден месец летови на Инџенуити, агенцијата ќе организира неколку настани со кои ќе ги привлече луѓето за заедничко возење. Преносот во живо на првиот лет на Инџенуити е предвидено да започне...

НАСА објави нови аудио снимки од Марс

Марс Истрајност
Националната аеронаутичка и вселенска управа на САД објави нови аудио снимки од површината на Марс. На првата снимка може да се слушне тивок ветар. Звукот бил снимен од инструмент прикачен на роверот „Истрајност“, кој минатиот месец слета на црвената планета. Снимката е направена на 19 февруари, осумнаесет часа од слетувањето на роверот. НАСА звукот го спореди со “слушање на морска...

НАСА ги објави првите звуци снимени на Марс како и видео од моментите пред слетувањето на роверот „Истрајност“

Истрајност
НАСА објави ново видео на кое се забележани моментите од последните минути на роверот „Истрајност“ пред да ја допре површината на Марс. На видеото можат да се видат минутите на неговото слетување, испуштањето на падобранот, а микрофонот од роверот го обезбеди и првиот аудио запис од звуците на Марс. https://youtu.be/4czjS9h4Fpg Од моментот на испуштање на падобранот, неколкуте камери од роверот ја...

Најважните прашања за најамбициозната мисија на Марс досега

Марс
После седум-месечно патување од Земјата и изминати 470 милиони километри, роверот „Истрајност“ на НАСА успешно слета на Марс и во наредните неколку години треба да истражува знаци на микробилошки живот, ако воопшто и некогаш постоел на таа планета, пишува Би-би-си. Роверот ќе собира примероци од карпи и почва, кои потоа ќе ги зачувува во епрувети и ќе ги остави на...

Роверот „Истрајност“ слета на Марс во потрага по знаци на живот на оваа планета

По 7 месеци патување од Земјината топка, научниот ровер „Истрајност“ вчера вечер успешно слета на планетата Марс. НАСА во живо ја пренесуваше целата операција, а милиони гледачи ширум светот ги следеа историските моменти од почетокот на истражувачкиот процес со кој треба да се утврди дали некогаш постоел живот на оваа планета. https://twitter.com/NASA/status/1362507074807205909 Роверот „Истрајност“ е возило со шест тркала, најнапредно досега,...

НАСА: На Марс е пронајдена вода во течна состојба

По многу години шпекулации и озборувања, НАСА официјално објави дека на црвената планета е откриена течна вода. Научниците откриле дека на Марс постојат кањони и кратер од ѕидови на кои за време на летните месеци тече солена вода. Ова значи дека шансите за наоѓање некој облик на живот на оваа планета се многу поголеми од порано. Тие на сателитска снимка забележале...

НАСА распиша конкурс за изградба на населба на Марс

Американската вселенска агенција (НАСА) распиша конкурс за да биде сигурна дека идните жители на земјиниот сателит и на црвената планета ќе имаат покрив над глава. Проектот 3ДПХаб, кој е во рамките на програмата „Предизвици на векот“ на НАСА, предвидува развој на технологија за изградба на дом надвор од нашата планета, со користење локални ресурси и материјали кои може да бидат рециклирани....

Јапонија планира мисија на Месечината

Јапонија планира да покрене беспилотна мисија на Месечината, која треба да биде првиот чекор кон идните посети на Марс, најавија претставниците на Јапонската вселенска агенција. Агенцијата го претстави планот за месечевата сонда на владата и на министерството за образование, наука и технологија. Доколку акцијата биде успешна, Јапонија ќе стане четвртата земја што испратила беспилотно летално на Месечината, по Русија, САД и по...

Полетува бродот што ќе носи луѓе на Марс

НАСА-програмата што испраќа човечки екипаж на Марс денеска влезе во нова фаза! Пробното лансирање на пропулзиониот систем (ракетен систем „Делта 4“) кој го носи вселенскиот брод „Орион“ е во тек! Системот треба да биде лансиран од лансирачката рампа во Флорида. Бродот „Орион“ го дизајнираше компанијата „Локид Мартин“, а ќе мине 4-5 часа во орбитата, кружејќи 5.800 километри над земјата. Бродот лета без...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...