понеделник, 8 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: марихуана | 124 резултати

Оранжерии за марихуана како печурки никнуваат во карбинскиот регион

21 јануари 2019

Нови пластеници за одгледувањето на коноп, речиси целосно подготвени за пролетната сезона, можат да се забележат во близина на седиштето на Општината Карбинци. Околу оранжериите, поставен е видео надзор со предупредување за електрифицирана ограда. Ова е вториот комплекс на оранжерии со површина од близу три хектари на територијата на Општината Карбинци. Од таму соопштуваат дека […]

Штипската полиција заплени рекордни 77 килограми марихуана

5 ноември 2018

Штипската полиција го сопрела велосипедистот Б .С (40) кај селото Стар Караорман и утврдила дека на велосипедот возел набрани стебла со марихуана со тежина од три килограми. Подоцна, при претрес на неговиот стан исто така било откриено големо количество на марихуана. Опојното растение во различни големини, обработено и необработено, го имало секаде во сите делови […]

Канада целосно ја легализираше марихуаната

20 јуни 2018

Канадскиот парламент го усвои законот со кој се легализира рекреативната употреба на марихуана во земјата. Законот ја помина и последната пречка, откако вчера беше изгласан во Сенатот со 52 гласа „за“ и 29 гласови против и тој контролира и регулира како канабисот ќе се одгледува, дистрибуира и продава. Канаѓаните слободно ќе можат да купуваат и […]

На „Богородица“ фатени 130 килограми марихуана скриени во шупливи штици

3 мај 2018

Царинската управа соопшти дека на граничниот премин „Богородица“ вчера бил спречен шверц на вкупно 130 килограми марихуана, кои биле скриени во шупливи штици во полуприколка влечена од шлепер. Како што објаснија, околу 3 часот вчера на граничниот премин за излез од Македонија се пријавил С.Р. (37) од Албанија, кој управувал со шлеперот со албански таблички. […]

Запленети 91 килограм марихуана во Кичево, тројца приведени

22 март 2018

Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера во Кичево привело три лица од Скопје и запленило 91 килограм марихуана. Против тројцата, како и уште против три други лица, две од Струга и едно од Скопје, се поднесени кривични пријави. Како што објасни портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, марихуаната била набавена во Албанија, а требало со автомобил […]

Во Јажинце и Тетово пронајдени 30 килограми марихуана и два пиштола

9 март 2018

Во два одвоени претреси вчера во Тетово и во тетовското село Јажинце полицијата пронашла 30 килограми марихуана, малку хашиш и два пиштола. Во Јажинце претрес е направен во куќата и помошни простории на Е.М. (52), при што се пронајдени 29 пакувања со марихуана со тежина од околу 30 килограми, дигитална вага, еден куршум калибар 7,62 […]

Полицијата спречила криумчарење на 143 килограми марихуана

28 февруари 2018

Во две одвоени акции, Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера спречила криумчарење на околу 143 килограми марихуана, при што приведени се осум лица. Шестмина се македонски државјани, а другите двајца албански државјани, соопшти директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБМ), Лазо Велковски на денешната прес конференција во МВР. Во првиот случај, од Албанија преку Македонија […]

Притворен грчки државјанин кој превезувал 300 килограми марихуана

30 јануари 2018

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против едно лице за производство и промет на дрога, информираат од таму. „Осомничениот, грчки државјанин, на 28 јануари пренесувал наркотична дрога, марихуана во количина од 309,6 килограми што била наменета за продажба. Дрогата ја пренесувал во товарно возило „сканиа“ со грчка регистарска ознака. Во возилото, помеѓу разновидната стока наменета […]

Пронајдена еден килограм марихуана при претрес кај тетовец

6 јануари 2018

Врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во дом и помошни простории на лицето Б.М. (22), на улицата Ленин во Тетово, вчера во периодот од 16 до 18 часот. „При претресот, на повеќе различни места и во различни пакувања, била пронајдена вкупно околу еден килограм наркотична дрога марихуана. Пронајдените предмети со дрогата биле […]

СВР Штип околу Нова година запленил три килограми марихуана – двајца притворени

2 јануари 2018

Секторот за внатрешни работи Штип во два одвоени случаи запленил околу три килограми марихуана и поднел кривични пријави против три лица, кои се товарат за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанции и прекузори. Во едниот случај, кривична пријава е поднесена против 33-годишниот штипјанец Б.М. во чиј, при претрес полицијата […]

Откриени 128 килограми марихуана во македонски камион во Србија

21 декември 2017

Во камион со македонски регистерски таблички во близина на Владичин Хан, српската полиција пронашла 128 килограми марихуана. Возачот И.И. (69), македонски државјанин, е уапсен, јави „Јужне вести“. Првично полицајците во резервоарот и во шуплини во камионот пронашла вкупно 131 пакување марихуана со тежина од 80 килограми, а при дополнителните проверки уште 48 килограми марихуана. Возачот […]

Запленети 30 килограми марихуана во селото Аранѓел, Кичевско

13 декември 2017

Полициски екипи вчера при претрес на домовите на две лица во кичевското село Аранѓел заплениле 30 килограми марихуана, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Претресот бил извршен по добиени оперативни сознанија и врз основа на судска наредба. Како што информираат од МВР, при претресот во просториите на приземјето од куќата сопственост на А.А. (45) биле […]

Уапсени двајца албански државјани со 38 килограми марихуана кај Меџитлија

4 декември 2017

Екипа на граничната полиција викендов, во близина на преминот Меџитлија, привела двајца албански државјани кои се обиделе да прошверцуваат 38 килограми марихуана, преку Македонија во Грција, соопшти денеска МВР. Според полиција, станува збор за Р.А. (45) и Б.Г. (33), и двајцата од Република Албанија, против кои е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање […]

Пронајдени 60 килограми марихуана покрај реката Сатеска

24 ноември 2017

Дури 60 килограми марихуана во пакувања од околу еден килограм биле пронајдени вчеравечер крај мостот на реката Сатеска, на стариот пат Охрид – Струга, извести СВР Охрид. Дрогата била пронајдена околу 21 часот вчера, во 59 пакувања, ставени во пет торби. Покрај нив имало и едно пакување кафена прашката материја, која заедно со марихуаната, е испратена […]

На граница биле пронајдени 21 килограм марихуана, уапсен 52-годишен струмичанец

22 ноември 2017

СВР Струмица го уапсила 52-годишниот струмичанец З.Б. под сомневање за трговија со дрога, откако на границата, кај местото Војничка чешма, биле пронајдени 21 килограм марихуана, а потоа при претресот во неговиот дом биле пронајдени уште 25 грама марихуана и 19 грама бела прашкаста материја. Откако кај границата граничната полиција на крајот на минатиот месец ја […]

Запленети четири килограми марихуана во Тетово

18 ноември 2017

Полициски службеници од СВР Тетово вчера извршиле претрес во стан на улица 146, во кој како потстанар живеел А.Г. (32) од Тетово, при што пронашле марихуана со вкупна тежина од четири килограми. Дрогата била сокриена во различни делови од станот – во пластично буре, стаклена тегла, ќеси, во кујната, ходникот и во спалната соба. Пронајдените […]

Уапсено лице кое се барало со потерница поради шверц на 20 килограми марихуана

17 ноември 2017

Полицијата вчера го уапсила 39-годишниот М.О., по кој била распишана потерница поради шверц на 20 килограми марихуана од Косово во Македонија, во март годинава, соопшти МВР. По неколкумесечно бегство, осомничениот бил пронајден вчера и веднаш предаден на Основното јавно обвинителство за понатамошна постапка. Тој и 65-годишниот Д.И., кој бил приведен при обидот за шверц на марихуната, […]

Вчера на Блаце фатен еден тон марихуана – најголема заплена досега

1 ноември 2017

Екипите на Царинската управа вчера заплениле околу еден тон марихуана, чија вредност се проценува на околу четири милиони евра, соопшти денеска директорот на Царината, Ѓоко Танаскоски, кој заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, го посетија граничниот премин Блаце, каде беше запленета дрогата. Станува збор за најголемо количество на запленета дрога во еден случај. […]

МВР и Царина запленија стотици килограми марихуана на Блаце

31 октомври 2017

Царинската управа и Министерството за внатрешни работи денеска попладне заплениле поголемо количество дрога на еден од граничните премини, дознава „Мета“ од извори во истрагата. Според нашите информации, запленети се неколку стотици килограми марихуана на граничниот премин Блаце, кои биле откриени во камион. Од МВР и од Царинската управа засега нема официјална потврда за заплената, но […]

Запленети 16 килограми марихуана на Блаце

31 октомври 2017

Двајца скопјани добија кривични пријави за трговија со дрога, поради обид во земјава да внесат речиси 16 килограми марихуана. Тие на 28 октомври, на граничниот премин Блаце, се пријавиле за влез во Македонија од Косово. При прегледот на автомобилот „шкода октавија“ со кој патувале биле најдени 22 пакувања, односно 15 килограми и 725 грама марихуана. Шверцерите […]

Страна 2 од 6