понеделник, 20 април, 2026
Meta.mk

Ознака: маргинализирани групи | 48 резултати

Мрежа против хомофобија: Противниците на законот за матична евиденција очигледно го немаат прочитано истиот

март 23, 2022

Националната мрежа против хомофобија и трансфобија одржа прес-конференција на која изрази став и критика во однос на одлуката на владата да го повлече Предлогот за изменување и дополнување на Законот за матична евиденција само еден ден пред да биде разгледан од пратениците на Комисијата за политички систем. „Загрижува фактот што најгласните противници на овој закон […]

Пендаровски: Да ги напуштиме стереотипите за лицата со Даунов синдром

март 21, 2022

Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, 21-от ден од третиот месец, како симбол за трите копии на 21-от хромозом што ги носат лицата со Даунов синдром, е само еден од низата поводи кој нè потсетува што сме направиле за лицата кои живеат со оваа состојба и кои се идните чекори кои треба да ги […]

Страдањата на цивилите во војната во Украина, тема на новата епизода на „Шорткат“

март 10, 2022

Над 2 милиони бегалци и 2.000 заробени странски студенти во опколени градови, загинати цивили, уништени болници и училишта е досегашниот епилог од воената агресија на Русија во Украина, за којшто информираме во најновата епизода на „Шорткат“. Во емисијата информираме и за дискриминацијата на децата со нетипичен развој во земјава, како и за објавениот конкурс за […]

Доделени 596 стипендии за ученици Роми и поддржани 47 основни училишта

март 9, 2022

Вкупно 596 стипендии се доделени на ученици Роми запишани од прво до четврто одделение во учебната 2021/2022 година во рамки на проектот „РЕДОВНО НА ЧАСОВИ: Акција за вклучување на Ромите во основното образование“, финансиран од Европската Унија. Проектот е имплементиран од страна на Фондацијата Отворено општество – Македонија, заедно со Здружението Центар за образовна поддршка […]

Децата со нетипичен развој се вистински херои, кај нас стигматизирани, во светот одликувани

март 2, 2022

Дени, кој сам научил да свири хармоника иако не гледа убаво, е само едно од децата со нетипичен развој кои се вистински херои, препознаени и одликувани во светот онака како што заслужуваат.   Нивните освоени медали во пливање, танцување, па дури и во меѓународни научни натпревари сведочат колку труд и љубов вложуваат во тоа што […]

ХЕРА: Не само што не се намалува, туку невработеноста на Ромките постојано се зголемува

февруари 8, 2022

По направената анализа и мониторинг на вработеноста на Ромките во државните институции, со долгогодишни напори за подобрување на ситуацијата со невработеноста, поразително е да се каже дека истата во 2020 процентуално се зголемила за 57 отсто во однос на 2019 година, велат од Групата за застапување за еднкави можности при вработување што го спроведува истражувањето […]

(Видео) Пендаровски со поддршка за Ембла: Да ја кренеме свеста дека инклузијата е основен принцип

февруари 7, 2022

По бројните реакции во јавноста откако таткото на четвртоодделенката Ембла Адеми обелодени дека заради петиција на родители на нејзините соученици девојчето не може да посетува настава во одделението заедно со другите деца, денес и претседателот Стево Пендаровски изрази поддршка. „Во ова општество сите сме еднакви. Дојдов да ја дадам мојата поддршка и да ја кренеме […]

Обезбеден е организиран превоз за учениците и студентите со попреченост

јануари 26, 2022

За ученици и студенти со попреченост е обезбеден организиран превоз од нивното место на живеење до средните училишта и факултетите во Скопје каде што учат и студираат и назад со адаптирани возила, информираат од Град Скопје. Организираниот превоз на учениците и студентите со попреченост кои следат настава во средните училишта или факултетите во Град Скопје […]

Лагите и говорот на омраза онлајн се претворија во напад и закана по живот за вработените во ХЕРА

јануари 21, 2022

Неодамна се случи напад врз вработена во ХЕРА во просториите на младинскиот центар „Сакам да знам“ – Водно од страна на непознато лице, информираат од Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА.  Нападот бил извршен од страна на возрасно машко лице. Имено, тој влегол во Центарот за да се информира за достапните услуги, наводно […]

Коалицијата „Маргини“ со кампања за еднаквост на трансродовите лица

јануари 13, 2022

Коалицијата „Маргини“ ја покрена кампањата „Со човековите права, не се преговара! – Еднакви пред законот и во општеството!“. Основната цел на кампањата е да се истакне итната потреба од донесување на квалитетни законски решенија што ќе обезбедат еднаков третман и достоинствен живот за трансродовите луѓе во Северна Македонија. Од Коалицијата велат дека кампањата е насочена […]

„Здружение ЛГБТИ Јунајтед“ – Колку и да сме различни меѓу себе, тука сите сме еднакви

јануари 9, 2022

Моменталната ситуација во однос на положбата во која се наоѓаат ЛГБТИ лицата во Македонија е малку подобрена споредено претходните години. Последното истражување на Европската агенција за основни права покажува дека во изминативе 12 месеци од 2021 година дури 49 отсто од лицата се соочуваат со дискриминација во осум сфери од македонското општество, а 41 отсто […]

Ретроспектива: Развојот на инклузивно општество со еднаквост и прифатеност оди полека, но сигурно

декември 30, 2021

Република Северна Македонија сè уште се наоѓа на прагот од патот што води кон подобрување на ситуацијата за развој на институциите и условите за лица со посебни потреби. Во годината што измина беа утвредни неколку проекти организирани од разни неформални здруженија, беше усвоен предлогот на МОН за воведување на учебници што се достапни и разбирливи […]

Две инклузивни училишни игралишта ќе се отворат во Куманово и во Тетово

декември 3, 2021

Две пристапни инклузивни игралишта ќе бидат свечено отворени денеска во две основни училишта – во О.О.У. Наим Фрашери – Тетово и О.О.У. Браќа Миладиновци – Куманово. Игралиштата се направени во проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, а во употреба се пуштаат денеска, по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост – 3 Декември. Инаку, […]

Меѓународен ден на лицата со попреченост: „Не ме викај аутист, моето име е Адам“

декември 3, 2021

Аниса Ејуп Беќировиќ е мајка на петнаесетгодишното момче Адам кој има нискофункционален аутизам, како и на седумгодишниот Роман кој е дете со типичен развој. „Не ме викај аутист – моето име е Адам“ е насловот на новата книга што таа ја подготвува, а која го опишува животот на нејзиното дете низ серија раскази. По повод […]

Алиса во земјата на танцот: Уште една незаборавна изведба на првиот инклузивен хор

декември 2, 2021

Членовите на инклузивниот ансамбл на Колектив Ветерница и здружението Трисомија 21 Скопје ја одушевија публиката во Драмски театар со својата изведба која беше дел од претставата „Алиса во земјата на танцот“. Оваа седма по ред инклузивна претстава на талентираната дружина на танцувачкото студио „Денсерс Јунајтед – Денс и Фитнес студио“ се одржа во пресрет на […]

Мрежа против хомофобија и трансфобија: Има ли предрасуди во (на)постапувањето на обвинителството?

ноември 28, 2021

Националната мрежа против хомофобија и трансфобија (НМХТ), во понеделник, 29 ноември 2021, со почеток во 11 часот, на платото пред Јавно обвинителство ќе одржи прес конференција и протест за (не)постапувањето на ОЈО за нападите врз ЛГБТИ активистите. Како што велат оттаму, цели седум години по насилничкиот напад во Дамар за време на роденденот на ЛГБТИ […]

Невладините бараат поголем буџет за Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

ноември 19, 2021

Мрежата за заштита од дискриминација бара зголемување на Предлог-буџетот за Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за 2022 година, со што ќе се обезбеди нејзина функционална независност и непречено и сеопфатно функционирање, со цел грижа за маргинализираните граѓани. Тие велат дека во предложениот државен буџет за догодина е испланиран речиси истиот буџет на Комисијата […]

„И јас сум тука“: Фотографии, книга и документарец против предрасудите за лицата со попреченост

ноември 2, 2021

Вечерва во холот на Кинотеката во 19:00 часот ќе се одржи фотографската изложба „И јас сум тука“ инспирирана и посветена на лицата со попреченост и борбата против предрасудите. Во изложбата се вклучени 20 лица со посебни потреби на различна возраст. Нивните портрети ќе бидат придружени со кратки приказни посветени на нив. Автори на изложбата се […]

Како беше одбележан светскиот месец посветен на борбата против ракот на дојка

ноември 2, 2021

Месецот октомври од 1985 година е прогласен за месец посветен на свесноста за ракот на дојка. Секоја година во периодот на октомври се организираат различни настани за подигнување на свеста. Здружението „Борка-за секој нов ден“ е предводник на настаните поврзани со овој месец кај нас, со цел да се подигне свеста за постоечката битка со […]

„Единици и нула“ – изложба на Тома Димовски за севкупната дигитализација на животот

октомври 29, 2021

„Единици и нула“ е новата изложба на Тома Димовски која беше поставена вчера во скопскиот парк „Ибни Пајко“. Отворената изложба, една од ретките што се поставуваат на отворени локации беше претставена преку 20 метарски долго платно кое беше закачено на ѕидот што ги дели зградите на Македонската Филхармонија и Национална опера и балет. На ѕидниот […]

Страна 2 од 3